Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Тоа дека е шизофреничар, да, факт е и нема простор за толкување. Ама за она што се случи по истрелот може да се создадат еден куп теории:
1. Нараторот се убива себеси и она што се случува во последните секунди од филмот всушност е само неговото замислување пред конечно да му згасне мозокот (нешто како во Stay);
2. Куршумот поминал низ образот, исто како во книгата каде неговото лице е погротескно за разлика од тука и каде Нараторот веќе има дупка од другата страна на лицето како последица на една од тепачките со Тајлер (читај: со самиот себе), иако тука јасно се гледа дека оштетувањето на неговата глава е поголемо од само една дупка во образ;
3. Истрелот е само последен начин на Тајлер да му покаже на Нараторот дека го достигнал дното, затоа и Тајлер исчезнува - веќе не е ни потребен. Или поопширно и од друг агол: преку извршувањето самоубиство, Нараторот покажува дека веќе не се плаши од смртта и од болката (што и всушност Тајлер го учи во сцената кога му става хемикалии кои му ја горат раката), а поради тоа улогата и учеството на Тајлер веќе не е потребно, зошто Тајлер беше создаден во умот на Нараторот за да ја искаже целата таа бунтовност и непромисленост во него која тој толку сакаше да ја потисне;
4. Сосема спротивно на третата терорија - Истрелот покажува дека Нараторот дефинитивно го отфрла Тајлер со тоа што го убива. Приврзаниците на оваа теорија велат дека куршумот всушност поминал низ главата на Нараторот, но бидејќи таму има две личности - Тајлер е убиениот, а не Нараторот (од таму и дупката во главата на Тајлер, а не во главата на Нараторот);
5. Теорија која не ги исклучува некои од другите - нарушувањето во мозокот од кое страда Нараторот (DID) според медицината може да се излечи доколку пациентот доживее трауматичен настан - обидот за самоубиство е de facto траума!;
6. Уште една теорија која не исклучува некои од другите - куршумот поминал низ мозокот на Нараторот, правејќи некој вид псевдо-лоботомија (го отстранил на оној дел на мозокот каде се наоѓала Тајлеровата свест и подсвест);
7. Ниту еден од двајцата не умрел - со истрелот Тајлер и Нараторот конечно стануваат едно;
8. Онаа теорија во која јас најмногу верувам - по истрелот, јасно е дека Нараторот станува комплетно различна личност од тоа што беше. Ете на пример првенствено - држењето на Марла за рака потврдува дека тој престанал да ги порекнува своите чувства кон неа. Дополнително, пред да заврши филмот, накратко се појавува кур на екранот: нели Тајлер беше тој кој ставаше курови како кратки кадри во рандом филмови? Зарем ова не е суптилно наговестување дека Тајлер е се уште жив? Оваа теорија е или поткрепа на седмата, или посебна теорија според која Нараторот е тој кој згаснува по истрелот, а Тајлер е тој кој преживува, па победата ја манифестира преку кадарот со курот вметнат додека го гледа и ужива во рушењето на зградите (читај: поредокот).

Фала на IMDB за некои од теориите. :P
1. Не му згаснува мозокот, АВТОРОТ веќе прави продолжение (стрипот). Значи авторот немал замисла дека му згаснал мозокот.
4. Факт: истрелот е начин Нараторот да му покаже на Тајлер дека е посилен од него. Тајлер не му беше потребен на Нараторот веќе на пола филм, но Тајлер стана посилен од него. Eте во стрипот кога Нараторот ќе има досаден живот, Тајлер пак ќе му биде потребен и ќе се врати.
6. Oваа псевдо лоботомија ептен псевдо :D Во реалноста со прецизни инструменти и истражувања нема да погодат точен дел од мозок баш каде што би се наоѓал Тајлер, па и да го остранат со куршум
7,8. Тајлер не умрел, туку го вратил длабоко во потсвеста каде што не се појавил за некое време. Нараторот користи лекувања за да го поттисне во себе. Значи не го убил, не извршил лоботомија or whatever. Ќе се појави кога ќе има фамилија со Марла и пак ќе стане досадниот човек со досаден живот (стрипот)


Стрипот веќе неколку теории ги негира, а ова ти е доволен доказ дека повеќе отколку што треба се навлегува во филмот. Факт е дека авторот немал намера ни замисла за такви значења, туку гледачите/читателите сами ги нашле. Не дека има нешто лошо во ова, whatever floats your boat. Вака авторите добиваат повеќе почит, а читателите повеќе задоволство.
По истрелот веќе се знае што се случува (малку информации за стрипот), а кога ќе излезе стрипот ќе се знае точно што се случува подетално.
Иако може кога немал ни идеја дека ќе прави продолжение да важеле теорииве, но премногу ми се мали шансите дека авторот имал намера да остави простор за дискусии околу крајот.


http://chuckpalahniuk.net/books/fight-club-2
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
зошто различни толкувања?? малиот е шизофреничар, што има тука да се толкува? простор за дискусија остава филмот, не крајот
има неколку нелогичности како пример кога се влечеше самиот, пукањето во глава итн...ама само на хејтери нема да им се свиѓа крајот ради овие небитни мали работи :D
Има филмови каде што таквиот мајдфак крај ми го воздигнал филмот ете пример во Шесто Сетило, од просечна драма во ремек дело. Овде за мене имаше обратен ефект крајот

п.с денес пак го гледав Gravity :cuc:, дали нешто не е во ред со мене ;)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Синоќа завршив со гледање на филмскиот опус на Дејвид Линч, со исклучок на Твин Пикс (серијата и филмот).

Можам да кажам дека целата фама што се крева околу него не е без причина, човекот најпросто кажано е гениј, уметник од највисок калибар, но мора да се напомене дека како и со секој гениј, границата на генијалноста и лудоста е мала, неговите дела дефинитивно не се за секој.

Мојата листа на неговите филмови оди вака ( од најдобри до најлоши):

1. Mulholland Drive
2. Blue Velvet
- Овие два ми се дефинитивните фаворити, се мислев и Велвет да го ставам на прво место но не можев од причина што Кајл МакЛаклан (како и да му е презимето) ми е многу антипатичен актер, но се друго во двата филма е совршено.

3. Lost Highway
4. Wild at Heart
5. The Straight story
6. Elephant man

И последните три места, негови филмови кои мене лично не ми се допаднаа - Eraserhead- премогу гротескен филм, дури и за мој вкус и секако последниот Indland Empire, тука мислам дека и најзапалените фанови на Линч мораат да си признаат дека филмот е тричасовно гледање на неповрзани сцени, нејасни дијалози и со единствени позитиви елементи како што се солидната музика и глумата на Лора Дерн, па освен ако не си на тешки дроги ( на што веројатно бил режисерот кога го правел филмот) тешко е да ти се допадне истиот.

И на крај- Dune- Дејвиде шо ти требало оваа глупост не можам да си објаснам, филмот е толку плиток сувопарен и безвезен што го прави лош дури и во жанрот на sci-fi акционен филм ( најглупав филмски жанр во секој случај).

Ни останува сега да чекаме едно финално ремек дело за крај на успешната кариера.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.736
Поени од реакции
33.413
1. Не му згаснува мозокот, АВТОРОТ веќе прави продолжение (стрипот). Значи авторот немал замисла дека му згаснал мозокот.
4. Факт: истрелот е начин Нараторот да му покаже на Тајлер дека е посилен од него. Тајлер не му беше потребен на Нараторот веќе на пола филм, но Тајлер стана посилен од него. Eте во стрипот кога Нараторот ќе има досаден живот, Тајлер пак ќе му биде потребен и ќе се врати.
6. Oваа псевдо лоботомија ептен псевдо :D Во реалноста со прецизни инструменти и истражувања нема да погодат точен дел од мозок баш каде што би се наоѓал Тајлер, па и да го остранат со куршум
7,8. Тајлер не умрел, туку го вратил длабоко во потсвеста каде што не се појавил за некое време. Нараторот користи лекувања за да го поттисне во себе. Значи не го убил, не извршил лоботомија or whatever. Ќе се појави кога ќе има фамилија со Марла и пак ќе стане досадниот човек со досаден живот (стрипот)


Стрипот веќе неколку теории ги негира, а ова ти е доволен доказ дека повеќе отколку што треба се навлегува во филмот. Факт е дека авторот немал намера ни замисла за такви значења, туку гледачите/читателите сами ги нашле. Не дека има нешто лошо во ова, whatever floats your boat. Вака авторите добиваат повеќе почит, а читателите повеќе задоволство.
По истрелот веќе се знае што се случува (малку информации за стрипот), а кога ќе излезе стрипот ќе се знае точно што се случува подетално.
Иако може кога немал ни идеја дека ќе прави продолжение да важеле теорииве, но премногу ми се мали шансите дека авторот имал намера да остави простор за дискусии околу крајот.


http://chuckpalahniuk.net/books/fight-club-2
1.Кој автор прави продолжение со стрип? Паленик или Финчер?

8.Па тоа го реков и јас - јас ја поддржувам таа теорија дека Тајлер не умрел: прво - затоа што ја држи Марла за рака и второ: заради курот што ќе се појави. Значи според мене: или Тајлер бил вратен назад во потсвеста, или убиенот бил Нараторот, а не Тајлер, зошто на крајот од филмот гледаме дејства кои би му биле својствени на Тајлер, но никако не на Нараторот.
_________________________
Со самото тоа што јас и ти дискутираме овде за крајот на филмот се докажува дека крајот е отворен за дискусија. ;)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.660
Синоќа завршив со гледање на филмскиот опус на Дејвид Линч, со исклучок на Твин Пикс (серијата и филмот).

Можам да кажам дека целата фама што се крева околу него не е без причина, човекот најпросто кажано е гениј, уметник од највисок калибар, но мора да се напомене дека како и со секој гениј, границата на генијалноста и лудоста е мала, неговите дела дефинитивно не се за секој.

Мојата листа на неговите филмови оди вака ( од најдобри до најлоши):

1. Mulholland Drive
2. Blue Velvet
- Овие два ми се дефинитивните фаворити, се мислев и Велвет да го ставам на прво место но не можев од причина што Кајл МакЛаклан (како и да му е презимето) ми е многу антипатичен актер, но се друго во двата филма е совршено.

3. Lost Highway
4. Wild at Heart
5.The Straight story
6. Elephant man

И последните три места, негови филмови кои мене лично не ми се допаднаа - Eraserhead- премогу гротескен филм, дури и за мој вкус и секако последниот Indland Empire, тука мислам дека и најзапалените фанови на Линч мораат да си признаат дека филмот е тричасовно гледање на неповрзани сцени, нејасни дијалози и со единствени позитиви елементи како што се солидната музика и глумата на Лора Дерн, па освен ако не си на тешки дроги ( на што веројатно бил режисерот кога го правел филмот) тешко е да ти се допадне истиот.

И на крај- Dune- Дејвиде шо ти требало оваа глупост не можам да си објаснам, филмот е толку плиток сувопарен и безвезен што го прави лош дури и во жанрот на sci-fi акционен филм ( најглупав филмски жанр во секој случај).

Ни останува сега да чекаме едно финално ремек дело за крај на успешната кариера.

Да се јавам како еден од најзапалените, и меѓу најголемите Линч фанови овде, да те демантирам само, Inland Empire ми е мене омилениот филм од Линч, да не забегам во спојлери, ама Дерн неверојатно го прикажа поклопувањето на едното со второто, а фрекфентното алт-таб-ирање од едно во друго беше неверојатен трип. Крајот е најrewarding од сите Линч филмови, субјективно нели, и незнам по кој редослед си ги гледал, ама можно е да си се предозирал, па затоа.. ипак е доста тежок за маратон или позачестено гледање. За другото околу Линч, очигледно нели, се согласувам, исто така ти ја препорачувам и серијата, доволно е да го изгледаш само интрото..


Злативичаксдкасд, кажи дали не ти е фајкла сега топ5?
Измеѓу вкусот ти и соработката ни лејтли, со вклучување во клубот за кој не дискутираме, ми стана еден од поомилените членови. Затоа, да му кажеме па-па на Ио. :P
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Серијата секако ќе ја гледам, иначе Инланд и Дуне ги гледав последни овие два дена, два филма по три саата и плус измеѓу нив уште еден тричасовен ( Blue is the warmest color), ме утепа апстраконста и надреализмот овие празници :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Rush - Оф, очекував повеќе од филмов, не дека ме разочара но можело подобро да се оствари. Брухл според мене одглуми заникаде. на имдб има 8.3, најреална оцена си има барем. 8.3/10 има од мене.

Следен, Гравити.
 
2

~2A

Гостин
Дајте бе апокалипси некој понов зомби филм, препорака ако воопшто имаат направено нешто квалитетно.
:гик:
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Captain Phillips 2013 DVDRip X264-SPARKS...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.736
Поени од реакции
33.413
Злативичаксдкасд, кажи дали не ти е фајкла сега топ5?
Измеѓу вкусот ти и соработката ни лејтли, со вклучување во клубот за кој не дискутираме, ми стана еден од поомилените членови. Затоа, да му кажеме па-па на Ио. :P
За болдираното: Дефинитивно! Иако се уште не можам да кажам кој ми е број 1, имам листа на филмови од кои сите заслужуваат парче од кецот, а Fight Club стрмоглаво влета од нигде-никаде среде листата. Да почнам да набројувам, сигурно ќе заборавам некој, ама ај сепак ќе подспомнам неколку: The Fountain, Donnie Darko, A Clockwork Orange, Never Let Me Go, Pulp Fiction, Trois Couleurs: Bleu, El Laberinto del Fauno... Fight Club... А дел од оние кои следат на листата се: Eyes Wide Shut, Vanilla Sky, Dogville, Eternal Sunshine of the Spotless Mind, Mystic River, One Flew Over Cuckoo's Nest, Crash...

За останатото: Thanks, I feel flattered! Не сфатив баш за клубот :cautious: ама се навикнав да ве читам меѓу редови и двајцата со Ио. Инаку - и по толку време поминато на форум не можам да се одлучам кој од вас двајца ми е поблизок по вкус. Со Ио на пример делам исто мислење за Another Earth (различно од твоето), но не се сложувам за некои други, како за Blue is the Warmest Color. Во секој случај и двајцата, како и многу други тука сте ми драги.

А, и: постојат моменти кога помислувам да не сте можеби вие двајца една личност?
Нешто ко Нараторот и Тајлер од Fight Club
и цело време да играте кур-ташак со нас? :cautious:

P.S. Пријателите и оние кои не можат да ме речат, ме викаат Злате. :P
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.895
Поени од реакции
84.267
Сите сте се запнале за филмови а на никој не му текна да спомене дека денеска е празник, голем ден, свет ден, ден на кој што се роди нашиот спасител. За многу години нека е.

 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Rush - Оф, очекував повеќе од филмов, не дека ме разочара но можело подобро да се оствари. Брухл според мене одглуми заникаде. на имдб има 8.3, најреална оцена си има барем. 8.3/10 има од мене.

Следен, Гравити.
Баш Daniel Bruhl одглуми маестрално,прочепкај некое интервју од Ники Лауда и ке воочиш дека го доловува карактерот,акцентот и психолошкиот профил на Ники премногу добро.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Баш Daniel Bruhl одглуми маестрално,прочепкај некое интервју од Ники Лауда и ке воочиш дека го доловува карактерот,акцентот и психолошкиот профил на Ники премногу добро.

не, грешка си мене не ми се допадна баш глупата од брухл, не велам дека е претерано многу лоша, но сепак е многу далеку од добра.

патем. Gravity го изгледав, одличен филм, одлична глума особено од Сандра Булок која овде одглуми маестрално. 9/10 сепак поради лошите 20 минути на крај. Инаку филмов на почетокот е ремек дело, зема оскар.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Дечаци за The best offer, имам нешто нејасно.
Тој као слуга што беше стариот, што кривеше со ногата - помагаше во измамата или абер немаше? Пошто тоа апаратчето во колата на Вирџил ко да го имаше он оставено (нели му го побара клучот од колата за да му ги стави деловите од роботот), ама од друга страна му рече дека господарката на куќата Клер има чудна болест, што значи дека му ја опишувал вистинската Клер, бидејќи за фобијата на лажната Клер Вирџил веќе знаеше.
И друго, лудницата беше пред или после кафулето во Прага?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom