ТОП 100 Најдобри филмови од декадата 2010-2019 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
57. LIMITLESS (2011)
Neil Burger

57.jpg 57 Limitless.gif
Многу добар филм не знам дали би го ставил во трилер акција или мистерија но најверојатно во никое :helou: Нема врска филмот баш ме бендиса се работи за една порпалица писател Еди кој го глими Бредли Купер на кој се му оди на долу во живото не може ништо да напише и да нејаде инспирација и капак на тоа му се кара женската.Но за негова среќа го сретнува неговиот пранешен другар(шура) кој му дава нов вид на дрога а овај така депримирна ја зема и почнува нов живот и лудило кое секој ќе го посака на момент да има во негови раце таква дрога од која ти се отвора мозокот
Со дрогата се му се менува и го живее живото 300 на сат ....
Од мене 8.5 /10
Дефинитивно едно од најдобрите филмски остварувања во последниве 5 години, според мене.

Се работи за писател, кој открива дрога (апчиња) која го активира мозокот до 100%
Нели, се тврди дека всушност ние користиме само 20% од нашиот мозок... епа, апчињата во филмов се главната тема.
Но да не откривам повеќе, дефинитивно вреди да се погледне.
Бредли дефинитивно си ја знае работата. Овој филм така му легна, неможеше подобро.

Од мене 10/10 без двоумење. :smir:
Јас го гледав филмот вчера. Ми се допадна иако мислам дека нешто му недостигаше. Дали повеќе минутажа и подобар развој на настаните не сум сигурна ама нешто фалеше. Инаку сосем добро филмче за гледање. Од мене имате препорака.
Еди - писал на кој баш и не му оди од рака да ја заврши својата книга, девојката го остава, доцни со станарирана и шета низ градот прилично неуреден. Би можело да се каже дека е вистински губитник, се додека не се сретне со еден стар познаник и ја добие тајната супстанца со која може да постигне сѐ што сака. Одличен филм.
Limitless и Source Code се така подобри филмови...до сега :)
Првин мора да кажам дека го избегнував филмов поради постерот ,го имав на Watchlist на IMDb ,ама не знам зошто го избегнував поради постерот ,ебаго нека виша сила :P... да не забегувам ,рецензијата:

Писац даоѓа до дрога за која мал број луѓе знаат. Дрогата му дава 100% пристапност до неговиот мозок ,тој станува богат и моќен.

Ми се допадна ,супер филмче ,само да немаше неколку непотребни сцени ,неколку клишеа ќе беше ОДЛИЧЕН. Според мене сигурно спаѓа меѓу најдобрите филмови за 2011.
Limitless

Кој го нема гледано филмов нека го гледа, стварно е многу јак и има одлична приказна.
Не ми се верува дека некој ги чита ова ама ај набрзинка да си пишам што мислам.Иако мислам дека повеќето на крај само ја гледаат оценката и не се замараат со читање на сево ова.
Интересно филмче.Филмов е сосема различен од повеќето филмови и има интересна приказна.Ми се допадна тоа што поголем дел од филмот нешто се дешава т.е. те држи во неизвесност. Незнам дали ова е добро или лошо ама некако ептен одма се почна со главната приказна во филмот.Веднаш главниот лик се запознава со дрогата и нејзините последици.Можеби ова е и добро поради тоа што повеќето филмови почнуваат бавно а овој беше straight to business.Главниот глумец (ќе ме извините ама во 3 саат уопште не ми текнува кој е а ме мрзи да гуглам) супер си ја заврши работата.Уште еден добар факт во филмов е што има Ups од дрогата,па downs,па пак ups и на крај средба со судбината.

2 работи ми беа глупи во филмов.Прво кога овој ја пие крвта за да стигне до дрогата...НЕМОЈ ДА МЕ ЈЕБЕШ БРЕ...
А второ како иглата му стигна во устата?
Некако ептен ВТФ ми беше тоа.
Фактот што му падна последната таблетка беше cheesy ама тоа беше единствен таков елемент во филмов.
Последните 5 мин. беа интересни и не очекував дека и шефот (или што и да беше Де Ниро во филмов) на сличен начин стигнал до успехот (барем јас така сфатив).
Мислев дека на крај главниот лик ќе сфати дека дрогата е лоша и дека ќе умре или нешто во таков стил ама ништо.А баш помислив дека се освести кога стоеше на работ на терасата.
По мое мислење требаше да не заврши толку добро вака филмот остава порака кон младите дрогирајте се добро е (мада кое дете би гледало филм за дрога?-реторичко прашање).
Оценка:7.5/10 (0.5 за тоа што е малку поинаков од другите филмови)

Најверојатно рецензијава ми е лоша ама јбг тоа е
Не знам дали е спомнат погоре, ама Limitless со Бредли Купер и Де Ниро е одличен трилер. Станува збор за писател (Купер) кој се наоѓа во тешка финансиска ситуација, недостиг од инспирација итн. Случајно на улица среќава познаник кој му нуди апче. Најмногу поради љубопитност, Купер го пробува и неговиот живот, неговата ментална способност драстично се менува во нагорна линија. Станува експерт за берзата, среќава успешен бизнисмен (Де Ниро) со кого соработува, но мора постојано да се снабдува со истите апчиња...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
56. BLACK MIRROR: BANDERSNATCH (2018)
David Slade

56.jpg 56 Black Mirror Bandersnatch.gif
Netflix's Black Mirror: Bandersnatch - The First Time Through Is Good, The Second Is Insane

Овој го имал речиси истото искуство како мене. Второто гледање е многу подобро. Првото ми траше баш 90 минути, а второто над два саати затоа што многу пати ме враќаше. Доколку се точни информациите дека има над пет саати материјал, има уште скоро два саати кои поима немам како да ги најдам затоа што по второто гледање стварно не знам кај би ископал повеќе опции. Ама така мислев и по првото гледање. Ќе мора бар уште еднаш :D
Bandersnatch?

Yes........................No
Bandersnatch e najludiot film koi go imam gledano.
Tolku ne mi se izvrtil mozokot mnogu oddamna.
Izgledav dosta kombinacii, mozebi 3.5 chasa, ama kako shto prochitav, mozhni bile 1 trilion kombinacii?!

Obavezno go preporachuvam na site Netflix korisnici.

A za tie shto obozhavaat fish i film, naprajte dva pred filmot, i zapalete svetla. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
55. MELANCHOLIA (2011)
Lars von Trier

55.jpg 55 Melancholia.gif
Многу поделени мислења има филмот. Едните кои го обожаваат и другите кои сакале да гледат блокбастер со воведните сцени и крајот, притоа испуштајќи фасцинантиот дел од филмот каде Триер на својот препознатлив начин ти влегува под кожа претставувајќи ни ликови кои се пореални од самите нас. Поштувам пристапот, секоја интеракција, секој дијалог, секој допир, секоја акција го имаше тој печат оставено дека е извршена од обичен човек. Секоја контрадикторност, секој страв, секоја несфатеност.. оправдано што трае толку, пробете вие да дедуцирате човек во помалку. Посебно меланхоличар. Би гледал и 3 часа од ова. I'm a sucker за бавни, тензични драми.

Прва етапа, Justine или Kirsten Dunst.. Kirsten fucking Dunst. Goofy девојчето од спајдермен, која ми беше енормно антипатична, шостори.. Не сум засакал актер(ка) толку нагло. Очекувам минимално номинација за оскар, и колку еротски остарела само. Немам едноставно зборови. Се надевам само на добри избори за улоги во иднина. Мораше двапати да глуми, како депресивна требаше да глуми среќна. За момент помислив има поминато слично, дека доста реално долови, од facial expressions до импулсивните испади па и морбидна беше во лошите денови каде вегетативната состојба беше најмногу што може да даде. На моменти ќе ја мразете, на моменти ќе ви е херојот во филмот.

Втора етапа, Claire. Сестра и'. Кучката од Aнтихрист. Навидум цврстата, стабилна потпора на Кирстен. Онаа која се грижи за неа, која unconditionally ja сака. Која меѓу релативно новиот маж на Кирстен, Alexander Skarsgård и останатиот дел од фамилијата се дефокусирани од својот живот во обид да и помогнат и направат среќна со тривијални ствари кои уствари и' се рефлектираат повеќе депресивно, отколку тоа што треба да го достигнат примарно. Дури Кифер од 24 одглуми на ниво во филмов.

Сај фај делот ме потсети на The Tree of Life, и ако претходно не бевте депримирани ова дефинитивно ќе ве направи да се осеќате мали, helpless и како одредена личност од филмот, ќе ви ја сруши цела фасада, се' што сте граделе внатрешно за соочување со животот, секоја храброст, секој труд.. oblivion.
И не би било тоа тоа без паралелно фантастична музика, ах музиката.. за тој surreal opening, па и пропатно истата низ филмот. Проследно со исто фантастична фотографија, камера.. фантастично. Дефинитивно треба прецизно одбрана атмосфера и расположение за филмот, трпеливост и отвореност. Дали дека е различен, како и секогаш, од мене ја има најбелата нијанса на бел бумбар.
Филмот не е воопшто глуп, но не е за секого. Мене неверојатно многу ме потсеќа на Cries and Whispers од Бергман, а тоа е естетски филм.
Ситуацијата е само пример во филмот, и го прави романтичен, материјализира чувства. Целиот филм е за емоции всушност, а ретко кој сака да гледа таков филм, филм што претставува состојба, а не акција.
Само Триер може така добро да претстави дијалектика, во Dogville на морал, во Antichrist на убавото и возвишеното, во Melancholia на емоциите.
Доста прашина се крена за филмов на форумов. Негативните критики беа во поголем број од позитивните главно, ама сепак филмов е од оние на кои треба да му се даде шанса.
Ова е филм на Ларс Фон Трир, со Кирстен Данст во главна улога. Мене лично многу ме потсети на Дрвото на животот, само од една поинаква перспектива. Двата филмови имаат апокалиптичен предзнак, а и начинот на кој сакале режисерите да го направат тоа е многу сличен. Дури можеме да ги споредиме.
Па ајде да видиме, ви се допадна или не и зошто?

