Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
TED (2012)
жанр: комедија,фантазија
инфо: http://www.imdb.com/title/tt1637725/


Kраток опис:
Многу јако филмче што долго го очекував да излезе и знаев дека е добар.
Kako малечок на свои 8 години JONH ќе нема другари и за божиќна желба ќе посака неговото мече да е живо и да му биде најдобар другар. Тоа и ќе се случи....ама кога ќе порасне и ќе си
фати женска ќе мора да избира меѓу мечето TED или девојката LORI.

IMDB: 7.5/10
Moja oцена: 9/10
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
„Трето полувреме“ (2012) http://www.imdb.com/title/tt2069100/
Режија: Дарко Митревски
Улоги: Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Раде Шербеџија, Рихард Самел, Емил Рубен, Тони Михајловски, Ѕвездана Ангеловска, Владо Јовановски, Салаетин Билал, Петре Арсовски.


Трето полувреме е филм за фудбалскиот клуб „Македонија“, формиран во време на предворјето на Втората светска војна, во Скопје, во тогашното Кралство Југославија, чија што судбина се испреплетува со судбината на играчите, средината и времето во кое што живеат.

Од друга страна, тоа е филм и за младата љубов меѓу Ребека, привлечна еврејка од отмено и богато семејство, и Коста, локалниот „скопски фраер“, напаѓач во ФК „Македонија“, човек без некоја особена замисла за животот и својата иднина. Нивната љубов, која претставува судир меѓу два света, оној традиционалниот на Дон Рафаел и средината, и оној некоординираниот – нивниот. Кој ќе се распадне?

И од трета страна, тоа е филм, за прускиот напаѓач, подоцна тренер, од еврејско потекло Рудолф Шпиц, кој бегајќи од неприликите што тогаш ја зафаќаат „цивилизирана“ Европа на почетокот од Втората светска војна, доаѓа во „нецивилизирано“ Скопје, по повик на сопственикот на ФК „Македонија“, да му помогне на клубот и да биде нивен тренер.

Филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски е тенденциозен филм. Зад себе носи богата и испреплетена приказна, широк спектар на ликови со динамични судбини и разиграност на кадри од сцена во сцена.

На прв поглед, се чини дека самата приказна е празна и недоволна, за чудо дури и преоѓа во една едноставност, која го прави филмот далеку под очекувањата на побликата, за потоа да го забрза темпото и добие една нова, похаотична динамика.

Со оглед да филмот и не нуди некоја посебна динамика на дејствија, испреплетеноста на ликовите, и нивното брановидно дејствување, го прави филмот на моменти нецелосно обработен и некомпактен. Таков е на пример односот меѓу Ребека и Коста, со оглед да Коста е лик што бара, но не добива доволен фид-бек од Ребека. Тоа се предвидува, но самиот лик на Ребека, иако има намерна тенденција да се развие во симбол, каков што е опишан погоре, сепак како да е ставен во несфатливо спореден план. Ваквиот пропсуст не е во актерката т.е. фото-моделот Катарина Ивановска, со оглед на нејзините реални под-просечни актерски способности, туку во кратењето на насоката на развој насамиот лик Ребека што режисерот/сценаристот ја дава во филмот. Се чини дека режисерот е свесен за актерските способности на фото-моделот, па истото го причинил со цел да го оправда присуството на фото-моделот, за сметка на актерското во неа. Тоа најдобро се гледа во љубовната сцена меѓу Коста и Ребека на езерото, наместо режисерот да ја пружи фото-моделката како актер со алтер-егото што се бара, тој го нуди само нејзиното примарно – манекенството.

Од друга страна, тука е фантастичниот Рихард Самел, во улога на Рудолф Шпиц, кој одлично се снаоѓа во својата улога, но проблемот лежи во компакноста и конотацијата на неговиот лик во склоп на приказната т.е. приказните што режисерот се обидува да ги прикаже. Така, наместо да се најде врзлива точка помеѓу хаосот од приказни, истите се оставени хаотично да течат. Несфатливо е дали главната идеја на филмот била да прикаже приказна за фудбалот и љубовта кон него, приказна за евреите во Македонија, приказна за еден човек, евреин, кој во време на премрежјата на Втората светска војна станува тренер на фудбалски клуб во окупирана земја во време на прогон на евреи, дали се работи за судир меѓу конзервативното и динамичното, или пак раскажува едноставна љубовна приказна.

Филмот ги содржи сите нешта, но тоа е и неговиот најголем хендикеп – немање на врзлива точка за сите тие приказни.

Како и да е, ова филмско остварување, и покрај тоа што е под очекувањата, сепак отстапува од се што досега е направено во македонската филмографија. Со други зборови, Р.Македонија го доби својот прв, секојдневен, просечен семеен холивудски спектакл.


П.С. Оригиналниот текст е многу подолг, намерно е прекратен поради спојлери (вака истоте се сведени на минимум), но истовремено, намерно не е ставен во темата за „Трето полувреме“, заради првичната замисла и концепција на текстот..
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.326
Поени од реакции
6.221
Храбра/Brave го изгледав вчера.
Ќе му дадам 6/10.

Дејствието е средновековие, митска приказна за принцезата која станува хероина. Токму тоа е и разликата помеѓу овој филм и другите анимирани. Главен лик е девојката на што ќари многу симпатии филмов кога испадна. Се на се кратко интересно и брзо сценарио со митската приказна, склопена перфектно за тинејџери и мали деца. Фамилијарно филмче, ако имате дечиња да го изгледате со нив, да ги учите како треба да ги слушаат родителите. Кога ќе имам деца ќе им го пуштам, засега останувам на мислење дека беше грешка што го симнав, престар сум за филмов го осетив тоа кога среде филм имаше песна и оваа јаваше коњ, стрелаше со стрела и пееше.... Жена и мултитаскинг не оди заедно.

Второ филмче, го гледав Џон Картер/John Carter.
8/10
Значи интересно сценарио за Џон што случајно се провлече до Марс. Е сеа секоја научна фантастика си има свои предности и недостатоци. Тука интересно беше претставен животот на марс, ама нели, идиотски приказни како имало војна, па не се знае кој на која страна е некако изгубен е во преводот. Единствена порака што гледачот ја добива е дека принцезата нејќе да се мажи, иде овој, и одма ја добиваме целосната слика, овој ќе ја фане, само да видиме како.
Високава оценка ја добива поради неочекуваниот крај. За момент ме потсети на Илузионистот, дали оти имаше средновековие, или наеднаш брз и интересен крај незнам, ама стварно беше тотално неочекуван, барем од мене.

Трето филмче што седнав да го гледам е стражата/the watch
Дали конкретно ќе се преведе како стража незнам, не се замарајте многу со тоа.
Сите сакаме комедии, ама колку и да сме идиоти, заслужуваме хумор, а не малтретирање од филм. катастрофална 0/10.
Значи почнува добро филмов, се надеваш дека конечно на Бен Стилер му дошол паметот. Не бе брат, абе ќе те умре. Идиотски хумор, да гледам некој како се збуцува во бандера ќе се смеам повеќе отколку срањево од филм. Ноќната стража ќе брка марсовци и наместо да шетаат, ќе се драпаат. И нема ниедна смешна сцена во филмов. П А Т Е Т И К А....
 

prozac

кабадаја
Член од
11 ноември 2012
Мислења
18
Поени од реакции
16

http://www.imdb.com/title/tt0085769/


После W.R Mистерије Организма овој филм е ЧУДО како бил напраен во бивша Југославија, па дури и по смртта на Тито во либералните 80'.Крајно критички настроен кон тогашното општество, од системот до народот во системот.Сниман е во крупни кадри за да можи целосно да бидат опфатени огромните мадиња на филмската екипа.Како шо читнав припаѓа на посебен поджанр наречен Југословенски Темен Бран.Режијата е скроз над типичниот југословенски просек.Режисерот Слободан Шијан дефинитивно освојува со својата динамична камера, симболични сцени, па дури интересна фотографија од аспект на светлината.


Ово је прича о човеку који у животу није имао никад комплет одело, комплет ручак, комплет жену, па чак ни комплет револуцију


Баби Папушка(Данило Бата Стојковиќ) е хардкор марксист и обожавател на делото и ликот на Че Гевара.По потекло од Шумадиско Село, но лишен од наследството поради тоа што е самоук интелектуалец и уметник, живее како бездомник во Белград каде пишува поеми со кои проповедува нова револуција на пролертајатот против Црвената Буржоазија и остали угнетувачки(империјалистички) елементи.Не може да работи поради неговиот благ инвалидитет кој го имал здобиено во младоста како помошник ковач и поради тоа измислува приказни дека боледува од рак со цел болниците да го згрижат и нахранат.Кога дознава дека Че е мртов, пишува песна во негова чест и ја рецитира пред студентите на Философскиот Факултет во Белград.Поздравен е со аплаузи и овации, делегации и медиуми кои го јакнат неговиот дух.Сето тоа е тешка хипокризија бидејќи во суштина го сметаат за сељак, умноболен и како слеп идеалист.Неподобен за општеството.Таа хипокризја тешко го погодува, но тој како марксистички Диоген продолжува да ги шири своите идеи каде ќе стигне.На негова радост, таман што мисли дека се е загубено започнуваат студентските протести во кој тој сака да учествува, чуствувајќи дека тоа е негово дело, негово чедо.

Шо се дешава натаму останува да си видите...

Не би навлегувал во посуштинска критика.Не сум делкан сеуште.
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Billy Elliot (2000)


Го начекав на реклама на Тв 1000, спомнаа три пати номиниран за оскар, плус интересен ми изгледаше па викам ајде да го гледам.

Значи дејството е 1984 во Англија за времето на штрајкови за затварање на рудник за јаглен, напето време, тешко се стигнува до пари, секој гледа да ги искористи најрационално.
Детево тренира бокс, мајка му е почината и живее со татко му и брат му и нормално двајцата се радикални штрајкувачи.
Се е арно додека копиљов не начека група како вежбаат балет и некако ќе се најде измеѓу неа и при некој сплет на околности ќе му се свиѓа балетот, па и ќе продолжи да го вежба, фрката е што татко му очекува син му да тренира бокс и да биде муж со мудата до јаја, а не педерикис балетан. Така детево се наоѓа измеѓу татко му и брат му кој се тотално против неговите балетански подвизи и неговата желба за истите.
Филмов ми беше прилично мрачен, не сум навикнат на таков однос каков што беше прикажан во него, баш груб и за наши стандарди некултурен.
Убава поента како и да е, бори се за тоа што го сакаш, без разлика на се, само немој да зафркнеш на крај и да ја усереш работата...
Гратис беше што имаше убава музика, иако баш ми беше контрастна со тематиката, музиката те тера да се изнаиграш и наеднаш глеаш паднури, брканици вамте тамте, иако се си беше убаво вклопено.
7/10
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.851
Поени од реакции
7.541

Филмов го гледав вчера благодарение на HBO онака го начекав ,не баш отпочеток ,ама тука некаде почетокот :) ,пошо сакам вакви филмчиња за опуштање а и Недела е таков денот си реков ќе го гледам да се опуштам малку :)

ќе ја ставам кратката рецензија од HBO сајтот
Кога Волтер, најголемиот обожавател на Мапетите на светот и пријателите Гери и Мери го откриваат злобниот план на нафташкиот магнат Текс Ричмен да го урне нивниот театар, тие му помагаат на Кермит повторно да ги соедини Мапетите.Додека е на одмор во Лос Анџелес, Волтер, најголемиот обожавател на Мапетите на светот, неговиот брат Гери и девојката на Гери, Мери од Смолтаун, САД, го откриваат злобниот план на нафташкиот магнат Текс Ричмен да го урне театарот на Мапетите и да ја експлоатира скорооткриената нафта под поранешниот театар на Мапетите. За да соберат 10 милиони долари, кои се потребни за да се спаси театарот, Волтер, Мери и Гери му помагаат на Кермит повторно да ги соедини Мапетите кои веќе си заминале по своите патишта. Фази сега настапува во казиното Рино, во еден „трибјут-бенд“ наречен „Мопети“, Гица е моден уредник за големи конфекциски броеви во парискиот „Вог“, Ѕверот се учи да се справува со својот стрес во една клиника во Санта Барбара, а Гонзо е магнат за водоводна опрема.
Малку повеќе детско филмче ,ама ми се допадна филмов што имаше интересни ситуаци и разно разни дешавки
Најако беше кога го киднапираа Џек Блек и го донесоа во театарот и успеаа да привлечат многу посетеност и со тоа да пробаат да го спасат театарот .. Најомилен мој куклен лик ми е Кермит жабецот кој секогаш знае да ме насмее



 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Grown Ups
59223_422414322477_3360441_n.jpg
Пет најдобри пријатели по погребот на нивниот тренер по кошарка се собираат за да ја одбележат неговата смрт. Заедно со фамилиите заминуваат на викенд во куќата крај езерото каде што како деца ги прославувале титулите. Повторно на истото место но сега како возрасни луѓе но сваќаат дека иако се возрасни нивните умови сеуште се како на мали деца.
Добра комедија со многу комични сцени.
Оцена 8/10
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Ghost in the shell 1995

Анимиран јапонски филм, за кој нема да ви треба долго време гледање пред да сфатите дека не е како другите анимирани филмови и некое време нема да можете да сфатите што всушност се случува.

MV5BMTk2ODE4MDUzNF5BMl5BanBnXkFtZTYwNTI2OTA5._V1._SY317_CR5,0,214,317_.jpg

Дејството се случува во иднината кога технологијата го дистигнува нивото на способност за создавање на роботи со човечки мозок.
Значи иако е анимиран, треба внимателно да го следите филмот затоа што има многу интересни, тешки дијалози.
Како скајфај, акционен филм - што ги интересира машките, имам доста добра акција со многу Матрикс сцени во неа, а ни главниот лик нема да ве остави рамнодушен, посебно не robo-boobs.

Но... она што мене најмногу ми се допадна, е филозофската нишка присутна во филмот.
Што е тоа што едно човечко суштество го прави да биде човек? Колку далеку човек може да стигне со своите постапки?
Дали сеќавањата имаат значење? Дали се физички форми?
Дали наша способност е само да размислуваме и дејствуваме креативно или и да сакаме?

За музиката само пофални зборови
од мене 8/10 за филмот
серијата ја немам гледано.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.318
Поени од реакции
57.777
Total Recall (2012)


Ете конечно изгледав еден филм после 3 месеци па да си ја напишам домашната:

Total Recall е римејк на истоимениот филм со Шварци. За жал не можам да ги споредам затоа што едиственото што ми е останато во сеќавање од стариот филм е сцената во Hot Shots 2 со Чарли Шин, кога Чарли убива се живо а во едниот агол има бројач на жртвите на кој пишува: Покрвав од Robocop... Покрвав од Total Recall... најкрвав филм некогаш снимен :pos:

Шегата на страна, акционите филмови се изменија многу: акционите херои се вообичаени типови, хуморот отиде во неповрат, премалку trash talk, и сите пари ставени на една карта: визуелни ефекти. Колин Фарел сепак беше доста добар во ова не многу оригинално SciFi остварување. И не викам „неоргинално“ заради тоа што е римејк туку затоа што овој филм има „позајмено“ премногу работи од Blade Runner (атмосферата во градот), Minority Report (возилата) и Star Wars (бело-црната војска). Мене лично кај ефектите ми недостигаше поглед. Отворен поглед на градот како во сцените на крајот од филмот, и сцени кои се случуваат на отворено. Наместо тоа, премногу тунели, лифтови и лавиринти, со многу мал опсег а камерата, скоро да се чувствував клаустрофобично.

И покрај тоа што Колин Фарел е главен лик и воопшто не беше лош, улога која ќе се памети од филмов е онаа на Кејт Бекинсејл. Тотален негативец, како во старите добри времиња. Скоро робот, никакви емоции. И добри реплики :) Се си мислев дека во еден момент ќе ја свртат на нешто емоционално, ама не, жената ни да трепне :). Џесика Биел си беше стандард, како во сите филмови. Добар избор на женски улоги за филмот.

Без да бистрам понатаму, кој сака добар блокбастер со многу акција и пукање нема да погреши. За 125 милиони буџет филмов можел да биде и подобар, но за тоа што е, добар си е. 7/10 од мене.
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78


Љубов - во време кога можеби најмногу треба да се покаже. Стравично реалистичен филм, многу тажен, по малку депресивен, но од тоа нема бегање. Староста е тажна кога е пред крај.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Не е за секој, како и повеќето европски филмови што се по овие фестиваливе. Сосема разбирливо е за мене дека одреден број на луѓе го напуштиле киното вчера на премиерата. Да бидам искрен и јас размислував да го сторам истото зашто ми изгледаше на досаден, со банални дијалози + главните ликови се старци. Но не жалам што ги доседав 2та часа.​
Мислам дека немам гледано ништо од режисерот Michael Haneke, и затоа ми беше малце чудно. Нема музика, кадрите се долги и камерата не се движи многу односно си стои у место :D. Сега прочитав дека ова му бил препознатлив стил. Сепак, кинематографијата ми се допадна.​
Филмот се вика љубов и повеќето го перцепираат токму тоа во филмот но јас мислам дека фокусот сепак беше насочен кон патењето. Добро во тие години ретко што друго може да се очекува особено кога станува збор за болест. Иначе шо се работи у филмот, ептен стар брачен пар, женава се разболува и мажов се грижи за неа. Премногу е реален, има доста сцени каде што се прикажани вистинските маки на тешките болести. Глумата е феноменална, значи алал му вера на старецот едноставно мислиш дека не глуми и дека животот му е навистина таков. И бабата не беше за потцеување.​
Оценка не знам... морам да признаам и дека не го сфатив баш на крај, а и мразам така кога ќе те остават сам да си интерпретираш одредени ствари.​
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.690
Поени од реакции
33.325
AMOUR / Michael Haneke
...синоќа на Cinedays го изгледав Amour, и мора да признаам дека не ме остави рамнодушен, но сепак не знаев што да кажам по проекцијата. Не сум којзнае колку запознаен со филмографијата на Ханеке, но ова ми изгледаше како дело на извонреден режисер. Се забележува влијание и од француската, но и од германската кинематографија. Пред се би сакал тука да ги издвојам умртвувањето на дејството, до таа мера што на моменти кадрите изгледаат како слики врамени и закачени на ѕид, како нешто неподвижно, пластично, мртво... И не ретко таквите кадри траат и по десетина секунди. Гро-планот не е во којзнае колкава мера изразен, но не дека го нема. Кинематографијата е навистина извонредна - јас веднаш би го дал оскарот за кинематографија на овој филм!
Ханеке ја зема темата за љубовта и ја прикажува од еден сосема поинаков агол - лишена од контекстот на надворешниот свет, изолирана во ликовите на двајца старци кои се затворени во својот стан и до кои не допира ни звук од надвор. Споредните ликови се до таа мера занемарени, што речиси и да не се забележуваат - тие само случајно влетуваат во животот (и љубовта) на Жорж и Ен и исто толку незабележливо излегуваат од него. Ова не е едно обично холивудско опишување на љубовта, Ханеке навистина оди до крајности, најверојатно сметајќи дека вистинската, чиста љубов е токму таква - не-платонска од една страна и не-мелодраматична од друга. И не застанува со happy end, како и што никогаш љубовта и не завршува така. Ги прикажува жртвите кои партнерот мора да ги принесе, а нималку водат кон happy end. Можеби звучи брутално, а верувајте дека така и изгледа, но... се во име на љубовта!
Интересно е што тишината игра огромна улога во креирањето на целосната перцепција за филмот - во ниту еден дел на филмот нема музика во позадина, т.е. музика која не е дел од дејството, туку само изразно средство. Целата музика која ја има само малку, е музика отсвирена од страна на ликовите, т.е. музика која и самата е дел од дејството, а не изразно средство. Навистина интересен пристап, но не би знаел со сигурност да кажам што сакал Ханеке да постигне со тоа - можеби самото отсуство на музиката е негово изразно средство со кое ја покажува осаменоста пред крајот, пред смртта; можеби сака да ја апстрахира љубовта дури и од музиката, т.е. да не натера да ја видиме љубовта во нивните очи, а не да ја „слушаме“. Не знам.
Во секој случај - Amour можеби ќе биде номиниран за најдобар филм, но по ова што го видов, уште поубеден сум дека Тринтињан и Рива дефинитивно ќе изостанат од борбата за актерските награди.
Оценка: 7/10 (не е повеќе, затоа што кај мене не побуди емоции во голема мера, а и искрено, очекував повеќе од Тринтињан и Рива. Не дека лошо одглумија, на моменти лично мене ми делуваше нереално.)
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
go docekav na DVD Rip ...http://www.imdb.com/title/tt1345836/

i mi e maka shto ne go izgledav na tinja snimka...pomalce ke se nervirav i ke mislev deka do snimkata e a ne do filmot...prva rabota shto napraviv po zavrshuvanjeto na filmot beshe da proveram dali stvarno Nolan go reziral i se ushte mislam deka ne go reziral Nolan tuku toj samo zemal pari a nekoj taze diplomec od FDU go reziral ...mozebi samo poslednite tri minuti...me razocara za site pari ,mu go unishti kredibilitetot na serijalot .Edinstveno opravduvanje moze da e samo ako target im bile tinejdzerite i toa ne postari od 16 godini.
Tolku gluposti (nadvoreshen prelom na prshlen ???? saniran so tupanica!!!),dupki vo scenario i dejstvo ,nikakva rezija (tu tamu,tu vamu ,dve napred,edno nazad) ,dokurca radi reda montaza ,pateticni poraki za retardirani tinejdzeri ,gluma nikakva
(osven Caine ,posebno poslednite gorespomenati tri minuti ) ,rambokomandos funkcija na oruzjeto vo korist na Betmen (top od tri metri rastojanie promashuva mirazhelikopterenterprisestartrekkuracshtolie dvajsmetarski) i koj mu tekna pobogu Hataway da ja pravi zena macka .Edinstveno pozitivno Caine ,ustata na Hataway i poslednite tri minuti
(ostavija ogromen prostor za da si go popravat sranjeto) .A, ima edna ortoma ,kako be nikoj triese godini ne ja turne vo dupkata i shto pobogu jadat i pijat tie tamu ,koj im e logistika.Nishto od toa ne e spoiler ,bashka mislam pointeresen ke vi e za gledanje sega so ovie nekolku detali
Pederi ,po Spajdermen uspeaja i Betmen da go poebat ...sega Iron Man e na red
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.690
Поени од реакции
33.325
CLOUD ATLAS / Tom Tykwer, Andy Wachowski, Lana Wachowski
„Од колевка до гроб, нашите животи не ни припаѓаат само нам.“
Cloud Atlas е еден фасцинантен експеримент кој покрива можеби и преку 600 години - дел историја, дел сегашност, дел визионерски поглед a la Matrix style кон иднината... и потаму!!! Но иако различните приказни се толку развлечени низ трите часа филм, релативно лесно е да се следи наративот. Потребно е само малку поголемо внимание.
Многу работи воодушевуваат тука. Една од нив е умешноста од режисерите да го избалансираат тоналитетот на секоја од шесте приказни што особено се забележува при секоја нивна промена. Како да се движиме од авантура кон трилер и мистерија, па потоа да преминеме во романса, па комедија, се до научна фантастика и пост-апокалиптична приказна. Тешко е да се одреди жанрот на филмот, затоа што всушност ова не е еден филм, туку 6 различни, секој со различни теми, но сепак споени во едно. Неверојатна е и актерската игра на некои од актерите. Пред се браво за Џим Бродбенд и Дона Бае во која по се изгледа режисерите нашле одлична замена за бремената Натали Портман. Но тука се и одличните перформанси на Том Хенкс, Хали Бери, Иго Вивинг, Сузан Сарандон, Хју Грант... Некои од нив со големи актерски ролји, некои со минорни, но лесно забележливи - оставаат впечаток. Секој од нив дава максимум од себе во портретирањето на секој од неколкуте карактери кои ги глуми.
Визуелно богат филм. Секоја епоха отсликана најдобро што може - одлична шминка, одлична костимографија!!!
А приказните... зарем за нив може да се зборува? Секоја од нив независна од другите е речиси ништо посебно, исто онака како што и животите кои ги живееме не се само наши и не се ништо посебно како такви - една од темите во филмот. Но сите тие заедно се одлично вклопени и премините од една во друга полежерни и не би можеле да бидат (затоа и очекувам номинација за Оскар за монтажа). И најинтересно од се е што во нив е прикажана една универзална вистина - дури и најмалото движење денес, нешто бизарно на кое не си ни обратил внимание, или пак можеби некое дело кое порано било гледано со презир и фрлено во амбисот на заборавот, утре ќе биде толку значајно што ќе покрева и револуции, а може и да му се поклонуваат и пеат оди. Можеби и ти ќе си повторно таму за да го проследиш неговото издигнување на пиедестал, зошто ако денес не е се како што треба, и ако нештата изгледаат безизлезно, како крај, не треба да се очајува. Нас секогаш не очекува еден поубав свет. И во него секако ќе се сретнеме повторно, можеби за да ги повториме истите грешки, но можеби и за да уживаме во среќата. Ако сега и тука сме просјаци, некогаш и некаде може ќе сме кралеви. И ако сега и тука направиме некоја грешка која ни однела многу, не треба да очајуваме, затоа што после дождот доаѓа сонце... некогаш... и некаде...
Сето ова, а и многу повеќе, само го надополнува фактот дека е тоа една вистинска епска сага и едно од најамбициозните филмски остварувања на сите времиња. Доколку не верувате, погледнете го и ќе се уверите - се сомневам дека во следните неколку години ќе имате можност да видите нешто слично!
Оценка: 10/10 - Без размислување!!!​
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Deadfall (2012)
http://www.imdb.com/title/tt1667310/



Од мене 5/10

Лесен филм за гледање со добра актерска екипа. Без да издадам голем дел од содржината морам да кажам дека иако според воведот филмот не изгледа лош, колку што продолжува дејствието станува се поглуп, досаден и предвидлив.

Доколку имате 1 саат и 50мин за убивање погледнето го. Се работи за брат и сестра Ерик Бана и Оливија Вајлд кои доживуваат несреќа после грабеж и се обидуваат да избегаат по ретко населен предел во време на снежна бура.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom