На филмската индустрија и фалат повеќе филмови како The Grand Budapest Hotel да ја разиграат монотонијата од цедење на една иста франшиза до бескрај и константни римејкови на култните филмови. Ова е вториот филм кој го имам гледано од Wes Anderson, Moonrise Kingdom не ми легна иако не беше лош, но еве овој ми остави многу добар впечаток.
Хуморот е суптилен и неисфорсиран, дијалогот кој кај мене носи многу поени беше на ниво и приказната беше лесна и интересна. Она што освојува во филмов се кадрите (особено симетријата) и колоритноста, сега криво ми е што не отидов да го гледам во кино. Посебно ми се допадна што собрал добра екипа од маргинализирани, неекспонирани и подценети актери. Ralph Fiennes предобро го одигра главниот лик. Го бива за вакви уметнички улоги, им дава некоја елеганција. Филмов кај нас треба да се пушта како лекција за угостителство.
Режисеров ми е тотална спротивност на Tim Burton во поглед на тонот на филмот но многу ме потсетува на него. Двајцата се чудаци што повеќе таргетираат публика која цени уметност и е потолерантна за awkward сцени и ликови, но може да им се допаднат и на нормалните филмаџии.
Без хајп и очекувања пуштете го кога сакате feel good филмче за уживање. Вреди!