Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Out of the Furnace



Многумина веќе го искоментираа, па затоа бесцелно е многу да одолговлекувам. Недостатоците на филмов се, како што веќе беше напоменато: бавен е, направен според „лошо“ сценарио, или барем „лошо разработено“, и крајот е екстремно предвидлив. Наспроти се ова, имаме актерска екипа која растура! За Бејл, Витакер и Дефо, на пример, не се ни сомневав дека ќе бидат добри. Најпријатното изненадување за мене сепак беше Афлек јуниор. Дечково засега е мој фаворит за Оскар за споредна улога. Одличната сценографија е во функција на приказната, музиката ОК... За филм чија приказна нема што уште да понуди, се на се: нешто повеќе од солидно.
IMDB оценка: 7/10 Моја оценка: 7/10
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.658
Disconnect 2012



Драма која што се одвива помеѓу група на луѓе коишто бараат некаква човечка врска во денешниов жично поврзан свет.

Ова ми е првиот филм изгледан во оваа година, прв и можам да кажам дека филмот е ремек дело, со убаво ја почнав годинава.
Филмот е страшна драма, драма која што се одвива врз неколку семејства коишто не им обрнуваат внимание на своите грешки туку се во потрага по грешките на другите луѓе, грешки кои што некако делуваат на нив и нивниот живот.
Филмот дава една многу јасна слика за денешницата, како интернетот влијае врз повеќето луѓе, како тие луѓе допринесуваат за животите на други луѓе кои што се "жично" поврзани, сето тоа скоцкано во една одлична драма која што ќе ве шокира и ќе ви даде една слика која што е многу поучна и вистинска.
Секој од нас е т.н. "жично" поврзан, филмот цели на секојдневните работи кои што ги правиме на интернет, без разлика дали намерно или ненамерно правиме работи коишто влијаат негативно или пак позитивно врз животот на некои други луѓе.
Тоа е, не знам како да го опишам филмов во најдобро светло, ви препорачувам да го гледате и да уживате, не сакав драма филмови, не се мој жанр ама после овој филм...
Одличен, браво...Чиста 10ка! (y)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Trainspotting



Филм од 1996 на Дени Бојл кој лека полека си го проби своето место во историјата, меѓу филмските класици, како културолошки феномен. Верувам дека многумина од вас веќе го имаат гледано. За мене беше првата реприза во 2014, зошто ветив во Moviespotting темата која своето име го должи делумно и на овој филм, дека Trainspotting ќе биде меѓу првите филмови што ќе ги изгледам во новата година. Содржината верувам на сите е позната: Марк Рентон (Јуан Мекгрегор), зависник од хероин се обидува да стави крај на неговиот живот како зависник, но тешко е покрај влијанието на друштвото и опкружувањето за кое самиот вели дека „ќе вбризгаше дури и витамин C во вените, само да го прогласеа за нелегален“. Верувам дека исто како мене и други се запрашале дали при снимањето на некои сцени од филмов и Бојл бил под дејство на некои опојни супстанци? Иако нема којзнае каков линеарен тек на приказната, туку е повеќе како нижење на искуствата на Рентон, филмов успева да биде интересен, па дури и да му се дадат епитети како имагинативен и смешен. Оние кои низ годините се обидуваа да го дискредитираат, играа на картата дека филмот го прикажува користењето на хероинот како уживање, или како што Рентон вели, „како најјакиот твој оргазам, помножен со 1000, и се уште не би бил блиску“. Сепак, по мое мислење филмот не пропагира употреба на дроги. А и како би можел, кога гледаме какви пропалици се луѓето кои уживаат во хероинот низ филмот? Зарем некој би сакал да стане како Спад и
да лежи издрогиран по улици, мрмлајќи нешто што никој не го разбира, или да се разбуди во кревет измачкан со измет од глава до пети?
Сепак, како превентивна мерка, не би ви препорачал да им дозволите на вашите малолетни деца дури ни да ѕирнат додека го гледате. ;)
Би сакал да завршам онака како што Рентон почна:
„Одберете живот. Одберете работа. Одберете кариера. Одберете семејство. Одберете еден голем ебан телевизор, одберете машини за перење, автомобили, CD плеери и електрични отварачи за конзерви. Одберете добро здравје, низок холестерол и стоматолошко осигурување. (...) Одберете ги вашите пријатели. (...) Одберете ’направи сам’ и во некое неделно утро запрашајте се кои сте вие, по ѓаволите. (...) Одберете ја иднината. Одберете живот...“ И дури и ако веќе го имате неколкупати гледано, одберете Trainspotting!
IMDB оценка: 8,2/10 Моја оценка: 9/10
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
17.969
Before Midnight

Со оглед на тоа што за претходната 2013 та имав изгледано само еден филм, во последно време пробувам да го надокнадам тоа што сум го пропуштил и што би можело мене да ме интересира. И ми текна на филмов. Бев маѓепсан од првите два дела, особено од првиот, бев трето одделение кога прв пат го гледав и буквално се заљубив во Џули Делпи.:) Дури и си имав фантазии како и јас би запознал, сосем случајно, преубава девојка ко неа, на романтично место ко што е Париз, кога ќе пораснам нормално. :D Едноставно беше можеби првиот филм кој што бил наменет за повозрасна публика, а кој поради тоа што ми се допадна премногу го гледав можда над 10 пати на ТВ. Едноставно сите разговори поврзани со уметноста, книгите, сликите, нивните минати врски и искуства беа повеќе од интригирачки за едно љубопитно дете ко што бев јас. Уште повеќе што тие разговори беа водени помеѓу двајца тотални странци, факт на кој што му се восхитував, а од друга страна бев преплашен пошто знаев дека истото и мене ме чека, а бев прилично срамежлив.:) Како и да е, дури и денес кога пак го гледам Before Sunrise, едноставно ги осеќам тој флуид и хемија помеѓу двајцата. Страста, која не можејќи да ја артикулираат на поинаков начин (барем до делот кога престанаа да го прават тоа :)), ја преточија во зборови. Before Sunset не беше претходниот дел, но беше натпросечно добар. Најважно е тоа што успева да разбуди емоции, сцената со туристичкиот брод е клучната точка, кога и двајцата гласно прифаќаат дека чувства навистина постојат. Тоа е оној момент, што верувам секој од вас го доживеал, кога го добиваш тоа што го сакаш, но сето тоа се случува толку брзо што едноставно си збунет во најмала рака како така лесно си успеал да допреш до она кое што до предмалку си го го ставал на еден вид пиедестал, така да или следи акција или станувате потивки додека некој не реши да превземе нешто. :D Песната е прекрасна, гласот на Џули исто, а и крајот ми се допадна поприлично што е доста битен елемент кога се формира оценката за ваков тип на филмови. Најдобриот дел е што и покрај тоа што секој си има свои претпоставки, избегнат е клише моментот, барем за мене лично.
Конечно доаѓаме до последниот дел и до тоа што е главна тема на постов. Без многу мислење, за мене ова е делот кој ме остави генерално без некаков посебен впечаток. Добар почеток, ме изненадија. Селин (Џули) не се променила до толку карактерно, колку што постанала милфица со сериозни облини. За разлика од нејзе Џеси (Итан), постанал господин паметњакович, кој има мислење за се и кој мисли дека заслужува некој сериозно да го слуша, без оглед на тоа што 90% од работите кои што ги кажува се глупости. Типичен средновечен Американец од типот на - I know what's best for my family, ни трага од љубезниот романтичен начитан момак кој го гледавме во претходните делови. И овие два лика ги ставаш во Грчка на одмор. Локацијата можеби не е воопшто лоша, само не морале и Грци да ставаат во филмов. Не дека во постов сакам да ги дискредитирам на национална основа, ама од мој аспект тој дел од филмот изгледаше смешно и ужасно аматерски. Земале еден забраден мрсен грк, кој игра фудбал бос по фармерки и кој после тоа почнува да прави анализа на ликови од книги :) и стар писател Грк кој имаше добар англиски, ама поима немаше од глума, едно време мислев робот да не е. Ај грчкиве глумци што беа тапа, ама и репликите им беа тотално без врска. Сцената со ручекот беше полна со муабети исполнети со веќе видени стереотипи поврзани за мажите и жените, како и Грци кои што пробуваат да глумат Енглези, нешто што е неприродно за секој Балканец. Конфликтот кој што се случи меѓу Џеси и Селин околу селидбата во Чикаго и причината за истиот ми се допадна. Не ми се допадна тоа што имаше пак изблици на мудрувања и филозофирања околу улогата на мажите и жените во бракот на сред кавга, тоа некако не можам да го вклопам во моите поимања за веродостојност. Исто и појава на први расправии околу сексот и обврските по дома за прв пат после 9 години брак е во најмала рака смешно. На Џули и е тешко да изглуми изнервирана жена, а искрено и мене ми е тешко да ја замислам. :) Она што беше најевтино од се е како успеаа после таква сериозна кавга, после толку тешки зборови, во рок од 15 минути пак да се освојат и заљубат еден во друг. Особено во ситуација кога машката страна е патетична и моли за прошка и внимание, во реалниот живот 99% од случаите си ја добиваат клоцата. Во суштина она што најмногу ми фалеше е токму онаа прикриена желба која постоеше помеѓу двајцата во претходните филмови, што е нормално после толку години поминати заедно, и поради тоа сметам дека третово продолжение беше непотребно. Од мене 6.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Captain Phillips (2012)

За мене доволен е фактот дека Том Хенкс ја има главната улога за да го гледам филмот. Станува збор за филм направен според историски настан на заложничка криза. Во 2009 година Американски товарен брод под раководство на Ричард Филипс (Хенкс) паѓа во рацете на сомалиски пирати додека минува низ водите на Индискиот океан. Гневот и непромисленоста на пиратите, стравот на екипажот, трезвеноста на капетанот и постојаното очекување на спасот го прави филмот динамичен со непредвидлив момент кога кризата ќе заврши и исходот од неа.

Brothers (2009)

Филмов е еден одличен приказ на последиците кои со себе ги носи војната. Додека секој на сигурно тло гледа во ликот на војникот херој на татковината, никој не може да ја разбере нивната духовна болка, тој збир на измешани емоции кои водат до лудило. Не помага ниту една приказна раскажана до детал за да се разбере суровата реалност со која се соочува еден војник во рацете на непријателот, принуден да се спушти под своето достоинство, под човечкото во него само за да може повторно да ги прегрне луѓето кои ги сака.
Постерот на филмот кажува многу, но во исто време и лаже многу. Не е ова класичен филм на кој сме навикнати до сега. Насловот воопшто нема врска со целта која сака да се постигне. Можеби за да не оддалечи од она на што сме навикнати секој пат кога еден војник заминува во Авганистан/Ирак, а неговата жена одстанува дома. Приказната за двајца браќа и една жена ќе не води во погрешна насока за да ни ја изостри свеста за пораката која со себе ја носи филмот.
Во главните улоги: Натали Портман, Џејк Џиленхол и Тоби Магвајер.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
The Wolf of Wall Street



Само што го гледав. Врвот на Ди Каприо во својата кариера. Самиот наслов си кажува се, џабе ќе се напрегам да пишувам рецензија. 3 саати поминуваат во еден здив. Црна, многу јака комедија на Скорсезе.

После филмов, многу луѓе животна желба ќе им биде да станат брокери.

10/10.
 

Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
Gone in Sixty Seconds

Филмов е живо срање. Покрај глупата приказна глупото именување на колите нема што да се гледа... Ако имате под 12 години можно е да се палите на филмов... I just don't buy it...
Нема никаква хемија меѓу актерите... Многу слаба глума...

IMDb: 6.4/10

Моја оценка: 3.5/10

п.с. Николас Кејџ и Анџелина Џоли може да ми се фатат... Едни од најпреценетите актери..
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Dallas Buyers Club



Драма, инспирирана од вистинска приказна за животот и делото на Рон Вудворт. Каубој и електричар од Тексас кој спротивно на тогашните стереотипи за сидата е заразен од ХИВ вирусот. Главната улога ја толкува Метју Меконахи а споредната Џенифер Гарнер.

Од каде да почнам пак исто ќе завршам, приказната е уникатна,трогателна и инспиративна. За животот на овој човек осуден на смрт од болеста и како тој се бори против неа, стереотипите, државата и корпорациите. Глумата и режијата се совршени, особено мора да се напомене дека Метју ептен се потрудил за оваа улога која покрај одличната глума е надополнета и со неговата неверојатна трансформација. Во целост филмот го заслужува епитетот Ремек Дело !

Да скратам, сега за сега ова е мојот фаворит за Оскарите. 10/10
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
Warm Bodies (2013)



Филмов е прва романтична комедија which I really liked. Преку глава од глупостите со Xју Грант, Џенифер Анистон и остала багра. Филмов е 100% оригинален и тоа ме натера да го гледам и не направив грешка. Ова е доказ дека љубовта може да смени дури и едно зомби и да го врати во живот. Акцијата се врти околу едно зомби кое се вика Р и едно девојче по име Џули. Р води досаден и може да се каже депресивен живот на еден аеродром, тој се матка лево десно и се мава во другите зомбиња од што е несмасен и несреќен. Одвреме навреме тој оди на провод во градот со неговите другарчиња. И на еден таков провод ја запознава Џули. Девојчето Џули има дечко во кој порано била заљубена но не повеќе зошто тој не е истиот од порано и на кој Р несакајќи ќе му го изеде мозокот. На истиот тој провод Р на Џули ќе и го спаси животот, и тогаш почнуваат да се случуваат чуда.
Моја оценка 10/10
 
S

Sagan

Гостин
Blue Caprice (2013)


Филмот е инспириран од Белтвејските убиства во октомври 2002 во САД.
Драма за тоа како 16 годишно момче, во рацете на огорчен исламист, лесно постанува алатка за извршување на серија од 15 снајперски убиства.

Џон Мухамад останува без своите деца. Во неговиот монструозен ум тој прави план како да убие поголем број на луѓе, случајно избрани, сосема неповрзани, на јавни локации, со снајпер од мал отвор од багажникот на неговиот плав шевролет каприс. Една од жртвите треба да биде неговата поранешна сопруга...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
American Hustle



Измамникот Ирвинг Розенфелд (Бејл) и неговата партнерка Сидни (Адамс) се принудени да му помагаат на темпераментниот агент на FBI Ричи ДиМасо (Купер) со измама да стигне до мафијата и да ги фати конгресмените и сенаторот од Њу Џерси како примаат мито.
Одлична актерска екипа: Кристијан Бејл, Бредли Купер, Ејми Адамс, Џереми Ренер, Џенифер Лоренс, Луис Си Кеј... И логично: одлична глума! Очекувам неколку номинации во актерските категории на годинешните Оскари. За режијата не треба ни да дискутирам, исто така: по The Fighter и Silver Linings Playbook, третото чедо на Дејвид О.Расел во последниве четири години кое ќе биде номинирано за Оскар - во тоа не се ни сомневам.
Сепак, иако според се ова кое го напишав погоре и според сите позитивни критики кои ги најдов за филмов требаше да напишам нешто како - „WOW!“, мене не само што ме остави рамнодушен, туку не ми е срам да кажам дека го гледав еден од подосадните филмови во последно време. Не знам со сигурност да кажам зошто. Можеби недостасува нешто во приказната, можеби ми фалеше акција... и ова се на сметка на одлично портретираните карактери. Иако на два пати задремав, за среќа успеав да стигнам до крајот на филмов.
Како баланс помеѓу одличната глума и просечната приказна, не можам да дадам повеќе од седмица за филмов. Ниту пак препорака да го гледате, особено ако сте уморни. И ако лани Silver Linings Playbook ми беше прв фаворит за Оскар, овој е во втората половина од мојата листа.

IMDB оценка: 7,9/10 Моја оценка: 7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Dallas Buyers Club



Филм за еден далеку од совршен човек и неговата борба за живот и ново утре во осумдесетите години на 20 век во САД. Инспирирана од вистински настани, приказната за двојната борба на Рон Вудровс (Метју Мекконахи) не е само трогателна, туку и навистина инспиративна. Прво нешто што ќе ве импресионира во филмот се неверојатните трансформации и извонредните перформанси на Метју Мекконахи (sorry Io) и Џаред Лето (кој го глуми бизнис партнерот на Рон Вудровс, трансексуалецот Реј/Рејон). За улогите и двајцата загубиле значителен процент од нивната тежина, нешто налик на Кристијан Бејл во The Machinist. Според мене не е Мекконахи единствениот кој импресионира тука: Лето е подеднакво добар во споредната улога. За номинации за Оскар и за двајцата веќе не се ни сомневам. А иако знам дека филмов нема шанси ни да се приближи до главните претенденти за Оскар за филм, по 11 од 20 изгледани филмови годинава, Dallas Buyers Club се искачува на првото место на мојата листа на фаворити. Мекконахи и Лето се надевам дека ќе ги подигнат статуетките во актерските категории.

Понатаму морам ли да говорам за беспрекорното сценарио кое заедно со извонредната глума на актерите прават од ликовите од маргиналци - вистински херои? Морам ли да ја спомнам извонредната кинематографија која заедно со костимографијата и сценографијата совршено го доловува амбиентот на осумдесетите и СИДА кризата во Америка? Впрочем, морам ли воопшто да говорам? Не е ли доволен еден длабок поклон? :cuc:

Ма како еден! :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:

Zedd - комплетно се согласувам со тебе! (y)

IMDB оценка: 8,0/10 Моја оценка: 10/10
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Big Fat Liar



Случајно, вртејки по каналите на бум налетав на Fox Movies каде во тој момент одеше токму овој филм. Никогаш не сум го гледал, ниту сум налетал на него па викам да видам што е. Филмов е доста интересен и многу потценет, 5.3 на имдб? лат д фак, и тогаш стварно сватиф дека некои луѓе навистина немаат вкус, но сепак тоа е.

Филмот ми се допадна многу, бидејки обожавам вакви авантуристички комедии.

Шеперд пишува приказна, интересна и подоцна овој Марти Волф му ја зема случајно и од таа пробува да створи филм без да знае Шеперд и без да го спомене него. Шеперд цело време се обидува да му докаже на својот татко дека приказната за тој филм е напишана од него но татко му не му верува и Шепард со своја другарка заминува за Холивуд каде што цело време прави нешто Волф да се јави на таткото на Шепрд и да му ја раскаже вистината. Волф цело време се зафркава со Шеперд, но на крајот сепак тој страда.

Одлична комедија која ме расположи денеска. 7/10 има од мене.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
Escape Plan
Филмов во глобала е доста добар. Што друго да се очекува кога Сталоне и Швајценегер ќе се стват во ист филм.
Имено Сталоне глуми тип кој избегал од 14 затвори за тоа напишал книга и од тоа заработува. Заплетот започнува кога ЦИА му нуди 5 милијони за да избега од затвор кој никој незнае каде се наоѓа. Соочувањето со речиси перфектен затвор и фактот дека тој е можеби таму за воопшто да не излезе ќе му го отежнат планот. Ретко гледам вакви филмови ама е добар 7/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Short Term 12



Нискобуџетна драма од независна продукција, совршена за одмор од големите блокбастери кои во периодов „мораме“ да ги изгледаме. Навидум е премногу реална, што на моменти, преку кадрите од домот за деца без родителска грижа и одличната глума, особено на Бри Ларсон, може да ве наведе до погрешен впечаток дека се работи за документарец. За добивањето на ваквиот впечаток мамка е и камерата која е далеку од статична, нешто што искрено мене многу ме нервира кај мноштво филмови, но не беше случај овде. Речиси и да не ми беше важно што изгледа како на камерманот да му отпаднало рамото по снимањето на филмов.

Приказната е за младата Грејс (Бри Ларсон), supervisor (не знам како би било на македонски, надзорник?) во дом за деца без родителска грижа, која се чини сака да помогне за ниту едно од децата таму да не стане она што таа е: длабоко депримирана личност со уште подлабоки лузни во меморијата. Не е само Грејс депресивна - целиот филм носи една таква нота. Може да се нарече и - длабоко меланхоличен (баш ко за мене :P) и тажен. Но во ниту еден момент меланхолијата и тагата не водат до крајности: напротив, тие се многупати разбиени од многуте победи на ликовите, без разлика колку тие минорно да изгледаат.

Се на се, една повеќе од пристојна драма, одлична за одмор на очите и умот од холивудските блокбастери.

IMDB оценка: 8,3/10 Моја оценка: 8/10

Офтопик P.S. - Пишувајте рецензии!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom