- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.970
- Поени од реакции
- 37.234
42. I, DANIEL BLAKE (2016)
Ken Loach, Laura Obiols
Ken Loach, Laura Obiols
Ќе пишам овде, а не во темата за Синедејс, за да видат повеќе луѓе: ако сте во можност, тркнете утре во 17:30 до Милениум на репризата на I, Daniel Blake, освојувачот на Златна палма во Кан годинава! Поемотивен филм одамна немам гледано, поштено си се изнаплакав.
За малце немаше да го гледам дека ми откажаа сите во последен момент, ама ме убеди ти со петката на летербокс па отидов сам.
Мене многу ми се допадна, не знаев ништо за филмов, ни трејлер ни ништо, баш тука на форумов мислам дека го прочитав за првпат пред некој ден. Доста квалитетен филм и одлична глума, сцената во јавната кујна беше . Кога заврши филмот во салата беше штама, тишина.
Еве еден одбар опис на letterboxd, ''The realest of realism presented outside of the scope of luxury''.
допира.. цела сала штама
Британска драма за повозрасен дрводелец жител на Њукасл, кој по преживеан срцев удар влегува во костец со државниот апарат. На моменти наликува на документарец, веројатно за пореална атмосфера. Филмот на почеток е малку луцкаст, наивен дури има и смешни моменти. Но како се развива дејството, авторот ни ја открива мрачната страна на животот на обичниот граѓанин во немилосрдниот капиталистички систем. Во филмот паралелно ја следиме и судбината на една млада самохрана мајка со 2 деца, која исто така стигнува до дното, благодарение на административните пречки во корист на државата и чија судбина не е ништо подобра од онаа на Даниел. Животни драми во буквален смисол