П.С АЛЕКСАНДАР СКАРСГАРД. Запомнете го ова име. Ако мудро ги бира улогите ќе стане главна фаца во Холивуд. За Рајан Гослинг предвидувањата ми се остварија засега, ајде да видиме дали ќе погодам и за швеѓанецот.:)
Прашањето од милион долари е како овој го изгледавте а Меланхолија го исклучивте, 'couse you know, drama wise, Melancholia actually delivered. Хипстери бе, само оти е инди еј. :)))))))))
А Melancholia е веќе друго. Не само поради тоа што го почитувам Вон Триер, туку и што визуелните моменти од старт ме привлекоа.
Поради целата атмосфера на исчекување на крајот, како и голите гради на Кирстен Данст кои го расплакаа @џимеј
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
54. THE IRISHMAN (2019)
Martin Scorsese

54.jpg 54 The Irishman.gif
Нареден The Irishman, се надевам дека овие два филма ќе ги поделат оскарите
Не велам дека е лош, ни дека е долг. Не велам ништо, за филмот, всушност. Само дека кај мене The Irishman го држи рекордот по број на заспивања за време на филм. Се на се, 4 пати заспав, 2 пати си подремав убаво по пола саат и повеќе, па после морав да враќам назад... И така наместо 3 и пол саати, за мене траеше можда 5.
Irishman ми се допадна, многу е солиден. Немав чуство дека е многу долг и покрај тоа што трае 3 ипол часа. Немаше непотребни сцени и моменти све си придонесува на свој начин. Го имаше и класика Скорсезе стилот на снимање. Но, и покрај новата CGI технологија за помладување што се користи во филмот не беше доволно за да заборавам дека Де Ниро и Пеши се ептен стари. Естетски во лицата можеби, али говорот на тело покажуваше дека се сепак многу стари. Пачино од друга страна беше поубедлив, можеби и поради улогата што ја има.

Гледам буџет $159M a само $7.9M заработка во кино, флопнал изгледа лошо. Али па од друга страна многу го гледале на Нетфликс па можеби не е толку страшно. Делува повеќе како ТВ филм од колку кино филм иако е многу скап за да биде само ТВ филм.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
53. JOHN WICK (2014)
Chad Stahelski, David Leitch

53.jpg 53 John Wick.gif
John Wick како видео игра, кое пуцање го има. Генеричка акција ама пак забавен е.
ja moram da mu staam 4ka epten kul mi bese i vizuelno i ko revenge driven
Видов до сега дека има само една рецензија за филмов, во главно, негативна и крајно разочарувачка, па затоа се решив да напишам и јас нешто, по прв пат, додека сум уште под импресии.:)

Приказна: Џон Вик е поранешен платен убиец и кршач на кичми кој решил да оди во пензија, откако ја запознал љубовта на својот живот. Но поради своето минато, божјата правда ќе дојде и до него, па неговата среќа ќе трае кратко. Жена му ќе го загуби својот живот, а он ќе ја најде утехата во кутрето, кое воедно му е последен поклон од неа. Денот го мине дрифтајти со својот Мустанг Шелби од 69, а ноќта тагувајќи по неа.
Во момент кога се наоѓа на бензиска за да го наполни чудовиштето со гориво, наидува на руско размазено детиште кое му фрла мерак на Шелбито.

Филмот е кршење на кичми, пукање, акција и ништо ново од она што е веќе видено. Тогаш зошто е толку посебен?
Читнав некаде дека дел од продукцискиот тим е составен од поранешни каскадери кои глумеле во дузина акциони филмови и ги имаат приметено сите недостатоци кои ги имале претходните, па во овој успеале некако да направан паметна акција. На тоа ги додале Киану Ривс и Теон Грејџој од Game of Thrones како глуми разгалено, богато детиште. Продукт: Перфекција!

Како особа што воопшто не обожава акциони филмови, посебно новиве, немав некој големи очекувања од истиот, но се случи спротивното. Успеа да ме задржи максимално сконцетриран, ми го покачи адреналинот, воопшто не гледав на грешките, нелогичностите во сцените, него уживав во истите како што сум уживал како дете гледајќи акциони филмови. Да успее денешен филм да ти го врати тоа чуство, е.. неверојатно!!!

Оцена: 8/10

П.С Саундракот 10/10. Ме потсети на оној од The Crow.
John Wick, ретко добар акционен филм
John Wick има прелазна, супер акција. И како што кажа еден член претходно за филмов, уште kill score фалеше.
Епа финтата е како ќе му пристапиш на филмов. Кажав и претходно, Џон Вик не продава филозофии, не сака да биде нешто спектакуларно, невидено, туку е едноставно кул. Сети се како Сталоне ги собра Ескпендаблс и направи кул акционен филм затоа што никој не го сфати сериозно и така требаше и да биде.
Последната сцена од филмот баш кажува што дотогаш беше Џон Вик. Фраер. Не се обидува да биде сериозен, невиден, туку да го направи жанрот акција малку подинамичен. Приказната почнува како и секоја друга во акционен филм, ама како е реализирана понатака, мене многу ме бендиса.
Еве добар коментар за филмов:
John Wick is propelled by Tarantino-esque dialog mixed with the swagger of action stars from the 70s. Reeves literally emulates cool in this film and does it with such confidence, that we don't even doubt the character...even when he kills countless bad guys with extreme force in some utterly ridiculous and implausible situations. We don't doubt it for a minute. This is EXACTLY what you want out of an action film. It is briskly paced, brilliantly shot and meticulously choreographed and keeps you wanting more and more.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
51. HER (2013)
Spike Jonze

51.jpg 51 Her.gif
Дали сте подготвени за една поинаква романтична приказна ? Дали сте подготвени за филм што ќе ве стави на тест за вашите перцепции за тоа што е морално а што не ? Ако на прашањава одговоривте негативно тогаш најверојатно ќе пропуштите еден од подобрите филмови за 2013тата година- Her. Her е романтичен научно-фантастичен драма убав филм со Хоакин Феникс во главната улога. Во време кога зборот "убав/а/о" се расфрла наоколу како жежок костен, најдобар комплимент што можам да му го дадам на овој филм е токму тоа- убав. Настаните во овој филм се случуваат во време во кое технологијата го заменува човекот, во време во истиот момент можете да зборувате со илјадници луѓе а без притоа да изговорите збор, во време во кое можете да имате илјадници пријатели без да излезете од вашиот дом. Не 2014 не е годината во која се случуваат настаните во овој филм. Не толку далечната иднина чиј што почеток е веќе насекаде околу нас е времето во кое се запознаваме со Теодор, просечен човек што го сака тоа што сите ние го сакаме пари моќ секс љубов среќа, нешто што Теодор навидум го има изгубено за секогаш после одлуката да се разделат со неговата сакана сопруга. Ова води кон период во животот на Теодор во кој што тагата и желбата за нова љубов се зголемуваат со поминувањето на секој изминат ден од неговиот просечен живот. Но сепак модерното време не би било модерно доколку не ни понуди решение на секој наш проблем. Теодор пронаоѓа оперативен систем кој што станува најдобриот пријател што Теодор го видел.
Со текот на времето нашиот просечен писател на љубовни писма влегува во не толку секој дневна љубовна романса со неговиот оперативен систем Саманта. Но дали може навистина да постои љубов помеѓу човек и оперативен систем ? Дали љубов се дефинира како взаемни чувства на две свесни индивидуи за своите чувства ? Дали е морално прифатлива врска помеѓу OS и Хомо сапиенс ? Дали компјутерите се способни да сакаат ?
Без сомнеж her е феноменален филм на Spike Jonze кој што преку брилијантната режија,сценографија и пред се фантастичното глумење на Хоакин Феникс кој што на совршен начин ни ги пренесува емоциите низ кои поминува симпатично чудниот мустаќлија произведе модерна приказна која што ќе ве натера да размислувате за многу дилеми кои што токму "Her" ќе ви ги наметне.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
50. RUSH (2013)
Ron Howard

50.jpg 50 Rush.gif
Rush. Феноменален.Тоа што го очекував тоа и го добив. Сега за сега останатите филмови што ќе ги гледам годианва ќе треба да пробаат да го бутнат од врвот. Ron Howard дефинитивно ми и фаворит за најдобра режија и покрај тоа што очекувам дека Куарон ќе го земе (пошто за некоја чудна причина Академијата се пали за CGI).
Беше грев што Black Swan освои само 1 Оскар, ама затоа се надевам дека Rush ќе добие неколку (па макар и само 2).
Е сега нормално дека не очекувам дека на сите ќе им се допадне и можеби за 5-6 месеца кога ќе излезе торент некои ќе бидат помалку разочарани ама мене лично ми беше супер. Ако немате попаметна работа изгледајте го во кино деновиве нема да зажалите.

edit: Ако во иднина чуете ептен добар саундтрак во некој филм шансите се дека е дело на Ханс Зимер. :cuc:
Визуелирана приказната на ривалството помегу Џејмс Хант и Ники Лауда.
Приказната е прекрасно доловена и екранизирана и покрај тоа што буџетот за филмов е просечен,за адаптација на ваква приказна е потробен поголем буџет од 38 милиони долари,да беше американска приказна ке имаше сигурно 80 милиони минимум но како и да е ја сум презадоволен од тоа како Рон Хауард ја адаптирал приказната на филм.
Од документарци што сум гледал уште пред филмов приказната е многу прецизна,мислам дека највеке што може,реалноста ми се свига премногу и ја доловува бруталноста на Формула 1 и во седумдесетите одлично.

Глумата е дефинитивно над просек и ликовите на Хант и Лауда се предобро одглумени,Daniel Bruhl го немам гледано освен во Goodbye Lenin каде што одглуми одлично и во Inglorious Bastards каде што немаше некаква улога за докажување но перформансот негов во RUSH е предобар и ептен го доловува ликот на Лауда,мртво сериозен,ладен и како што калкулира на патеката исто калкулира и во животот.
Џејмс Хант што го толкува Chris Hemsworth според мене имаше послаб перформанс но сепак над просекот и улогата на Хант што е британски плејбој кој не го интересира ништо освен забава и мотоспорт улогата му стоеше премногу добро и додека Лауда по предпазлив возач од него и сака да калкулира,Хант е сосема спротивното и не се замара со калкулации и сака само чисто сурово хардкор тркање,многу различни карактери каде што единствено заедничко им е љубовта кон мотоспортот.
Љубовните сцени се солидно прикажани како мотоспортот и нивниот карактер им влијае на тој животен план.
9/10
Само што го изгледав Rush . одамна немам гледано толку добар филм . добро почна 2014 се филмови гледање само да не се расипе :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
49. BOHEMIAN RHAPSODY (2018)
Bryan Singer

49.jpg 49 Bohemian Rhapsody.gif
Трибјутот за Фреди ме воодушеви, иако очекував поинаков филм. Очекував да има помалку пеење а повеќе детали и измислени драматизирани сцени од приватниот живот на пејачот. Очекував биографска приказна во која дејствието тече побавно, како што сме навикнале кога гледаме биографски филмови. Во овој случај, филмот оди straight to the point, како авторот да вели: немам време за губење, ако објаснувам повеќе ќе треба да кратам на музиката. Така да од почеток до крај, филмот оди во брзо темпо, се задржува на поважните моменти и кулминира со настапот на Live Aid 1985 концертот на Вембли.

Не велам во никој случај дека филмот е мастерпис, но би рекол: this movie will rock you! Кастингот е прва лига, што може и да се очекува кога двајца од членовите на Queen се ко-продуценти. Да го слушаш Фреди на IMAX е бесценето, посебно поради делот со концертот ќе ми биде жал за сите оние кои ќе мораат да го гледаат дома и нема да ја почуствуваат грандиозноста.

Посебен дел заслужува Rami Malek кој претпоставувам си обезбеди номинација за Оскар со улогата. Човекот успеа да го долови Фреди не само на сцената како музичар, туку и надвор од неа. Ги усовршил неговите движења, гестикулации, манири... Повторно, не најдов ништо спектакуларно во улогата, би рекол дека добро си ја сработил домашната и може да очекува награди за тоа.

Мислев да пишам и повеќе но доволно е. Да завршам со тоа дека ова е единствен филм што сум го гледал на кино, во кој публиката не сакаше да стане и да си замине додека одеа кредитите. Еден ден кога ќе заборавам што точно се случуваше во филмот, тоа ќе ми остане во сеќавање.

8.5/10 од мене.
Браво Io. Не пишав ништо јас, пошто @Anon ме исмеваше кога излеговме од кино, ама мене ми беше чиста 10 филмот. Знам дека не е masterpiece, ама сепак, си ја заслужи оценката зашто последните 20 минути ме држеше наежен и со глупава насмевка на лицето која не можев никако да ја тргнам. Критиката се жалеше дека бил историски неточен и што ли знам јас уште зошто, ама screw them! Јас уживав во секоја секунда од филмот, како што не сум уживал во филм одамна. За мене, до сега, Bohemian Rhapsody е најдоброто што сум го гледал од 2018.
Гледлива и во голема мера идеализирана и сублимирана верзија на сторијата за Меркјури и Queen. Нешто што е и за очекување кога ќе се земе предвид ограничениот временски формат од два часа и фактот што во контролата на наративата вмешале прсти двајца од членовите на групата. Без завлегување во крајни ситничарења, инспирирана интерпретација од страна на толкувачот на насловната ролја, филгуд филм наменет за ентузијастите и фановите на групата, кој за време на проекцијата ќе Ве натера да ги бодрите и да потпевнувате во ритамот на нивните песни.
Никогаш нешто особено не сум ги слушала Queen, а сепак им ги знам скоро сите песни. Не знам дали тоа зборува за нивната легендарност, но секако значи нешто. Секоја чест за кастингот. Рами Малек ги усовршил сите манири, движења и ко што би рекле Србите го „скина“ Фреди како што веројатно никој друг и не би можел. Глобусот му припадна заслужено, а за Оскарот ќе бидиме, оти Бејл е исто сериозна конкуренција. Филмот не е совршенство, некако е straight to the point, без детали и ситничарење околу приказната. Поголем дел е посветен на музиката и грандиозноста на бендот, а помалку на биографијата и човекот Фреди. Но, сепак никој не остана рамнодушен и ако ништо друго нѐ поттикна да истражуваме многу повеќе за Queen и Live Aid, а и да слушаме поквалитетна музика.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
48. LIFE OF PI (2012)
Ang Lee

48.jpg 48 Life of Pi.gif
Во 3D. Мераци.

Визуелен мастерпис. Како старецот и морето, ако старецот беше младич и имаше тигар во кајчето.

Не сум сигурен како да ја напишам содржината на филмот без да спојлерисам, затоа што не е се како што изгледа. Филмот започнува со возрасниот Пи кој му ја раскажува својата неверојатна приказна на еден млад писател. Во приказната, семејството на Пи се сели од Индија во Канада со брод, заедно со животните од нивната зоолошка градина кои татко му на Пи планира да ги продаде. Но се случува бродолом после кој Пи завршува во кајче заедно со неколку животни, помеѓу кои и еден бенгалски тигар, права ѕверотиња... Пи е сега само последна алка во синџирот на исхрана. Што се крие понатаму во приказната ќе си откриете сами. Инаку направен е според новела и колку што знам доследно ја прати од почетокот до крајот.

Околу другите работи, визуелно како што реков филмот е прекрасен, ако го гледате во 3D доживувањето е комплетно. Ако не ви скокнал тигар на седиште додека јадете пуканки, ништо не сте виделе :)

Она што не ми се допадна е нараторскиот карактер и праволиниската структура, јас би го направил покомплициран со шок-твист при крајот... но и вака како драма може да помине.

Не верувам дека овој филм има шанси за оскар но се надевам барем дека за визуелните ефекти ќе биде награден.

8.5/10
Добар беше крајот на Life of Pi :) Мене ми беше крајот најдобар дел од филмот,на ваков филм не му треба твист.
Ти да не сакаше на крај да испадне дека сево ова бил чуден рандом сон на Нео во Матрицата?

Добар е филмот на почетокот и на крајот ама меѓу тоа некако знае да "здосади" (во наводници пошто има разлика од досаден филм и филм што на моменти здосадува).Можно е да освои оскар за некои од неверојатните сцени (заедно со Скајфол најдобри сцени имаа).

7.5 од мене :)
Кој не го гледал Life of Pi нека ја искористи шансата, филмот е за на кино само.
И немој да се зезнете со ѕверовите, да не речете дека не ви кажав...
Браво за Life of Pi тоа е филм за Оскар
Ремек дело со прекрасна приказна и ефекти како Аватар. Секоја чест!
нешто слично како SLP - немав којзнае какви очекувања, па затоа восхитот беше поголем
Приказната не е ништо посебно бидејќи до сега сум гледал подобри филмови со деца, фантазии, измислени работи и сл. Сепак, она кое е најголемата предност на Life of Pi според мене е визуелниот впечаток и 3Д-то кои филмот го претвараат во двочасовно уживање.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
47. MARRIAGE STORY (2019)
Noah Baumbach

47.jpg 47 Marriage Story.gif
Ми се допадна Marriage Story, одлична глума и можеби секојдневна приказна но во целина филмот е прекрасен. Се надевам дека ќе влезе во конкуренција за некој оскар.
Одличен Marriage Story, маестрална е улогата на Адам Драјвер, раскина.
Snosti go gledav, i adam ama i skarletka zapali. I mene mnogu mi se dopadna filmov, ne znam do koga moze da tera vaka reziserov pred da zdosadi ama za sega si vozi. Se osekam ko woody allen film da gledam.

Cool

Cool cool cool
Не верував дека ова ќе го кажам некогаш за филм на Ноа Баумбах, но морам: Marriage Story е според мене, до сега, од тоа не многу што имам гледано, филм на годината! Колку тивок, мирен, но и реален, се чувствував како да гледам a real life marriage со сите драми и проблеми кои ги носи истиот. Во некои реплики препознав некои вистински, мои. И толку беше се емотивно, што на два пати се почувствував како да ќе заплачам. Совршена анализа за бракот, за љубовта, за жртвувањето, за децата, за тоа што значи да се чувствуваш жив. Совршено одглумено и од Драјвер, и од Јохансон. И навистина преемотивно. Ноа повеќе ми личеше на Вуди Ален во Frances Ha, на пример. Тука, особено на почетокот на филмот, повеќе ми личеше на Теренс Малик (@whatto , ако не си го гледал, пуштај го одма!). Не знам, ептен сум под импресии, и некако без зборови. Знам само дека морам да го репризирам. Ама сам. Да не и текне некоја идеја на жена ми. :unsure:
филмов го доживеав многу силно и лично, болката на Чарли беше и моја болка, солзите на Чарли на крајот од филмот беа и мои солзи. Маестрално напишано сиже и дијалози, Кајло Рен мајсторски одглуми, музикава која оди во позадина во моменти кога сфаќаш дека губиш се допринесе да филмов посуптилно ти се пикне под кожа ако си мазохист по природа ко мене.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
46. A SEPARATION / JODAEIYE NADER AZ SIMIN (2011)
Asghar Farhadi

46.jpg 46 A Separation.gif
Многу пријатно сум изненаден од овој Ирански филм и навистина се надевам дека без предрасуди членовите на академијата ќе му овозможат номинација за Оскар. Веќе е номиниран за Глобус и таа категорија веќе станува интересна, затоа што номиниран е и The Skin I Live In на Алмодовар. Има освоено доста награди оваа година меѓу кои и Златна мечка на филмскиот фестивал во Берлин.

Иако насловот на филмот значи „Разводот на Надер и Симин“, приказната не е толку за разводот туку за настаните кои ќе бидат предизвикани индирекно како последица на разводот. Еден сплет на околности ќе предизвика вистинска драма во која ќе бидат вклучени две семејства, а работите полека ќе почнат да излегуваат од контрола.

Неколку работи ми се допаднаа посебно: прво, драмата се одвива брзо, нема непотребни и незначајни сцени и тензијата е постојано присутна. Второ, ликовите се реални а дијалозите и атмосферата исто така. Глумата е перфектна, немам што друго да додадам во тој дел. Големо браво за актерската екипа.

Она што му фали е добри звучни ефекти, во поголемиот дел се чувствува атмосфера како од старите ТВ филмови, но можеби токму тоа ја дава и онаа реалистична атмосфера во филмот.

Засега овој ми е број 1 неанглиски филм за 2011. Од вкупно два изгледани, ако не сум заборавил нешто. :)

9/10.
еден збор: ремек-дело
A Separation беше одличен филм
A Separation е ремек дело,
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
45. LES MISÉRABLES (2012)
Tom Hooper

45.jpg 45 Les Miserables.gif
Конечно! Прва добра снимка и морав да го гледам. Знам дека кај нас не планираат да го донесат во кино, па немаше причина да чекам уште. За тие што не знаат, станува збор за филмска верзија на истоимениот мјузикл направен според истоименото дело на феноменалниот Виктор Иго. За Клетници сме гледале многу филмови, но ова е прв пат да ја видиме целосната приказна во форма на мјузикл. Секако, мјузиклoт не привлекуваат многу внимание и многумина се скептични за овој филм. Но, мене лично многу позитивно ме изненади. Не сум навикнат да следам мјузикли, на почетокот ми беше чудно, но влегов во целосната приказна како за прв пат да се сретнувам со Клетници. Во секој момент знаеш што ќе се случи, но повторно остануваш изненаден. Забораваш на пеењето и почнуваш да слушаш говор како во секој друг филм.
Рецензија... Зар ќе седне некој да го гледа филмот ако предходно ништо не знае за делото на Иго? Искрено, ама ниту еден филм досега не се фокусираше на основната идеја која со себе ја носи делото, или пак доколку е направен во правилната насока, тогаш идејата е многу бледо претставена. Конкретно овој филм, иако ја следи целосната приказна, многу слабо ја претставува идејата на Иго. Можеби и идејата на режисерот не била да се занимава со тоа кое е значењето на баналната бркотница меѓу Жан Валжан и Жават... туку да се фокусира на љубовниот, татковскиот и револуционерниот елемент од делото. Не викам дека ништо од првото не е опфатено, но за човек кој прв пат се сретнува со Клетници уште во старт би звучело банално некој да е осуден на долга робија за украден леб и вечно да биде обележан како криминалец на кој треба да му се суди повторно и повторно. Не е важно, тоа беа само некои мои очекувања.Филмот во секој случај е феноменален бидејќи нема обид за извртување на приказната и додавање на екстра елементи. што е случај со повеќето филмови направени според некое дело.
Сега малку за улогите. Хју Џекмен како Жан Валжан, номиниран за Оскар за најдобар актер за 2012 година; Расел Кроу како Жавет; преубавата Ем Хатавеј како Фантина (бев цело време во заблуда дека она ја има улогата на Козета...) која е номинирана за Оскар за најдобра женска споредна улога (и се разбира дека ќе го освои Оскарот!); Аманда Сајфрид како Козета; Еди Редмејн како Мариус (можеле некој подобар да најдат, озбилно...); Саша Барон Коен и Хелена Бонам Картер како парот Тенардие (двајцата внесоа многу ведрина во фимот) и Саманта Баркс како Епонина (девојката има далеку подобар глас од Козета).
Филмот е номиниран за оскар во вкупно 8 категории меѓу кои: Оскар за најдобар филм и Оскар за најдобра музика.
Музиката е феноменална. Многу луѓе ќе се убедат себеси да го гледаат филмот токму поради I dreamed a dream...
Сега баш го приметив мотото од постерот: Fight. Dream. Hope. Love. Во четири збора е опишана целата приказна за животот на Валжан и сите „клетници“.
има моменти кога изгледа како Тим Бартон да ги режирал, а не Том Хупер, ќе ви текне најверојатно на што мислам, само заради нив ова ремек дело го ставам на второ место
Солиден мјузикл немав гледано од Moulin Rouge, а одличен мјузикл немав гледано од Dancer in the Dark. Les Miserables припаѓа во оваа втората група. Филмот ми понуди многу, од музичките теми, приказната, па до извонредната глума. Мора да се напомене и иновацијата во филмот, односно што за прв пат во ваквиот жанр пеењето е во живо, што придонесува емоцијата на главните ликови подобро да дојде до израз. Што би рекол Ио Соно, ако не те натажи, не си човек.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
44. THE HANDMAIDEN / AH-GA-SSI (2016)
Chan-wook Park

44.jpg 44 The Handmaiden.gif
Корејскиот режисер Chan-wook Park (Oldboy, Lady Vengeance) се враќа на долгометражните филмови по седум години пауза. Неговото најново дело е еротски трилер во кој приоритет се става на женската сексуалност, исклучителната сценографија и опојните ефекти. Сигурни сме дека филмот е исклучително мајсторско изработено дело со оглед на неговите претходни филмови а самата кратка содржина делува навистина интригантно. Филмот говори за жена која е ангажирана како слугинка кај јапонска наследничка, но тајно е вклучена во заговор за да ја проневери. Според последните информации ова е еден од филмовите кои е најмногу продаван на годинешниот Кански фестивал, па да се надеваме дека до крајот на годината ќе го гледаме и на некои од нашите филмски фестивали.
Pustajte Handmaiden, so cekate?!?! Samo @MyloXyloto go gledal i ne zucnal. Sramota!
The Handmaiden е врвови, пример како треба да изгледа структурно комплексен филм со раздлабочено сценарио и арт нијанси.
Кога после некој филм стискам тупаници и викам “тооо“(у смисла “то мајсторе“), тој филм е 5 од 5... таква реакција имав на The Handmaiden. Ремек!!! Како делта на огромна река, ти нуди и те носи во милион правци, и сите прекрасни. Тоа е тоа.. Уметност.. Филм. Тооо Chan-wook Park мајсторе :cuc:
handmaiden го глеав
у пм филмчиште
The Handmaiden - :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:

WOW! Не очекував ништо ни малку слично на ова. Мислам: лезбејска драма. А ги имам гледано едни Carol или Blue is a Warmest Color, па некако сѐ натаму ми одеше паметот, очекувајќи и ова да се движи во таа линија. Нооо (за среќа), ова беше вистински roller coaster кој те прави да се мрднеш. Од убавини. Буквално.

Не знам од кај да почнам, и знам дека ќе испуштам многу, но бидете сигурни дека и тоа што сум заборавил да го споменам тука, и тоа беше врв. Прво нешто што ми помина низ ум кога го гледав е колку наликува на костимирана драма за викторијанско доба (и по музиката, и сетовите, и дел од костимографијата, и по целата аура која лебди околу филмот). Го изгледав, и читам рецензија на интернет - приказната била инспирирана од некој викторијански роман, што значи: не бил случаен мојот впечаток. Потоа: музиката беше мелем за уши, кинематографијата со продукцискиот дизајн и костимографија, пак, мелем за очи. Сценариото перфектно! Од секоја можна реплика, до секој најситен детаљ... Приказната мајсторски раскажана, преку три перспективи кои самостојно кажуваат секоја по една лага, за на крај од нив гледачот да успее да ја конструира целата вистина. Филмот е баш отплеткување на едно замрсено и заплеткано клопче, нешто кое навидум изгледа преедноставно. Корејците годинава дефинитивно се на врвот на светската кинематографија. Не знам што уште да кажам, сѐ е прекрасно, а јас, ваков, опиен од убавини, само ќе си останам да се надевам дека ќе следат уште вакви ремек дела од годинава која полека изминува.

:bravobe:
мислам многу утнале што не го номинирале The Handmaiden. Која копмплетност од филм! :cuc:
The Handmaiden. Од сите филмови излезени 2016 што ги имам изгледано, дефинивно најдобар. Не е возможно да си фан на филмот а да не ти се допадне ова дело. Филм со прекрасна естетика, комплексна структура, кинематографија, визуелна детализација и сценографија. Ги содржи сите елементи што се потребни за еден филм да биде запамтен. Филм за еден преварант и неговиот план но во исто време и многу повеќе од тоа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
43. HARRY POTTER AND THE DEATHLY HALLOWS: PART 2 (2011)
David Yates

43.jpg 43 Harry Potter and the Deathly Hallow Part 2.gif
Заврши и последното поглавје од познатиот Хари Потер.
Во последната битка за извојување победа над Лорд Волдерморт, Хари и неговата дружина мораат да ги уништат последните магични нешта кои му овозможуваат на Волдерморт да биде бесмртен (пехар, дијадема, и неговата страшната змија). Хари Потер дознава дека едно делче од душата на лошиот Волдерморт се наоѓа во него и единствениот начин да се ослободи од неа е да се жртвува и да му се предаде на Волдерморт.
Не сум фан на Хари Потер, но морам да признаам дека филмот и сценариото беа брилијантни.
Моја оцена 9,5, додека моменталната на IMDb 8,7.
Обично не плачам на филмови ептен ми е ретардирано...
но не знам што ми се деси кога го гледав Хари Потер и Реликвиите на Смртта 2 дел , умрев од плачење..
баш на онаа сцена најмногу кога Хари се сретна во шумата со најблиските... ,филмот навистина многу ме растажи.
Сум плачела ко новороденче. Скоро никогаш не плачам на филмови, па ни во вистински живот, но оваа сцена е ... ма не се опишува со зборови.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom