Последен гледан филм со кратка рецензија

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
John Wick (2014)



Видов до сега дека има само една рецензија за филмов, во главно, негативна и крајно разочарувачка, па затоа се решив да напишам и јас нешто, по прв пат, додека сум уште под импресии.:)

Приказна: Џон Вик е поранешен платен убиец и кршач на кичми кој решил да оди во пензија, откако ја запознал љубовта на својот живот. Но поради своето минато, божјата правда ќе дојде и до него, па неговата среќа ќе трае кратко. Жена му ќе го загуби својот живот, а он ќе ја најде утехата во кутрето, кое воедно му е последен поклон од неа. Денот го мине дрифтајти со својот Мустанг Шелби од 69, а ноќта тагувајќи по неа.
Во момент кога се наоѓа на бензиска за да го наполни чудовиштето со гориво, наидува на руско размазено детиште кое му фрла мерак на Шелбито.

Филмот е кршење на кичми, пукање, акција и ништо ново од она што е веќе видено. Тогаш зошто е толку посебен?
Читнав некаде дека дел од продукцискиот тим е составен од поранешни каскадери кои глумеле во дузина акциони филмови и ги имаат приметено сите недостатоци кои ги имале претходните, па во овој успеале некако да направан паметна акција. На тоа ги додале Киану Ривс и Теон Грејџој од Game of Thrones како глуми разгалено, богато детиште. Продукт: Перфекција!

Како особа што воопшто не обожава акциони филмови, посебно новиве, немав некој големи очекувања од истиот, но се случи спротивното. Успеа да ме задржи максимално сконцетриран, ми го покачи адреналинот, воопшто не гледав на грешките, нелогичностите во сцените, него уживав во истите како што сум уживал како дете гледајќи акциони филмови. Да успее денешен филм да ти го врати тоа чуство, е.. неверојатно!!!

Оцена: 8/10

П.С Саундракот 10/10. Ме потсети на оној од The Crow. :vozbud:
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
The Score

Ник е инзвонреден крадец кој краде секаде ширум светот освен таму каде што живее во Монтреал. Еден ден ќе добие понуда да украде вреден историски предмет. Како партнер ќе мора да го земе Џек човек кој не го познава воопшто , но работи во музејот каде е изложен предметот. Проблем е што ова работа е токму во Монтреал и Ник сака да се повлече по оваа кражба. Солидно филмче во стилот на 11-мина на Оушан и слични. 7/10
 
Член од
15 јануари 2011
Мислења
371
Поени од реакции
497
Before I Go to Sleep


Филмот почнува така што Кристина (Никол Кидман) се буди од спиење, но не се сеќава на ништо, односно во текот на секоја ноќ таа го губи помнењето.Тоа е последица на некој ицидент кој и се случил многу одамна. Мажот и Бен (Колин Фирт) и објаснува која е и што е секој ден. Исто така Кристина тајно се гледа со психијатарот Др. Неш (Марк Стронг) кој и помага да се присети што точно и се случило. Во меѓувреме таа дознава дека Бен крие некои работи од неа .... Понатака ќе си гледате.
Мене искрено ми се допадна филмот, имаше некои работи што ги предвидов, но имаше и работи што стварно ме изненадија. Чим филм после гледањето ме тера уште да мислам на него, според мене е добар филм :D :P . Незнам друго што да кажам, би ви го препорачал да го гледате, незнам дали ќе ве воодушеви (како мене) ама знам дека нема да се каете што сте го гледале. Од мене доби една 8ца :) .

Наравоучение: Жени бидете си верни
 
H

HoT IcE

Гостин
Birdman​

Прво да спомнам дека сеуште нема добра снимка и го гледав на скринер што е богохулие за каков филм се работи. Ама не се каам, затоа што на прва добра снимка што ќе излезе го гледам пак! За филмот уште од самиот момент кога се најави настана општ хајп кај генерална публика, без разлика на каков тип на филмаџија се работи, сите знаат за Китон и Нортон. Филмов апсолутно го заслужува и оправдува целиот хајп кој го следеше.

Не знам од каде да почнам, се мислам дали од доброто накај најдоброто или во рандом редослед, ве оставам на вас да одлучите, ќе почнам од приказната.
Нема да одам во детали за да не навлегувам во спојлери со оглед дека сеуште повеќето го немаат гледано филмов, али вака приказната навидум не изгледа ништо ново или посебно. Специфичното и убавото во филмот е прашањата кои ги поставува и се труди да даде одговор, но остава и на самата публика различно да го интерпретира. Ама приказната се гради и развива одлично, особено преку предобро одбрани дијалози кои го прават филмот врв!

Глума. За мене лично ова беше најдобриот дел од филмот. Општо се ретки филмовите во кои целиот кастинг ги има едни од најдобрите улоги секој посебно. Дури и еден ебан Зак Галфинакис или како и да е беше интересен да се гледа. Али Китон и Нортон.:cuc: Нивните перформанси буквално не те оставаат да трепнеш, facial expressions, vocal од било кој аспект гледано како само ги пренесоа ликовите и каков шмек дадоа на филмот, театар, врв, не знам како да кажам само дека ова е нешто у кое треба да се ужива и величи оти е реткост ваква глума. Нортон се повеќе и повеќе покажува е дека самиот врв меѓу актерите. Китон ме изненади ептен пријатно, каква харизма имаше у филмов. Вредна за спомнување е и Ема Стоун како Сам која имаше свои моменти кои многу јако ги долови особено еден дијалог со Китон кога ќе се испука на него, општо вака мислам дека и е најдобрата улога, а и гледам на Rotten Tomatoes исто и пишале:noze:

Вториот најдобар дел спорд после глумата е самата режија на филмов. Камерата што цело време го прати Китон и општо дејствието е толку реално и толу добро направена што буквално уште повеќе те внесува во тој свет и не те остава да трепнеш, те вози од еден момент у друг како да е се еден ист настан. Искрено се надевам дека се повеќе и повеќе ќе се прати овој тренд на снмање филмови оти лично за мене ова е преубаво. И самата сценографија, театарот и све, ептен беше јако направено, ти ја доловува атмосферата.

Саундтракот е добар, зависи за кој како, ја сакам бубњеви и за мене и овој дел беше врв и уште поубаво допринасаше за филмот у некои моменти, и еве сеуште на јутуб си го преслушувам.

Се на се, 10/10 од мене за филмот, заендо со Интерстелар единствените 10ки за 14та.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
I Origins


Запамтете ги очиве. Ги запамтивте?
Добро, пошто од старт ти го ебаваат филмот со толкава посвета на нив и понатаму сите тензии и трилери засновани на понатамошното дејствие паѓаат во вода, пошто знаеш што ќе се деси.

Филмот според мене може да се подели на два дела, првиот класичен романтичен каде што две души се запознаваат кои по ниедна можна логика не си одговараат нити има некаква објаснива хемија меѓу нив, но сепак си се пронаоѓаат и се заљубуваат. Д-р Иан Греј е научник во класична смисла на зборот, не верува во спиритуални работи и поштува само факти, докази, и статистика, а Софи е спиритуална душа со примесии на вуду тенденции кои не ги видовме целосно. Мора да се напомене дека ликот на Софи беше далеку underwritten и конфузен во споредба со докторот, на моменти заљубена во себеси, заљубена во светот, заљубена во Иан, на моменти пресилна и независна, за следен момент да го побара дечкото да се вселат заедно. Шо знам, ми фалеше уште некоја минута посвета на нејзиниот живот и лик, но кога не се деси, помешано со 24 сати рокот за венчавање и лошото „чувство“ кое го имаше таа дента, се знаеше кон што води дејствието. И тоа не би било толку лошо кога филмот претендира и се заснова на mindfucks и изненадувања (судејќи според драматичните музички секвенци при „the revelations“). Аналогно на тоа никаква емоција не побуди кај мене дешавката со неа а тоа требаше да биде turning point во целата приказна.

Вториот дел од филмот, оној трилерскиот и квази-детективскиот беше малку подобар (но не значи и добар) каде се стави повеќе акцент на науката vs. верата, истрагата во Индија и остали ствари кои малку го забрзаа филмот и ти ствараа непријатно чувство во стомакот дека ќе се деси некое срање кое ќе го смени видикот како го гледаме светот, но ништо од тоа. Од толку обиди, најави и алудирања дека филмот ќе одговори прашања од универзален карактер, или ќе фејлне во обид да ги одговори, на крај филмот заврши со истата точка како што и почна, научно гледано. Тестот кој го правеа на скајп беше мега-глуп, на толку опрема и научни срања тие зедоја сликички да мерат, па нормално нема да погоди чупето, дури и да се работи за истата особа, само со јаготки рането очекувате да биди фокусирано. Очекував повеќе sci-fi, а во филмов не гледам што е sci-fi пошто не ни ни одговорија дека фактички докажаа дека таа е таа. Во случај да потврдија такво нешто, тогаш веќе влегуваме во доменот на sci-fi бидејќи такво нешто нема irl. Точката во која што заврши филмот (во која фактички и почна) беше дека не можеме да бидиме 100% сигурни во едната, ни во другата страна. А тоа го имаме и irl.

Не можам да сфатам зошто е филмов толку хајпнат кога според мене има обид да биде и драма и sci-fi бомбастичен трилер, а фејлна и во двете, или поточно успеа до пола во двете. Што не значи дека има едно цело. Малку хипстерски али да не беше толку напнат и форсиран филмов на социјалниве мрежи и форумов можда ќе даев просечна накај прелазна оценка, а сега има просечна накај негативна. Како работите тука со оценки, без децимали? Ајде 5/10.
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
His mind changed our world. Her love changed his.
Осврт на животот на еден од најголемите умови на денешницата, Стивен Хокинг, од неговата младост па се до денес. Во режија на James Marsh, а по сценарио на неговата прва сопруга, Jane Hawking и Anthony McCarten - “The Theory of Everything” е филм исполнет со емоции, филм за немилосрдната судбина на овој брилијантен ум. Во улогата на Стивен Хокинг се јавува Eddie Redmayne кој, морам ова да го кажам уште на почетокот, ја одигрува оваа неверојатно тешка улога во рамки на совршенството. Заслужено е номиниран за Оскар за најдобра главна улога и според мене дефинитивно заслужува да ја добие. Би било неправедно да не биде награден за оваа изведба.



Филмот започнува кога Стивен (Eddie Redmayne) има 21 година и е здраво младо момче, којшто е на добар пат да дипломира и да го почне својот академски живот. Заедно со својот пријател одат на една забава, кадешто ја запознава Џејн (Felicity Jones) и полека се заљубува во неа. И кога излгледа дека се му оди од рака, ќе добие лоши вести. Кога еден ден одејќи си од факултет ќе се струполи на земјата и ќе падне во бесознание од ударот, па потоа ќе се разбуди во болница – докторот ќе го извести дека боледува од тешка болест и дека му остануваат највеќе уште две години од животот.



Стивен паѓа во депресија и најверојатно не би ги доживеал ниту тие две години, да не била Џејн. Кога таа ќе слушне што го снашло Стивен, ќе отиде кај него, иако тој не сака таа да биде таму и ќе се обиде да ја оттргне од себе. Таа ќе му даде нова надеж, нови сили да и се спротистави на болеста. Тие се венчаат и добиваат дете. Стивен се оддава на образованието и докторира. Потоа следуваат неговите неверојатни откритија и теории во областа на астро-физиката кои ќе го обиколат целиот свет и сите ќе слушнат за Стивен Хокинг. Неговиот живот продолжува, станува се потешко, но Џејн е секогаш тука за него. Заедно, ги надминуваат сите очекувања на медицината, не само со тоа што Стивен ќе доживее уште многу повеќе години од предвидените две, туку и со неговите неверојатни успеси.


Преку навраќања, скокови од неколку години и прикажување на најважните настани, режисерот James Marsh на одличен начин ги доловува сите страдања низ кои поминува Стивен, а сепак успева да остане доволно силен, со помош од Џејн, за целосно да го искористи својот потенцијал и да придонесе колку што е можно повеќе за човештвото. Некои сцени ќе ве потресат, ова е филм исполнет со болка и љубов – романтична драма од која ќе научите нешто за брилијантниот ум – Стивен Хокинг, и секако, филм кој нема да ве остави рамнодушни.

Преземено од filmskirecenzii.com
 
Последно уредено од модератор:
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.055
Поени од реакции
6.715



Занимлива крими трилер приказна :D Се работи за младич што е по потрага по било каква работа и сака да се фокусира на таа работа и е подготвен на се за да успее во неа. Воедно се прикажуваат и некој интересни работи за новинарството кој верувам дека се вистинити ако не во Македонија тогаш во Америка сигурно :D


 
Последно уредено:

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Whiplash



Тапани, удри на тие тапани...

Стварно добар филм, за мене најдобар од 2014 година засега и верувам така ќе остане, неправда ќе е ако не развали на оскарите. Најпрвин ќе кажам малце за приказната на филмот, а потоа по ред ќе ги искоментирам елементите во филмот како глумата, режијата, музиката и нешто околу тоа и на крај ќе си изнапишам моите очекувања за некои сцени и очекувањата кои ги имав за крајот на филмот во спојлер.

Филмот е приказна за младиот Енџру кој сака да стане славен дечко, сака да стане легенда и е во оркестарот на строгиот Флечер (барем мене ми остави строг карактер). Енџру се труди максимално, дури ги учи ударите на песните напамет но Флечер намерно му ја зголемува конкуренцијата на Енџру за да го мотивира повеќе. Енџру живее само со својот татко, неговата мајка го оставила кога тој имал 1 година и Флечер тоа му го споменува низ целиот филм. Во филмот не се врти се околу кариерата на Енџру и тапаните, туку режисерот се обидува и да ги обработи емоциите на Енџру, и успева во тоа.

Глума: Преј, браво бе, браво. Мислев Телер го бива да глуми само во романси но сеа го променив мислењето, растури дечкото, а за глумата од J.K.Simons немам зборови, ме остави со подотворена уста, секој чест чичко Симонс, ти си легенда за мене. Ќе развалиш на оскарите во твојата конкуренција, сигурно.

Режија: Одлично сработено, јас прв пат се среќавам со овој, а верувам и многумина од вас, но мене како за прв пат ми е супер, се опфатено, само штета што пред тоа направил краткометражен филм па сега неможе да развали на оскарите во категорија најдобар филм, но тоа е, филмот си заслужи голем аплауз од сите.

Музика: Whiplas и таа почетна мелодија уште ми се вртат во глава. Јас додека чукаше Енџру на крајот замижав и си замислував дека пред мене се тапани и почнав да чукам ко луд на празно, ми беше јако иако сестра ми ме направи луд.

Е сеа делот со спојлерите го отварате на ваш ризик.

Кога направи собраќајка очекував да умре и таму да заврши филмот, мрднав маусот и видов дека уште многу има до крај.

На крајот очекував од ниникаде да дојде Никол и да го залапа на сред сцена, но тоа не се случи и сум задоволен бидејќи тоа не се случи, ќе ми го расипаше уживањето на крај :D

11/10
 
Член од
15 јануари 2011
Мислења
371
Поени од реакции
497
Dracula Untold




Кој ја знае историјата за Влад Цепеш т.н. Дракула ќе ја разбере поврзаноста со турците во филмов, а и не бегаат многу од историјата исто така. Освен нормално со вампирските работи. Иначе се верува дека Влад Цепеш е инспирација за новелата Дракула од Брам Стокер. Ама како и да е, филмот почнува така што Принцот Влад во пештера на брдото „Скршен заб“ губи неколку војника кои се изедени од вампирот кој живее во неа, тој некако спасува глава. При една прослава во неговиот замок доаѓаат гласници од турците кои соопштуваат дека бараат 1000 деца кои ќе им служат на нивната војска (јаничари), меѓу кои и неговиот син. Тој нема да дозволи тоа да се случи и од очај повторно се качува на брдото со надеж дека суштетството во пештерата ќе може да му помогне против турците. Е сеа како ќе му помогне можете да претпоставите....
Ми се допаѓа што најверојатно ќе има и втор дел и се надевам во него ќе ги продлабочат некои од ликовите како на пример вампирот од пештерата. Јас искрено задоволен си бев од филмов зошто и очекував да е приказната за Влад Цепеш збогатена со „вампиризам“ . Како за прв филм на режисеров доста солидно, јас му дадов јака 7ца :)....
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.055
Поени од реакции
6.715
The Town




Премногу добра крими-драма. Се работи за 4-ца другари од детство што се специјализирани у апашлак на банки и ред други работи. Еден грабеж во една банка ќе донесе интересен осврт у филмот. Главна улога Бен Афлек воедно и режисер. Дефинитивно ова му е најдобриот филм на Бен.


 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
80-тите беа една интересна, мошне плодна филмска деценија. Сешто е снимено тогаш. И ремек дела и чисто ѓубре и безброј чуда меѓу овие крајности.
Тука некаде, иако не знам точно каде, но секако во 80-тите, се вбројува и Big Trouble In Little China.

Џон Карпентер режира! Курт Расел глуми! Тука е и радодајката од Сексот и градот, како и некои добро познати фаци (епизодни негативци платени да трпат ќотек од позитивецот) во волшебниот свет на кунг фу и карате филмовите:

и секако, морбидната алтернатива за Мр. Мијаги, Виктор Вонг (како и Расел, и Кинезов е присутен и во друг филм на Карпентер)

и други, повеќе или помалку познати актерски сурати.

Ова е еден од првите филмови што сум ги гледал на видео во 80-тите (другите се Борба на титаните, Evil Dead I&II, Флеш Гордон итн.) Ептен ми се погоди тогаш филмчево, таман ми дојде на годиниве што ги имав. Кунг фу, магија, летање, пукање... Тешко дека нема да бидам пристрасен.
Па го изгледав уште еднаш. Ако ги занемарите купот глупости, кичот и нелогичностите (а кој воопшто би барал логика и смисла во вакви филмови) ова е еден забавен филм за тепање време, пристојно и карактеристично остварување за времето во кое е направен. Без некои амбиции, изгледа како да е снимен лесно, во опуштена атмосфера, со мошне наивни приказна и сценарио, (пот)просечна глума, доста изнасилен хумор. Но поседува некаква харизма, привлечност, независно од (не)квалитетот. Не за фрлање ни фактот дека Карпентер, Расел и некои интересни фаци се вклучени во него.
Ова е гледлив, динамичен филм, забавен на свој начин.
Дека го има донекаде прегазено времето, го има. Од мене има 6-ка, иако на IMDB има нешто над 7-ка.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Taken 3 (2014)
http://www.imdb.com/title/tt2446042/

Приказната е слична како и прошлите два дела од овој филм, со тоа што тука никој не е Taken, туку напротив се работи за убиство.
Жената на Брајан (Liam Neeson) е пронајдена мртва во неговиот стан, неколку денана после средбата со Брајан на која таа му кажува дека сака да го напушти сегашниот сопруг и да му се врати нему.
Доаѓа полиција и го наоѓа Брајан на местото на настанот, и нормално тој е главниот осомничен. Успева да и побегне на полицијата и користејќи ги своите вештини се обидува да го разјасни убиството на жена му.
Целиот филм е акција како и прошлите два и се врти околу расчистувањето на убиството. Кој е позади него и зошто сакаат да го наместат Брајан.
Интересно филмче, држи внимание и нормално не станува досадно, сеако вреди да се гледа. Liam е стандардно супер и одлично си ја одработува задачата.
Според мене првиот дел е најдобар, а за ова продолжение една 7 мислам дека е доволна.


Jack Ryan: Shadow Recruit (2014)
http://www.imdb.com/title/tt1205537/

Џек е млад таен агент на ЦИА кој работи во една фирма како аналитичар. Следејќи ги финансиите и нелогичноста на курсот на доларот, кој наместо да паѓа секојдневно расте по неколку центи,открива дека еден од глевните клиенти, кој е Русин, сака да предизвика огромна криза во Американската економија. Поради тоа е испратен во Русија, Москва, каде што треба да открие што всушност се случува.
Првичните стравувања дека ќе дојде до општ колапс на економијата стануваат уште поголеми кога ќе откријат дека всушност станува збор и за огромен терористички напад.
Интересна акција, убав глумец :), ликовите убаво доловени. Се на се добро филмче за љубителите на акциони филмови. Од мене една 7.5.

 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
The Unexpected Virtue of Ignorance (2014)


It's only after we've lost everything that we're free to do anything!

Само по себе е иронично ако покушам да бидам критичар кога филмот ja акцентира апсурдноста во истото. Oваа визуелна поезија е едно големо покажување среден прст на Холивуд, многу самокритичен, многу горчливо смешен, многу засладен со глума, со фотографија, сo за-whatever-и-да-е-номиниран-за-9-оскари. Обожавав апсолутно се што ми нафрли уште од самиот старт. Ја фрла јадицата и те влече цели два часа во еден континуиран shot. Камерата беше фантастична, апсолутно го амплифицира раскажувањето, фрекфентното скокање од внатрешната борба да се биде критички воздигнат и релевантен место проголтнат од франшизно штанцање блокбастери кое се навидум материјализира во реалниот свет на еден многу саркастичен и суров начин до пардојата од заедница која е станат Холивуд и критичката маса па се до самата публика и све поврзано измеѓу.

We have just lost cabin pressure.

Во раскажувањето ги немаме шаблонските, класични флуктуации во интензитет, туку почнува напнато и скоро никогаш не престанува, не те остава многу да останеш фасциниран од нешто, кога покрај сите квалитети - дубочината и поентата кои фалеа се јавуваат на сред филм, не те остава да ги ревизираш изминатите сцени, те вози додека ти пробуваш да склопиш значењето, да поврзаш 2 и 2. И за топката да не случајно падне, цел филм е испреплетен со еден исти ритам од тапани кои ствараат нескротливост, општата анксиозност што е билд ап за самиот крај. Е крајот поради кој мислев филмот нема да ги заслужи МОИТЕ преценети пет ѕвезди е што не заврши кога мислев (и сакав) дека ќе заврши. Тој после биг бенгот одново си се оживува за одново побие све што претходно се трудел да поентира. И тука малку ми спласнаа импресиите, но давајќи му неколку минути да „легне' убаво, пак истото задоволно чувство ми се врати. Финиширајќи со дискутабилен крај.

I am Jacks satisfied tit.

Oчекував многу, а добив доста. Dark and witty, двосмислен и со леери, самокритичен и со квалитетна продукција поткован, невообичаено сценарио, интересна работа со камерата, кај глума никој не потфрли, Нортон портретираше стереотип изван овог света - мајсторски, Китон беше одличен, сите споредни беа добро доработени, визуелно преубав филм, седнуваш и те вози. Тешко е да се мрази овој филм. Барем за секој што изгледал повеќе од неколку филмови..

Oдличен пошо е right up my alley.
5/5.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Unfaithful

По незнам кој пат ќе кажам мразам толку долги филмови и секс сцени кои се цензурирани ама остај тоа ајде за приказната.
Ед и Кони се навидум среќен брачен пар се додека Кони во една прилика не го запознае младиот Пол со кој по неколку средби ќе влезе во афера понатаму гледајте. Моја оцена 6/10.

Midnight Run

Јако филмче иако има неколку филмски измислици во сцените сепак е совршено.
Џек е ловец на уцени кој ќе добие задача да го пронајде Војводата кој на познат мафијаш му украл 15 милијони долари , а е баран и од полицијата за шпионажа. Џек ќе го најде многу лесно Војводата ама дали ќе го донесе навреме е прашање кое мора да се види. 9/10.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
The Grand Budapest Hotel



Од филмов имав многу мали очекувања, гледајќи трејлер и читајќи по некоја рецензија делуваше толку здодевен некако и безвезен и си реков денес ај ќе го симнам да го гледам чисто ради што е номиниран за Оскар (ова сфатете го - како обврска осеќав да го гледам некако...) И најверојатно кога имаш мали очекувања за нешто- ќе се фрапираш во позитивна смисла! Филмов си ги има заслужено сите 9 номинации за Оскар, уникат е од сите можни аспекти, идилична бајка од 30-тите, а истовремено тензична и интересна од почеток до крај без досадни кадри и развлечени сцени...Филмов е производ на брилијантни умови...Погледнете само кои актери се во споредна улога: Edward Norton, Bill Murray, Adrien Brody, Owen Wilson... и све ќе ви биде јасно... :) И главниот Ралф Фајнс си одигра сосем солидно...
Сценографијата беше нешто што ми остави нај најголем впечаток, нешто што за прв пат во животов сум видела во филм (од пејсажи со зимска идила, ентериери, костими, до градби во ренесансен стил...) - совршено...
Само на кратко како мал вовед:
Ралф Фајнс е во улога на консиерж во еден од најпознатите хотели во тоа време(30тите) - The Grand Budapest Hotel во најголемата држава во Источна Европа- Република Зубровка обвинет за убиство и кражба на енормно скапа уметничка слика, но тука е неговиот помошник и другар од хотелот, момчето Зеро, со кој заедно ќе доживеат низа авантури, а добар дел од нив и крајно комични...

Ќе одам сеа во темата за 5 Топ филмопви за 2014 да се цитирам сама себе и да го додадам и овој...
И уште нешто - морам да го тагнам @Tonchie бидејќи прееска ми кажа дека филмов му е на watchlist и сака да слушне мислење...А можеби и веќе го гледал... :unsure:

И се надевам нема некој да дозволи да гледа Оскари, а овој филм да не му е гледан... :)
9/10





 

Kajgana Shop

На врв Bottom