Les Misérables (2012)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.999
Поени од реакции
61.818
lesmis-poster-scifidrive.jpeg


Бидејќи ми се смачи да тролам и да подигнувам очекувања на сите теми, отворам тема за филмот кој заедно со Линколн на Спилберг и евентуално (ама не верувам) Хобитот на Питер Џексон ќе има главен збор околу филмските награди оваа година.

На кратко, Les Miserables е адаптација на книгата „Клетници“ која на времето се учеше во школо (не знам за сега) или поточно, адаптација на театарската претстава по истата книга. Филмот е мјузикл а во главните улоги се Wolverine, Gladiator, CatWoman, Borat итн...

Направен е за големо платно според дел од сцените кои можат да се видат на трејлерите:


Иако сум убеден дека оскарот ќе му го дадат на Линколн, не се секирам многу пошто Ането ќе си земе оскар за ова. Сепак мислам дека ова е филм кој нема да разочара, барем според она што го читам од рецензиите до сега.

А додека го чекаме филмот, еве и малку занимливости: http://www.imdb.com/title/tt1707386/trivia
 
Лани ја прочитав книгата, значи да, сеуште се работи како лектира во трета година. И според нејзината содржина за мене не е предизвик да го гледам филмот. Но сепак ако е толкаво ремек дело како што читав критики можда вреди да се погледне. Инаку на нет пред некое време видов смешна критика за овој филм, морам да ја ставам :D
6206521_700b.jpg
 
Се чека во Синеплекс, иако не знам колку ќе биде тоа сигурно поради тоа што гледам на ниту еден Синеплекс на балканскиве страници го нема во најавите. Јас мислам дека или Милениум ќе ги престигне, или ќе го дават евентуално после Оскарите, обично доста наградувани филмови тогаш повеќе гледаат бел ден во кината. Така мислам „Говорот на кралот“ од истиот режисер исто така почна да се дава во Рамстор после Оскарите. :)
 
Лани ја прочитав книгата
Пробај со ова прво: #3242

Се чека во Синеплекс, иако не знам колку ќе биде тоа сигурно поради тоа што гледам на ниту еден Синеплекс на балканскиве страници го нема во најавите.
Мислам дека ќе биде на почетокот на февруари, пред Оскарите.
 
не те разбрав, различна е содржината ?
Иста е, само првиот филм со Лиам Нисон е драма, а новиот е мјузикл. Можеби ќе добиеш различен филинг во однос на книгата, тоа ми е муабетот.
 
Бидејќи книгата ја прочитав и ми се допадна филмов секако ќе го изгледам, баш ме интересира каков спој направиле. Во меѓувреме ќе го ѕирнам ова со Лиам Нисон, фала за Ио Соно. Иначе немаше и како мини-серија Клетници со Жерар Депардие? (6 епизоди мислам беше). Сега проверив, 4 биле, секоја по 100 минути.
 
Клетници, мојата омилена книга :)

Не ми се допаѓа тоа што е мјузикл, но сепак ќе го гледам...
Има допирни точки со делото, нели ?
 
Не сум нешто фан на мјузикли ама бидејќи се работи за Клетници најверојатно ќе го гледам. Ми се допаѓа и актерската екипа, особено изборот за Козета.
Макар што по мини-серијата не верувам дека ќе има подобра адаптација на книгата.
 
Мадмоазел Козет, можеа ли подобар избор да направат? :love:
Високи очекувања имам за филмов. Секој ден пратам што се случува :)
 
Не ми е гледана мини-серијата, ако има торент пратете по ПП.
 
Овој со Лиам го гледавме во трета година во гимназија откако ја обработивме Клетници. Добар филм, но очекувам доста повеќе од мјузиклов..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom