- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.629
- Поени од реакции
- 33.184
Драги Кајганџијки и Кајганџии,
Поминавме цела една деценија заедно. Деценија која на филмски план за мене ја одбележа токму форумов. Речиси сѐ што гледавме, гледавме заедно, и затоа оваа листа е одлично заокружување на втората декада од новиот милениум, на форумов. Листава, истовремено е и своевидно продолжение на гломазниот проект ТОП 250 на Кајгана кој го завршивме во 2015 и секако, на на сите добро познатиот Кајгана филмски каталог за тапчовци. Мене ми е јасно дека сите 3 листи се неперфектни, но зар има таква, перфектна листа со филмови? Дури и IMDB ТОП 250 е полна со индиски филмови кои тешко дека вистински филмоман би ги ставил на листа за најдобри. Така и овде. Недостасуваат филмови кои треба да ги има. Да, знаеме. Има филмови кои не треба да ги има. Исто, знаеме. Но, така вие сакавте, така вие ја составивте листата, што значи, според членовите на форумов, подобри од овие 100, нема!
Знаете како ја одбравте листата: во изминатите десетина дена секој член на форумот можеше најпрво да предложи свои кандидати - филмови, а потоа да гласа преку листата со нешто повеќе од 280 филма. Гласаа 32 члена на форумот преку оценување на своите топ 30 филмови од листата, по што гласовите се сумирани, и време е да почнеме со презентирањето од местото број 100, кон местото број 1.
Ве молам да не коментирате ништо на темава, зашто исто како во ТОП 250, ќе ве кажам на @wot и @џимеј, па после ќе видите убаво.
@wot и @Anon ќе ми помогнат за листава да изгледа и визуелно убаво, па затоа на двајцата однапред им благодарам.
На овој линк можете да ја најдете целосната листа со филмови, на Letterboxd (секако, по презентирањето на целата листа тука, а до тогаш, ќе причекате) - https://letterboxd.com/zlatikevichius/list/100-2010-2019-kajgana-top-100-the-best-movies/
Само една забелешка, и ќе почнеме: филмовите на место број 100 и место број 101 имаа ист број на гласови, затоа листава ќе има еден филм повеќе од планираното - вкупно 101. Тие 2 филма го делат местото број 100.
Let's start!