Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Strictly Ballroom


Ова е филм на Баз Лурман и е негов прв филм. Дел е од неговата Red Curtain Trilogy (филмови со театарски мотиви), заедно со подоцнежните Romeo + Juliet и Moulin Rouge! . Не е баш непознат филм, дури и кај нас неколку пати сум го начекала на телевизија, иако во Америка немал посебен комерцијален успех. Се работи за Скот, кој е танчер и се натпреварува во аматерските натпревари во танцување во Австралија, но сака да танцува на свој начин и без многу почит за правилата. Неговата партнерка повеќе сака да победи, па затоа и го напушта, по што тој треба да најде нова партнерка. Според жанрот е романтична комедија, но за мене комедијата е поважна и повеќе придонесува за уживањето во филмот, но романтичниот дел се грижи за лесното и убаво чувство кое останува и по завршувањето.
Стилот на филмот е намерно кичест, полн со клишеа и стереотипи, па дури и карикирање на ликовите и се фокусира повеќе на танцувањето и неговата улога во нивните животи. За нив, тоа е најважно, додека нивниот секојдневен живот е ставен во втор план. Многу е интересно како сето тоа е склопено во приказната. Сценариото само по себе е одлично. Доволно е интересно за да го задржи вниманието – времето си поминува, но филмот не губи на интензитет. Сцените течат од една во друга без забележителни прекини. Режијата и монтажата се многу добри. Сценографијата, а особено костимографијата, шминката и фризурите (намерно преовеличени и шарени и кич) се од посебна важност за филмот. Тие се и самите носители на приказната, бидејќи целиот филм е извонредно визуелен.
Музиката е приказна за себе. Песните кои се одбрани се навистина добри за соодветните сцени и одлично ја дополнуваат приказната. Сцените со танцувањето на покривот од студиото за танцување (покрај рекламата за Кока Кола со паљети/шљокици/? :confused: ), сцената со песната Perhaps, perhaps, perhaps на Дорис Деј и завршната сцена се, воопшто, прекрасни филмски сцени.
Филмот во целина е супер и според мене е многу подобар од останатите филмови на Баз Лурман. На IMDb има оценка 7.1, на Rotten Tomatoes има одлични 95% проценти, а на Metacritic има 72/100. Јас му давам 10, а мислам дека пониско од 9 и не заслужува.
Сѐ на сѐ, се работи за лесен филм кој во никој случај не треба да се сфати сериозно и кој на крајот остава убаво чувство, па го препорачувам за оние кои бараат нешто такво.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.391
The Mambo Kings


страшно подценет филм..... на ИМДБ му даваат 6.2 јас би му дал минимум 9....
барем за глумата заслужува многу многу повеќе од 6.2 .. неверојатна хемија меѓу двата главни актери,... на моменти мислев дека стварно и во живо се браќа
правен е по истоимената новела на Oscar Hijuelos (Oscar Hijuelos's Pulitzer Prize-winning novel The Mambo Kings Play Songs of Love)
филмот е за двајцата браќа Цезар (Арманд Асанте) и Нестор Кастиљо (Антонио Бандерас) ..... кои со цел да спасат жива глава од Куба пребегуваат во Америка каде имаат во план да формираат мамбо бенд и да се искачат на нависокиот пиедестал на музичката индустрија во америка - холивуд. да станат богати и славни.. тоа е тоа
во филмот преовладува стпротивноста на ликовите на Нестор и Цезар....
Нестор е композитор, заљубена душа, мирен човек кој не сака слава и богатсвто туку сака само мирен живот и да си има еден мал клуб каде може да си ја свири својата музика... заљубен е цело време во една кучка од куба која го оставила за богаташ и цело време прави една песна за неа, а во меѓувреме е во нестреќен брак со една жена која ја запозна во америка која го сака бескрајно
Од друга страна Цезар е главен пеач во групата.. избувлив, не сака да биде контролиран од никого... оди да го освари својот сон да биде богат и славен (не сваќаќи дека Нестор не го сака тоа)....латино заводник.. сепак ова одењето во Америка го прави за да го заштити братму и да му овозможи светла иднина
во цел филм преовладува мамбо музика.... така да негде го спомнуваат и како мјузикал... ама како и да е добар филм пол со „живот и енергија“
да се гледа во само во опуштена состојба така да дополнително би ве орасположил.. обавезно во друштво со девојка... то е то (прва рецензија ми е ако утнав нешто кажувајте)
оценка според мене 9,7
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
The Dark Knight Rises

Значи сите по 150 денари во џеб и правец кино Милениум, филмов вреди да се погледне апсолутно.



Нолан ѓаволски добро си го заокружил делото. Актерската екипа нема една мана, а читав дека Ен Хатавеј била многу флегматична и не прилегала за улогата и искрено поим немаат критичариве. Девојката си беше одлична, дури не очекував така да блесне.

Бејл, ко Бејл. Едноставно за мене секогаш тој ќе биде Бетмен, макар што се сеќавам на сите други. Бејл е Бетмен, Брус Вејн. Човеков му даде човечна нота на ваков херој, кој не се сеќавам да ја направи Китон.

Што се однесува до негативецот Бејн, ака Том Харди, нема збор дека се надминал себеси. Човекот делува толку застрашувачки, па тоа е неверојатно. Башка кога го гледате на кино екран, сфаќате колку вложил во физичката преобразба, значи качил којзнае колку килограми, се направил грамада, физичките движења му се исто битен детал.

Околу дејствието. Што да кажам повеќе од ИМДБ би било премногу. Едноставно, Брус Вејн осум години живее изолирано од настаните и не сака да се инволвира, додека целиот град гледа на Бетмен како најбараниот криминалец кој го убил Харви Дент. Но, по новата закана олицетворена во Бејн, сакал-нејќел мора да се врати на старата патека.

Туку морам да го пофалам Џозеф Гордон Левит за одиграното. Страшно харизматичен човек и прекрасно си го го одигра ликот. Барем мене ме воодушеви.

Си има филмот и мани: На пример имате неколку клишеа без кои можеби не се може, ама па и може да се одбегнат, има една нејасна сцена која мене барем ми беше непотребна.

Да се разбереме, кога би требало да гласам, вториот дел со Џокерот апсолутно би бил на врвот, но ова е добар начин да се заврши легендата. Убаво најавија, витезот ќе се издигне, а легендата ќе заврши.

Само човек кој ќе го гледа филмот ќе знае што значи тоа.
 
2

~2A

Гостин
Naruto Shippuden: Blood Prison



Од сите 5 филмови ( 6тиот филм ќе излезе август ама 2013 год. :icon_lol: ) ми остави најголем впечаток,па барем да им го предложама,ако не друго на аниме-фановите,што не го гледале.....
Нема потреба да ја гледате серијата,минимално се поврзани сведено на 0,01%.
Значи на почеток Naruto го нападна Raikage што тоа значеше напад врз алијансата и директно праќање во затвор.
Во затворот владее Mai кој при влез во затворот на затворениците им става магија,да не можат да користат чакра.
Naruto како Naruto интересно чоече кое што негово мото е: Never give up! што значи неколку пати го предизвика на борба иако знаеше дека не може да ја користи својата сила,но сепак да си се проба,имаше разбрано дека ако го победи таа магија ќе се изгуби...
Следуваат големи изненадувања при втората половина на филмот,кои што не сакам да ви ги откријам.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
...да не искочи дека само мрчам, да препорачам и по некој добар филм :icon_mrgr:


Drunken Master (1978)

Тек сега видов :P дека режисерот е истиот од мојот омилен wire-fu филм Iron Monkey (1993) , Yuen Woo-ping, кој во Европа и Америка не e многу познат но во Азија е многу почитуван режисер и кореограф (Iron Monkey, Kill Bill, Matrix, најновиот од Кaр Вaи за IpМan, итн.).
А што значи тоа : исто како и во Iron Monkey, одличен хумор - Џеки Чен at his best! (стварно ќе се насмееш а не ко денешниве т.н. "комедии"); кореографија - еден куп интересни стилови, епик борба на крајот нормално; интересни ликови (пијаницата од The King Of Fighters! :) , koj ја играл, знае); и тотално унесување у филмот, ти го држи вниманието цело време и не знаеш кога летнало времето. Само овде нема "летање" со жици, или каскадерски потези по кои е познат Џеки Чен со оглед на тоа дека ова е еден од првите негови филмови. Значи - "чист" кунг фу, и, до сега, најдобриот што сум го гледал од тој жанр и(ли) со Џ. Чен.

П.С. кога го спремале филмов за DVD, на некој дебил му текнало да го издадат со друга англиска синхронизација, нормално полоша. :facepalm: Се наоѓа верзија со првата синхронизација, се помучил некој да ја убаци од VHS у DVD рипот, али заслужува филмов да се помучам малку и да ја побарам оригиналната верзија на кантонски јазик. :)
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Би сакала да препорачам еден постар филм, кој не важи за класика, но е сепак прекрасен пример за успешен филм, филм кој е допадлив за многу луѓе, без разлика на возраста и вкусовите.

Се работи за “How to Steal a Million”, комедија од 1966 година. Главниот заплет на филмот е кражба на скапоцена уметничка скулптура. Сценариото е вешто напишано и со многу остроумни реплики, (иако не нуди некои мудрости, но филмот не е таков). Затоа и не сакам да напишам ниту краток вовед, бидејќи мислам дека ќе ги намали неизвесноста и смешните моменти при гледањето. Особено е добар хуморот низ целиот филм, јас дури и би рекла дека е далеку подобар од денешните комедии.

Во главните улоги се Одри Хепберн (Никол Боне) и Питер О’Тул (Сајмон Дермот). Двајцата с многу привлечни, имаат огромна харизма и се одлични во нивните улоги, особено Питер О’Тул кој супер се снаоѓа во комичните моменти. Заедно се прекрасни и совршено си одговараат. Според мене посебно се истакнува и Хју Грифит (таткото на Никол), чии сцени се премногу смешни.

Режисер е Вилијам Вајлер, кој е режисер и на „Бен Хур“, „Оркански висови“ со Лоренс Оливие и на „Празник во Рим“ со Одри Хепберн. Режијата е добра и не се истакнува со некои посебности. Сценографијата е впечатлива, со многу интересни и визуелно привлечни ентериери и со одлични сцени од Париз. Музиката е на Џон Вилијамс (познатиот филмски композитор), кому ова му е еден од првите филмови (во заслугите на почетокот од филмот е напишан како Џони Вилијамс). Музиката не е посебно добра, но е позитивна и весела и многу убаво ја надополнува приказната. Костимите кои ги носи Одри Хепберн се на Живанши, нормално со примеси од златнaтa доба на париската мода, па се навистина добри (особено црниот фустан кој таа го носи кога се среќава со Сајмон во хотелот Риц).

Долгото траење на филмот (два часа) може да се смета за недостаток, но јас сметам дека почетокот, иако е подолг, одлично ги претставува ликовите и приказната, додека подоцнежната сцена со кражбата е неодоливо интересна за гледање.

Оценката на IMDb му е 7,4, а на Rotten Tomatoes има 100% со просечен рејтинг 7/10 (можеби бидејќи е постар филм и нема многу критики, но заслужува висока оценка). Јас би му дала 9.

Филмов е лесен, смешен и интересен и од сè срце го препорачувам.

how to steal a million.jpg
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
The Lucky One - http://www.imdb.com/title/tt1327194/

Според книгата на Николас Спаркс во која еден маринец ја завршува својата мисија во Ирак, и се враќа во Луизијана за да ја пронајде непознатата девојка на сликата која што ја наоѓа во војната и тој верува дека таа му го спасила животот.
На имдб има 6.1 оцена а од мене има 9ка.
 
G

grande-juve

Гостин
Ikiru (1952)



Поентата и пораката на филмов дека животот е краток, да не го трошиме во празно, да помагаме, да се смееме, да оставиме нешто позади нас, ја има во многу филмови, ама во Икиру (да живееш) е пренесена на маестрален начин, ќе плачете и ќе се смеете со главниот јунак. За содржината не сакам да напишам ништо, сами ќе си видите кога ќе го гледате :), а мора да го изгледате ова ремек дело на Куросава. После 10-ката за Dersu Uzala, уште една чиста 10-ка за Ikiru.
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Даjте бре нешто асално предложете... ко старци да се зад форумов се некои филмови од Адам и Ева...
Ајде да одговорам на предизвиков со првиот филм кој ми падна на памет, една француска комедија. Не е стар филм, од 2010 година е. Не е комерцијализиран доволно на американската сцена (иако структурата му е повеќе како типичните американски романтични комедии), но дефинитивно заслужува да биде погледнат. Се вика L’arnacoeur – што е игра на зборови од францускиот збор arnaqueur-измамник, но делот –queur е заменет со зборот coeur-срце, па слободен превод би бил измамник на срца или нешто слично. На англиски е преведен со Heartbreaker (срцекршач).

Се работи за Алекс (го глуми Роман Дурис) кој е професионален прекинувач на љубовни врски. Го најмуваат оние кои сакаат некоја нивна блиска роднина или пријателка да прекине некоја врска со некој кого тие го сметаат за недоволно вреден за девојката, но таа не е свесна за тоа. Алекс работи со сестра му и нејзиниот сопруг и имаат навистина вешти методи на работа, но и свои правила кои никогаш не ги прекршуваат. Кај нив се обраќа и таткото на Жулиет (која ја глуми Ванеса Паради). Оттука почнува главното дејствие.

Сценариото е можеби најдобрата страна на филмов (покрај глумата), полно е со извонредно комични моменти, а и текот на настаните е доста брз, па филмот воопшто не е досаден. Режијата е одлична за ваков тип на филм. Музиката е карактеристична за овој вид на филмови и е сосема добра. Роман Дурис и Ванеса Паради се фантастични во нивните улоги (особено Дурис) и ситуациите во филмот кои сами по себе може да делуваат малку чудни или сурови, баш поради нивната соодветна глума делуваат смешни. Двајцата одлично си прилегаат заедно и нивите заеднички сцени се многу интересни.

Оценката на IMDb му е 6.8, а на Rotten Tomatoes има 69%. Metascore-от му е 59. Мојата оценка е 8,5.

Филмот е одлична комедија, па затоа и го препорачувам.

larnacoeur-c02.jpg
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Dead Ringers (1988)



Прво морам да кажам дека поради автентичниот иновативен превод на македонски „Проколнати браќа“ го најдов филмов пребарувајќи ја цела кинематографија на Кроненберг. Браво за Алфа!
Ликовите во филмот се направени генијално. Тоа се двајца близнаци, кои живеат како една личност со тоа што едниот го претставува Идот, а другиот Суперегото. Вака надополнувајќи се себе си, го немаат оној проблем на конфликт помеѓу двете.
Кроненберг успеал да ја објасни психата на човекот многу полесно од останатите делејќи ја во две личности. И пропаѓањето на истата поради конфликт на мотиви, криза на индентитет, немање автономност...
8/10
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
God bless America



Многу од вас сигурно ќе се препознаат во ликот на главната улога, на секој од нас некогаш им е дојдено преку глава, на секој од нас му пукнал филмот од глупоста на луѓето со кои живееме... токму главната улога сака да го направи светот, а најмногу од се околината во која живее подобро место за живеање, така што ќе почне еден по еден да ја убива глупата маса луѓе, луѓето кои не се придржуват до некои основни правила и немаат почит кон никој, а и луѓето кои имаат многу грешка мислења, луѓето кои се злобни, кои исмејуваат други луѓе и се смејат на нивните недостатоци, а имат големо влијание врз глупата маса луѓе... така што секој ден се повеќе тие стануваат дел од нашите секојдневни разговори со пријателите или колегите на работа... стануваме робови на интернетот, телевизијата, радијата, т.е. преку нив забораваме на нашите лични проблеми и главна тема на разговор се токму тие славни личности, кои само пречат на околината. Сигурно и на нас ни доаѓа некогаш да се ослободиме на било кој начин од личностите кои секојдневно не нервираат, а немаме муда за да го сториме тоа... можеби изгледа лесно изводливо тоа на филмот, али сигурно ни од блиску тоа не е толку лесно и во вистинскиот живот. :)
8/10
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
http://www.imdb.com/title/tt0368226/

OH HAI KAJGANA

Тhe room.Филм кој од својата премиера во 2003 па до денешен ден крева многу прашина зад себе,филм со неверојатен култен статус,филм кој има се поголема публика,филм пребогат со материјал за Internet memes до крајот на времето.

За овој филм сепак немаше воопшто да чујам да не беше рецензијата на Даг Вокер повеќе познат под прекарот Nostalgia Critic,можеби најдобрата рецензија во поново време.


Штом го изгледав видеото си реков дека морам да го гледам ова чудо од филм.Ја симнав Rifftrax верзијата(цел филм е исполнет со шеговитите коментари од Rifftrax) ииииииииииииии...................зажалив.Ама истовремено и не.

Општо опишано The room е драма/трагедија,приказна на Џони,лик глумен од Томи Васо,човек вработен во банка кој дава се од себе за да ја усреќи својата девојка Лиса,но Лиса е незадоволна од Џони и почнува да го мами со неговиот најдобар пријател Марк.Океј,ова звучи како типичен љубовен триаголник но од кај да почнам?

Томи Васо.Тој е комплетниот автор на филмот.Тој беше главниот лик,го напиша сценариото,го продуцираше и режираше филмот.Целиот филм едноставно вришти од Томи Васо.А кој е Томи Васо?Никој не знае ништо за него.Типот е целосна мистерија па најмногу што можеме да нагаѓаме е дека доаѓа од ФранцоСловачкастан.


Но баталете минато,она што го чини Томи Васо да биде.......па........Томи Васо е неговата страствена глума.Мислам,видете ја оваа сцена.


Aко мислете дека Џони Деп,Роберт Дауни Јуниор,Кристијан Бејл и др. можат да го изведат ова подобро,think again.

Да не биде само Томи заслужен и другите се погрижија нивните улоги да бидат што помаестрални.


Дали наркодилерот е актер или вистински наркодилер барајќи си ги парите што му ги дал на Дени за снимањето на филмот никогаш нема да дознаеме.

Филм каде дури и наизглед безначајните ликови како кучето во цвеќарата или шишето во оh hai mark оставаат таков перформанс да те остава без здив.незаинтересираниот поглед на кучето,начинот на кој шишето гневно се оттргна од рацете на Џони и тресна на земјата....priceless.



Филм кој во една сцена содржи повеќе легендарни цитати од било кој класичен филм,а многу режисери би убиле и родена мајка само за да барем еднаш во нивната филмска кариера снимат филм со премногу легендарни цитати.


Филм чии реплики се искористени во многу популарни филмови и благодарение на нив се многу подобри.Не ми верувате?Видете како изгледаат Star wars со гласот на Томи Васо.Дефинитивно подобро од Star wars приквелите.


Или пак во The dark knight.



Имам уште многу да ви кажувам за филмот,но за тоа ќе ми требаат денови,денови,денови....па затоа најдобро би било самите да го погледнете The room.You have to see it to believe it.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Pandorum 2009



http://www.imdb.com/title/tt1188729/

Пар членови на екипажот на вселенскиот брод се разбудуваат без знаење за својата мисија и нивните идентитети.
Инетересно sci-fi филмче, со одлична приказна, филмов ќе ви биде интересен до самиот крај, од мене има чисто 10че за одличната приказна...
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Не сум прочитал до сега кратка рецензија, или критика за некој македонски филм. Не сакам да ме сфатите дека сум нешто патриотски настроен, и дека треба да се зборува и да се гледа македонски филм, но со оглед да за време на Охридско Лето, имаше бесплатно прикажување во Дом на Култура „Глигор Прличев“ - Охрид, по повод 60- години од неговото настанување, ви го претставувам „Фросина“.

Знам дека повеќето од вас можда и го гледале, но ете да се напраи редот :) ....

Фросина (1952) http://www.imdb.com/title/tt0179818/
Режија: Воислав Нановиќ
Улоги: Мери Бошкова, Ацо Јовановски – Снагата, Љупка Џундева, Илија Џувалековски, Петре Прличко и други.



Имајќи го в предвид фактот што филмот „Фросина“ е првиот македонски игран филм, треба кон него да се гледа со особено внимание, без при тоа да се имаат илузионистички очекувања.

„Фросина“, според сценариото на нашиот истакнат писател, стружанецот Владо Малески, е филм за мајката и жена Фросина, која борејќи се со духот на времето во кое живее, архетипски го изразува, од една страна тешкиот живот на ќената и мајката од немирните времиња пред и во време на Втората светска војна. Од друга страна пак, имајќи ја в предвид околноста што за сценариото е одбран текстот на Малески „Повест за Фросина и синот“, кој сам по себе и не претставува некаков сиенастички фимски квалитет, театралноста, театарскиот пристап и патетиката на глумата од страна на главните протагонисти во филмот (особено Мери Бошкова), предизвикана од еуфоријата при остварувањето на возвишената цел – прв македонски игран филм; овој филм и тоа како добива на значење со тоа што филмувано ја одразува реалната патетика на реалните околности и судбини на мајката и жената во споменатиот период.

Филмот, практично, како на „Разбој“ ја извезува приказната за Фросина (Мери Бошкова), која што уште како млада девојка, во време на нејзиното „давање збор“ пред својот иден сопруг – Крсте (Томо Видов), ја прифаќа и голтнува објективната неизвесност што е ставена пред нејзиниот живот, и тоа не како симбол на животен тест, ами како објективна нужност да се чекори кон очајниот и апсурден безизлез, кој што е наметнат како товар над нејзиниот млад живот. Се чини дека физичката наведнатост и грбавост на Фросина во филмот, не е од прекумерниот физички напор, ами стои како симбол на една излитена крепост која надежно чекори кон никаде. Таквиот безизлез и носи само смрт и отсуство, дури и во моменти на јалова надеж за сочувување ма животот на нејзиниот млад и невин единствен син Климе (Ацо Јовановски – Снагата).

Она што е највпечатливо во филмот, но не од аспект на перформансот на актерите, сценариото, режијата и едноставната театарска сценографија, е поклопувањето на судбината на Фросина, со секојдневната жена и мајка на тлото на денешна Р.Македонија во периодот пред 1945 година. Тоа поклопување и претставување на судбините не е површно, туку е приказ на безмисленото уништување на надежта во полза на потрагата за идентификација и персонификација на психолошкиот модел на ИД-то и Суперегото на мајката во поколенијата чија иднина е маглива и неизвесна.

П.С. На прикажувањето на филмот, во кино салата, а подоцна и во изложбениот салон на Домот на Културата, присутни беа Ацо Јовановски - Снагата и Љупка Џундева.

Си ќарив автограми :) ...

 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.331
Поени од реакции
6.236
Pan's Labyrinth или ако го глеате на македонска телевизија(било која) Лавиринтот на Пане :)


Прекрасен филм, на шпански јазик е, режисер Дел Торо, оценка едно солидно осмиче за филмчево.

Генерално филмот испреплетува две приказни во една, во едната, претставена на самиот старт, Кралот на светот(шумата или како беше) кој живеел под земја, имал ќерка единица, е сега на ќеркава и се здосадило подземјето, и избегала надвор, арно ама не знаела дека сонцето ќе ја уништи, и така умира на отвореното небо. Но нејзиниот дух преживува, и бара шанса да се врати назад. Вториот дел се случува во Шпанија во ерата на владеење на Генерал Франко. Самохрана мајка, премажена со едно дете и веќе трудна со друго. Второто дете со кое е трудна е на еден капетан на армијата на Франко, кој се наоѓа во подножјето на планината бркајќи револуционери, мајкава, трудна 8 месец заедно со малата ќерка одат кај Капетанот(новиот маж на мајката) за детето да се роди во негово присуство. Тука Фаунот или Pan(незнам на наш јазик како го преведуеме) ја наоѓа малечката и и тврди дека таа е принцезата, сега девојчето треба да исполни три теста за да го докаже тоа.

Тука почнува целиот заплет на приказната. Филмов е како што реков на шпански јазик, а преводот на англиски е пишуван лично од Дел торо, поради тоа што многу се грешавале во преводот американците. Филмов е многу повеќе од подземни чудовишта и детски приказни, ја се истрчав за фаунот, мислев дека ќе има такви митски суштества, ама уствари повеќе е фрлен осврт на луѓето и нивните проблеми, маани, надежи итн.
Вреди да се изгледа филмот!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom