Anon
/b/ House /b/
- Член од
- 13 декември 2007
- Мислења
- 16.740
- Поени од реакции
- 27.733
Не биди трол."Шегачот"
Не биди трол."Шегачот"
Само што не сум модератор. @MARCELLO е!@Zlatikevichius, модераторот
Како ова во овој период, не сфаќам?Го пуштив без некои посебни очекувања
Можеби најпреценетиот филм за 2019 година, со оглед на тоа колку номинации за оскар и награди има. Не верувам дека во иднина луѓе ќе го гледаат по втор пат, затоа што се е раскажано во филмот - завршува дејствието и протагонистот уште пола саат ни прераскажува што сме гледале за да може да му биде јасно и на искусен филмоман ама и на вратар од дискотека. Не дека е лош филмот, не го велам тоа, напротив, сметам дека е сосема солиден ама нема да го помине тестот на времето (статистиката на спортлајф вели дека сум лош типувач али ќе видиме).Parasite преценет.
Се ок со тоа како што реков глумата, сцената, визуелните ефекти и другите работи се тоа си беше на место ама крајот не ми се допадна.Не мора секој филм да има непредвидлив крај. Начинот на кој е направен 1917 ја лимитира приказната, затоа што не постојат сцени надвор од главното дејствие со кои би се создал заплет, или би се дообјаснило нешто. Филмот е направен да прикаже едно доживување на војник во real time, и да ни го долови хоророт на првата светска војна, и тоа целосно го исполнува.
Не планирав да го гледам воопшто затоа што прв пат кога прочитав дека: двајца војници треба да пренесат порака преку фронтот или многу луѓе ќе умрат, си реков дека вакви филмови имам гледано многу пати и нема потреба да гледам уште еден. Но ова беше сосема различно искуство.
За мене 1917 е број еден од номинираните за најдобар филм. До сега имам изгледано 6, вклучително и Шегачот.
Ете, го реков.