ТОП 100 Најдобри филмови од декадата 2010-2019 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
12. PRISONERS (2013)
Denis Villeneuve

12.jpg 12.gif
Одличен, одличен филм. После подолго време еден крими/трилер кој ја држи неизвесноста и барем овој пат не погодив на сред филм кој е убиецот. Според приказна не се истакнува со ништо посебно во однос на други трилери од ваков тип. Според глума, само Mystic River е тука некаде. Фантастична актерска екипа, максимално одработени улоги, секоја чест.

Да одам ред по ред и кратко: приказната е видена многу пати, киднапирање и трагање по негативецот. Но не е во стилот на Liam Neeson, нема да гледате акција, бомби и експлозии, туку ќе гледате низ што поминуваат семејствата и како несреќата ги менува луѓето од корен. Тие што ја гледаа The Killing знаат за што зборувам. И да, врне и овде повремено.

Хју Џекмен после филмов, ако некогаш имаше некакви сомневања, сега и дефинитивно влегува во топ 5 машки актери на мојата листа (Останатите се Ал Пачино, Роберт ДеНиро, Едвард Нортон и Ентони Хопкинс). Значи човекот е невиден професионалец кој се жртвува за улога. Ова ќе ви стане јасно уште по втората/третата сцена кога е го видите блед, ненаспан, исцрпен, и знаете дека многу мал дел од тоа е шминка. Ова му се најдобрите години и се плашам дека ќе го одмине Оскарот кој го заслужува затоа што секоја година има одлични улоги. Мариа Бело и Виола Дејвис за минутажата која ја имаа беа одлични во улогите на мајки кои се скршени од загубата. Филмот патем трае прилично долго и не ќе беше лошо тие две да имаа повеќе сцени на сметка на нешто друго. Теренс Хауард многу го почитувам од улогите во Crash и The Ledge и ова беше улога како створена за него. За Дони Дарко нема да јадам бурек многу, мислам дека можеше многу подобро ама ок.

Ми се допадна некои сцени на почетокот а и подоцна во кои дијалозите се многу поблиску до нешто што реално би зборувале луѓе, не фенси дијалози кои течат како подмачкани туку нормален муабет. Може да се најдат доста забелешки во содржината како и при секоја истрага но нема некоја посебна причина за претерување. Освен сцената со змиите, пошто Дарко стварно се понашаше како да има мачиња околу него.

Реков веќе, не е така динамичен посебно при крајот, предолг за ваков тип на филм во секој случај. Но кој чека ќе дочека, и тука би сакал да го мотивирам wot да издржи:
Prisoners:cuc:
Viola Davis, Melissa Leo, Terence Howard :cuc:
Maria Bello:cuc::cuc:
Hugh-fucking-Jackman :cuc::cuc::cuc::cuc:
Jake може многу подобро од ова, ама далеку од тоа дека беше лош

Имаше 1-2 Холивуд сцени, малку повеќе трае од шо треба, ама атмосферата, сценариото и посебно глумата беа перфектни.
Од годинава шо иам изгледано најдобар филм е, Хју тешко да земе Оскар иако го заслужува, растури на два-три пати кога беше у сцена со Дони (овде посебно, инаку цел филм растури он)
9/10
Prisoners е супер филм, иако приказната не беше нешто уникатна, камерата и глумата на ептен високо ниво. И така...
Prisoners... :cenzura: eднаш мрднав, 2-3 пати воздух земав..
Ќе се збори долго за филмов. Уште сум под импресии. ИМДБ дава 8.1, од мене една јака 9-ка. Во добар дел од филмов е супер-тензија и вистинска заслуга да добие опис thriller. Како за американски стил одлично пренесени емоции и фантастична глума на целата екипа. Генерално збор е за две киндапирани девојчиња и истрагата...........ќе ја расипам приказната ако давам детаљи, симнувајте го и гледајте го без двоумење.
Inache Prisoners mi izgledashe kako dobro sklopena meshavina od Zodiac i The Lovely Bones so poedinechni originalni idei kako i najbitno sto tenzijata se osekjase niz celiot film. Jas mu davam 8.5/10 radi toa sto vo zavrsniot del na filmot(kako sto kaza i psyside) se osekjashe deka reziserot/producentite/scenaristite ne sakale da trae filmot 3 i kusur sati pa imav chustvo deka ubrzano go dovedoa raspletot na dejstvata.
Супер филм е, одличен заплет има, филмот е убаво склопен, има тензија, добри сцени и слично. Ми се свиѓаа сцените со Келер и Алекс, на тоа како филмот може да те натера да размислуваш дали се исправни постапките на Келер или не.
Prisoners :cuc:(y) Одлично филмче, одлична глума. 8/10
Само што го изгледав Prisoners. Одамна не сум гледал толку напнат филм. Не станав од стол 2 ипол часа, значи кај мене го постигна ефектот. Глумата е на врвно ниво, не можам на филмот да му најдам никаква забелешка... ми се свиѓаше и расплетот, ги читав коментарите поназад и не се слагам дека крајот не беше на ниво на целиот филм. Мене ме држеше до последна минута. Све супер :icon_mrgr: да не оставам спојлери затоа што филмот лесно може да му се расипе некому...
Prisoners прејак,во тензии бев од почетокот до крајот,јаки пресврти,солидна глума,8.7 :)
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
11. BLADE RUNNER 2049 (2017)
Denis Villeneuve

11.jpg 11.gif

„Blade Runner 2049", изгази. Очекуев срање, али Дени си ја завршил работата перфектно.
Blade Runner 2049 - почиста 10-ка немало одамна.
Океј. Го гледав филмот вечерва. Кога почнаа да излегуваат информации за филмов одма скептично реков не, тапа ќе направат нека не чепкаат боље. После кога излезе дека Рајан Гослинг ќе биде новиот мадафака против репликантите, реков ок, може нема да усерат толку. После излезе првиот трејлер, изгледав 30-40 секунди и го исклучив, викам ова изгледа сериозно, ај да не гледам понатака да не имам превисоки очекувања.

Рајан Гослинг е перфектен за улогата, не ми текнува кој би можел друг место него, ликот му е скроен за оваа дистопија. Женскиот дел од актерската екипа мислам дека беше солиден, мислам дека др. Ана (Carla Jury) требаше да има повеќе минути во филмот. Џаред Лето исто сметам дека требаше да добие повеќе време во филмот. Многу интересно однесување имаше неговиот лик, не можеш да процениш дали се работи за актер од крв и месо (разбирливо таква и улогата му беше де) или CG направен карактер во некој софтвер, такви му беа движењата на главата особено, нешто што било веројатно планирано и овој го извел одлично.

Приказната на филмот не забегува премногу од оригиналот, отвара некои нови прашања и моменти, убаво се објаснуваат работите, ако не сте го гледале првиот веројатно многу потешко ќе ги разберете, затоа препорачливо е да се гледа кецот за да нема забуни. Пример во овој е накратко прикажано како ги креираат всадените мемории, нешто што во кецот го немаше. Не спомнаа за времетраењето на новите репликанти и како ги направиле поусовршени, тоа ми е нешто што ми фалеше како инфо. Немаше префорсирани сентименталности со кецот и обид за одржување стара слава, Харисон си го имаше својот удел во филмот и тоа си беше океј направено, заедно со неколку сегменти и потсеќања од кецот, умерено.

Музиката е топ и во овој филм иако ја преферирам повеќе онаа на Вангелис од кецот, fuckin epic. Али и овде саундтракот е одличен, супер е поклопена музиката со кадрите, особено ми остана во глава сцената кога Кеј влегува во радиоактивната зона (портокаловиот дел од градот) и почнува музиката да удира тензично како што се движи он полека и гледа што останало во оваа зона.

Најмногу впечаток од се' ми оставија веројатно кадрите, боите и целата атмосфера. Има разлика од сф до сф, од акција до акција, овде не знам дали имаше сцена што не ми се допаѓа како е направена и изведена. Кадрите во кинескиот кварт се многу слични накај идентични со оние од Блејд Ранер кецот и тоа ми се свиѓа ептен, сакав да ја задржи таа олдскул атмосфера од првиот филм. Кадрите од градот исто потсетуваат на оние од кецот иако тука многу понапредно направени и поопширни. Многу кадри и од сцените што се одвиваат внатре се перфектни, во однос на сенките, бојата, светлината, Вилнев и екипата завршиле одлична работа. Во филмот преовладуваат портокаловата боја, сивата исто е многу присутна и некои плавкасти варијанти. Овие бои ми будат доста тешко, депресивно дистописко расположение, какво и што треба да биде присутно во филмов.

Мислам дека е еден од најдобрите сф филмови направени во последните години. Мене лично ми е најдобра научна фантастика од кога го гледав Интерстелар навака. Топло го препорачувам филмот на сите што сакаат повеќе од само пукање вратоломија и fuckin суперхерои (машината за штанцање пари на Холивуд), филмов има нешто повеќе, има тежина, има тензија, има потенцијал да го следи култот на првиот. Мислам дека ако првиот ви се допаѓа ист ќе биде случајот и со овој. За некои маана ќе биде времетраењето негово, трае 2 часа и 45 минути, не е малце, али јас не видов ич тежина, сите минути ми беа интересни. Можеби би го скратил за 20тина минути максимум (и тоа е премногу скратен материјал за било кој филм), но не повеќе. Не би сакал скоро да прават продолжение ново, можеби за 20-30 години ќе биде таман :)

8/10 или 8.5 ако треба со половинки :)
Ова е многу висока оценка по мои стандарди, 9ки и 10ки многу тешко давам.
Одличен филм, Blade Runner 2049. Еден од ретките каде продолжетокот е подобар... Не очекував многу, првенствено пошто нели - чест на исклучоците ама продолженијата по правило се срање. Потоа Рајан Гослинг не го љубам, и (пошто избегнувам рецензии од било кој вид пред да го гледам филмот) и не знаев ни дека Ридли Скот не е режисерот. После Прометеј не би сакал да го усере и овој продолжеток (со тоа што таму проблемот беше првенствено во сценариото, но Ридли и таму бил вмешан).

Но како што реков, филмот беше одличен. Признавам дека пред да го гледам филмот згрешив во мислењето за кастингот, Рајан Гослинг е таман за улогата (сега не можам да замислам посоодветен актер од него, за таа улога). Режијата е добра, Вилнев сосема го доловил духот и атмосферата на светот од оригиналниот Блејд Ранер, и во комбинација со доброто сценарио сцените се така добро направени и покажани да смо психопат не можел да почустува емпатија кон ликовите на главните јунаци. А тоа е една од главните причини зошто гледаме филмови, нели?
Всушност мислам дека Blade Runner 2049 сигурно ќе биде во топ3 или топ5 филмови на деценијава... И не само заради тоа што во последно време искачаат тешки срања од филмови, со неверојатна доза на хајп. :-/
Заљубена сум во овој. Не знам дали во филмот или во Гослинг. Може во двете. У секој случај филмов ми беше феноменален, не знам да кажам дали беше подобар од оригиналот објективно гледано, ама јас повеќе уживав во овој, и поинтересен ми беше, и повеќе ме држеше, и музиката многу повеќе ми се свиѓаше. Беше далеку посодржаен од оригиналот исто така, и некако од секој аспект подобар, многу убава работа си има завршено режисеров од Arrival и се очекува во иднина да снима уште подобри и уште поголеми проекти. После Ковенант, среќа што се повлече Скот од режисерското место, доста му е една усрана франшиза.
Овие три горенаведени филмови очекувам да се вртат во повеќето категории не само во оваа покрај тоа што имаат top notch: режија, сценарио, музика, кинематографија и се друго впрочем, па ќе биде тесно меѓу нив и во другите категории.
Откако го изгледав Blade Runner 2049 дома, никогаш нема да си простам што не го гледав во кино. Ти ибам и обврски и патувања и се. Titaniс 3D оди во кино 100 години откога е правен, BR за 2 недели фалачаопријатно :facepalm:.

Ремек дело, секвел достоен на оригиналот. Вилнев нема утка, број 1 во Холивуд. Култот продолжува, фала ти Ридли што не го поеба и БР. Ај за утеха, барем 4К БлуРеј ќе излезе во Јануари.
Blade Runner 2049 е ремек дело
Фантастичен филм .....
Blade Runner 2049 ми е мене најдобар филм за 2017. Има се што барам од еден филм, одлична глума, добри звучни ефекти и ненормално добар сетинг и атмосфера.

Многу ми е криво што не го изгледав во кино. Неверојатно како продолжеток од филм може да биде на ниво на оригиналниот, ако не и подобар.
Колку ми е криво што толку добар филм ко Blade Runner 2049 не го гледав во кино
И мене ми беше мака дека не го гледав на кино. После ми текна дека на факултет имаме кино, па го гледавме вечерва со колеги :D

Визуелно, спиритуално, егзистенцијалистичко, секакво искуство е. Мислам дека е (т.е. ќе биде) најважниот филм на оваа декада. Неверојатно.
Blade runner 2049-Мрачна симфонија на неограничено совршенство.
Od vizuelen aspekt, Blade Runner 2049 e daleku daleku pred prviot del i tuka nema mesto za diskusija. Atmosferata odlicno odgovara na edno distopisko opstestvo. No, kako da imam vpecatok deka fali malku, malku poveke prikazna vo vtoriot del. Nesto posebno ne se privrzav emocionalno kon karakterot, mozebi deka Gosling, i mozelo podobro od nego u sekoj slucaj. Samo koga pravam paralela megu dvata lika, negoviot, i na Ford, odnosno Dekart- vo prviot del... Dekart gazi tamu :)

Prviot sum go gledal, i ke go gledam - uste desetina pati, 2049, hm, moze maks uste ednas, radi vizuelnoto majstorstvo, atmosferata i saundtrakot.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
10. THREE BILLBOARDS OUTSIDE EBBING, MISSOURI (2017)
Martin McDonagh

10.jpg 10.gif
Убав филм е Three Billboards и покрај очајниот наслов :)

Приказната е интересна и необична, а допадливи се и ликовите. Добра драма со суптилен хумор
Одличен е, одлично изрежиран, баш ко секој пазл да си е на место! Глумата - партали, од сите до еден. Френсис Мекдорманд и Сем Роквел особено. Очекувам тие да се најсериозни кандидати за Оскар за главна женска и споредна машка улога.
now we're talking. Оригинална приказна, одлична глума и најважно филм со порака и поента. Нема да ми биде воопшто криво доколку го земе оскарот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
9. LA LA LAND (2016)
Damien Chazelle

9.jpg 9.gif
Damien Chazelle со нов погодок после Whiplash, едвај му го чекам наредниот.

Прво за музиката, си има вкус очигледно. Џезот е закон, песниве супер, а главнава нумера City of Stars тотално погодена, сигурно ќе испособере награди.

Танцувањето, е тука можеби малкуцка повеќе очекував. Гослинг и Стоун како да танцуваа со разум, се приметуваше дека мислат на чекорите и не се опуштаа скроз до крај, за разлика на пример во постариве мјузикли, посебно Фред Астер и Џинџер Роџерс каде што се глеа дека танцуваат со срце, без мислење. Далеку од тоа дека изгледаше лошо или слично, туку само малку сум пребирлив.

Приказната, задоволен и од неа. Иако е омаж за класичниве мјузикли(па и на класичниот холивуд), сепак приказната беше покомплексна од што би се очекувало, па и без класичeн хепи енд, самиот крај дури и е тажен/депресивен, али одговараше.

Режија:cuc:/монтажа:cuc:/кинематографија:cuc:, е тука беше најголемото уживање. Вистинска магија. Прекрасни бои. Убаини од кадри. Имам собрани бонус поени за бесплатна карта, и веројатно ќе отидат пак на филмов за пак да си исплакнам очи.

Единствена слабост освен тоа со танцувањето, е дека едно време при крај ко да застана малку филмов да земе воздух. Така и приказната налагаше али.. а можда и вредеше зашто последните 100 метри беа ко Болт да трча.

Важно севкупно одличен, деновиве и второ гледање ќе има па ќе видиме дали ќе се смени нешто. Damien Chazelle си удрил свој печат, не е рециклажа на стари добри работи, што за жал е тренд во последно време.

8,5/10
Опиши го со еден збор La La Land?
-Магичен!
Толку, wow какво совршенство од филм!
Стварно е магичен La La Land, само не знам дали ќе биде култен. Времето ќе покаже. :)

P.S. не го гледајте сами. :D
Whiplash беше добар филм, да, но La La Land за мене е скалила, скалила погоре. Многу позрело, поцврсто, покомплетно остварување. Рече Шазел, или некој од продуцентите, не се сеќавам, на доделувањето на Глобусите - пред да почне да се снима филмот, кога ќе кажеле дека намерата им е да снимат оригинален мјузикл сместен во Лос Анџелес им се смееле и ги правеле луди заради фактот што темите во мјузиклите се до таа мера исцрпени, што било незамисливо да се направи нешто ново, што не е веќе видено. И успеале! Шазел е магионичар, дефинитивно. А La La Land за мене не е најдоброто само од 2016, туку едно од најдобрите филмски остварувања во новиот милениум.
Баш La La Land е филм што би се памтел со години, за разлика од некој други филмови што освоиле Оскар досега. :D
Јас бев скептик за La La Land, ама еве уште ми вртат кредитите и сигурна сум дека ќе го репризирам уште безброј пати. Вакво нешто се доживува на кино, ама Струмица нема кино, Битола нема аеродром, Скопје има аеродромци по тренерки.

Не сме дораснати да го критикуваме. Филмот е полн погодок и за широката публика и за оние со софистициран вкус. Жанровски воопшто не сакам мјузикли, ама ова... :cuc:

Алал.
Колку и да си скептик за мјузикли.... идејата, концептот и егзекуцијата на La La Land се неверојатни.

Сето дрхтање, спам и реклами за филмов се на место. Шазел има скоцкано генијален бајкаст наратив составен актери кои изглумија за кариера, содржајна тематика, одличен музички избор и колоритен сет во позадина кој носи емоција до секоја публика.

Во модерната ера на филмот, овој ќе е еден од тие што отскокнуваат.

9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
8. GREEN BOOK (2018)
Peter Farrelly

8.jpg 8.gif
Green book ми е одличен.
Прво, не е типично црнечки филм за нивната голгота и не се вади на тоа како филм. Ако ја гледаме пошироката слика, мислам дека секој ќе се пронајде во поентата на филмот.
Второ, многу фино скоцкано. Сите драматични и комични елементи се супер комбинирани, за два саати филм држи внимание.
А пак глумата е феноменална. Се надевам дека и двајцата ќе бидат номинирани, али Виго го носи филмот. Уживав дур го гледав, човеков може ја има најдобрата улога досега.
Се на се, филм за душа.
Најдобар ми е досега од овие што целат за награди, ќе видиме дали некој ќе го надмине.
Green Book ОД-ЛИ-ЧЕН! Знам дека ќе "ве болат очи" многумина и од него, кого ради клишеата, кого ради обесправени-црнци-wise приказната, ама who cares. Јас уживав во секое можно клише и во секоја секунда од обесправени-црнци-wise приказната. Филм кој што во секој момент знае што сака да биде: смешен кога треба да е смешен, поучен кога треба да е поучен, да топли срца кога треба да топли срца... Филм за еден чуден road trip кој влева надеж дека и најнеспоивите два света може да создадат врска која трае доживотно. Една работа што не ми се допадна е што многу малку дознавме за животот и делото на Дон Ширли, но ова не беше типичен биопик, па веројатно и не беше толку важно. Остатокот - чиста десетка од мене! Bohemian Rhapsody знам дека не може, па ова е мојот нов фаворит за Оскарот.

Педери стоп. Хомофоби стоп. Расисти стоп. Скринеромрзачи стоп.
Green book одличен. Може комотно да лапне оскар за најдобар филм, главна и споредна машка улога. Тука само Виго може да киксне поради Малик.
Иако е преполн со клишеа и стереотипни ситуации, Green Book е убаво возење. И буквално и метафорично. Повеќе го доживеав како feel-good Божиќен филм кој повремено се занимава со расистички предрасуди. Ако се тргне настрана предвидливоста и ако му дозволите да ве намами со убавиот пријателски однос што го развиваат Виго Мортенсен и Махершала Али ќе си овозможите добро филмско патување. Двајцата перфектни во своите улоги, имајќи предвид дека е работен според вистинска приказна хемијата меѓу актерите е и те како важна. Али во улога на префинет пијанист, а Мортенсен „сељак“ со вулгарни навики, наликуваат на современи Дон Кихот и Санчо Панса чиешто пријателство се чини невозможно, но изгледа дека поместува граници. Мортенсен има силна конкуренција, но се чини дека Али има најголема шанса во категоријата најдобар актер во споредна улога.
мој фаворит ќе ми биде Green Book, кој е веќе виден филм што не нуди нешто ново(шо уствари не е ни важно), ама има огромно срце, одлична глума, ликови кои прираснуваат, за мене погодени дози на хумор и драма и ме погоди скоро секаде каде што целеше
se osekam vinovno sto mi se dopadna green book

sve sto prai e pogresno, ama go prai naivno i dopadlivno, kako navistina bez agenda i izgledase slatko i so srce, a i dvajca neverojatni akteri... ne sakam vakvi oscar baits da tepaat, ali nema da se bunam ako
Ова да, ептен ми се допадна, топло feel good филмче и ептен шармантно. Една комплицирана и тешка тема пренесена на емотивен и забавен начин. Филм за секоја публика и таман за оскар пошто секој може да ужива во него. Без претерана драма, на забавен начин те тера да сочуствуваш и да се грижиш а сепак и да се забавуваш. Двајца радикално различни ликови, еден црнец и еден белец поцрн од него толку убедливо пренесени од Виго и Mahershala Ali дури и шокирачко за мене за вториов пошто изгледа ептен го потценив. Маестрална изведба од двајцата...

Иако на прв поглед звучи како класична холивудска драма за расните проблеми во Америка и поттиснатите права на црнците што нема ништо ново да раскаже, сепак е нешто повеќе, подлабоко и подобро од тоа и заслужува шанса со гаранција дека на секој ќе му биде по вкус... Филмот има и душа и тело и карактер и се.
Green Book e ремек дело. Типичен оскаровки филм и еден од најдобрите што сум ги гледал кои ја обработуваат темата расизам 9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
7. DJANGO UNCHAINED (2012)
Quentin Tarantino

7.jpg 7.gif
Си гласав и ќе навивам за Django Unchained, но не верувам дека овој ќе победи. Типичен Tarantino филм со многу крв, креативност, ексцентрични ликови, интересна костимографија, добри кадри, квалитетен дијалог и сл. Tarantino е еден од малкумината режисери кои сеуште има муда да експериментира (вестерн со рап музика!). Не знам Лео што треба да направи за да добие номинација/оскар, можда треба да ослаби 50 кила за одредена улога, нели тоа е во мода во Холивуд сега. А можда сакаат да го поштедат од резилење кога ќе го соопштатат Daniel Day-Lewis за победник, реално подобар. /shrugs :)
„Замислите дека додека имате оргазам дознавате дека сте добитник на милионска премија. Е сега замислите дека тоа трае скоро три часа! Е па тоа е Django Unchained“

:cuc:
Уште еден од филмовите на Тарантино за кои прашање е дали може жанровски да биде определен како вестерн или критика (читај: пародија) на вестернот. А има еден куп факти кои одат во полза и на првото и на второто. Типично тарантиновски!
Робот Џанго е ослободен од прангите од страна на еден Bounty hunter со германско потекло со цел да му помогне во пронаоѓањето на тројцата луѓе кои треба да ги убие за да ја земе наградата. Бидејќи Џанго одлично ќе се покаже во работата, Германецот му нуди да продолжи да работи со него, притоа учејќи го на ситниците кои се важни во „занаетот“, а кои на Џанго ќе му бидат од исклучително значење кога „ќе дојде ножот до коска“ за време на неговата лична цел - ослободување на својата сопруга од прангите.
Џејми Фокс е одличен во улогата на Џанго за која првенствено од страна на Тарантино бил планиран Вил Смит, кој ја одбил. Криштоф Волц е исто така одличен, а Леонардо ди Каприо не е лош, но не донесува ништо посебно во неговото портретирање на Калвин Кенди. Она што кај мене остави силен впечаток е глумата на Кери Вашингтон, која по втор пат глуми сопруга на Фокс, по Реј. И нормално, нешто што не може да изостане во филм на Тарантино: бројните референци на други аспекти од реалноста и од други филмови, за кои мора да се прочита нешто повеќе по завршување на филмот! Исто така, вредни за споменување се и бројните филмски грешки кои на моменти се толку уочливи што да не беше филм на Тарантино (за кој барем може да претпоставиме дека намерно се направени) ќе се посомневавме во квалитетот и ќе го етикетиравме со - "overrated"! И за крај, нешто кое не смее да изостане - поради сцените со многу крв која лета на сите страни, понекогаш дури и пркосејќи им на законите на физиката, ве предупредувам да не ја направите истата грешка како мене и да јадете додека го гледате филмот! Ова е навистина од клучно значење! :D
Оценка: 8,5 од 10
еден од трите вестерн филмови за мои сум рекол WOW - иако знам дека ова не само што не претендира да биде вестерн туку во стил на Тарантино - станува еден вид жанровска пародија, што дополнително го потврдува со изјавата во која самиот го нарекува своето дело - „саутерн“
Не знам што посебно да кажам бидејќи секој кој го гледал филмов веќе знае за какво феноменално дело станува збор (а оние кои не го гледале не знам што чекаат). Очекував многу од филмот уште кога дознав дека се снима и не само што не ме разочара, туку и ми ги надмина очекувањата. Тарантино at its best.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
6. WHIPLASH (2014)
Damien Chazelle

6.jpg 6.gif
Него ја за Whiplash дојдов. КИНЕЊЕ! Ќе лета некој од листата на топ 5 за годинава.
И Оскар за Џ.К. Симонс!
Последните 20тина минути на Whiplash :roker: Кога заврши земав што ми дое прво под рака и почнав да изигравам тапанар:icon_mrgr:. Музика јака, глума прејака, филмот јак.
Имам гледано неколку филмови од 2014 и сакав нешто ко групна рецензија да пишам, чекам вечер евентуално Интерстелар да го изгледам, али Whiplash ми направи таква збрка у глава, што буквално седев пред пц и не можев да опишам зашто се осеќам така. Значи не знам како да ја почнам рецензијава а да не звучам патетично. Во овој филм од речиси 2 саата е содржана секоја идеја на која лично јас свесно или несвесно сум и се восхитувал во животов, не сум можел да ја дефинирам, но сум можел да ја препознаам. Е филмов ги собра сите тие идеи во еден соковник и го исцеди најубавиот џус кој што некогаш сум го пиел во живот. Не би можел да навлезам во детали, дали приказната, дали глумата се тие што ми оставиле впечаток, затоа што филмов е еден вид на комплексно соединение. Или уште попрецизно, филмов е емоција, филмов е страст, филмов е се што му фали на светов и на Македонија во моментов. Тоа е тоа, страст, неопислив голем волумен исполнет со страст. А без страст нема ебење. Е материјалната форма на филмов би влегла у категорија ебење, до степен да кога седев пред пц се мислев дали да почнам да мастурбирам или да продужам да се ежам.
:cuc:

Whiplash... e prviot film koj sum iscekal i krediti. Doma.
Whiplash! :cuc: Ептен ви љубоморам на тие што имате сараунд дома! :смајлишочуканатапани:
Ауууу Whiplash филмиште!!! Каква среќа што баш денес ми излезе прилика да ја згреам мојата соба, и воедно филмот го гледав на јако озвучење :D
Перверзија е филмов, каква тензија, возење, глумата на J.K Симонс е :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
После Ране сите беа мафијаши у школо така после Whiplash очекувајте зголемен упис во музичко. :D

Убав филм со добра атмосфера, кој го пронајде секоја чест!
Whiplash ништо како August Rush али страшно добро возење дава филмов. Која порака, која лекција. БРАВО ! 8/10
Прво. :cuc:

Страст. Тензија. Гнев. Љубов. Пот. Крв. Жртва. Непокор. Емоција. Џез. Екстаза.

Можам само именки да редам и со тоа ќе кажам сè за филмов. Оти за врвните дела најчесто не требаат многу зборови. Штета што ќе морам да употребам повеќе, по сила на законот, да ми остане мислењево. :icon_lol:

За да се создаде уметност, треба да се има душа. Овој филм ја има. И те како ја има. Веројатно не постои поголем лаик за музика од мене, а не ни трепнав! Претпоставувам дека секој од нас имал еден Fletcher професор, за нијанса поблаг, можеби и построг. Се убедувате дека го мразите, вистината е дека неговото мислење ви е алфа и омега. Борбата со него е внатрешна борба. Не само заради успех, ами заради љубов.

Има ли граница, неопходно ли е жртвувањето за да се стигне до врвот? Изгледа дека е. Макар врвот бил и самозадоволна насмевка, не пофалби и овации. Макар врвот бил да си полн сам со себе. Секој којшто се трудел за некаков успех во животот, без разлика дали преку спорт, музика, литература ќе се идентификува до болка. Ќе му биде тест за издржливост. Ќе им покажам дека можам или на првото понижување ќе речам fuck you guys I am going home?

Во вакви филмови за мотивација клишеата се особено очекувани. Сепак, овде скоро и да ги нема, а можеби и се само незабележливи поради сета таа напнатост. Солото беше ежење, екстаза. Единствена друга сцена што предизвикала слични емоции е пијаното на Новеченто.

Ќе речев сè освен Оскар би било грабеж за филмов годинава. Ама ѝ требаат ли такви признанија на уметноста?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
5. MAD MAX: FURY ROAD (2015)
George Miller

5.jpg 5.gif
Имав шанса да си го видам синојќа у кино после долго чекање и морам да признаам дека не бев разочаран.Голем акцент е ставен на акцијата и ми се чини режисерот го знаел тоа и не се ни обидувал да ја придобие публиката со приказната.Визуелно излгеда фантастично и со сигурност тврдам дека е еден од најдобрите акциони филмови у последниве 10 години.Имаше недостатоци у поглед на сценариото и на моменти како недовршени да оставаа некои работи,еве мене лично ми сметаше што не видов доволно Макс у филмов и тоа што преголем акцент беше ставен на карактерот на Шарлиз.Иначе Тома Харди беше закон со оние чизи one-liners као шо беше Гибсон на времето.Се на се филм кој не се пропушта за сите оние кои сакаат да видат спектакл со луди возила,супер експлозии у широки кадри,bad-ass музика и топ модели увиткани у чаршафи као шеткаат сред пустина.
Јас најмалку сакам акции и вестерни од филмските жанрови, всушност. Не се сеќавам на некоја акција која ми направила мерак, искрено. Морам да пробуричкам низ изгледаните филмови за да видам дали има некој таков. За овој, искрено, ни јас не се надевав. Цело време го одложував баш затоа што не сакам акции. Пред две-три недели почнав да го гледам, но по 10 минути од филмот морав да го исклучам зашто малиот го виде, се исплаши од еден од ликовите и не можев да го смирам. Денес искористив прилика додека спиеше, и искрено се изненадив. Не само од ефектите, приказната, сценографијата, туку и некои моменти ептен емотивно ги доживеав, а не можам ни сам да си објаснам зошто. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
4. SHUTTER ISLAND (2010)
Martin Scorsese

4.jpg 4.gif
Двајца детективи тргнуваат во потрага на една избегана затвореничка од психијатриска болница на еден остров. Во текот на истрагата едниот детектив (Леонардо Ди Каприо) има визии и кошмари во кои се навраќа на неговиот живот претходно, додека бил војник во Втората Светска Војна. Понатаму од низа настани кои ќе му се случат сфаќа дека на островот се случуваат многу нешта за кои не е свесен и се за него претставува мистерија.

Филмов остави на мене многу силен впечаток. Има извонредно сценарио и специјални ефекти. Актерите беспрекорни, посебно Ди Каприо пријатно ме изненади.
Мислам вреди да се погледне, пред се затоа што ќе ве натера да размислувате.
Shutter Island

Двајца американски маршали Теди Даниелс и Чак одат на Шатер островот (институција за ментално болни криминалци) да истражуваат бегство на опасен, насилен пациент (затвореник). Меѓутоа открива дека на островот се случува нешто нелегално и неморално...

Го гледав у кино, ми се свиѓаше и крајот
Одамна немам пишувано на темава, ама филмов не ми даде пак да го направам тоа. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека и не бев некој фан на делата на Мартин Скорсезе, али филмов беше тотално разнесување. Кај мене влага сигурно у топ 10 филмови на сите времиња и според мене ова е најдобриот филм на Скорсезе до сега, плус одамна ми недостасуваше да гледам вака добар психолошки трилер, едноставно немам зборови. За сценариото нема да коментирам ништо ниту ќе го раскажувам, единствено што морам да споменам е тоа што Shutter Island е единствениот филм во кој сум сменил толку расположенија, не моменти е морничав, на моменти се восхитувате на некои сцени и на музиката, на моменти го разбудува љубопитството а на некои моменти е и тажен. Ќе кажам и дека Shutter Island слободно може да застане рамо до рамо со филмови како што се Fight Club или Beautiful Mind. Единствена реплика која ми ја креираше и најголемата дилема се зборовите на Ди Каприо: "Would you live to know you were a monster, or die as a good man."
Од мене има чиста десетка, иако е рано сепак ќе кажам дека не верувам во 2010 да биде снимен подобар филм од ова ремек дело,
А еве го и саундтракот, кој што го преслушав 100 пати денеска, штета што на јутјуб ја нема surreal сцената каде што оди и саундтракот
9/10. Не дека сум воодушевена од филмов, ни па ми е еден од омилените, ама прилично ми се допадна, би го гледала пак. Не ми е јасно зошто го плукате, јес да Скорсезе може подобро, али боље вакви филмови да прават во Холивуд отколку да одат по трендот и да прават глупи комедии. Сосема добар трилер. Е сега го предвидов крајот, али тоа ми е професионална маана од читање многу крими романчиња :pipi: и не го прави филмот помалку добар. Чак што више знаев дека кога Леонардо ДиКаприо влезе во пештерата, втората реченица на докторот ќе му биде дека пушката е празна :vozbud:.
Од толку мислења про и контра филмов просто морав да го гледам.После тупаџискиот The Box ова се вика просветлување.Многу ми се допадна филмов,читав во други рецензии дека на истата карта се игра постојано за да се направи добар трилер филм,но можеби тоа и не е сосем точно.На пример додека го гледав филмов имав две можни сценарија,што ме предизвика да си го изгледам до крај со доследно внимание.
Актерската игра е на високо ниво би рекла од трите главни ликови.
Накратко за оној што не го гледал филмов,двајца детективи се упатуваат на остров на кој се наоѓа ментална институција за да пронајдат пациентка која избегала.И така...се друго кажано ќе го уништи уживањето на оној што ќе го гледа.
Моја препорака е дека ова филм од типот кој мора да се гледа.
Прочитав многу критики и рецензии пред и по гледањето и наидов на остри критичари и луѓе воодушевени од филмот. Мене не ми е јасно зошто толку плукате по него и што поинакво всушност очекувате од психолошки трилер? Нормално дека ќе потсетува на слични на него (
A Beautiful mind, The Sixth sence
), но филмов вреди да се види. Глумата на Леонардо е беспрекорна, музиката исто така, амбиентот на пусто место го доловува лудилото уште повеќе. Мене ми се допадна, би го гледала пак.
Оценка 9/10.
SHUTTER ISLAND (2010) Режисер: Мартин Скорцезе, Главна улога: Леонардо Ди Каприо. Трилер дејството е во 60 години се работи за мистериозен остров на кој се вршат експерименти на психички болни пациенти Каприо тргнува да истражува.... гледајте го филмчево. Крајот е интересно решен режисерот остава вие да одлучите за целото дејство во филмот т.е. изборот е на гледачот како ке го заврши филмот.
Конечно излезе Shutter Island со добра снимка, и можам да кажам дека е a-fucking-masterpiece.
Вакво нешто, феноменално, нема излезено одамна. Мислев дека е форсиран со рекламирање за заработка филмов, ама ме изненади ептен.

Како прво е доста језив, има феноменална приказна како второ и одлична актерска екипа како трето составена од Leonardo DiCaprio, Mark Ruffalo и фацата Ben Kingsley. Сите беа солидни. 10ка од мене.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
3. JOKER (2019)
Todd Phillips

3.jpg 3.gif

Океј, здушно се придружувам кон генералниве онании на форумов над интерпретацијата на Финикс на Joker-от, но се чувствува дека филмов ќе биде критика на современово општество персе, кое од паупери и ауткести продуцира архи-негативци. Тоа ги одзема елементите на стриповска луцидност кои беа присутни во филмовите на Бартон (моите омилени) и се приближува кон социјална критика и трансформирање на жанрот во психолошки трилер, налик на трилогијата на Нолан, која потполно ја исцица оригиналната комик букс магија. Форк ит, најверојатно Финикс ќе ме демантира, ќе го редефинира жанрот и ќе ги собере сите могуЌи награди за филмов.
Одличен е Joker (y) (y) (y) Супер филм, скоро секое очекување ми го исполни. Хоакин Феникс :cuc::cuc::cuc: Перфектна изведба. Оскарот не смеат ни да помислат да не му го дадат. Буквално тој го прави филмот.

Е сега за содржината на филмот, секако без спојлери. Треба да му се пристапи како на психолошка драма а не како на обичен суперхеројски филм, пошто стварно и не е тоа. А како драма нуди ептен моќна приказна и не може човек да остане рамнодушен. Одлично е склопено целата приказна, баш за комплетно да ја сфатиме мотивацијата на Артур. Тоа што праќа порака за денешните настани и денешното општество си доаѓа по дифолт, пошто се знае дека секоја ваква приказна за психотичен криминалец ќе повлече таква дискусија. Дури и ова да не беше филм за познат лик од стриповите туку за некој рендом истрауматизиран лик, и да не се случуваше во Готам туку во Детроит, на пример, пак ќе беше одличен филм.

Од мене оцена 9/10. Синоќа го гледав па ќе треба време малку да ми мине првата возбуда и да ми легнат впечатоците. Сигурно пак ќе го гледам таму некаде пред Оскарите. Вака на прва ќе речам дека крајот можеби можеше да биде подобар. Јас барем помислив на малце поинаков крај што за мене некако ќе беше пологичен, ама за тоа друг пат...

Споредба меѓу Хит Леџер и Феникс нејќам да правам. Двете изведби ќе останат легендарни. Други филмови се и друг пристап па тешко се споредува.
Arthur Fleck е комичар / кловн со ретка болест, тежок лузер кој пораснал без родител и со својата болна мајка кој не се грижела за него. Живее во Готам, непочитуван и малтретиран од општеството...

Но подобро да прекинам... гледајте го, еден од најдобрите филмови дефинитивно! Посебно улогата на Joaquin Phoenix, дајте го оскарот уште сега... и за филм и за улога.

Оценка: 10/10
Има нешто во врска со овој Џокер. Мислам дека ќе побуди движење и ќе добие политички контекст каков што досега имаше маската од V for Vendetta. Веќе се гледа тоа по одредени демонстрации во земји ширум светот. Она што мене ми е исклучително забавно е обидот на медиумите да го распнат филмот поради поттикнувањето на насилство, што е тотално бизарно, ако се спореди со било кој скок-пук филм на пример на Marvel. Но, безопасните тепачки (ха, ха), се ништо во споредба со две насилни сцени во филм кој допира.:)

Зошто е посебен Џокерот на Тод Филипс? Како голем обожавател на филмовите на Нолан и изведбата на Хит Леџер како најдоброто нешто што јас го имам видено во конструкцијата на Џокерот (ќе се правам дека изведбата на Џаред Лето не постои, полесно ми е на душата), можам да кажам дека овој Џокер е поинаков на добар начин. Вообичаено негативците ги добиваме како готови ликови, оваа верзија се фокусира на моделирањето на ликот. Кај ликовите од светот на стриповите, зезнатото е што се базираат на нешто што е познато на читателската публика која ги сака стриповите (Џокерот во суштина никогаш не може да биде прикажан пред широката маса во оригинал, бидејќи приказната е премногу брутална), но воедно има публика што следи само филмови. Затоа има и натегања. Но, јас овде ќе тргнам од чисто филмско искуство.

Зошто е Џокерот добар и воедно тежок за гледање? Има неколку моменти во кои Артур Флек допира нерв. Без разлика кои сте и што сте, ќе се пронајдете во две три ситуации сигурно, само пресликајте ги во своето секојдневие. Кретени што гледате како малтретираат беспомошни, богати обожавани луѓе кои имаат статус на Богови иако не придонеле со ништо, а влечат конци што директно се одразуваат врз вашиот живот, обидот да успеете во нешто, а доживувате неуспеси и исмевање, ве местат колеги сметајќи ве за будала. Звучи премногу познато нели?

Џокерот не треба да биде сфатен како изговор за насилство, туку како причина поради која и нормален човек може да отиде преку работ (доволно е само да заглавите во бирократски лавиринти и одма разбирате). На ова ќе надоврзам неколку цитати од The Dark Knight на Нолан кои може да се вклопат и во филмот на Филипс:

'As you know, madness is like gravity…all it takes is a little push.'

'What doesn’t kill you, simply makes you stranger!'


Филмот на Филипс многу добро го покажува ова. А Хоакин Феникс, овој феноменален актер кој мене ме плени уште со улогата во Гладијатор, овде е страшно добар (pun intended). Соберете го сценариото и нема да најдете многу текст, но добивате голем контекст - филмот доволно фрла за да те натера да размислуваш. И да, ќе се осеќате депримирано. Но, ова не е среќен филм, не те пумпа со адреналин. Прави да разбереш и да се идентификуваш. Како тргнало, ако публиката има прилика и понатаму да го гледа создавањето на негативците ќе ги батали Бетмен и цела таа багра :D Бидејќи логиката е следна: колку имаш заедничко со богат, убав, успешен човек, а колку со стандардниот човек од секојдневието? Има нов бран во кокетирањето: прво филмските студија сакаа публиката да се вљуби во херојот и потајно да сака да биде како него (види го што е убав, мускулест, дели правда, срцка), а сега сфаќаат дека поголемиот дел од публиката е уморна од тоа и тотално може да се идентификува со она што е потенцијален негативец, но некогаш во суштина е антихерој.

Мислам дека е соодветно да го ставам овој линк во продолжение ради доловување на поентата (иако нема врска со Супермен муабетов) :)
Е тука веќе доаѓаме до Оскарите, кои годинава после којзнае колку време, мене ми се интересни. Оскарите несомнено сакаат филмови што се со сексуална, расна конотација, но овој Џокер ќе им биде проблем, бидејќи има скриена или пак и можеби премногу очигледна политичка и општествена конотација. Дали ќе имаат храброст да заборават на тој момент и реално да го доделат на Хоакин ќе остане да виси, но факт е дека човеков заврши феноменална работа и публиката го препознава тоа. Навистина треба да сте тотален лаик или да се правите будала за да негирате дека ова е врвен перформанс. А ако не знаете зошто е посебен, тогаш за жал ќе мора да ви препорачам да го гледате Џаред Лето и неговиот Џокер кој е чудна мешавина на гангстер, хипстер, рапер :)

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
2. INTERSTELLAR (2014)
Christopher Nolan

2.jpg 2.gif
Брилијантноста на Нолан во, според мене, нејзино најдобро издание. Interstellar е филм кој ќе ве вози и вози и вози... на едно од најневеројатните филмски патувања кои некогаш сте ги искусиле. Ова ремек дело изобилува со неверојатни ефекти, дијалози, саундтрак и што уште не. Ма све комплет за 500 (ОК, 230). 30-тина солзи пуштив на филмов. Страшно, страшнооооооооо... при крај коа ќе сфатите што се дешава уствари... Боље е да не го сфатите прерано филмот, не се замарајте многу.
Одете во Cineplexx и заблагодарете ми се подоцна.

10/10

Нолан, ах ти генију!
филм што не треба да го пропушти ниеден фан на научна фантастика. Го гледав во кино, тешка работа да го најдете на салам торент барем во наредните неколку месеци, но едноставно филмов спаѓа во категорија на ремек-дела и е од оние за кои ти е мило што си го поддржал делото и си платил. Од тие 150 денари за карта 20 да отишле кај креаторите на филмот ке ти е мило, за друг пат пак да направат сличен филм :)

Немам време да пишам повеќе. Од мене 10/10
Не знам што да искоментирам за Interstellar, му дадов осмица, имаше срцекршачки моменти, не сметам дека беше долг, баш таман истемпиран, ни малку досаден. Дека ми беше нешто wow и невидено, не ми беше, требаше за нијанса да си ги спуштам очекувањата. Многу други филмови ме оставиле повеќе во шок од тоа колку добри биле него овој. Одличен во секој случај, но ниту малку најдобриот на Нолан. 9.1 на имдб е преценета, и верувам ќе се спуште оценката, како и тоа дека моментално се наоѓа на #11 место.

Многу измешани емоции...
Ако сте фан на Нолан горе-долу знаете што да очекувате од неговите филмови, но ако на динамиката, комплексната содржина и гласниот саундтрак на Ханс Зимер додадете карактер билд-ап, безвременска приказна и многу многу емоции, ќе го добиете Interstellar. Иако многу фанови на Dark Knight и Inception ќе речат дека ова не е најдобриот филм на Нолан, јас не само што нема да се согласам туку и ќе посакам сите негови следни филмови да се налик на последниот.

Целата фама околу филмот е оправдана. Јас додуша отидов со ниски очекувања затоа што трејлерот ми изгледаше визуелно прекрасен, но приказната во него ми изгледаше многу праволиниска: човештвото е пред умирање, пратена е мисија да пронајде друга планета и најверојатно се се завршува како во Армагедон. За среќа трејлерот, за разлика од повеќето денешни трејлери успешно ја сокри вистинската приказна и ни даде онолку колку што треба да се навлечеме. А потоа следи она вистинското.

Интерстелар е грандиозен филм. Приказната е поголема од животот а вселенската мисија отиде онаму каде што никој не отишол порано (вклучувајќи ги и Капетан Кирк и Жан Лук Пикард). Се започнува долу на земјата која изумира. Почвата станува непогодна за земјоделие и единственото растение што преживува е пченка. Тука не е потребна „стани земјоделец“ кампања на владата, сите одгледуваат пченка за да преживеат, дури и искусни инжинери и пилоти како Купер (М.М.) Во меѓувреме воздухот станува се потежок и потежок за дишење, останува уште една генерација која може да преживее во тие услови. Последната шанса за спас е црна дупка која “тие” (се верува вонземјани) ја поставиле како кратенка до друга галаксија во која постојат светови слични на нашиот. Низ неа, Купер, тројца други астронаути меѓу кои и Амелиа (Ането <3) и еден робот по функција сличен на C-3PO од Star Wars треба да поминат и да најдат спас за човешвото. А спасот се состои во План А и План Б, и еве подетално за тоа ( сметам дека не е спојлер но за секој случај ќе го покријам па кој сака малку повеќе детали нека чита):

- Планот А се состои во следново: кога астронаутите ќе пронајдат планета погодна за живот треба да испратат сигнал. Од земјата тогаш треба да полета станица со одреден број луѓе,меѓу кои и семејствата на астронаутите. Овие луѓе треба да почнат ја населат новата планета и да се размножуваат. За ова да се случи потребно е научниците на земјата да направат прогрес на полето на физиката кој ќе им овозможи лансирање на огромна станица која би стигнала до целта.

- Планот Б се состои во пратка со човечки ембриони кои би послужиле во случај астронаутите да останат сами.
Дефинитивно постои шанса за останете збунети во делот на физиката, затоа што ова не е ни одблиску лесно патување. Далеку од тоа дека треба човек да е физичар за да го разбере, но тука предност имаме сите ние што обожаваме документарци од типот на Cosmos или Into the Universe. Со други зборови, за да не се изгубите во филмот потребно е да имате површни знаења околу гравитација, црни дупки и протокот на времето околу истите, мултиверзум теории и слично. За таа цел ви ги препорачувам погоре споменатите документарци или пак брзо гуглање и јутјуб.

Премногу споредби се изначитав со Одисеја 2001. Навистина нема потреба од тоа, зошто само генерира дискусии како класиката е подобра. Тоа обично е така, но мислам дека и Нолан направи грандиозен филм кој еден ден ќе биде „класика“. Секако не е перфектен но слободно можам да речам дека е еден од најдобрите Sci-Fi филмови кои сум ги изгледал и филм за публика која сака да размислува. Тешко дека може да се окарактеризира како блокбастер освен по буџетот, повеќе е драма за опстанокот на човештвото која се одигрува во вселената. Ми се допадна што Нолан остави многу простор и време за емотивни сцени. Ако го скратеше филмот тука ќе требаше да крати, а тоа ќе го осакатеше филмот, ќе му ја одземеше суштината. Филмот е скоро 3 часа но мене ме држеше на стол цело време и на крајот сакав уште. Има филмови кои траат 90 минути и се предолги. Времето е релативно, како што ни покажа и филмот. На пример, јас и dragonsky го изгледавме Interstellar а wot и Psyside за истото време се уште го немаат изгледано Dawn of the planet of the Apes. Не знам колку Нолан би прифатил ваков пример да влезе во филмот. Ми се допадна и како ги сними сцените внатре во леталото, го долови она чувство „како да си таму“. Во добар дел некои сцени наликуваа и на Gravity, и тоа потврдува дека Gravity беше револуционерен филм од режисерски аспект.

Една работа што мислев дека е премногу во филмовите на Нолан е саундтракот на Зимер. Без разлика што е предобар некако го има премногу, како музичка разгледница. За прв пат го доживеав саундтракот како неопходен и потребен.

Дека Ането нема да има којзнае каква улога знаевме од најавите. Во филмот се се вртеше околу М.М. (wot, купи си палома и рамка за слика да го закачиш Метју на ѕид после филмот) и неговата ќерка Murph (Mackenzie Foy како млада и Jessica Chastain како возрасна). И двете беа одлични. Кејси Афлек и Мет Дајмон немаа позначајни улоги и го покажаа стандардното од нив. Помеѓу сите овие ликови беа покренати многу прашања и теми за размислување. Да не го заборавам и големиот Мајкл Кејн во една од веројатно неговите последни улоги.

Е, не ми е јасно дали роботот физички може да се движи онака како што се движеше и тоа е една од ситниците што сакам да ги знам, иако морам да кажам доста креативно. Ми се допадна и неговата смисла за хумор кога М.М. го подесуваше:

М.М.: Смисла за хумор, 90%...
Роботот: Започнувам со секвенца за самоуништување: 10, 9, 8, 7...
М.М.: Ок,многу ти е. Смисла за хумор 75%...
Роботот: Чук-Чук шега...
М.М.: Сакаш да намалам на 60%? :D

Ретко кој филм денес цели да биде голем. Високобуџетните филмови имаат за цел само заработка. Нолан направи нешто што ќе остане. Мене ми е многу јасно дека многумина нема да видат ништо во филмов. Ќе има безброј луѓе кои ќе му дадат единици поради причини од типот: „Досадно ми беше“, „зошто е толку долг?“ и „а каде е чудовиштето?“. Многумина од фановите на Нолан ќе речат дека овој филм има премалку акција, и воопшто нема пукање, па не може да се спореди со Инсепшн или Витезот. И се разбира најголемо мнозинство од критичарите ќе биде групата збунети гледачи, изгубени во времето и просторот. Исто и групата фанови кои ќе цепидлачат за дупки во сценариото, како да може да се направи тајм-травел филм без парадокси. Но, разбрале или не разбрале, важно е возењето. И запаметете: на голем филм му е потребен голем екран.(@wot, ова за тебе важи.)

9/10
Interstellar ... најблиското нешто до 2001 на новиот милениум наводно ... па се движи близу таа линија за мене.

So many feels man. So many feels.

Да легне малце може подетална рецензија ќе направам. Препорачан за секој sci-fi фан, па и за тие кои не се, но сакаат акција, авантура, мистерија итн.
Долго трае Interstellar ама пак не е воопшто досаден, баш добра вселенска драма. Филмов вреди да се гледа во кино.

Има доста потенцијал за номинација за Оскар во техничките категории.

Не е фер да се споредува со 2001: A Space Odyssey пошто тој филм е многу пред своето време а му фалат само ефекти од денешницата. Повеќе би го споредил со Gravity, за мене Interstellar е трикратно поквалитетен и поинтересен филм.
Interstellar e најдобриот sci-fi филм што сум гледал до сега. (y)

P.S. не го гледајте интервјуто што е приложено на IMDb, има спојлерче :)
Interstellar e најдоброто нешто од страна на sci-fi што излегло после долго време. Очекувањата беа огромни, за тимот на актери е беспредметно да се зборува, но она што мене ме импресионира е уживањето во вожњата низ вселената која ни ја пружи Нолан која навистина ме потсети на Одисејата, и тука би завршил со нивната споредба. Глумата човече, факинг глумата! Jessica Chastain за мене го украде шоуто, во конкуренција со факинг Ането, па сеа видете вие. Сцената кога ги врти сниманите повици од син му низ годините, кога во 5 минути целиот живот каков што го познаваше му се руши пред неговите очи и го виде својот син на иста возраст со себеси беше tear-inducing as shit. Одличен comic relief и од роботите, а и моментот со Еурека. :D Интересна работа на режисерот кога се тепаат на замрзнатата планета, и одзумира камерава на широко и колку смешно и мизерно изгледаа кога се тепаат на планета со 4 луѓе. :D

Забава check.
Филозофија и приказна check.
Mindfucks check.

Едноставно не смее да се пропушти за било кој sci-fi фан, па и пошироко. Eдино што не ми се допадна е улогата и ликот на Michael Caine. Преклише избор и млитав лик некако overall.
филмов имаше 9.1 оценка на имдб и кога ќе видам коменатари во разговорите луѓево без да го гледаат филмот му лупале десетки пошо Нолан бил режисер.
Нолан го преобрати бетмен од тоа срањето на шумахер и Клуни во Темниот витез, филмовите како мементо, Престиж и Инсепшн му беа доволни на луѓево човекот да го сметаат за бог на сценариото.
си купив карта, си влегов во кино и ми се погоди одлично место за седење и онака филмот на 2D (супер шо нема да си ги мачам очите а и поефтино) си се раскомотив и си почна филмот, не следам спојлери и буквално само една поголема реченица знаев за приказната и дека е сај-фај филм и нормално Ането беше дел од кастингот.

првиот саат па да речам саат и пол ми беше филмот добар, се градеше приказната и ликовите онака избалансирано колку шо можно повеќе и повеќе, гледавме човечка емоција, борба за преживување и некаква надеж за спас. почнав да си влечам некоја паралела со одисеја 2001 и си помислив за миг дека ова може да биде одисеја 2014, ги имаше сите предиспозиции. Метју на ниво, со неговиот тивок глас и малите примеси на реднек американски си жареше во филмот, за миг помислив дека е Раст од тру детектив и уште му фали да трга цигари како скинат за да се долови тоа чувство на крадење на секоја сцена каде што тој . Карактерите како шо се појавуваа сите беа одлични, изградени глумци кој сериозно си ја фатиле работата.
ова беше првите 90 мин потоа буквално Нолан ги повтори грешките во Инсепшн и Бетмен тројката а тоа беа :
- Глуп Твист ака Талија Ал Гул
- нејасни работи во оглед на филмот(не правам муабет за сите тие научни работи пошо повеќе од пола не ги разбрав) ама филмот ми губеше смисла и почна некако да добива падови.
Ликот на Мет Дејмон ми беше тотално мех и ептен непотребен, нешто шо немаше потреба во филмот е зачинот од човечки интриги и затоа ме напна тој дел

- филм од 3 часа треба да има барем повеќе хумор, а глумците се отепаа од плачење едно 2 и пол саата на сцената, дури и како шо навлегуваше филмот понатаму ми стана многу дебилно таа депресија што се прикажуваше на екранот, чиниш идниска серија гледаш само лигавење.

крајот го разбрав ама и беше лошо преставен, толку многу сакал нолан да не импресионира само шо јас уште од почеток му ја разбрав поентата и некако не ме изненади крајот и тоа со тесерактот ми беше очекувано.

Сума сумарум : одлична сај фај драма која приказната имаше многу падови од кој некој ме напнаа, добар каст и одлични аудио и визуелни ефекти
лоша страна беше тоа што филмот беше нејасен и недоволно добро преставен на моменти кога требаше да се "крши копјето" Нолан имаше многу слаб финиш (како во Дарк најт рајсес) и претерано депресивен филм шо фалеше малку повеќе хумор без разлика колку и да изгледаше "мрачен филм"

7.5 -8 преку сила (не пишував многу за позитивните работи во филмот пошо можев да ве спојлерисам)

правев муабет со една другарка на тема за филмови кој би те оставил да размислуваш за нив неколку дена после гледање, штета што филмов не е од тие филмови
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
И еве конечно, на ден од Оскарите, дојдовме до крајот на листава. Пак ќе речам - и мене не ми е совршена, но со оглед на тоа што по Кајганава шетаат различни луѓе со различни вкусови, ова најдобро ја отсликува шареноликоста и различноста на форумов. Ете, да речеме, исто ко Холивуд, дека листава може не е совршена, ама е „политички коректна“. Кому не му чини, нека направи подобра, да го видам!

Остана уште првото место. Пред него, мало резиме за најуспешните на листава:

Иако нема филм во ТОП 10, Денис Вилнев е најуспешен РЕЖИСЕР во деценијата, според форумов. Дури 5 негови филмови се најдоа на листата. Режисери со повеќе од еден филм се:

Denis Villeneuve5
Christopher Nolan4
Anthony Russo3
Joe Russo3
Martin Scorsese3
Peter Jackson3
Quentin Tarantino3
Alejandro G. Iñárritu2
Bong Joon Ho2
Damien Chazelle2
Darren Aronofsky2
David Yates2
Lee Unkrich2
Taika Waititi2
Yorgos Lanthimos2

Инаку, ако добро избројав, има филмови од 17 држави од светот. Нормално, најмногу од САД, но уште и од: Русија, Иран, Јужна Кореја (3 филма), Канада, Велика Британија, Белгија, Италија (2 филма), Франција (2 филма), Австралија, Турција, Шведска, Нов Зеланд, Македонија, Данска, Германија и Естонија.

И за крај, најдобра филмска ГОДИНА е 2014, со 19 филма на листата! Останатите:

19 - 2014
11 - 2013, 2015, 2016, 2017
9 - 2010
8 - 2012, 2019
7 - 2011
6 - 2018

Еве го и најдобриот филм на деценијата според вас, секако, по точката на @Anon :
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
1. INCEPTION (2010)
Christopher Nolan

1.jpg 1.gif
Inception. Го гледав у кино и бев фасциниран. Филмот е комбинација од The Martix & James Bond (според NY Times). Ако кажам повеќе ќе го уништам. Must see за 2010. Повелете таилер.
Ова е најновиот филм на нолан, имав задоволство вчера на премиера да го гледам.
Филмов уште пред да биде пуштен е ставен на трето место у топ 250 на IMDB така да очекувањата беа огромни.
Кратка рецензија...хмм
А бе на филмов не може д аму се направи рецензија, ужасно е комплексен и максимално интересен. Леонардо ди каприо глуми човек шо влегува во сонови на други луѓе и краде податоци...е сеа тука има заплети рљасплети шо ти не знам...а бе две секунди да пропуштите од филмот не ќе знаете шо се дешава после.
А инаку вака еден од најдобрите филмови што сум ги гледал...ако не и најдобар после бегство од шошеник.
Импресивно, не ме разочара, иако влегов во салата со прилично големи очекувања. (салата беше 1/4 полна, ама ајде)
Teхнички на највисоко ниво и дефинитивно му пуштам рака на Нолан. Комплексен концепт, а ептен добро прикажан. Ако глумата или ефектите или музиката беа за нијанса послаби, филмов не ќе функционираше. Мене ме воодушеви та одлична вклопеност. Без непотребни должења на сцени, дијалози, баш таман. Блокбастер на годината, ама не вервам дека академциве би го номинирале за најдобар филм. Ќе видиме.

Вервам дека ќе имат многу дискусии и smartass реплики на темава, по повод оргиналноста на некои сегменти во филмот... ама не е интересно ако не се потскараме тро.

Не би дискутирал сега за сега за приказната, дан налутам некој. Чао.
Inception - Мора да го погледате. По можност во кино,така повеќе ќе се соживеете. Психолошки трилер во кој крадец специјализиран да краде идеи од човечкиот ум преку влегување во сонот на човекот, добива последна задача после која ќе може да се врати на семејството. Овој пат тој треба да засади идеја во умот на наследникот на голема бизнис империја со цел да започне свој бизнис и да го уништи наследството кој својот татко му го оставил.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
Тоа е тоа, guys and girls! Ви благодарам на сите за гласовите, за трпението со кое ме чекавте да стигнам до број 1, на @wot и @Anon особено благодарам за точките и бришењето на точките, и на неколкуте други: @dragonsky , @Corvus ... кои помогнаа со коментарите кога @Anon го немаше.

Еве уште еднаш линк до листата со сите филмови: https://letterboxd.com/zlatikevichius/list/100-2010-2019-kajgana-top-100-the-best-movies/ Јас сум на 89/101. Мора да ги изгледам уште тие 12 кои ги немам гледано. И за другите - ете ви предизвик за 2020 - довршете ја листата!

@wot , те молам стави клуч тука, подзабриши што има заостанато од точките на @Anon и другите, и ако ти дозволуваат модераторските правила, јас би и оваа тема да се стави во важни, за да не залута некаде. Каква-таква, сепак е своевидно дополнение на Филмскиот каталог за тапчовци и ТОП 250 темите. :love:

До следниот ваков проект, за десет години, а може и порано, who knows, се читаме во Генерална.

@Anon - че :love:
127.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom