Предлог за филм со кратка рецензија

Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Se7en
SEVEN.jpg
Два детективи се обидуваат да го фатат серискиот убиец ,кој што ги убива жртвите според седумте смртни гревови...екстра филм ,супер глума ,гледајте го одличен крими-трилер.
Пред да отворите, спојлерот е за крајот на филмот.
Крајот е очигледен ,штом Милс ја спомна неколку пати својата жена безврска, очигледно беше што ќе се случи.

Hart's War


Harts War.jpg
Филмов ќе ви покаже што значи : Жртвување , Храброст , Чесност , Лојалност .

Се сомневам дека атмосферата во германските логори(затвори,сеедно) за воени затвореници била олку опуштена и пријатна. Но филмот ми се допадна ,одличен е според мене.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Devil (2010/I)

На препорака на Psyside, го изгледав филмчево. Добро ми дојде пошто од поодамна немам гледано хорор, а и сакам вакви „пронајди го натрапникот“ филмови. Приказната е едноставна: 5 луѓе заглавуваат во лифт, еден од нив е ѓаволот, кој си ја прави својата работа, ги подбуцнува еден против друг.


Добар филм, прилично тензичен, со некои непотребни сцени и непотребни работи. Режисерот се обидел да не завлече на сите страни и да даде „аргументи“ за секој од присутните дека баш тој е ѓаволот, но иако може да заврши било како, после многу вакви филмови не е претешко погодувањето по принцип на елиминација. Во секој случај, не беше лошо изведено. Она што ме нервираше во филмот беше нарацијата која беше тотално непотребна и само фрлаше спојлери пред време. Нема потреба да се пишува многу, кој сака вакви филмови нека го изгледа побрзо додека не налетал на спојлерот кој ќе му го уништи филмот.

7/10.
 
T

Tetro

Гостин
Cloverfield (2008)
Мистерија, Научна Фантастика - 85 минути





Се започнува на една журка кај Роб, каде што се пријателите, другарите, девојката. Роб треба да замине на работа во Јапонија, додека настанот се снима на камера, рачна камера(од таа камера ќе го гледате целиот филм).
Се` што ќе кажам понатаму е спојлер, кој сака нека го гледа филмот и нека потроши саат ипол за џабе. :)

4/10 од мене.
 

Martin Ramadan

RamDagaDam
Член од
17 декември 2008
Мислења
133
Поени од реакции
19
Kill Speed



Многу многу добар филм го гледав минатата ноќ.
Група на пријатели одлучуваат да си обезбедат иднината во Холивуд, почнуваат да шверцуваат некоја дрога и пари од мексиканскиот залив до Калифорнија со своите авиони.
Цело време ги прати полицијата да ги уапси, тука постои вмешаност на полицијата и мафијата, апсења, пресврти, итп.

Оценка незнам баш на ИМДб е лошо оценет, а јас му давам 7/10. :smir:

Трајлер
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
La haine-Омраза



Филмчево некој го имаше некако спомнато на форумов,па случајно го симнав и го изгледав.ОВОЈ ФИЛМ Е ПРЕДЛОГ ЗА СИТЕ.(без разлика какви филмови сакате)
Француски филм.Драма,крими(ако може да се каже)..енивеј,зборува за 3ца другари.Белец,Црнец(Французин),Муслиман(Французин).На кратко да не ја тупам ,филмот зборува за младината конкретно во Франција ама на некој начин и за меѓуетничката младина низ цел свет.Значи што сака да прикаже режисеров...Другариве се екипа,во време на протести и во се.Во главно скитаат по улиците и безделничат,имаат различни мислења околу животот ама сепак се заедно во се.Значи во филмов е прикажан типичен можен расизам-Белец,Црнец и Муслиман.Арно ама-многу убаво се сложуваат.Значи никогаш не се расправаат околу тоа кој е што и како,околу националната и верска припадност.
Им го застрелуваат еден пријател во една улична пресметка со полицијата,каде еден цајкан го губи пиштолот,а пак еден од тројцава го наоѓа..и се заканува дека ако умре другар им,ке почне да делка со тој пиштол.
Доста интересна порака во филмот се среќава низ повеке билоборди-СВЕТОТ Е ВАШ :)
Филмот ја анализира омразата меѓу младите.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
survivre avec les loups
zhiveenje so volcite
Misha devojche od osum godini (evrejka) , za vreme na nacizmot, ja minuva cela Evropa vo potraga po svoite roditeli.
roditelite i se deportirani, a se shto znae e deka se i na istok. Vo nadezh deka ke gi najde , trgnuva vo potraga i sosebe nosi samo eden kompas. Ja napushta rodnata Belgija i, ja minuva Germanija, Polska i stiga do Ukraina.
Za da prezhivee prinudena e da kradi hrana , obleka i da gi izbegnuva lugjeto i nivnoto nasilstvo i surovosta . Taa pochnuva da živee so eden chopr volci i za da prezhivee, stanuva edna od niv.



 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
The Social Network (2010)
social+network+Facebook+movie.jpg

OK, ќе бидам краток... сорт оф...

Има филмови од кои очекувате многу и ве разочаруваат и филмови од кои очекувате разочарување а ве изненадуваат. За среќа, овој е во втората група. Лично, очекував булшит холивудска приказна за „1001 начин како да станете милионер“, пропратена со глорификација на нашиот јунак. Она што го видов за среќа, беше многу добро осмислен филм за создавањето на фејсбукот.


Прво, сакам интелегентни филмови. Не мислам на оние за мозгање од типот „пронајди го убиецот“, иако ги сакам и нив. Мислам на филм со паметни ликови и паметни дијалози. Мислам дека последниот таков што го гледав беше Up in the Air (2009/I) и тоа беше пред една година. Овој филм веројатно го надминува во поглед на карактерите. Одлична скрипта, одлични реплики. Одлични актери, изненадувачки. Jesse Eisenberg беше одличен во улогата на Mark Zuckerberg, исто како и Anna Kendrick во предходно споменатиот филм. Да не дојде до забуна, филмовите не се слични по содржина, но Академијата сака вакви филмови така да очекувам The Social Network да биде во најтесен избор за Оскар, а Jesse Eisenberg исто така.

Да се вратам на филмот. Нема да заземам страни во спорот. Што ги вртам, сите се милионери. Приказната за типот што ја создал Victoria's Secret, ја продал за 4 милиони, за подоцна да се самоубие беше срцепарајуќа. Мислам ме растажуваат приказни кои потенцираат колкави морони се луѓето. Со 4 милиони се самоубил затоа што можел да има 400... Ако не можел да свати дека и со 4 милиони е милионер и може да проживее ептен убаво, и требало да се самоубие. Тоа ти е како космичка правда. Соу, не прифаќам такви поенти повеќе.

Во секој случај, она што останува за паметење од филмот е глумата на Eisenberg, сценариото и динамиката на филмот. Мислам дека не забележав ни една непотребна сцена што е вистинска реткост во последно време, затоа што во немање идеи и за пополнување време, повеќето филмови имаат и премногу вишок сцени. Овде, се е на место и во секоја следна сцена се случува нешто поврзано со приказната.

9/10, мислам дека ова ќе биде еден од филмовите кои ќе ја одбележат оваа година.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Takers



Океј прва работа која морам да ја искоментирам, дај му на рапер да глуми мадерфакер во филм и добиваш лоша глума и тип што иде на нерви. T.I ги надмина сите актери и улоги кои ми оделе досега на нерви, типот има такви реченици со нагласок на got ya, homie, некој уличен сленг кој го уништил туто комплето. Ајде тие се репиликите во вакви филмови, ама типон толку силно се трудел од петни жили да изглуми што прегреал. Тапа жива е во филмов.
Што се тиче до другиве, океј си се. Многу ме бендиса Идрис Елба, иако глуми слична улога како во Рокенрола на Гај Ричи.
Филмов има клише холивудска приказна. Неколку момци прават грабежи и се богатат преку тоа, нормално секој од нив е невиден мајстор за својот дел, е сега еден нивен член кој одлежал затворска казна се враќа нудејќи им нова работа. Познато??? Апсолутно.
Филмов е како копија на Единаесетемина на Оушн (сосе продолжетоци), само со послаба екипа и малку посурова приказна (ама само малку), инаку се на се таа е приказната, лоши момци, крадење пари, живот на висока нога и цајкан кој им е зад пети. Филмов мајка плаче за тинејџер да рече : АУ најбољи филм!!!
Во суштина не е лош, не е здодевен, но стои во категорија "веќе видено".
Ваквите филмови никогаш не ги оценувам, не знам по што да се водам. Само за едно давам оценка 10 во филмов, стилот на облекување на Хајден Кристенсен:aplauz:
Инаку екипата би требало на сите да ви е позната: Мет Дилон, Идрис Елба, Пол Вокер, Хајден Кристенсен па дури и Крис Браун.
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Inception

На почетокот доби премногу позитивни критики од мои луѓе, стварни љубители на филмот. Но, како и секогаш, кога премногу очекуваш од еден филм, се знае што ќе добиеш. До некаде полуоргинална приказна. Искрено признавам добра идеја да се создаде едно добро дело, но колку успеа режисеров незнам.Требаше малку да биде поуверлив.
Сте се запрашале ли како соништата влијаат на подсвеста или дали преку сонот може да се дознае за некоја идеја, или уште потешко, преку сонот да ви всадат некоја идеја? Дали може да се префрлиме од еден сон во друг, дали нашите соништа и нашата реалност се тесно поврзани...некои сонуваат за да живеат, и сонот е нивната реалност.Еве филмов може ќе даде одговор на некои од овие прашања.

Оцена 7/10
 
T

Tetro

Гостин
Despicable Me (2010)
Анимиран, Комедија





Приказна за еден осамен човек (Гру) кој живее изолиран од општеството, по професија крадец на необични предмети. Не комуницира со соседите, а си има дома мала армија на миленичиња. Еден ден ќе осмисли идеја како да ја украде Месечината. :)
Во меѓувреме ќе се сретне со три девојчиња од сиропиталиштето, кои ќе ги земе да живеат со него.
Како ќе се снајде со предизвикот како најголемиот криминалец во светот да живее со трите мали девојчиња?

9/10
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
Cashback



Интересен филм за животот на еден млад дечко Бен кој пати од инсомија.
Многуте непреспани ноќи и љубовните проблеми го измачуваат па затоа решава на интересен и продуктивен начин да го троши слободното време.

The bad news is that time flies. The good news... is that you're the pilot.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.018


:cuc:

You are the man Darren, најдобриот "амерички" режисер кој ги сними најдобрите "неамерички филмови"

Black Swan - Близок начин на пристап и реализација со The Wrestler, само што флуидот помеѓу гледачот, реалната камера и надреалното е просто неверојатен, впрочем и самиот Аронофски ја признава сличноста помеѓу филмовите, опишувајќи ги борењето и балетот како "најниската и највисоката форма на уметноста". Е па драги мои баш тоа и го имаме овде, највисока форма на уметност која создава чувство и атмосфера на бизарност, беспомошност, конфузност, ежење, те носи низ темни ходници и ти го покажува стравот, преку тивките шепотења ја доловува паранојата, со еден збор те губи и ти ги ебе сите можни сетила ко да си на тешки спидови.
На многу суптилен и префинет начин е доловен стравот и болката на параноидната шизофренија, многумина се обидоа во таа мисија (Шатер Ајленд) користејќи мајндфак финти кои веќе застареа
, но за разлика од нив Дарен не го избра изненадувањето во приказната, тој воопшто не ни избра приказна, тој избра да создаде комплетно доживување кое интегрално ги прикажа халуцинациите и реалноста. Верувам дека ќе има доста луѓе кои ќе бидат незадоволни поради неконвенционалноста со која зрачи ова дело, но едно знам Натали Портман дефинитивно треба да земе оскар за најдобра женска улога оваа година, девојката просто се надмина себе си и ретко паметам да сум бил вака импресиониран од некоја женска актерка. Конкретно за филмот можам да кажам дека сцените со балетот се :drk: и нешто невидено до сега, визуелните и звучните ефекти се совршено вклопени иако не се толку јасно видливи и истакнати, односно се ненападни (барем во поголемиот дел). Кинематографијата од аспект на боите и сликата е мрачна и сосема прикладна за филмов, искомбинирана со музиката дава силен ефект на тензија (трибјут ту Полански). Па можам само да ви порачам гледајте го филмот.
А за Аронофски пак ќе се навратам и пак ќе го исфалам, според мене најгенијалниот жив режисер, ако не тоа, барем најдобриот од неговата генерација. Со овој филм тотално ме освои па ќе кажам дека може да се мери дури и со Фонтаната. Иако се објави дека ќе го режира X - men, јас со задоволство ќе го гледам и тоа и сигурен сум дека и таму ќе успее, затоа што се работи за режисер со муда кој го краси еклектичност и умее да го извади најдоброто од секој жанр. Уверен сум дека ќе зажалат многу што му го одземаа Бетмен и му го дадоа на Нолан, кој и не е ништо повеќе од просечен режисер.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Cemetery Junction (2010)



Драма со мали примеси на комедија(незнам зошто на имдб е класифициран како комедија па драма али помалку битно)најверојатно поради некои "смешни" дијалози како-
"Freddie, stop listening to music made by poofs. Stick on some Elton John."
Во филмот претежно се јавуваат светли бои,па ако го гледате на снимка со висок квалитет едноставно ќе уживате.За звукот неможам ништо да кажам затоа што немам соодветна опрема за тоа но песните во позади и саундтракот беа во најдобар ред со оглед во кој период се одвива дејството.
Сторијата- Тројца другари кои целиот монотон живот го поминуваат малото градче од областа Ридинг од В.Б. Cemetery Junction,доаѓајќи од семејства од средната класа се заробени во годините помеѓу човек и дете,и се наоѓаат на "раскрсницата" во животот која ќе одреди што понатаму...ќе заборавев да ја напоменам и старата љубов на еден од другарите која ќе се потруди да ја до комплицират целата ситуација...

се на се доволно добра драма,една од подобрите од овој вид.
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Buried (2010)

Напето, напето.
Филм со еден актер, една локација, ама со многу јаки емоции. Трилер и пол.
Ryan Reynolds се покажа. Препорака за љубителите на Кјуб серијалот, епизодата од ЦСИ режирана од Тарантино, и сите љубители на клаустрофобија во филмови. :)
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
4-те филма што ми оставија впечаток во последниве 3 дена.
Само накратко :

My Son, My Son, What Have Ye Done (2009)


Сигурно знаете за што се работи штом е во ко-продукција на Линч...Голема пофалба за Michael Shannon
кој одлично глуми во филмчево.За Дефо да не зборувам кога знаете дека од секогаш му лежат детективски улоги(но секако многу различна од другите е во филмов)
Сторијата- Се случува убиство,главниот осомничен е синот на убиената кој "држи заложници"...преку раскажувата на неговиот пријател и неговата свршеница/девојка се открива мотивот со кој дошло до злосторството односно ретроспектива на неговиот живот по неговото враќање од Перу (неговата промена во карактерот)...
преовладуваат темни бои што е добро ,музиката не ми остави некој впечаток но глумата да .
8/10

Almost Famous (2000)



Псај ми го препорача летото ,срамота за мене што го гледав дури сега. Фала псај.
Сторијата- Момче кое по заминувањето од сестра му од куќата,се заљубува во рок музиката (во време кога имало големи стереотипи кон рок-от како сатанско нешто) а главна виновница за тоа е неговата сестра која му ги остава музичките плочи.
На 15 години со голема желба да стане џурналист-известувач случајно добива шанса да направи интервју за бенд кој е во подем за списанието ролинг стонс ...

8.5/10

The Social Network (2010) -


Финчер,млади глумци кои се надминуваат во глумата,приказна за најмладиот милионер ...друго....гледајтего на добра снимка :)
пс- Џеси Ајзенберг неможел ни на сон да одлуми подобро.

9/10

Black swan


Млада девојка во потрага по совршенство...Но какви пречки стојат во таа потрага ?

10/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom