Предлог за филм со кратка рецензија

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Ретко кога нешто толку многу ме инспирира што го мислам од многу различни аспекти. Сношти имав можност да го изгледам Blow Up на кино, ко што доликува за ваков прекрасен филм кој овој пат откако го изгледав го доживеав поразлично него првиот впечаток. Рецензијава е ПОЛНА СО СПОЈЛЕРИ, затоа што не би знаел како поинаку да го анализирам филмов ако не ги кажам работите кои ги сакам, затоа што она на кое треба човек да се посвети најмалку е приказната која нема што многу да каже за еден бавен филм како овој.

Од каде би почнал ако не од еден од најбрилијантните режисери - Антониони, човекот кој преку овој можеби по малку и личен филм сака да ни каже дека филмовите се лага. Дека се што гледаме и сакаме да гледаме е лага, освен ова парче филм кое навидум не кажува многу, но се повеќе анализирајќи го сфаќам дека најважното нешто на кое сум грешел од почеток е - како да гледам на филмот, од кој аспект. Овој пат го доживеав поинаку и гледам на него од многу аспекти.
Филм снимен во 1966 година и далеку пред своето време, негледлив и неприфатен за многу луѓе затоа што е бавен и перверзен на свој начин. Колку само ликот на Дејвид Хемингс ме потсеќаше на Алекс ДеЛарџ, т.е. поточно Алекс ДеЛарџ ме потсеќа на тоа дека 10 години пред него бил створен лик кој има некои поврзаности и карактеристики.



Цела тежина на филмот ја носи токму тој - фотографот од Лондон, кој веќе ништо не го интересира. Презаситен е од работите што ги прави, а опкружен е од убави жени и води динамичен живот, се што може да посака еден маж како него.
Но сепак чуствува дека не припаѓа тука и дека се она што го инспирира трае кратко - сцената кога го сликаше моделот, се внесе за момент, се инспирира за кратко, чкрапна неколку фотографии и после го фрли апаратот. Толку. Возбуда која трае за момент.
Алчноста и егоцентризмот е една од најглавните карактеристики на нараторот. Сака да поседува се, се што ќе допре со рака да го направи совршено. Има една сцена која ми остана в ум - сувенирот во антикварницата кога го виде и само за момент помисли дека не може да живее без него и мораше да го има по секоја цена, за што? За да заборави на него во следниот момент.

Од друга страна, она што Антонини успешно го докажува во филмот е филозофијата дека многу од нас бараме нешто што сакаме да го видиме, и го гледаме - затоа што сме сакале да го видиме таму, на одредено место, затоа што не исполнува.
Па измислуваме милион работи кои никогаш не се случиле и се опседнуваме со нив, само да го пополниме она делче од мозаикот кое ни фали - хранење на алтер егото со тоа дека правиме нешто од нашите животи и не ни поминуваат онака... обично. А кога ќе погледнеме наназад, се што останува е - ништо. Ни дел од нашата "реалност" туку стравовите од просечноста кои успешно сме ги замаскирале.



Тогаш, во една од фотографиите од паркот го пронаоѓа тоа - совршеното убиство, идејата за ладно фрлен леш кој ќе му го врати адреналинот и ќе го направи уникатен и можеби... совршен.
Па така ние гледачите се соживуваме со него, и кај нас расте нешто што ете... можеби го има, затоа што и ние како гледачи сакаме да го видиме тоа - пресвртот кој ќе не мрдне од столчињата. Но, Антониони и тука докажува поента - она што ние како гледачи требало да го сфатиме е дека амбиентот, гледањето преку очите на фотографот (затоа што во филмот нема многу зборување), поминувањето време сам/осамен, се деталите на кои треба да обрниме внимание, на џезот кој полека свири во нашите глави и го потсвирнуваме без да бидеме свесни - затоа што и самите сме насочени кон тоа "нешто да се случи" и како гледачи со нетрпение чекаме да ни откријат што се случило со тоа убиство, кои се мотивите и кој стои позади тоа.
Ништо од тоа не го интересира фотографот освен желбата што ја има во себе, адреналинот што му расте се повеќе и повеќе поради помислата дека открил убиство, како чувството кај еден убиец пред да и го одземе животот на жртвата.

И тоа на крајот, последната сцена од филмот Антониони ни дава до знаење дека и она што сме го виделе, всушност целиот филм е посакуваниот еготрип на фотографот и сами да ги поделиме работите на оние кои навистина се случиле, оние кои фотографот ги замислил и оние кои ние сме ги "виделе" по патот.
Тениското игралиште, играта со мимики и пантонимата, карактерите со кои започна филмот и заврши - тоа е таа сцена која отсекогаш ми била една од најомилените сцени во историјата на филмот, заради симболиката која ја прикажува. На нештата кои ги гледаме или не, како топчето и рекетите кои фотографот не ги виде, а во следниот момент кога се оддалечуваше од игралиштето ги слушаше.

 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Филмов е врв... направен е според вистинска приказна т.е. човекот на кој му се случило ова има напишано книга и според книгата е направен филмов. Човекот се вика Dan Millman, а филмот Peaceful Warrior... еве слика од човекот...
Нема да давам рецензија само ќе напоменам дека во филмот главната тема е сегашниот момент... Прекрасен филм... ако не сте го гледале мора да го изгледате...(y)
Поздрав...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Жал ми е дечки, ама не е дека не го знаете редот...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
The Orphanage (El Orfanato) 2007
el_orfanato_poster.jpg

Шпански хорор филм кој ја раскажува приказната за семејството на Лаура. Таа ги носи да живеат во сиропатилиштето каде таа живеела пред да биде посвоена. Со нејзиниот сопруг купуваат зграда која ја планираат за дом за деца со инвалидитет. Имаат и син што комуницира со невидиливи луѓе кој еден ден исчезнува....
Оцена 9/10
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
The Three Stooges 2012



Линк:
http://www.imdb.com/title/tt0383010/
Краток опис:
Многу добра комедија, се искинав од смеење....се работи за три другари кој живеат во дом за посвојување и таму се цепки, сите ги избегаваат пошто се флегми и прават еден куп проблеми :) за да на крај ќе треба да заработат 830 000 долари за да го спасат домот и децата.
Сите што им се допаднал филмот глупав и поглупав 1 и 2 ќе им се допадне и овој.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Moonrise Kingdom (2012) http://www.imdb.com/title/tt1748122/
Режија и сценарио: Вес Андерсон
Улоги: Џаред Гилман, Кара Хејвард, Франсес МекДорманд, Бил Мареј, Брус Вилис, Тилда Свансон, Харви Кејтел и Едвард Нортон.
Презентер: Боб Балабан


Годината е 1965.
Така започнува најновиот филм на Вес Андерсон, „Месечево Царство“.

Тивкиот американски режисер, уште еднаш на ист „банален“ начин ја опишува баналноста на човековите односи.

Сем Швасковски е дете – извидник во локалниот извиднички камп во едно мало островско градче во Нова Англија. По една средба со Сузи во соблекувалната, за време на црковната претстава за Потопот на светот и Ное, се вљубува во неа, и постепено сфаќа дека неговиот живот добил друго значење.

Своеволно и обајцата бегаат од локалната досадност и механика, во една спонтана љубовна авантура, додека досадно организираниот свет што го оставиле зад себе, опсипан со банални и глупави правила, запаѓа во паника. Не можејќи да го сфатат ваквиот чин на двајцата млади љубовници, нарекувајќи ги лудаци заштитнички и прекорно започнуваат потрага да ги најдат.

Она што е интересно за овој филм е интеракцијата на актерите, кон ситуацијата во која што запаѓаат самите тие, но не и едни кон други. Таквата отстапка постои само помеѓу Сузи и Сем, како носители на бегањето од баналноста. Интеракцијата се гледа најмногу во вербалниот говор и говорот на телото – физичката акција. Додека од една страна, вербалниот говор, кај сите ликови, вклучувајќи ги Сем и Сузи, е механички и строго подреден на механичка вербална комуникација, говорот на телото е нешто сосема друго. Токму тука, Сем и Сузи најјасно отстапуваат од целата таа банална шема.

Се чини дека Вес Андерсон, овде, успешно го објаснил тој дискурс меѓу ИД-то од една и ЕГО-то и СУПЕРЕГО-то од друга страна. Вербалниот говор е само алатка и носител на нашите желби, кој често е недоволен да ги објасни истите.

Овој филм на Вес Андерсон, е токму за тоа – Зошто постојано бегаме од она што навистина го сакаме (а го чиниме толку далечно), па за сметка на тоа си го подредуваме животот со глупави правила, кои при тоа ни делуваат како утеха за она што го сакаме?

Како за споредба, Жижек ќе каже: „Не плашете се да го сакате она што навистина го посакувате!“ Се чини дека во овој филм, Вес Андерсон го порачува истото.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


Waking Life (2001)

Филмов ми дремеше на компјутер веќе подолго време бидејќи никако не можев да се нафатам да го пуштам. Осеќав дека е малку специфичен од типот на „не е за секој“. Така и испадна. Ова во никој случај не е обичен филм и во секој случај не е за секој.

Прво, како што е ред, околу приказната. Всушност, Waking Life нема класична приказна бидејќи нема заплет. Она што го има се идеи, и тоа многу идеи. Големи, длабоки, чудни, смешни, налудничави идеи. Идеи со кои се преокупира секој човек. You get it, идеи. Вака од страна гледано би можело да се рече и дека ништо посебно не се случува. Некои луѓе муабетат и толку. Или пак не?

Секако дека не. Она кое фасцинира во филмот се токму дијалозите, поточно монолозите. Еден млад човек сонува како десетина ликови си ги кажуваат сопствените размислувања за однесувањето на човекот, реалноста, природата, уметноста, реинкарнацијата, еволуцијата, задгробниот живот, општеството, и секако, соновите. Секој лик, освен главниот, се појавува на кратко, а потоа си заминува засекогаш. Тие не се разработени и немаат некаква позадина, но дефинитивно имаат што да кажат. Гледајќи го филмот, гледачот се чувствува како да седи на некое долго предавање на кое неколку професори, еден по еден, зборуваат за животот.

Waking Life бара трпеливост од публиката. Не се занесува и не дава лажни надежи дека може да даде некаков конечен одговор. Сечие мислење го третира со почит, без притоа да заземе страна. Како да сака да укаже дека обидот да се најде одговор е исто толку важен како и самиот одговор. Желбата по нови знаења е НЗС за човештвото. Поради тоа, филмот не се ни обидува да ги разреши големите мистерии, туку само сака храбро да ги начне прашањата за слободната волја, за природата на реалноста и сонот, а потоа улогата да му ја препушти на гледачот.



Освен содржината, друга работа која филмот го прави несекојдневен е анимацијата која потсеќа на сон. Барем мене ме потсеќа. Начинот на снимање, а потоа и на обработка, резултира со невидена живост која совршено и` прилега на приказната. Анимацијата се менува постојано со секоја нова сцена, боите варираат во зависност од расположението на ликовите, самите ликови понекогаш се јасни како живи луѓе, а понекогаш личат како да се излезени од првите епизоди на South Park. Сето ова овозможува гледачот да се почуствува како да ѕирка во нечиј туѓ сон. Или пак не мора да е туѓ. Секој од нас понекогаш сонува нелогични настани, непознати луѓе, познати луѓе кои улетуваат од нигде-никаде, пејзажи кои се менуваат без никаква логика, чудни разговори. Соновите од секојдневието се отсликани во сцените од филмот. Понекогаш сериозни, понекогаш смешни, понекогаш страшни, тие го прикажуваат највисокото ниво на развој на човекот – интелектот, но и неговата најпримитивна особина - насилството.

Океј, да привршувам. Како што реков на почетокот, Waking Life дефинитивно не е за секој. Повеќето луѓе кои ги познавам уште веднаш би го оцениле како досаден и би го исклучиле, бидејќи ретко кој сака да гледа анимиран wannabe документарец на тема филозофија. Но, од друга страна пак, сметам дека секој треба барем да проба да му даде шанса. Површината можеби изгледа чудно, но под неа се наоѓаат работи кои ретко можат да се најдат во некој друг филм.
 
G

grande-juve

Гостин
Sister (2012)


Sister, или оригинално L'enfant d'en haut, е Швајцарскиот кандидат за оскар и според мене сигурно ќе добие номинација, а и очекувам силна конкуренција оваа година во таа категорија.

За филмот, прво што морам да кажам е маестралната глума на 14-годишниот Kacey Mottet Klein како Симон, значи немам зборови, баш беше како “глума без глума“(повеќе за терминов тука :)), детево е голема причина зошто филмов од мене добива 9-ка. Нормално тука е и приказната. Симон, кој живее со сестра му во близина на ски центар, краде од богатите гости за да може да преживеат. Акцентот е ставен на карактерите и односот помеѓу братот и сестрата, посебно од аспект на Симон кој се што сака е само да биде сакан, би го дал и последниот денар само за да не биде сам и за да ја добие таа чиста љубов. Исто во позадина може да се забележи и контрастот меѓу богатите и сиромашните кој е онака суптилно прикажан без премногу нагласување.

Значи глумата и посебно хемијата меѓу актерите е одлична, кинематографија одлична, 9-ка од мене, наредниве денови со Синедејс ќе видиме какви конкуренти има за оскар. :)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Se7en (1995) :cuc:

Пред да го гледам филмов имав само слушнато за насловот, не знаев ни кој глуми ни што се случува.Случајно го начекав на телевизија пред заспивање, го изгледав до крај и останав :eek:.
Не сакам трилери и криминалистички филмови,ама овој е нешто неверојатно.Не сетив кога поминаа 2 саати.Претпоставувам 90 % овде го имаат гледано,но еве уште едно потсетување за тие 10 % (во кои до вчера спаѓав и јас) да го изгледаат секако.
Во главните улоги Морган Фримен и Бред Пит како двајца детективи кои се целосна спротивност.Едниот пред пензија, смирен, ладнокрвен, а другиот штотуку дојден на работното место, избувлив, hot-headed.Бркаат сериски убиец кој убива според седумте смртни гревови.
Расплетот е тотално непредвидлив, од нигде никаде ќе останате со подотворена уста, нема да верувате дека тоа е тоа.
јас одма погодив што е во кутијата, по изразот на лицето на Спејси и по моментот во станицата кога секретарката му вика на Милс дека е баран на телефон од сопругата, но сепак е WOW момент.До крај си велев дека не е можно да е така и не си верував на теоријата.Но, дека Спејси сам ќе се предаде и дека така ќе ги изигра...тоа не може никој да го очекува.
Брилијантен филм, оценката 8.7 на ИМДБ дури мислам дека е мала.
9.5 од мене, филм кој секој мора да го изгледа.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Sophie's Choice (1982)



:cuc::cuc::cuc:

Што и да се каже за Мерил малку е. Сигурно најдобро одиграната женска улога на сите времиња, тешко достижна ако не и неповторлива. Улога преполна со емоции, одиграна на неколку јазици, неверојатно реална, мастерпис во секој поглед.

Изборот на Софи е филм за еден млад човек кој доаѓа во Бруклин и запознава необичен пар: еден ексцентричен човек и една жена која иако не е Еврејка, завршува во Аушвиц а после излегувањето доаѓа во САД. Тројцата стануваат неразделни пријатели при што се отплеткува приказната за Софи...

Филмот е класична драма и топло го препорачувам на посериозната филмоманија на форумов. За филмот нема да пишувам ништо повеќе туку само ќе се навратам на Мерил со два податоци кои ги најдов а кои кажуваат се:

Meryl Streep not only learned a Polish accent but also learned how to speak German and Polish in order to have the proper accent of a Polish refugee.

Meryl Streep begged director Alan J. Pakula for this role literally on her hands and knees. Marthe Keller and Barbra Streisand both tried to win the role also but Pakula ultimately chose Streep.

Кој го има пропуштено, да го изгледа. Кој го има изгледано кога бил премногу мал да разбере нешто, да си го репризира. За филмот 9/10. За Мерил, 10/10, и тоа е премалку.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Enemy at the Gates (2001)




Филм за Советскиот снајперист, херој, Василиј Зајцев, кој во текот на WWII убил преку 200 нацисти, но само дел од неговите херојски чинови се прикажени во филмот, а најголем дел од филмот е во битка против Мајор Кониг, кој дојде дури од Берлин во Сталинград само за да се соочи со Василиј... било што друго ако кажам може да биде премногу, така да гледајте го филмот, нема да зажалите... :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Cloud Atlas (2012)


Прва работа, за да не заборавам: филм кој се доживува на кино! Или ич не го гледајте.

Во поглед на приказната можеше и подобро, и појасно. Не е лесно одеднаш да се апсорбираат 6 различни приказни во 6 различни тајмлајни и да се открие што е тоа што ги поврзува. Посебно што тоа и не беше некоја премногу важна работа во поглед на дејството па можеа да ги дадат деталите побрзо.

Во поглед на опсегот на приказната во време, настани и локации филмот е вистински епик. Во поглед на визуелни ефекти и шминка, прва лига!

Како што реков, 6 различни приказни во 6 различни времиња, и секогаш настаните од едната приказна допираат до главниот лик од следната приказна и влијаат на настаните кои следуваат понатаму. Во позадина е човештвото и вечната битка на поединецот да даде свој придонес во она што го смета за подобра иднина. И како што одеше дијалогот на Адам со дедо во првата приказна:

- Се што ќе направите ќе биде капка во океанот!
- А што е океанот ако не збир од капки?

Во оваа безвременска битка некои од актерите, т.е. нивните души или реинкарнации, секогаш се на страната на доброто, додека некои, како ликовите на Том Хенкс, варираат од подмолно лоши и себични до луѓе кои би го ризикувале животот за поголема цел. Мала мапа на ликови, за да не се изгубите:



Приказните не се подредени хронолошки, така да филмот бара доста концентрација, но на крајот не видов некоја потреба за следење детали и се пишманам што наместо да гледам поопуштено се трудев да запамтам работи кои на крајот и не беа многу важни. Филмот е од типот на филмови како Babel и Crash само со многу поголем опсег и со актери кои играат различни ликови (одамна немав гледано таков филм). Она што најмногу ми се допадна е Sci-Fi приказната во иднината, со дистописки елементи од V for Vendeta и Equilibrium, и визуелните ефекти за вистинско Sci-fi акционо доживување. Некои ненормални идеи кои многу ми се допаднаа, а посебно сцената на мостот со леталото кое ги лови, hard-core-sci-fi! Друга сцена која ме остави без текст е онаа на Том Хенкс на почетокот на филмот со неговиот критичар, верувам дека ќе се зема како репер за пукање филм и ќе ја има по гифови :)

И секако приказната бр.6 за сите љубители на пост-апокалиптични филмови.

Актерската екипа ќе беше перфектна да глумеше Ен Хатавеј или рандом актерка наместо Хале Бери, не за друго, не ми се допаѓа втората како актерка и нема ни еден нејзин филм што го сакам. Актерката Doona Bae од петтата приказна е топ избор! Исто така Jim Sturgess кој многу го ценам по трибјутот на Битлси Across the Universe. Тие двајцата заедо со Том Хенкс (уште еднаш за него :cuc:, нема што не може да оглуми, и и негативците не му беа никаков проблем) го направија филмот.

Да се разбереме, сметам дека поголеми се шансите да не ви се допадне филмов, посебно на тие што ќе му направат даунлоад. Мислам дека со појасно поврзување на приказните ќе му дадев чиста 10-ка. Но и ваков заслужува најмалку 8-ка и се разбира, еден од филмовите за кои ќе се зборува, така да не пропуштајте!
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Lars and the Real Girl (2007)



Она што треба да го знаете за филмов е - неконвенционална љубовна приказна, која не го следи жанрот што го опишува (комедија, драма), ниту се раскажува, туку се доживува во едно прекрасно патешествие кое трае 1 и 42 минути. Сигурен сум дека тие што го гледале имаат помешани емоции околу филмов, како јас сега, не во смисла дали им се свиѓаше или не, секако дека филмот е едно мало ремек-дело, оригинално и невидено пред се.
Помешани чувства во однос на приказната, на ликовите и на тоа колку е проклето добро направен овој филм.

Рајан Гослинг го глуми Ларс, осаменикот кој не сака да комуницира со другите луѓе освен по потреба, се плаши од допири и живее во гаражата на неговиот брат и жената на братот. Тука е и Емили Мортимер, :love: мојата љубов од Транссибериан која му дава дополнителна убавина на филмот со својата прекрасна глума и секако - изглед.
Ларс нарачува кукла (секс долс, кукли на дување, како и да е...) преку интернет, и кога ќе стигне, ја третира како негова девојка. Кај него се појавува некоја, како што опишаа американците - делузија за тоа дека таа е всушност неговата вистинска девојка и се грижи за неа, и зборува, ја облекува, и дава да јаде, да спие во посебна соба, итн, итн...
Она што е зачудувачки во филмот е дека малото општество (во кое е сместено дејствието) ја пречекува Ларсовата девојка со одушевување, ја третира како да е таа = реална.

И тоа е можеби тоа што треба да се знае за филмот. Се понатака, а и измеѓу, секој кадар е полн со емоции и измешани чувства во кои ние исто така се соочуваме со прашања од типот - што би правеле ако некогаш се почувствуваме осамени или имаме потреба од таква неизмерна љубов, каква што Ларс верува дека ја прима од девојката кукла и колку синдромот на Пинокио (ова јас сега го измислив:eek: ) да им даваме човечки облик на нештата околу нас ги правиме со цел повеќе да ги сакаме, како што еден човек забега во некој сопствен свет кој е резултат на монотоноста, трагите од детството и сите работи кои секој од нас ги смета за тажни - поминатото време и негрижата за најблиските.

Полека, засакувате се што гледате во филмот - снегот, џемперите, насмеаните луѓе, топлината која ја носи цело тоа општество од луѓе кои се грижат за секој друг. Lars and the real girl е филм кој ќе ви остане во сеќавање, макар и да не го засакате. Убаво е да ја доживееме "другата" страна која ја нема во типичните љубовни филмови и клишеата кои секој еден од нив ги носи. Да се соживееме за момент со Ларс, со куклата, со неговиот брат и неговата жена, со секој еден лик во филмот.

Топла препорака да го изгледате филмов, кој нема да ви одземе нешто време во гледање, ама ќе ви одземе многу повеќе во размислување околу него и дилемите кои ги создава.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
A Royal Affair (2012)
или појасно - Данскиот кандидат за Оскар за странски филм за 2012.

Отсекогаш лесно сум паѓал на филмови од скандинавската продукција, посебно некако Данските во последниве години се издигнуваат, дури повеќе и од шведската, која ми е омилена кога станува збор за кинематографијата од Скандинавија. Да не бидам клише, но мислам дека ова дефинитивно ќе биде во петте номинирани, денеска имав можност да го изгледам и Amour но мислам филмот за кој ќе ја пишувам рецензијава, вреди далеку повеќе од исто така добриот филм на Ханеке, но веројатно според мене не-толку за да има поголеми шанси да ја добие златната статуетка од Кралска афера.



Ќе почнам од приказната - историска приказна темелена на вистински настани кои се случуваат во Данска во 18-ти век. На почетокот од приказната се запознаваме со Каролине Матилде која уште од своето раѓање има одредена судбина а тоа е да биде верна сопруга на Данскиот крал. Кристијан Четврти (ака Данскиот крал) е помалку ментално болен кој уште по првата брачна ноќ на Каролине и` станува вистинска ноќна мора. Поради состојбата на кралот се повикува доктор кој ќе му помага и го вработуваат Јохан Струенс, кој со текот на времето влегува во страстна афера со кралицата Каролине, а воедно и ќе му биде вистинска забава на кралот бидејќи тие двајца ќе бидат совршен тандем и помош за налудничавите однесувања на кралот.

Да не влегувам детално во приказната бидејќи ве очекува 120 минутна вистинска историска драма. Според мене еден од најдобрите историски филмови кои некогаш сум ги гледал. Прекрасно преточена приказна, фасцинантна глума од страна на тројцата главни глумци. Одлична сценографија, и прекрасна музика.

Филмот си заслужува номинација за Оскарче - а ред е и на вас да го изгледате. Трк на торенти.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Hair (1979)

Инспирирана од една статија која ја прочитав на еден од македонските портали за 50 годишнината од раѓањето на хипи културата, решив уште еднаш да го погледнам филмот и да направам една ретроспектива.

Значи во 1979год. (4 години после One Flew Over the Cuckoo's Nest) оскаровецот Милош Форман е виновен за уште еден легендарен филм.
Hair е филм (мјузикал) во кој се зборува за едно момче кое поради патриотизмот на своите родители ќе биде принуден да оди во војска и да се бори на станата на Америка во војната во Виетнам која започнува во 1965год. Но, пресретнат од група хипици тој почнува да се сомнева во желбата да се приклучи во Виетнамската војна. Овие бунтовници му покажуваат еден нов начин на живот. Живот буквално со sex, drugs and rocn'n'roll за кој главниот лик не ни слушнал порано.
Знаеме дека хипиците се борат против американското потрошувачко општество и се залагаат за love, peace and happiness, но целта на филмот не е само да ги прикаже овие особини на хипи движењето, туку има и една длабока приказна за пријателството, љубовта, пожртвуваноста...

Според мене ова е одличен филм кој сведочи за една култура со посебни сфаќања и идеи на младите и која никогаш нема да замре се додека има кој да ја раскажува. Колку и да не се пронаоѓате во неа, сепак е вредна за почит.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom