ТОП 100 Најдобри филмови од декадата 2010-2019 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
27. AVENGERS: ENDGAME (2018)
Anthony Russo, Joe Russo

27.jpg 27.gif
По мене, имаше доста не-марвелски моменти што ми се допаднаа ептен. Со другар го гледавме, ми рече дека едно пола саат во филмот, кога имаше таа меланхолија, депресија кај карактерите го потсеќале на атмосферата од The Leftovers (јас не можам да кажам пошто ја немам гледано таа серија).

Можда субјективно, но 10/10 ми е мене Endgame, буквално уживав во сите три часа во кино.
Endgame за мене функционира како одличен крај на филмскиот универзум и се’ после тоа и нема некоја поента.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
26. INSIDE OUT (2015)
Pete Docter, Ronnie Del Carmen

26.jpg 26.gif
Inside Out одличен (y)
Inside Out - многу убав анимиран филм (y)
Inside Out е топ филмче, дефинитивно најдобриот анимиран годинава и можеби во топ 10 анимирани филмови што сум ги гледал во животот. Јас се обложувам дека не само што ќе лапне Оскар за најдобар анимиран, туку и ќе биде номиниран во категоријата „најдобар филм“.
Значи филмиште е
Inside Out ми е најдобар анимиран филм, после Wall-e наравно! Како човек што 20+ пати се има преселено и сменето училишта... премногу се препознав во филмов и ликот на Рајли. Можда и затоа толку ме погоди. :noze:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
25. PARASITE / GISAENGCHUNG (2019)
Bong Joon Ho

25.jpg 25.gif
Parasite е страшно добар филм.
Вака се користат праски у филм, да ми ги забрише малку спомените, а не ко оној италијанецон у Call Me I'm a Faggot или како и да се викаше.
Убав ама чуден филм ми беше Parasite, можеби затоа што ретко гледам азиски филмови. 8/10
Некој го спомна корејскиот Parasite на форумов (ваљда Злате?), па јас го аднав на листа за гледање и конечно на раат му седнав и го изгледав. Супер е филмот и штета што не е Холивуд синема па ќе помине незабележано кај масите.

Иако на прв поглед така изгледа од постерот, не е артистички borefest туку е двочасовна сатирична драма. Кога филмот заврши ми даде инфо дека е од истиот сценарист од филмот Okja, така да кој не ги гледал двата ете им пакет лесни и оригинални филмови со добри ликови и приказна.
Добар е Parasite, некни и јас го гледав. Почнува лабаво и едно време така подзаминува неочекувано за филмот, a очекуванo за тоа корејско поднебје :D
Parasite ја има типичната Корејска кинематографија. Прилично песимистички филм за социјална нееднаквост.
Parasite одличен. Го пуштив без некои посебни очекувања ама баш пријатно ме изненади.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
24. BIRDMAN OR (THE UNEXPECTED VIRTUE OF IGNORANCE) (2014)
Alejandro G. Iñárritu

24.jpg 24.gif
Birdman одличен! Глума, режија, сценарио, забавен, па и малку тажен.. значи немаше слаба страна, чиста 9ка(y)
Ветив дека ќе пишам нешто повеќе за Birdman, а не успеав до сега.
Дефинитивно голем фаворит за Оскарот за најдобар филм, иако почнувам да се сомневам дека ќе го добие. Што е она што импресионира во филмот: освен глумата (особено Китон, но и Нортон) и режијата (Ињариту) за кои речиси и врапчињата веќе знаат дека се јаката страна на филмот, она што мене ми се допадна пред се е камерата. Филмот изгледа како да е снимен во една клапа, со една камера која постојано е во движење, но не од типот на понекогаш иритантните shaky cameras. Нема прекини, изгледа како да не ни била потребна монтажа и како директорот на фотографија и камерманот воопшто да не заспале во тек на неколку дена додека го снимале филмот. Затоа, на невидено уште од сега се обложувам дека на Birdman му се гарантирани Оскарите за монтажа и кинематографија. Слаба точка му е музиката - има еден тип на удиралки кој ми газеше на нерви од почеток до крај на филмот. Приказната и начинот на кој филмот оговара некои прашања и се справува со некои идеи на моменти е ОК, на моменти е многу повеќе од ОК, но ниту еднаш не потфрли. Приказната е доволно интересна да го задржи твоето внимание од почеток до крај на филмот, но истовремено не е нешто што ќе те остави без здив, зошто не се воздигнува премногу над обичноста. Но интересно е како и покрај толку ordinary приказна отвора прашања за дискусија:
-дали Холивуд, индустријата и парите создаваат митови за актерите кои потоа гледачите ги величаат како да се богови и којзнае колку добри актери, и покрај нивната подпросечност?
-дали можеби филмската критика е пристрасна? Што ако најдобрата актерска игра која некогаш била видена на филм или театар од највлијателниот критичар биде негативно оценета само затоа што истиот тој критичар нема симпатии кон актерот или ако имаат некакви приватни несогласувања? Дали целата таа машинерија на филмската критика ја кажува реалната слика и дали е објективна?
-дали некои актерски имиња како Илајџа Вуд или Даниел Ретклиф можат да покажат дека знаат да глумат по своите актерски дебија кои ги фрлиле во најжешкиот оган, или засекогаш ќе останат само Фродо и Хари Потер?
-и така натаму...
Јака психологија е Birdman, срча филмов.
Колку само најак бубњарски саундтрак има :D
Уште еден филм уште еден дијамант, барем за мене. Ова дефинитивно би го класифицирал ко сусптанца која не би ја проголтал секој, нешто ко фил ит ор кил ит. Но и дефинитивно, секој кому нема да му се допадне ќе излаже ако каже дека нема барем малку магија во него. Од каде да почнам, начинот на кој е снимен, ко една долга сцена без cuts, како камерата постојано да следи некој од ликовите и како да сака да украде дел од неговиот живот во тие моменти. Самата околина, ентериерот на театарот, неглетуваните и некречени ѕидови, зарѓаните цевки кои штрчат од плафоните и оддаваат впечаток дека е тоа некакво артистичко дувло кое сеуште ги нема слушнато зборовите индустрија и продукција и кое живее исклучиво од сопственото задоволство. Навистина, филмов е пред се за сегашноста и минатото на актерите кои земаат улога во некоја си претстава која случајно се вика "What we talk when we talk about love " .
Прво да спомнам дека сеуште нема добра снимка и го гледав на скринер што е богохулие за каков филм се работи. Ама не се каам, затоа што на прва добра снимка што ќе излезе го гледам пак! За филмот уште од самиот момент кога се најави настана општ хајп кај генерална публика, без разлика на каков тип на филмаџија се работи, сите знаат за Китон и Нортон. Филмов апсолутно го заслужува и оправдува целиот хајп кој го следеше.

Не знам од каде да почнам, се мислам дали од доброто накај најдоброто или во рандом редослед, ве оставам на вас да одлучите, ќе почнам од приказната.
Нема да одам во детали за да не навлегувам во спојлери со оглед дека сеуште повеќето го немаат гледано филмов, али вака приказната навидум не изгледа ништо ново или посебно. Специфичното и убавото во филмот е прашањата кои ги поставува и се труди да даде одговор, но остава и на самата публика различно да го интерпретира. Ама приказната се гради и развива одлично, особено преку предобро одбрани дијалози кои го прават филмот врв!

Глума. За мене лично ова беше најдобриот дел од филмот. Општо се ретки филмовите во кои целиот кастинг ги има едни од најдобрите улоги секој посебно. Дури и еден ебан Зак Галфинакис или како и да е беше интересен да се гледа. Али Китон и Нортон.:cuc: Нивните перформанси буквално не те оставаат да трепнеш, facial expressions, vocal од било кој аспект гледано како само ги пренесоа ликовите и каков шмек дадоа на филмот, театар, врв, не знам како да кажам само дека ова е нешто у кое треба да се ужива и величи оти е реткост ваква глума. Нортон се повеќе и повеќе покажува е дека самиот врв меѓу актерите. Китон ме изненади ептен пријатно, каква харизма имаше у филмов. Вредна за спомнување е и Ема Стоун како Сам која имаше свои моменти кои многу јако ги долови особено еден дијалог со Китон кога ќе се испука на него, општо вака мислам дека и е најдобрата улога, а и гледам на Rotten Tomatoes исто и пишале:noze:

Вториот најдобар дел спорд после глумата е самата режија на филмов. Камерата што цело време го прати Китон и општо дејствието е толку реално и толу добро направена што буквално уште повеќе те внесува во тој свет и не те остава да трепнеш, те вози од еден момент у друг како да е се еден ист настан. Искрено се надевам дека се повеќе и повеќе ќе се прати овој тренд на снмање филмови оти лично за мене ова е преубаво. И самата сценографија, театарот и све, ептен беше јако направено, ти ја доловува атмосферата.

Саундтракот е добар, зависи за кој како, ја сакам бубњеви и за мене и овој дел беше врв и уште поубаво допринасаше за филмот у некои моменти, и еве сеуште на јутуб си го преслушувам.

Се на се, 10/10 од мене за филмот, заендо со Интерстелар единствените 10ки за 14та.
Birdman ( or the secret life of Michael Keaton :icon_lol: ) филмов е толку добар шо треба да ги преименуваат Оскарите во Birdman. Неверојатна глума....искинаа...и Китон и Нортон....
9/10 оди во мојте all time favorites
Ме бендиса Birdman, да не бев хајпнат по обичај уште повеќе ќе ме бендисаше. Ироничен самиот на себе, пародија на пародија на пародија делува додека го гледаш, забегува од уметност vs. блокбастери, па се до тоа дали воопшто е вредно да се замараме со таква дебата ко сме на планетава само една ролна од цела тоалетна хартија. Сепак одлична вожња.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
23. THE HOBBIT: THE DESOLATION OF SMAUG (2013)
Peter Jackson

23.jpg 23.gif
the quest to get your home and slay a dragon.
прилично како голем фан на Толкин како шо можи да се забележи и Никот(за тие поупатените во случувањата во средната земја)
иако со мало разочарување од првиот дел, кој ми беше солиден и забавен али не тоа што го очекував, со проемна на брзини во приказната и самото движење од почеток до крајот, и со претерано нелогични акциони сцени и без врска додадени ликови што беа како plot device for the sake of character & story development, сепак ми беше солиден и заслужуваше една оштра 7.5 накај 8ка.
по тој мало разочарување сепак трејлерите ме хајпнаа до максимум, па самото учество на бенедикт камбербач како гласот на Смауг ми беше причина плус да се закренам од прилеп и да одам во скопје да го гледам, а филмов и архангел.
се решив ете на обично да го гледам и се надевам не пропуштив нешто по специјално али најверојатно ќе ми пукнеа очите од HFR како што сум за никаде со видот.
за разлика од првиот филм каде што почнува споро и 45 минути се заглавени во една просторија, со песни и јадења итн. овој почнува премногу динамично, летаат чаптер по чаптер и скокаат прилично интересни карактери пошо не му стасуваше ни 4 саати за малку да намалеа со тоа темпо, еден карактер излегува кажува 2 реченици, поминува, една сцена што прилично делува интересно завршува во 2-3 минути и така , трчаат џуџињата и билбо на кај магливите планини, со 120 на саат.
ќе кажам тука со болдирани букви иако свесен сум дека некој може да ми рече дека има разлика од книга и филм ама ете.
сигурен сум дека многу фанови на книгата нема да му се допадне филмов !!!
тотално Петер Џексон си ја изврти приказната и се реши да ја исфура дури и со примеси на класичните акциони филмови АКА expendebles style, луѓето кој очекуваа авантура со пејзажи и едноставно да ја истражат средната земја и да уживаат во карактерите што ни ги нуди сторијата, јас видов 2 саати и 15 минути mindless action кој јас а верувам и други што го гледаа со мене се смееа на глас од толку апсурдни сцени во акцијата, абе во класичен акционен филм со жан клод ван дам неможам да начекам такви работи какви што ги видов од Леголас и Таурел(кој според мене првиот имаше логика да го има во филмот, другава е fan service material како што беше и азог во првиот дел)

Џексон пробува да протне некоја приказна што апсолутно никој не му е гајле за да има едно од џуџињата повеќе screen time и приказна околу него.

сега ќе се фокусирам на смауг малку нема да кажам некој спојлер туку само ќе ви го опишам, значи бенедикт камбербач ми стана еден од омилените глумци и неговиот глас го слушав и на аудио книги како methamorphosis, човекот е роден за voice over, растур направи со смауг што реално никогаш ме нема исплашено животно кое зборува, па макар и кракенот од clash of the titans што изгледаше страшно ако зборнеше нешто ќе се изгубеше сета таа мистичност,
се потрудиле малку да го развијат смауг во филмот што беше добра работа, интересен карактер и CGI екипата си ја заврши работата одлично. единствено нешто што тотално ме бендиса во филмот и кога ќе го слушнеш како вика barrel rider ме полазија морници, одличен беше.

ќе го ставам ова во спојлер за секој случај да не испадни после колење бесење
завршува на многу нелогично место, и од филмот се гледа дека уште некоја работа е останата и самата приказна привршува после наводната битка што треба да се случи, незнам што ќе стават во три саати во филмот ??
се на се ако не сте ги читале филмовите може многу повеќе да ви се допадне, ако сте ги читале ќе барате некој подруги работи кој ви се допаднале во книгата а ги нема во филмот.
Оценка: 7/10

сум го изгубил осетот за рецензии у пм :cautious:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
22. THE GRAND BUDAPEST HOTEL (2014)
Wes Anderson

22.jpg 22.gif
Grand Budapest Hotel (y) Фанови на Вес Андерсон ќе уживаат во филмот а не-фанови на Вес..што знам. Нема што многу да се збори за филмов типична Вес Андерсон приказна што без разлика за што е приказната ќе ви даде некое warm fuzzy feeling кога ќе завршите да го гледате. Е сега овој не ми е при врвот на Вес Андерсон филмови ама ќе треба да ги прегледам пак периодов па да си направам некоја листа. Moonrise Kingdom ми беше подобар на пример. Некако премно Inception-like ми беше раскажувањето на филмов а и стварно има премногу ѕвезди во филмов, Вес со филмовиве е како политичар во Македонија гледа на сите другарчиња да им даде нешто :D
Бев на The Grand Budapest Hotel во Синеплекс. :pos: :pos: :pos: црн хумор на ниво, колку само е обрнувано внимание на деталите во филмов :cuc: Ќе пишам и рецензија деновиве.
Конечно го изгледав The Grand Budapest Hotel. Сигурно еден од визуелно најубавите филмови во последно време. Фалат вакви филмови.
На филмската индустрија и фалат повеќе филмови како The Grand Budapest Hotel да ја разиграат монотонијата од цедење на една иста франшиза до бескрај и константни римејкови на култните филмови. Ова е вториот филм кој го имам гледано од Wes Anderson, Moonrise Kingdom не ми легна иако не беше лош, но еве овој ми остави многу добар впечаток.

Хуморот е суптилен и неисфорсиран, дијалогот кој кај мене носи многу поени беше на ниво и приказната беше лесна и интересна. Она што освојува во филмов се кадрите (особено симетријата) и колоритноста, сега криво ми е што не отидов да го гледам во кино. Посебно ми се допадна што собрал добра екипа од маргинализирани, неекспонирани и подценети актери. Ralph Fiennes предобро го одигра главниот лик. Го бива за вакви уметнички улоги, им дава некоја елеганција. Филмов кај нас треба да се пушта како лекција за угостителство. :D

Режисеров ми е тотална спротивност на Tim Burton во поглед на тонот на филмот но многу ме потсетува на него. Двајцата се чудаци што повеќе таргетираат публика која цени уметност и е потолерантна за awkward сцени и ликови, но може да им се допаднат и на нормалните филмаџии.

Без хајп и очекувања пуштете го кога сакате feel good филмче за уживање. Вреди!
му фалат такви филмови на светот
Најновиот филм на Wes Anderson, The Grand Budapest Hotel, ја раскажува приказната за Густав (Ralph Fiennes), домар во еден од најпознатите хотели во времето помеѓу војните и неговиот помошник, Зиро Мустафа(F. Murray Abraham).



Приказната започнува кога еден млад писател ќе отиде да го посети хотелот Гранд Будапест, во денешно време. Го опишува хотелот како веќе старо и не толку атрактивно место, каде што се наоѓаат неколку гости, самци. Иако секој ден се среќаваат еден со друг во лобито, не комуницираат еден со друг. Кога писателот ќе отиде да се пријави на рецепција, ќе го праша рецепционерот за еден човек кој особено му го привлекува вниманието. Кога ќе разбере дека тоа е самиот сопственик на хотелот, особено ќе се заинтересира во неговата приказна. Во една прилика ќе го праша за тоа како и зошто го купил овој хотел, а Мустафа ќе му предложи да седнат на вечера и низ вечерата тој ќе му ја раскаже неговата интересна приказна.



Тоа и се слулува. Кога седнуваат да вечераат, Мустафа почнува да ја раскажува приказната. Се почнува кога тој бил многу млад и како бегалец од војна ќе дојде и ќе се вработи во Гранд Будапест хотелот. Ќе биде помошник во хотелот, како што започнале и сите кои сега се на повисока позиција, вклучувајќи го и неговиот надреден, господинот Густав. Густав им помага на гостите во хотелот и е во многу добри односи со сите нив, а со некои во “особено добри односи”. Кога ќе умре една старица за која Густав се грижел многу, ќе отиде да и оддаде последна почит, а кога се чита тестаментот ќе биде повикан и тој.



Со отварањето на тестаментот започнува и заплетканата приказна на господинот Густав и потрчкото Зиро Мустафа, приказна за убиство, мистерија и љубов, комбинација која дава одлична комедија. The Grand Budapest Hotel е една интересна комедија со добра содржина, многубројни и интересни ликови и исти такви дијалози, која сигурно ќе го задржи Вашето внимание. Мислам дека овој филм би го задржал моето внимание многу повеќе од скромниот час и половина, колку што трае.
Конечно и јас го изгледав The Grand Budapest Hotel, и во едно сум сигурен - ако не Оскар, номинација за кинематографија сигурно ќе лапне. Нема што да дробам многу многу за филмот, и така сум еден од последните на форумов што го изгледале, само ќе кажам дека не ме остави да трепнам цело време. За мене е подеднакво добар колку и Moonrise Kingdom, затоа ќе добие и иста оценка 8/10. Вес Андерсон е дефинитивно фрик, а неговите филмови - хипстерски, но дефинитвно подобри од голем процент црно-бели точки во холивудското сивило. Некој ја спомна, а и јас не можам да ја изоставам споредбата со Тим Бартон, па дури и со Вуди Ален: за мене - триото најголеми хипстери од Холивуд, иако секој од нив на различен начин.

Од низата техники и специфики кои се Андерсонов фах, дефинитивно најјака ми е безличноста, безизразноста на ликовите сами во кадар свртени со лицето кон камерата, односно кон тебе. Добивам впечаток ко тој од зад екранот да ме гледа мене, и не покажувајќи никаква емоција, ми вели: „Кој кур, кој фактор си ти?“ И во целата таа перфектна симетрија и колорит, истите тие безизразни ликови се баш најнесиметричните, најгротескните, најсмешните. Ко да ти паѓа дури и грев за нив.

Прекрасна мала сатирично-гротескно-комично-бурлескна драма. (y)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
21. CLOUD ATLAS (2012)
Tom Tykwer , Lana Wachowski , Lilly Wachowski (во тоа време Andy Wachowski)

21.jpg 21.gif
Cloud Atlas, прекрасностии :love:
„Од колевка до гроб, нашите животи не ни припаѓаат само нам.“ Cloud Atlas е еден фасцинантен експеримент кој покрива можеби и преку 600 години - дел историја, дел сегашност, дел визионерски поглед a la Matrix style кон иднината... и потаму!!! Но иако различните приказни се толку развлечени низ трите часа филм, релативно лесно е да се следи наративот. Потребно е само малку поголемо внимание. Многу работи воодушевуваат тука. Една од нив е умешноста од режисерите да го избалансираат тоналитетот на секоја од шесте приказни што особено се забележува при секоја нивна промена. Како да се движиме од авантура кон трилер и мистерија, па потоа да преминеме во романса, па комедија, се до научна фантастика и пост-апокалиптична приказна. Тешко е да се одреди жанрот на филмот, затоа што всушност ова не е еден филм, туку 6 различни, секој со различни теми, но сепак споени во едно. Неверојатна е и актерската игра на некои од актерите. Пред се браво за Џим Бродбенд и Дона Бае во која по се изгледа режисерите нашле одлична замена за бремената Натали Портман. Но тука се и одличните перформанси на Том Хенкс, Хали Бери, Иго Вивинг, Сузан Сарандон, Хју Грант... Некои од нив со големи актерски ролји, некои со минорни, но лесно забележливи - оставаат впечаток. Секој од нив дава максимум од себе во портретирањето на секој од неколкуте карактери кои ги глуми. Визуелно богат филм. Секоја епоха отсликана најдобро што може - одлична шминка, одлична костимографија!!! А приказните... зарем за нив може да се зборува? Секоја од нив независна од другите е речиси ништо посебно, исто онака како што и животите кои ги живееме не се само наши и не се ништо посебно како такви - една од темите во филмот. Но сите тие заедно се одлично вклопени и премините од една во друга полежерни и не би можеле да бидат (затоа и очекувам номинација за Оскар за монтажа). И најинтересно од се е што во нив е прикажана една универзална вистина - дури и најмалото движење денес, нешто бизарно на кое не си ни обратил внимание, или пак можеби некое дело кое порано било гледано со презир и фрлено во амбисот на заборавот, утре ќе биде толку значајно што ќе покрева и револуции, а може и да му се поклонуваат и пеат оди. Можеби и ти ќе си повторно таму за да го проследиш неговото издигнување на пиедестал, зошто ако денес не е се како што треба, и ако нештата изгледаат безизлезно, како крај, не треба да се очајува. Нас секогаш не очекува еден поубав свет. И во него секако ќе се сретнеме повторно, можеби за да ги повториме истите грешки, но можеби и за да уживаме во среќата. Ако сега и тука сме просјаци, некогаш и некаде може ќе сме кралеви. И ако сега и тука направиме некоја грешка која ни однела многу, не треба да очајуваме, затоа што после дождот доаѓа сонце... некогаш... и некаде...Сето ова, а и многу повеќе, само го надополнува фактот дека е тоа една вистинска епска сага и едно од најамбициозните филмски остварувања на сите времиња. Доколку не верувате, погледнете го и ќе се уверите - се сомневам дека во следните неколку години ќе имате можност да видите нешто слично!Оценка: 10/10 - Без размислување!!!
Прва работа, за да не заборавам: филм кој се доживува на кино! Или ич не го гледајте.

Во поглед на приказната можеше и подобро, и појасно. Не е лесно одеднаш да се апсорбираат 6 различни приказни во 6 различни тајмлајни и да се открие што е тоа што ги поврзува. Посебно што тоа и не беше некоја премногу важна работа во поглед на дејството па можеа да ги дадат деталите побрзо.

Во поглед на опсегот на приказната во време, настани и локации филмот е вистински епик. Во поглед на визуелни ефекти и шминка, прва лига!

Како што реков, 6 различни приказни во 6 различни времиња, и секогаш настаните од едната приказна допираат до главниот лик од следната приказна и влијаат на настаните кои следуваат понатаму. Во позадина е човештвото и вечната битка на поединецот да даде свој придонес во она што го смета за подобра иднина. И како што одеше дијалогот на Адам со дедо во првата приказна:

- Се што ќе направите ќе биде капка во океанот!
- А што е океанот ако не збир од капки?

Во оваа безвременска битка некои од актерите, т.е. нивните души или реинкарнации, секогаш се на страната на доброто, додека некои, како ликовите на Том Хенкс, варираат од подмолно лоши и себични до луѓе кои би го ризикувале животот за поголема цел. Мала мапа на ликови, за да не се изгубите:



Приказните не се подредени хронолошки, така да филмот бара доста концентрација, но на крајот не видов некоја потреба за следење детали и се пишманам што наместо да гледам поопуштено се трудев да запамтам работи кои на крајот и не беа многу важни. Филмот е од типот на филмови како Babel и Crash само со многу поголем опсег и со актери кои играат различни ликови (одамна немав гледано таков филм). Она што најмногу ми се допадна е Sci-Fi приказната во иднината, со дистописки елементи од V for Vendeta и Equilibrium, и визуелните ефекти за вистинско Sci-fi акционо доживување. Некои ненормални идеи кои многу ми се допаднаа, а посебно сцената на мостот со леталото кое ги лови, hard-core-sci-fi! Друга сцена која ме остави без текст е онаа на Том Хенкс на почетокот на филмот со неговиот критичар, верувам дека ќе се зема како репер за пукање филм и ќе ја има по гифови :)

И секако приказната бр.6 за сите љубители на пост-апокалиптични филмови.

Актерската екипа ќе беше перфектна да глумеше Ен Хатавеј или рандом актерка наместо Хале Бери, не за друго, не ми се допаѓа втората како актерка и нема ни еден нејзин филм што го сакам. Актерката Doona Bae од петтата приказна е топ избор! Исто така Jim Sturgess кој многу го ценам по трибјутот на Битлси Across the Universe. Тие двајцата заедо со Том Хенкс (уште еднаш за него :cuc:, нема што не може да оглуми, и и негативците не му беа никаков проблем) го направија филмот.

Да се разбереме, сметам дека поголеми се шансите да не ви се допадне филмов, посебно на тие што ќе му направат даунлоад. Мислам дека со појасно поврзување на приказните ќе му дадев чиста 10-ка. Но и ваков заслужува најмалку 8-ка и се разбира, еден од филмовите за кои ќе се зборува, така да не пропуштајте!
Cloud Atlas ептен ме бендиса, одлична 9-ка. 3 саата трае и ниту една минута не ми беше досаден. Може беше малку зезнато со толку различни приказни и поврзаноста меѓу ликовите, ама зашто знаев што ме очекува си отидов психички спремен. :) Важно поентата беше повеќе од јасна, филмот е многу јако направен, Том Хенкс растури, и не знам зошто е толку непопуларен кај критиката. Иначе во сити мол го гледав, имаше 10-12 души, едни 3 си се смееа редовно на глас, другите се изнагрицкаа ко да не ручале, и на крај испадна атмосферата ко за полно кино. :)
Во однос на публиката, во милениум беше одлично да се гледа. Ни пуканка ни глас не се слушна и на cloud atlas
Најпросто објаснето:6 различни животни приказни раскажани во еден филм.
Од тоа што изгледав до сега Cloud Atlas е во водство.
Многу моќен филм со силна порака. Филм кој ниеден филмски љубител нема да разочара. За целосно да се разбере бара силна концентрација и повеќе кратно гледање. Филмот е долг 3 сати. Актерската екипа одлична. Има мнгоу фрази кои ќе ве тераат да застанете да анализирате.
Перфектно.
10 / 10
После Cloud Atlas, едноставно сфаќаш дека кино со добро озвучување > било каква домашна снимка. :)
Hyperlink филмови. Неколку приказни во филм кои паралелно се раскажуваат, скокање фрекфентно од една во друга и се поврзани со крајот.
Belief, like fear or love, is a force to be understood as we understand the theory of relativity, and principles of uncertainty. Phenomena that determine the course of our lives. Yesterday, my life was headed in one direction. Today, it is headed in another. Yesterday, I believe I would never have done what I did today. These forces that often remake time and space, they can shape and alter who we imagine ourselves to be, begin long before we are born, and continue after we perish. Our lives and our choices, like quantum trajectories, are understood moment to moment, at each point of intersection, each encounter, suggest a new potential direction.

─ Isaac Sachs(Tom Hanks), ─ Cloud Atlas
Cloud Atlas филмиште, I enjoyed every second of it. Многу приказни од различни временски периоди испреплетени у еден филм кој трае скоро цели три саати. Одлична актерска екипа, Том Хенкс и Хали Бери поготово. се на се одличен филм, моја оценка 9/10
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
20. GRAVITY (2013)
Alfonso Cuarón

20.jpg 20.gif
Првата 10-ка за 2013. Ме одушеви филмов, доживување плус соживување. Сандра Булок според мене растури, чувствата што ги имаше нејзиниот лик ги имав и јас, а за тоа дефинитивно допринесе и неверојатната реалност, ја мислев стварно во вселена го снимале, 2-3 пати паника ме фати:D. Да не зборам за кадрите... мераци.
Филмов обавезно во кино или на ХД снимка... believe the hype...
Рано е да креваме прашина а претпоставувам дека на повеќето не им е изгледан па така ќе бидам краток. Филмот е многу добар во повеќе аспекти но не е мастерпис како што го опишуваат некои и преголеми очекувања од истиот ќе ве фрлат во хејт. Во принцип не само што немам ништо против едноставни филмови туку и ги сакам, но овој филм не допре до мене онака како што се надевав.

Пред да се вратам на моите импресии од филмот, кратко запознавање со содржината и со ликовите: дејствието се случува во главно на меѓународна вселенска станица а покрај радио гласот на Ед Харис постојат само два лика, Мет Ковалски (Џорџ Клуни) и Рајан Стоун (Сандра Булок). Нивната вселенска мисија е загрозена откако Русите ќе дигнат свој сателит во воздух а остатоците од истиот ќе почнат да орбитираат околу земјата со брзина на куршум и да уништуваат се пред себе. Двајцата астронаути остануваат препуштени сами на себе во вселената и се обидуваат да пронајдат пат до дома...

Сега, моите импресии се вакви: филмот визуелно е мастерпис. Бидејќи го гледав во 3D неколку пати бев убиен од парчиња вселенски отпад. Не ми се допадна чувството. За камерата капата долу! :cuc: Изведено скоро до перфекција, мислам дека ова е најреалниот филм со дејство во вселената кој било кога е направен. Иако, не знам дали ова може да се смета за Sci-fi и дали воопшто го декларираат за таков. Нема никаква фантастика, се работи за драма која се случува во вселената. Конкретната случка со отпадот колку што прочитав теоретски може да се случи онака како што е опишана.

Филмот трае 90 минути, колку што му е потребно на бродот да заврти еден круг околу земјата. Убаво е што си направиле симболика ама филмот е прекраток. Ова е можеби прв пат да се жалам дека филм е прекраток. Не е тоа заради оние 90 минути, сосема е во ред филм да трае 90 минути. Но имаше простор за многу повеќе, посебно затоа што филмот во главно е психолошка драма. Овие два лика можеа многу повеќе да се развијат со дополнителни приказни и да допрат посилно до публиката. Посебно ликот на Ковалски. Дијалозите можеа да бидат посилни, мораа да бидат посилни, позначајни.

Можам да набројам еден куп актерки кои ќе беа подобар избор од Сандра Булок. Со она што и беше дадено како текст направи доволно, но ништо натпросечно. Клуни беше Клуни. Буквално.

Би можел да пишам повеќе но ќе скратам. Моето чувство после филмот е дека сум задоволен, ок е, лесен, едноставен филм, визуелно прекрасен, добар саундтрак, но фали содржина, текст и глума за да биде топ доживување. 7.5/10 ако морам да го оценам, и секако препорака да не се глупирате и да си го изгледате на кино или на што поквалитетна снимка.
Го гледав Gravity. Убав филм. Се палам многу на вакви извонредни визуелни парчиња(читај The Fountain). Побрзо гледајте го дур е на кино, пошо сум сигурен дека ќе го изгубите сиот доживљај ако го гледате дома колку и да е добра снимката од торентот и колку убав монитор да имате
Кога би требало да одберам едно зборче за филмов налик на цитатите од рецензии што ги користат некои филмови во своите трејлери тоа зборче би било или "stunning" или "breathtaking"

Супер филм што дефинитивно заслужува да остане во топ 100 на сите времиња на IMDb подолго време. Ќе се осмелам уште од сега да предвидам дека филмов ќе земе Оскар за најдобар филм, главна женска улога, специјални ефекти уште 2-3 минимум што значи дека најверојатно ќе биде филмот со најмногу Оскари од годинава, така да мора да се доживее филмов максимално. Ептен ми е криво што не го донесоа во 3Д бидејќи така ќе беше феноменално иксуство ама и вака вреди да се погледне. Далеку е филмов од перфектен, има свои flaws ама мене филмов ми остави голем впечаток.

Ако сакајте филм бујрум в кино имате голем избор на филмови Gravity, Prisoners, Captain Philips (од четврток па натаму), Rush, Despicable Me 2, филмови кои што сигурно ќе добијат номинации за Оскар така да вреди да се погледне било кој од филмовиве. Gravity го има и во Рамстор и во Милениум а и во Синеплекс така да е достапен за повеќето во Скопје :icon_mrgr:


Се на се како комплетен пакет за мене лично Rush > Gravity ама сепак Gravity ќе биде еден од позаслужние победници за Оскар за најдобар филм во последниве години (според мене)

Годинава за филмови станува од добра подобра со некој изгледан филм.

Инаку во Синеплекс наскоро ќе го даваат Слотер Ник за прецедник. :vozbud: Еден од ретките документарци што ќе ги изгледам, секоја им чест што го донеле. Ептен ме нервира тоа "Terrible series" во трејлерот ама сепак ќе си го испоштувам ликот со кој што 99% од форумов израсна :icon_mrgr:
Не ќе биде лошо и некои врски да фатат и да го донесат Роб Стјуарт за премиерата :D





tl;dr: Изгледајте го Gravity и Ник Слотер > everyone else
Gravity <3
Сандра <3
Многу ми се допадна филмот, онака морници ме пролазеа на првата јака сцена негде 15 минути во филмот... и од тогаш се ми беше епик. Си навиваш за Сандра, Сандра самата беше епик и многу интересно цивкаше "nononoon please nonono" "come back, please, say anything, please just talk to me" Клуни исто така добар али meh.

Не ми го држеше нон стоп вниманието, имаше некои малце досадни и пролонгирани сцени, ми леташе умот на друго место али нема везе.


Ејјј и како можев да заборавам, сега песнава ме потсети, кога лаеше како кучееееее
Gravity го изгледав, одличен филм, одлична глума особено од Сандра Булок која овде одглуми маестрално. 9/10 сепак поради лошите 20 минути на крај. Инаку филмов на почетокот е ремек дело, зема оскар.
Gravity е кино искуство не се доживува максимално пред екран, така да лоши зборови не се важат ако филмот е гледан пред екран.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
19. ONCE UPON A TIME... IN HOLLYWOOD (2019)
Quentin Tarantino

19.jpg 19.gif
“Once Upon a Time... In Hollywood", филмиште!
Кое филмиште е Once Upon a time in Hollywood, све ме бендиса што е ретко за некој филм. Се палите на џокери и секој втор пост ви е за тоа, а вакви ремек дела никој да спомне ццц. Нареден The Irishman, се надевам дека овие два филма ќе ги поделат оскарите
Once upon a time in Hollywood, ремек дело. Премалце крв за Тарантино, ама пак ремек дело. Бред Пит ненадјеблив лик, настрана шо изгледа како модел за долен веш на 56 години, па и глумчиште ипол какви емоции доловува. :cuc: За ДиКаприо да не зборуваме, класика. :cuc::cuc:
Мене Once Upon a Time in Hollywood ми се свиѓа. Во филмовите на Тарантино неможеш да се збуниш, он вози супер од почеток до крај. Дури има и наратор кој објаснува што се случува во моментот. Е сега ако си глуп или недораснат за да пратиш слика и звук, да гледаш со српски превод, онда нема да ги сакаш филмовите и ке ти бидат досадни. Е сега на јутуб имаш канали на ликови кои објаснуваат филмови и сцени кои што не ги сфаќате. Можете да почнете да користите такви услуги.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
18. THE HATEFUL EIGHT (2015)
Quentin Tarantino

18.jpg 18.gif
The Hateful Eight, what a fucking masterpiece!! :coffee:

Добро што антипатичната Џенифер лоренс ја одбила улогата на Дејзи Домергју, успат... одлично издание на Џенифер Леј.

Тарантино throwback!! 8.5/10
ПЕРФЕКТЕН филм за божиќ. ФИЛМИШТЕ !!!
Тарантино мајсторе, The Hateful Eight одличен, само ми изгледаше дека Освалдо Мобри, ликот на Тим Рот да бил пишуван за Кристоф Волц, многу ме потсеќаше на него.
Одличен Hateful Eight (y) Класика Тарантино и неговите играчки и заебанции.
Убаво забележа еден член неколку страни поназад дека улогата на Тим Рот можно е да била пишувана за Кристофер Волц. Малце као да му ги копираше движењата.
Курт Расел и жената најјаки ми беа од цел филм, Семи класика.
Мајкл Мадсен каубоец (n)
Единствена утка во The Hateful Eight е Ченинг Тејтум.
The Hateful Eight одличен, браво (y)
И тотално непотребна пауза во Синеплекс. Малце ми уништи.
Сценографија со одлично запазени детали. Црниот хумор, треш гор елементите и непредвидливоста на настаните во филмот се стандардниот потпис на Тарантино. Временската линија не е еднонасочна и дејствието проследува ликови со различни мотиви и различни убедувања, со карактери кои се синергични и спротивни на различни начини и поради различни причини.
Филмот си заслужува солидна 8 според мене.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
17. ROOM (2015)
Lenny Abrahamson

17.jpg 17.gif
Инаку, само што го изгледав Room и не можам да се соземам целосно и дваесетина минути по завршувањето. Наежен сум од глава до пети ко кокошка по колење. Вакво нешто ни очекував, ниту пак воопшто помислив дека баш овој филм може да ми биде фаворитот од 2015-та. А баш тоа се случи. До сега, за мене најдобриот од 2015-та!

Не можам подетално сега, уште сум под импресии. Морам да почекам да се сталожи, да легне малце, да се соземам, да се вратам назад, па утре (можеби) би елаборирал поопширно.

Ау, каков филм!
Само што го изглеав Room, врска немав за каков филм се работи ни трејлер ни ништо. Тажна приказна у пичку матер, ме пукна јако треба да се соземам малце. Бри Ларсон и детето беа одлични. (y)

еден од најдобрите филмови годинава, секоја чест.
Го гледав и Room, многу заебан филм, супер глума од Бри Ларсон, ги немам изгледано сите номинирани за женска главна, ама засега она ми е фаворит.
Room добар. Интересна идеја, и добра музика. Малку нелогичности во целокупното филмско остварување, и коинциденција, ама нејсе. 8-ка од мене. Фантастична глума на детето, една од подобрите кои сум ги видел изведени од страна на дете. Нарацијата исто. Ми се допаѓаа оние наивни детски заклучоци испреплетени со фантазија и сопствен свет.
Колку добар филм е Room, мислам дека е врв во секој поглед. Од приказна, режија и глума а детето е совршено во улогата. 10/10
Room, многу јака драма!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
16. THE WOLF OF WALL STREET (2013)
Martin Scorsese

16.jpg 16.gif
Леле зошто бе вака сум како збунет после Wolf of Wall Street, филмот ме мрдна во вистинска смисла на зборот, не знам кога последен пат некој филм имал ваква нуспојава врз мене:eek: Одам да пишам рецензија....

ухх не можам ајде утре кога ќе ми стивнат импресиите, ова беше too much стварно :cuc: останав без зборови на сред пишување не знам што да пишам.
Само што го гледав. Врвот на Ди Каприо во својата кариера. Самиот наслов си кажува се, џабе ќе се напрегам да пишувам рецензија. 3 саати поминуваат во еден здив. Црна, многу јака комедија на Скорсезе.

После филмов, многу луѓе животна желба ќе им биде да станат брокери.

10/10.
The Wolf of Wall Street, толку пцуење, секс, дрога и смешки немам видено во ниту еден филм до сега. Кој не го гледал под хитно у кино.
Немам нерви сега рецензии да пишувам, само тука да си кажам: The Wolf of Wall Street не е филм за на кино - по вчерашната проекција во Милениум хемороиди добив. А не дека не можеле да го компресираат малце, имаше моменти без кои не би изгубил многу. Што видов јас: пари, секс, дрога, жени, пари, секс, дрога, жени, пари, секс, дрога, жени, пари... - и така до недоглед. Не дека не е добар, супер е, ама мене сепак други остварувања поголем мерак ми направија.
Само што го имав задоволството да го изгледам The Wolf of Wall Street. Феноменално филмче, одамна немам гледано волку квалитетен филм, настрана што трае 3 часа ипослнети максимум и во кои уживаш, целиот филм е со феноменална глума, саундтрак и приказна. Поентата на крај со sell me your pen is fucking fucking fuckingly amazing and awesome.
Ова ми е последниот гледан филм од номинираните за Оскар, иако меѓувремено гледав неколку безвезни за кои не вреди да пишувам...:)Ги немам гледано сите номинирани, али после ова можам да кажам дека овој е дефинитивно мојот фаворит за Оскар за најдобар филм за 2013, најдобра главна машка улога и евентуално најдобра режија...(според мене..)И после Shutter Island го мислев истото што и сега- Ди Каприо :love: и Мартин Скорсезе се неверојатна комбинација! Иако малку бев зачудена кога видов дека филмот трае 180 мин, ама после 30-тата мин. ми стана јасно дека нема да трепнам до крај, освен што морав еднаш до кујна да отидам по вода...:)Ова е за мене филм што не те замара психички и не мора до бескрај да мозгаш за да разглабаш некои психотични и двосмислени сцени, едноставно филм што не те полни со негативна енергија, а истовремено крајно интересен и оригинален во секоја ама буквално во секоја од тие 180 мин...Ако кажам дека ова е филм за згодниот милионер Џордан, соопственик на огромна брокерска фирма, филм за животот исполнет со кеш, дрога, забави, жени - ништо не сум кажала - дефинитивно мора да се види...Човекот со огромно срце, колку и да направи срања во животот, колку и да пропадне во кал, останува со огромно срце и за него секогаш ќе се најде излез...:)Препорачувам на сите што обожаваат филмови, поготово на тие што со нетрпение ги очекувате Оскарите...:)
Според досегашните импресии филмот или го мразиш или е убиствена комбинација на Скорсезе и ДиКаприо.За жал припаѓам на првата група, одамна немам гледан толку плиток филм со купишта импровизации.Ко што пишаа другите пред мене 3 саати дрога, пари и секојдневни групњаци со фото модели, го изгледав целиот филм само од почит кон Скорсезе.Ама подобро и не може да се очекува кога филмот е правен според книгата на типацот, кој според мене бил и доста скромен, слободно можел да напише и дека нафуран сексал марсовки на Венера, ќе го имало и тоа во филмот.Еден од коментарите на Имдб со кој целосно се слагам:Phone Rings

"Yea, Marty here"

"Marty that you its Leo"


"Hi Leo hows it going in acting Land these days?"

"Fab Marty, never better, You know how you wanted to make a movie stuffed full of naked women? You know with naked flesh, simulated sex, close ups and all manner of video nasties?"

"Leo, Leo, Leo you been drink-in or sum-ting?, you know those a/h at the censorship house would never let us get away with that, we have yanked this so many times we have given up?"

"Marty baby, steady listen, and you know how you always want to burst the F count in a film?" well think no more, I have the script, I have the finance and I have actors dumb enough to make this film.

"Leo, you know I love you as I would my own bambino, but this is crazy land, get some sleep, I'll call you in the Morning, and talk about that great western we are making"

Thus started the pre-amble for what would become the story of how Marty and Leo hoodwinked the people in making The Wolfe of Wall Street.

3-hours of gratuitous sex. lust, cocaine, champagne and excesses so large that, mere mortals such as us will be forever conned into believing that this is just what the Movie Industry was designed for, Industry self-gratification and a return on the Dollar.

Do yourself a favour with this Wall-St and Sex, Drugs and Rock & Roll rip off, if you need to see Sex in a film, order a XXX from any porno outlet, it will be milder. If you want to see people ripping of the Economy take a trip to wall-street.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
15. GONE GIRL (2014)
David Fincher

15.jpg 15.gif
Gone Girl, добар трилер, се на ниво, овогодинешниот
Prisoners... 8ка (y)
Во киното 8 луѓе, никој не те нервира, уживанција :D
Книгата прочитана, филмот изгледан, можам да правам компарации. Ејми ја нема, е насловот на книгата на одлично преведеното македонско издание на Gone Girl. Кој не ја читал книгата нема да добие многу информации од самите трејлери за што всушност се работи, освен тоа што цела нација е во потрага по исчезнатата “неверојатната Ејми“, додека на мета е ставен нејзиниот сопруг, за кого се верува дека е виновникот за исчезнувањето. Кога ќе го гледате филмот ќе ви стане јасно што всушност станува збор и каква е вистинската Ејми. Искрено книгата и филмот се така направени што нема еден likeable лик, значи сите на некој начин во некој одреден момент ги мразиш. И после прочитаната и книга и после изгледаниот филм јас уште сум wtf е проблемот со писателката што направила ваков мрднат лик!
Филмот е феноменално направен, искрено книгата не ми остави таков длабок впечаток (ваљда дека во филмот повеќе ја сфатив суштината на ликот на Ејми отколку во книгата). Дејвид Финчер препознатлив со неговиот маестрален начин на режија, темни кадри, пропратени со музиката на Трент Разнор. Мислам дека подобро одбрани глумци за секој лик немало одамна во некој филм, Бен Афлек е ист Ник како од книгата, а Ејми, Ејми е слика и прилика, мислам дека Розамунд Пајк ја одигра толку маестрално што може да се понадева на некоја награда, иако лично не верувам дека филмот може да догура до Оскари, како прво верувам приказната не е баш таква, а и глумците не се Оскар материјал, ниту имаше моменти да го дадат својот максимум.

Некои сцени во книгата не ги замислував баш така, и сцените кои беа одиграни во куќата на Нил Патрик Харис (да, Барни од HIMYM, и кој за среќа супер се снајде со улогата). Се на се, јас давам одлична 8-ка, мислам дека и уште пред да почнам да го гледам знаев дека таа оцена ќе ја доделам на филмот затоа што 9 ќе беше многу само ради приказната, која и покрај двете екранизации уште ми дава wtf моменти, и уште ја барам смислата која тешко да ја најдам.

едит: ги заборавив цицињата на Емили Ратајковски :love::love::love::love::love:

За крај моја ранг листа на филмовите на Финчер:

1. The Game 10/10
2. Fight Club 9/10
3. The Curious Case of Benjamin Button 9/10
4. Se7en 9/10
5. The Social Network 9/10
6. Zodiac 8/10
7. Gone Girl 8/10
8. The Girl with the Dragon Tattoo 8/10
9. Panic Room 5/10
Gone Girl(y)(y)(y)
Нијанса послаб од Prisoners, ама одлично возење е филмот.
Одличен беше Gone Girl, како и што очекував бидејќи ја читав книгата. Браво за Финчер направиле одлична екранизација единствена замерка ми е што сите ликови се прикажани релативно богати додека во книгата тоа не е така па можеби ќе беше подобро да има малку повеќе мрачна и депресивна димензија филмот. 9/10
За Gone Girl колку шо видов неколку луѓе се жалеа за последните 30 минути, ама мене баш тие ми беа најинтересни. 8/10
Gone Girl не е некој мајндфак трилер али има предобра вожња.
Добар е Gone Girl, можеби споредбата со Prisoners не држи место затоа што вториот е многу сериозен и реалистичен филм кој развали со глума и емоции, додека Gone Girl е филм во кој нема емоции и се туркаат старите get-away-with-crime фори. Многу покомерцијален да речам.[DOUBLEPOST=1418880256][/DOUBLEPOST]Ти драгонски да шутиш. :kruna:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
14. THE DARK KNIGHT RISES (2012)
Christopher Nolan

14.jpg 14.gif
Иако, за жал, преспав некои сцени од филмот (поради Batman Marathon, прво одеа првите два дела, од 23:59 до 05:59, така што третиот дел се прикажа сабајлето на 20 јули во 06.00 за да биде заедно со светската премиера), третиот дел беше одличен, вклучувајќи ја приказната и улогите. Особено ми се допадна начинот на кој се надоврзуваше со останатите три дела, давајќи историски податоци за ликовите. Третиот дел го прикажа Batman во потполно нова перспектива. Многумина нема да се согласат со ова, но после улогата на Christian Bale во The Dark Knight Rises, сите претходни обиди да се глуми Batman се залудни.

Иако бев скептичен за улогата на Catwoman одиграна од Anne Hathaway, девојката си ја заврши работата прилично добро. Право маченце (иако, сепак, недостасуваше камшикот по којшто Catwoman е препознатлива).

Според мене, убедливо најдобрата сцена во филмот беше кога Bane му ја скрши кичмата на Batman (за овој филм лафел Цаци од К-15, значи). Сцени кои исто така ми останаа во сеќавање беа spoiler-от за Robin и ''смртта на Batman'', и двете прикажани некаде при крајот.

Се разбира, филмов имаше и доста недостатоци. Некои од сцените немаа никаква смисла (една од нив е кога полицијата и арамбашиве јуришаат еден на друг). Точно е дека некој од ликовите се губеа и повторно се појавуваа, но кај доста од нив имаше и приказна поради тоа.

Сé на сé, одличен филм. Треба да се погледне, особено како маратон, да се гледаат првите два дела пред тоа.
Ја знаете приказната, нема што понатака да се пишува околу тоа, веќе двајца пред мене пишаа.

Како прво, филмот е одлична комбинација на дел од стриповите за Бетмен (особено Knightfall) во кои Бетмен за прв пат се среќава со Бејн (bane O.E. bana "killer, slayer, murderer; the devil," from P.Gmc. *banon, cognate with *banja- "wound" (cf. O.Fris. bona "murderer," O.N. bani, O.H.G. bana "murder," O.E. benn "wound," Goth. banja "stroke, wound"), from PIE root *gwhen- "to strike, kill, wound" (cf. Avestan banta "ill"). Modern sense of "that which causes ruin or woe" is from 1570s.) и каде овој му го прекршува рбетот, по што Бетмен (Брус Вејн) долго време не се опоравува и мрачниот The Dark Knight Returns.

Она што ме фасцинираше, и заради што сметам дека не е доволно само да се каже дека „филмот вреди да се гледа“, е движењето на приказната, кое само по себе претставува една целина си претходните два филма. Дотолку повеќе што овој дел во себе содржи и додатни секвенци кои и тоа како придодаваат кон содржината на филмот. На моменти, навидум, изгледаат досадно и излишно, но од друга страна, без нив, филмот би бил само едно празно акционо клише. На овој начин, како што е преставено во филмот, само се добива дифузност на приказната (на прв поглед), што во суштина ќе биде намерно прикажување на немирот, како олицетворение на неконтролираните емоции на гледачот.

Оттука, токму тие секвенци, како да се вклопуваат, не само кон приказната за играта на „судбините“ на Брус Вејн, Бејн и Талија ал Гул (Миранда Тејт), туку и за судбините на луѓето околу нив и воопшто. Имено, се чини дека како да главната идеја на самиот филм е токму онаа почетна мудрост што го започна Batman Begins, а и судбината на Брус Вејн - она татковото (на Томас Вејн) "Bruce, why do we fall? So that we could learn to pick ourselves up!". Е оваа реченица константно и суптилно се провлекува низ целиот The Dark Knight Rises. Нолан тоа успешно го прави преку оние позадински извици на толпата „Basara Basara, deshi deshi, basara basara!“ (Издигни се - Качи се, Крени се) што како некое „зомбирано ехо“ одекнуваат во момент кога ќе се појави секвенца од толпа луѓе, или од Самиот Бејн.
Интересно е кога ќе се појави Бејн, за прв пат делува некако статично како лик, за наместо да се очекува одредена динамика, од него не се добива ништо друго, освен оној примордијален безпричински непредвидлив СТРАВ и ТЕРОР! Дури на моменти како да опсипува и заведува со тоа чувство, па оттука не за џабе и најсилен екотот на извиците во моментите кога Бејн е во потполн „сјај“. Како да сакал Нолан намерно да го впушти гледачот во соочување со горкоста на теророт, па потсвесно „го припрема за дуел“.

Така, генерално земено, The Dark Knight Rises во суштина е филм за играта на причината и последицата од падот и подемот, но оној примордијалниот - човечки (индивидуален) и општествен, односно дека падот и подемот се една циклична движечка сила на она што претставува индивидуално и генерално и дека стравот и теророт се круцијален елемент што ги дефинира и обликува. Она што е важно е што индивидуално т.е. генерално ќе се научи од тој двојствен однос. Ако односот остане само на чисто механичко повторување на паѓање и станување, тогаш истиот е осуден на пропаст од самиот старт. Но ако чинителот се соочи со горката вистина прекриена заради сопствената или наметнатата изопачена вистина - лага (Харви Дент), која предизвикува страв и терор, нештата можат да бидат и „плодотворни“.

Она што исто така ме импресионира е крајот на филмот. Добив впечаток како да Нолан намерно го направил така „среќен“, затоа што вака навидум изгледаше happy, но во суштина беше онака шупливо и несигурно среќен.

Океј да не должам многу, тоа е тоа. Не велам дека вреди да се гледа, тоа е некако клише.
Велам - Гледајте го филмот затоа што од секој ебан аспект заслужува да се гледа и да се разговара за истиот.
поздрав
Третиот дел од новата трилогија за Бетмен. Најдобро прикажување на мааните и кризите на Брус Вејн. 7 години по завршувањето на претходната приказна светот е малку изменет, вредностите се поместени, чудни луѓе се ставени на чудни позиции.
Негативецот не ми остави некој посебен впечаток. Филмот го гледав во IMAX кино во Флорида, нормално без титлови и ми беше многу тешко да го разберам што зборува.
Ен Хатавеј :love: најдобро одглуумена кет-воман досега!!!
Џозеф Гордон Левит... маестрален. Мислам дека е најдобар во целиот кастинг! Детектив кој доаѓа од дом за сираци и кој цело време верува во Бетмен. Во моментите кога Бетмен е далеку не се воздржува да даде се од себе да им помогне на луѓето околу него.
Кога видов дека филмот трае 2 часа и 45 минути бев скептичен малку за темпото и приказната, ама вреди секоја минута потрошена гледајќи го филмот. Ќе го гледам пак кога ќе идам дома на одмор :) Со титлови аф корс :)))
Значи сите по 150 денари во џеб и правец кино Милениум, филмов вреди да се погледне апсолутно.



Нолан ѓаволски добро си го заокружил делото. Актерската екипа нема една мана, а читав дека Ен Хатавеј била многу флегматична и не прилегала за улогата и искрено поим немаат критичариве. Девојката си беше одлична, дури не очекував така да блесне.

Бејл, ко Бејл. Едноставно за мене секогаш тој ќе биде Бетмен, макар што се сеќавам на сите други. Бејл е Бетмен, Брус Вејн. Човеков му даде човечна нота на ваков херој, кој не се сеќавам да ја направи Китон.

Што се однесува до негативецот Бејн, ака Том Харди, нема збор дека се надминал себеси. Човекот делува толку застрашувачки, па тоа е неверојатно. Башка кога го гледате на кино екран, сфаќате колку вложил во физичката преобразба, значи качил којзнае колку килограми, се направил грамада, физичките движења му се исто битен детал.

Околу дејствието. Што да кажам повеќе од ИМДБ би било премногу. Едноставно, Брус Вејн осум години живее изолирано од настаните и не сака да се инволвира, додека целиот град гледа на Бетмен како најбараниот криминалец кој го убил Харви Дент. Но, по новата закана олицетворена во Бејн, сакал-нејќел мора да се врати на старата патека.

Туку морам да го пофалам Џозеф Гордон Левит за одиграното. Страшно харизматичен човек и прекрасно си го го одигра ликот. Барем мене ме воодушеви.

Си има филмот и мани: На пример имате неколку клишеа без кои можеби не се може, ама па и може да се одбегнат, има една нејасна сцена која мене барем ми беше непотребна.

Да се разбереме, кога би требало да гласам, вториот дел со Џокерот апсолутно би бил на врвот, но ова е добар начин да се заврши легендата. Убаво најавија, витезот ќе се издигне, а легендата ќе заврши.

Само човек кој ќе го гледа филмот ќе знае што значи тоа.
Трилогијава Бетмен од Нолан ме потсеќа на трилогијата Спајдермен од Раими. Првиот дел е така-така, да речеме доволно добар за да заслужи продолжение. Вториот во сите погледи е најдобар и воедно најдобриот негативец го има како и неверојатно талентиран глумец што го глуми, додека третиот дел пати од премногу ликови и негативци(додуша Спајдермен 3 пати од многу работи и Dark Knight Rises е далеку посупериорен филм али ајде... за argument sake да продолжам...). И во двата филма само еден негативец е доволен а тоа се Бејн за Бетмен и Хари "Џуниор Гоблин" Озборн за Спајдермен. Веном и Талиа Ал Гул би требало само да бидат претставени, две-три сцени да има со нив и толку, чао пријатно. Нивната приказна ке биде основа за следното продолжение. Кетвоман и Сендмен се истиот лик и во двата двата филма, отпрвин негативци кои подоцна се реформираат за на крај да му помогнат на херојот и потоа да отидат на кафе. Поправо не ми текнува што се деси со Сендмен на крајот, мислам нешто се стопи. Многу беше тапа филмот. Само што фала богу на Кетвоман не и направен реткон за да испадне дека она е таа што ги има застрелано родителите на Вејн како со Сендмен и вујкото на Питер што беше направено :icon_lol:. Во однос на менторите добрата работа што ја прави Dark Knight Rises за разлика од Спајдермен 3 е што го тргнува Алфред надвор од приказната бидејки он повеќе не му е потребен на Бетмен, го има научено се што е потребно, ги има одржано сите говори што се потребни додека во Спајдермен тетка му на Питер сеуште е тука, сеуште ги држи истите(буквално истите) говори од претходните филмови само што успева да ги направи подосадни и подолготрајни од вообичаено..
Денес е моментот кога се каам што ова чудо не го погледнав во кино. Маестрално! Секој дел е се подобар и подобар! Нема да навлегувам во рецензии и чуда. Секој дел е поврзан со предходните. Имаме една комплексна приказна за животот на Брус Вејн и невозможно е да се долови целосното чувство од серијалот доколку го гледаме само последниот дел. Кристофер Нолан и Ханс Цимер направиле одлична работа. :cuc:
Јас не сум по филмови со многу акција, пукања и елементи на научна фантастика. Бетмен е исклучок.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
13. BLACK SWAN (2010)
Darren Aronofsky


13.jpg 13.gif
Млада девојка во потрага по совршенство...Но какви пречки стојат во таа потрага ?

10/10
Филмот е хард кор порнич. Мислам на првокласно ебење во мозок.
После ова, Аронофски ми стана омилен жив режисер, човекот го дотерал филмот толку многу, што сценариото и е небитно. Пушти, гледај прекрасни кадри, слушај преубав саундтрак. Не мора ниту да го слушаш дијалогот, сосема непотребно е.
Актерската екипа си ја завршила работата одлично, Натали Портман и Мила Кунис беа .... неверојатни. Машкиот главен лик (појма немам кој е актерот) беше исто одличен.
Приказната ... ма нема приказна, ко да гледате Вселенска Одисеја е чудово.

Оценка: Не постои број кој би го опишал ова, исто ко што не постои број за да се оценат филмовите на Кјубрик

П.С. Немој да го гледате вечерно време, гадно ќе се заебете, паранојата ве јаде за време на цел филм.
П.П.С. Кој сака да се кладиме оти го зема Оскарот за најдобар филм годинава?
Понекогаш се осеќам толку среќен, како на пример сабајлево кога го догледав филмов.
И веднаш се пуштив да напишам рецензија, која на жалост имаше несреќен завршеток и сега пак одново ја пишувам. :)


Black Swan на Darren Aronofsky доаѓа по само 12 години од неговиот првенец "Pi (1998)" и 10 години од извонредниот "Requiem for a Dream (2000)". Darren уште еднаш покажува дека може да се рамни со големите и квалитетни автори на сензационални дела кои по правило прикажуваат мајндфак ситуации.


Во психолошкиот трилер Black Swan, Натали Портман и Дарен Аронофски нудат извонредно добра и вознемирувачка приказна со сцени кои се доста квалитетно изведени во секој поглед.


Јас апсолутно многу го засакав филмов, пред се поради балетот, за кој Натали вложила многу додека научи да го игра толку добро. На почетокот на филмот ми се јави мала непријатност кон сцените кои покажуваат некои импресии на лицата од некои од споредните улоги, но полека се открива дел од приказната, и напнатоста станува се поголема.
Тешко дека би ја направил оваа рецензија без да го пофалам режисерот Дарен Аронофски, па и да спомнам дека е добра одлуката за соработка со Clint Mansell, авторот на музиката за сите филмови на Аронофски. Создадено е дело, најдоброто за 2010-та. :cuc::cuc::cuc:


Во претходните филмови на Аронофски се доста квалитетни, но за разликата на вкусови не се дискутира. За таа цел можам да кажам дека секако ќе се најде публика кај која и Black Swan нема да има некои импресии, посебно ако филмот се следи со едно око. Неговите филмови не се она што може да се каже дека мора да се очекува добар крај, или во текот на гледањето да се чувствувате пријатно, но кај сите тие филмови морате на моменти да се запрашате зошто е така. Реакцијата на гледачот е сосема очекувана во некои намерно оставени сцени во филмот, со додатни елементи или вметнување на нови статисти, со кратки вметнати сцени во кои можеме да забележиме дека се прави кратко навраќање кон друѓите дела на авторот, како сцената со трамваите тука и во Pi. Кој ги има гледано двата филма ќе знае што сакам да кажам. Такви сцени се намерно оставени и секогаш се добро изведени.

Филмовите на Аронофски не се секогаш добро примени од публиката (особено The Fountain (2006), кој беше критички и комерцијално изоставен), но ваквите филмови нормално дека ќе бидат почитувани од фановите.


Очекувам Black Swan да се закити со оскар во неколку категории. Аронофски е заслужен за номинација, Портман исто, како и целата екипа, посебно да ги споменам Мила Кунис, Винсент Кесел и Барбара Херши. Клинт Мансел, одговорниот за мизиката во филмот.


Ова е филм кој вреди да се гледа, гледајте го кога сте добро одморени, очекувајте дека нема да гледате забавна драма, но сепак прекрасно дело.


10/10.
Само што го гледав Black Swan,додека сум под свежи импресии да кажам збор два.
Незнам што е толку тешко околу филмовите на Аронофски и на што треба да се мисли со недели
- Човекот зема мотиви од секојдневни проблеми(приватен живот,љубов,работа,успех итнт),но ги прикажува на поинаков начин.Тој поинаков начин мене ми се допаѓа,затоа ми е во топ 3 омилени режисери,а со филмов ако не и број 1.

Едноставно секој можит да сними филмови со истиот плот на овие од Аронофски ,али реализацијата и како ќе допре до гледачот,мислам само тој го мојт то најдобро.
Додека го гледав Блек Свон ко да бев пренесен во некој друг свет, и кога на крај заврши пак се вратив овде. Прејак саундтрак, предобро одглумено, одлична камера. Мене ми е во топ 5 листата најдобри филмови.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom