Darling
High Value
- Член од
- 5 јуни 2009
- Мислења
- 14.201
- Поени од реакции
- 30.387
The age of Adaline
Времето на Адалина е филм за жена што е заглавена во својата 29та година скоро 8 децении, времето минува а таа не старее ни еден ден.
Очекував од филм со вакво сиже многу повеќе. Има потенцијал да разработи најтегобните работи за бесмртноста, какво е чувството да гледаш се како умира околу неа. Тоа што ме разочара е што тој дел само површно го допира.
Наместо тоа се концентрира на љубовна приказна. Всушност, тоа е и главната точка на филмот.
Наместо да ни прикажат зошто Адалина има тежок живот и се изолира од луѓе, имаме 30 минути експозиција и флешбек со нарација.
Претпоставувам дека за романтична драма ова оди чекор подалеку со фејк сајенс, ама едноставно ликот не е добро претставен и не ги гледам неговите вистински страдања за да сочуствувам со него.
Маркетиран е како потешка драма, а е всушност романтична приказна со необични околности.
Можеби поради тоа очекував повеќе и се чувствувам измамено.