Последен гледан филм со кратка рецензија

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
Cloud Atlas (2012)



Многу моќен филм со силна порака. Филм кој ниеден филмски љубител нема да разочара. За целосно да се разбере бара силна концентрација и повеќе кратно гледање. Филмот е долг 3 сати. Актерската екипа одлична. Има мнгоу фрази кои ќе ве тераат да застанете да анализирате.
Перфектно.
10 / 10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.312
Поени од реакции
57.757
Les Misérables (1998)


Во исчекување на новиот филм, решив да го изгледам уште еднаш овој класичен филм кој ми е гледан пред повеќе од 10 години. Велам класичен, иако е од 1998, затоа што е според структурата, саундтракот и ликовите, навистина е „Олд Скул“. Како и во секоја добра класична драма, она што го прави филмот се актерите. Во ова издание на „Клетници“, двајцата главни актери, Лиам Нисон (Жан Валжан) и Џефри Раш (Жаверт) прикажаа врвен перформанс. Глумата а Лиам моќна, доминира во секоја сцена, тој е човекот, тој е авторитетот, секогаш е краток и јасен. Џефри Раш феноменален во улогата на класичен негативец, човек кој живее по код, по правила, и нема намера да покаже ни малку човечност ако притоа треба да ги прекрши правилата. Ума Труман и не беше нешто посебно во улогата на Фантин, како ни Клер Денс (Косет), но и двете пристојно го пополнија сценариото кое беше фокусирано на машките ликови.

Филмот како таков, за сите почитувачи на делото на Виктор Иго, е задолжително четиво.

Не знам дали ќе биде во ред воопшто да се прави споредба меѓу новиот филм (кога ќе излезе) затоа што ќе биде мјузикл и сигурно комплетно различен филм од овој. Горенаведените улоги ги играат Хју Џекмен, Расел Кроу, Ането :love: и Аманда Сеифрајд или како год да се изговара тоа. Она што го гледам како потенцијално лош избор е улогата на Расел, кој треба да глуми негативец, а никогаш не сум го доживувал како таков. Нема фаца, што би рекол еден другар... Но пак, бидејќи е мјузикл, можеби ќе ни понуди нешто поинакво филмот. И се разбира, Ане>>>Ума, тука нема да има промашување.

Но за тоа потоа.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Диригент (2012)


„Диригент“ е третиот филм, после „Остров“ и „Цар“, што го имам гледано од рускиот режисер Павел Лунгин. Пред да го гледам ја видов ниската оцена на IMDb 5,8 што малку ме подзамисли дали да потрошам време на него.
Колку е различен од останатите два филма ако ја земеме во предвид тематиката која ја обработува, толку е и сличен со нив по длабочината и кратките, но издржани реплики на ликовите.

Станува збор за високоценет и почитуван диригент кој треба да го одржи концертот „Страданијата според Матеј“ (инаку музика компонирана од страна на рускиот митрополит Иларион Алфеев инспириран од опусот на големиот Јохан Себастијан Бах) со својот оркестар во Ерусалим. Пред финалната проба диригентот не се појавува, што предизвикува општо чудење кај неговите соработници.
Интересен е односот кој го имаат членовите на оркестарот кон диригентот. Тие чувствуваат кон него огромна стравопочит и се плашат за што било да му преречат или да го прашаат. Ми се чини дека режисерот сакал да ја прикаже и таа уметничка дисциплинираност и строгост која мора да ја има еден човек на кој не му е дозволена ниедна мала грешка. Од таму диригентот на некој начин како да го нема човечкото во себе бидејќи целиот живот го ставил во служба на совршенството на музиката. Целиот сопствен живот, па дури животот на својот исто така талентиран син.
Случката со синот е излишно да се прераскажува бидејќи за неа говорат самите филмски кадри. За да Лунгин го направи тоа попотресно и повпечатливо го избрал Ерусалим и ветената земја.
Убав „шмек“ на целата приказна дава и сликата на денешниот модерен Еррусалим, каде на пазарот во кој се движат туристи, кукавички облечен како ортодоксен Евреин се разнесува бомбашки самоубиец, при што погинува една мајка на две мали деца.
За крај реченица од писмото на синот до таткото диригент:
„Тато извини што умрев. Нема повторно.“

Лунгин има кажано дека треба да се прават „филмови кои болат“. Со овој негов нов филм го отстварил тоа.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
People Like Us (2012)
People Like Us (2012).jpg
Сем конечно по подолго време се враќа дома за погребот на неговиот татко, со кој порано не биле во добри односи.
Тој дознава дека мора да однесе 150 илјади долари на една 30-годишна девојка.
Најпрво тој мисли дека таа му е љубовница на неговиот татко, но кога ќе дознае дека му е полусестра, целиот живот ќе му се сруши над глава и омразата кон неговиот татко станува се поголема.
Си го поставува прашањето да и ги даде парите, дали да и каже кој е тој?
Оцена 9/10
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
Трето полувреме
Покрај цел скептицизам мислев дека не вреди да се погледне мило ми е што го видов и ме убеди во спротивното :)
Како што вели самиот трајлер : Приказна за еден клуб и за една забранета љубов! Во самиот филм има доста скриени пораки , симболка и цел концепт од почеток до крај е феноменален. Самиот поччеток е смешени и тоа доста за потоа да премине во еден сериозен филм со праката која ја чуствувам сеуште бори се за она што го сакаш без оглед на се. Погледнете го ако не сте го гледале најубавиот македонски филм некогаш снимен 10/10
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Killing Them Softly (2012)
http://www.imdb.com/title/tt1764234/



Станува збор за крими драма која се одвива во 2008/2009 година во периодот на почетокот на светската економска криза во некој мал град во САД. Последниот филм што сум го гледал со Брад Пит беше Moneyball и бев презадоволен од овој можам да кажам немам никакви впечатоци.

Се работи за мала група од 3 луге кои решаваат да ограбат локална коцкарница за која се грижи Реј Лиота. Одкако ке го сторат тоа лугето кои ја водат оваа крими огранизација во градот решаваат да им се одмаздат на вмешаните и го повикуваат Брад Пит да ги изврши нивните наредби.

Низ целиот тек од филмот во моменти одат најчесто говори на Обама од текот на трката за председател на САД во 2008ма. Во филмот имаше и дела кој беше преокупиран со безцелни дијалози мегутоа не е толку долг само саат и триесет минута така да може да се издржи.

Од мене добива 6/10
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.501
Поени од реакции
80.591
Dances With Wolves ( IMDB )
Dances With Wolves ( Rotten Tomatoes )



Досега го немав гледано овој филм, заради тоа што ми велеа дека траел 3 часа ( А мене не ме држи место да седам/лежам на креветот толку време ), и го избегнував, иако често се даваше на ЕДО ТВ.
Дејството се случува во 1865 за време на граѓанската војна во Америка. Џон Дунбар ( подоцна именуван како Šuŋgmánit Tȟáŋka Ób Wačhí :icon_mrgr: ) е поручник на армијата на унијата, кој бара место каде што би основал воена пошта со која би им помогнал на своите луѓе во војната. Тој наоѓа една запустена куќарка со езерце среде пустелија и решава таму да се смести. Но по некое време ќе има проблеми со Американските Староседелци ( Индијанците ), кои не го пожелуваат во своја близина. Доста беше од рецензијата, за тие што го гледале филмов, знаат за каква класика станува збор. Додека пак за тие што не го имаат гледано... ВЕДНАШ ДА ГО СИМНАТ И ДА ГО ИЗГЛЕДААТ!!!
Оценката на ИМДБ е 8.0, додека на Rotten Tomateos е 78%.
Јас му давам 10/10 оценка и 100% томатометар :vozbud:


Класика нема што, во еден здив го изгледав филмов :cuc:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Fright Night е римејк на филм од 1985 година. Јасно е дека некој нема намера да ги размрда вијугите и барем да се обиде нешто оригинално да направи. Инаку оригиналот е солиден филм за 80-тите. Не е ремек дело, но секако го има шармот од таа декада, после 70-тите, најдобра за хоророт. Овде, сепак, се работи за спој со комедија (за кого како, според смислата за хумор), па некакви стравови и хорори не очекувајте премногу.
А сега малце за римејкот, а штом се работи за римејк, одма очекувањата ми се помали. И види, стварно со причина изглегува дека е така. Ни Колин Фарел, ни Дејвид Тенант не можат да го извадат филмов од чистата како солза просечност. Досадна вампирска приказна, за која по сите силувања на митот за вампирите, нема никаква причина за постоење. Ова е еден од оние филмови, кои се` почесто се прават, а кои многу брзо ги заборавам. Да беше ептен за никаде, барем по тоа ќе го памтев...
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Compliance (2012)
http://www.imdb.com/title/tt1971352/



Станува збор за инди драма/трилер филм инспириран од вистински настани коа се случиле во повеќе од 30 држави во САД. Филмот не е многу пријател или забавен за гледање сепак раскажува една уникатна приказна и после кој секој би се запрашал како тој би реагирал во слична ситуација.

Филмот се одвива во еден fast food ресторан во Охајо каде една од вработените е обвинета за кражба на пари од клиент. И во ова не би имало ништо чудно доколку не знаете дека наводниот полицаец не е лично присутен туку тоа го прави преку телефон. Се работи за невкусна шега од страна на човек и како неколку луѓе различно реагираат на барањата кои наводното униформирало лице ги поставува од нив.

Солидна драма, би ви препорачал да си погледнете trailer пред да му дадете шанса на филмот од мене добива 6/10
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
The Dark Knight Rises (2012)


Денес е моментот кога се каам што ова чудо не го погледнав во кино. Маестрално! Секој дел е се подобар и подобар! Нема да навлегувам во рецензии и чуда. Секој дел е поврзан со предходните. Имаме една комплексна приказна за животот на Брус Вејн и невозможно е да се долови целосното чувство од серијалот доколку го гледаме само последниот дел. Кристофер Нолан и Ханс Цимер направиле одлична работа. :cuc:
Јас не сум по филмови со многу акција, пукања и елементи на научна фантастика. Бетмен е исклучок.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
Headhunters
Филмов ме изненади тотално ! Норвешка продукција е и ме држеше во неизвесност до последен здив. Имено главниот јунак е човек кој потајно краде уметнички дела се ќе биде во ред додека не дознае дека жена му има љубовник кој е неговата цел за следната задача и тука почнува неговиот кошмар. Освен нереалното преживување од пад во безната филмов е неверојатен 9/10
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.479
Поени од реакции
2.341
The Skin I Live In http://www.imdb.com/title/tt1189073/
Филмот е супер, не за џабе има толку освоено и има толку номинации. Приказната е супер смислена за да го држи гледачот до самиот крај. Шпанска продукција, Антонио Бандерас во главна улога, Педро Алмодовар режисер, што повеќе... Според мене, оценка 8/10.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.943
- One Day

Ема и Декстер се блиски, многу блиски пријатели. Сепак никако да успеат да завршат заедно во пајажината на судбината, која сурово - или не, ќе си поигра со нивните судбини и дваесетгодишната нераскинлива врска, која на крај секогаш ги спојуваше еден со друг.

Ен Хедауеј во главна улога, треба нешто повеќе :love: !? Убав, емоционално турбулентен филм, кој јасно отсликува дека личноста што навистина ни значи во животот треба да ја зграбиме што е можно порано, а не постојано да ја туркаме од себе. Треба да знаеме да си ги растрљаме убаво очите и навреме на прогледнеме во маглата од привидни и темпорарни вредности. 8/10

ПС - Како е можно гугл да не ми извади ниту една слика од неа во темно синиот фустан, на свадбата :mad: ?!... Најубава ми беше на таа сцена.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Se7en (1995)


Ахил и Господ Бог во улога на детективи кои се заплеткани во разоткривањето на еден сериски убиец. Филм од 1995 година. Релативно стар, но успева да го задржи вниманието. Интересно е тоа што има промена од традиционалното завршување на секој филм со ваква тематика кога правдата победува и сите си живеат среќно до крајот на животот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom