GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.082
Aj да видам како ќе го аргументираш баш.. срамот што го нарекуваат филм.

Noah на тапет. Аронофски во екранизација на библиските раскажувања во главна улога Расел Кроу и Џенифер Конели.
Pros and cons?

 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Просек...
Пишав и во другата тема мислам, да не знаев дека е од Аронофски можда и повеќе ќе ми се свиѓаше, овака од Аронофски чекав симболики, чекав нов The Fountain, он по книга терал и само Библијата ја пренел на екран.
Хајпнат бев за овој и за Егзодусот со Бејл, овој ме разочара, Егзодусот мислам дека ќе оправда очекувања.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.913
Поени од реакции
42.613
гледав само 10 минути и го изгасив, незнам дали тоа беше поради моето моментално расположение или потсвесно сум почувствувал дека ќе биде катастрофа
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
И еве сме тука после две години мрчење за Noah. Јас кој требаше да му шутирам пенали и вие што требаше да ги браните, во обратни улоги. Две години ви трубев дека ова е најглупавата приказна што некој може да ја претвори во филм без да го смести филмот во жанрот "Fantasy". Едноставно не постои ништо што може да му даде некаква смисла на Ное. И сега одеднаш нервоза околу камењата и целата таа заебанција.

Другарот @Forrest Gump во една прилика изјави: „Ми рекоа дека филмот на Аронофски не ја следи точно Библијата, но јас не сум тука да се расправам чија измислена приказна е подобра.“

И во право беше (како и обично) иако јас би рекол дека измислената приказна број 2 е подобра. Аронофски колку толку успеа да закрпи некои дупки, направи некаква инфраструктура, направи целиот тој градежен процес да изгледа возможно, а останатото е од Господа.

Сега знам: а бе Ио не ни е нас до тоа туку од Аронофски друго очекувавме... е јбг, со ретки исклучоци не може да ви погоди човек. Лебедот кога го направи го дочекавте на ѓон, оти бил квази-уметност, претенциозен, срање... сега кога ви направи филм за широките народни маси, со цртање, пак не ви чини. И не е само до Аронофски, редовно се плука по филмови од типот на Tree of Life. Се нешто ви фали. А сега ја барате Фонтаната. За Gravity иста приказна: пред да го направат, Холивуд бил срање, Марвел - Шмарвел, требало пореални филмови... бидна Gravity, прашувавте „а каде е чудовиштето?“

Ок, реално и јас очекував нешто друго од Аронофски ама ова е тоа и што има сега да се напињам да не ми чини филмот само затоа што режисер бил Аронофски а не Спилберг. Филмот е тој што е, независно кој го нарачал и кој стои зад него и јас како таков сакам да го дискутирам, а Аронофски нека се мисли на која група сака да и угоди.

Значи сега на кратко, бидејќи ме притиска времето: ако не ви беше јасно дека приказната нема смисла не знам како да ви објаснам: не е направено според вистински настани. Фантазија е. Кога гледав Croaching Tiger Hidden Dragon не се напнував зошто луѓето летаат. Не знам зошто би се напнувал сега, или пак ми помина желбата за пенали. Онака решив да видам како ќе го прикажат тоа што веќе го знаеме како приказна, и не беше лошо. Има добра сценографија, добро темпо (до некаде, за ова подоцна), добар саундтрак, добри ефекти... мене ми беше многу лесен за гледање од почетокот се до борбите за бродот, имаше динамика. Не знам зошто некои од вас викаат дека брзо го исклучиле, ова не е филм кој е така лош да ти скисне за 20 минути, поминува лесно како драма, има содржина и постојано се случува нешто.

За мене проблемот е второто полувреме. Мислам дека филмот ќе беше далеку подобар да завршеше кога Ное отплови со арката, да завршеше со некаква нарација или некаков текст, ама наместо тоа ја истегнаа работата до максимум и тука темпото падна... едноставно целиот овој дел делува како вештачки да е додаден на остатокот, како да не е дел од истиот филм.

Да резимирам: далеку од некое остварување, нема ни да се осмелам да вметнам уметничко, но сосема солиден филм за гледање. Можеби нема премногу работи за фалење, ама не знам што толку па заслужува хејт? Си мислам на крајот дека моите очекувања од една ваква приказна беа никакви, а вашите биле големи. Не можам да разберам зошто.

Егзодусот кога е?
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.082
И уствари пак ниту еден аргумент не кажа зошто добива Noah бел бумбар или штагод. И сам знаеш дека немаш аргументи.

Факт е дека никој не очекуваше скоро-буквална екранизација на библијата само ради Аронофски, но и покрај тоа никој не засука ракави и го влечеше Аронофски низ калта како што и впрочем заслужува. Сеуште е еден од најпочитуваните режисери и покрај ова. Јас не сум сретнал некој да го исхејта Аронофски, ниту Фонтаната, океј Мара го хејташе Лебедот ама него лезбејската сцена му пречеше, како мали им отстрануваат многу нервни завршетоци па со намалено задоволство при ерекција на сцената резултираше со сексуална фрустрација.

Не можеш да го браниш само оти: Холивуд. Не можеш да кажеш еј абе не хејтајте нереалност, побогу јас застанав зад роботи-боксери, и јас незнам колку блокбастери сум бранел и колку смешни обиди за приказни, јас не го хејтам оти сум атеист, јас го хејтам оти е глуп. Ако приказната е глупа, различни верзии не ја поправаат. Ако Аронофски закрпил една дупка во првичната верзја, отвори друга во неговата. Филмот, како и приказната, е кашкавал. Не е као ние не гледаме фантазии, па ова ни е.. whoa, dude, TOO MUCH! И не е као имав преголеми очекувања, се сеќавам дека дури јас ти го кажав во генерална, постирав линк или слика за заедно да се смееме.

Освен лошата приказна, фалеше character development, Ноа ни малку не ни е consumer friendly да го засакаме или барем да пробаме да му ги оправдаме акциите како на Волтер Вајт recimo, крајно ретардиран лик кој функционира само ако имаш базично познавање од општа култура, споредни ликови ухопште whatsoever немаше, некои недоработени ефекти како паднатите ангели кои ти се тебе аргумент - мене уште повеќе ми ја доретардираа приказната и тоа би било тоа. Никој не му замерува на Аронофски, и до следниот месец ќе му заборавиме скоро сите. Ама што потфрли - потфрли. Имај муда, или прај своја бедес верзија и терај како сакаш, или земи квалитетно прочитај приказната освен од некоја скрипта и екранизирај буквално како што треба. Тој сакаше сите да останат задоволни и среќни. Thats what she said.

Pi4ka poteg.

2/10 Noah
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Ако ја прикажеше приказната како што треба, тек тогаш сите ќе му шутиравме пенали. Оригиналната приказна е поглупа, не може Ное сам да ја изгради арката а во оригиналот Бог не интервенирал, значи бил Ное и дрвата и Ное од дрвата направил Арка. Тука кој и да е мора да вметне фактор виша сила, во овој случај трансформерите. Тоа што не направил своја бедес верзија е затоа што продуцентите одат на карта пари, на Аронофски можеме да му замериме само што прифатил да сними филм кој воопшто не личи на него. Иначе кој и режисер да прифатеше да го сними приказната ќе одеше вака, зошто идејата таа е и не е на режисерот туку на тие кои финансираат.

Енивеј, од мене бел бумбар има затоа што нема ништо посебно за хејтање, приказна ко приказна со малку нови елементи, пријатен за гледање и тоа е. Јас не викам дека е којзнае што од филм за да го бранам којзнае колку, единствено не знам зошто толку хејт за вака обичен филм.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.203
Поени од реакции
8.296
Филмот ке беше уште подобар ако беше за 20мин пократок.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Вегани се цела фамилија Ноева :icon_lol:, сосе Ное :icon_lol:.


Има сцена од филмот каде син му го прашува зошто го убиваат животното, а Ное одговара дека го јадат и мислат дека месото им дава сила, и всушност силата доаѓа од Бога и од духовноста.
 
Ф

Флеш

Гостин
Филмот,подпросечен,графика колку толку за пари,приказната малку разочарува ... Добар впечаток ми остаи Ема коа се пораѓаше,какво вриштење !!! Многу иритирачко,ама истовремено и кул коа гледаш дека е Ема Вотсон :) :D
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Noah, филм кој е правен целосно од комерцијален аспект.
На Аранофски нема што да му се замери многу, единствено можеби само поради тоа што се нафатил за ваков проект каде што продукцијата му ги врзала рацете да прави како што ќе му кажат, наместо да се фокусира да направи некое ремек дело.
Да не бил Аранофски ќе бил друг и пак филмот горе доле ќе бил ист, така да ова му е стриктно за пари праење.
Приказната од библијата е малце изменета но сепак таа си е и направена по забавна за екранизација, гледале да погодат што е можно поширока маса и бокс офисот си говори сам по себе.
Ок блокбастер и комерцијален филм, каде што не гледам нешто премногу да се хејта, едноставно е многу.
6/10
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Ја во филмов карактериве не ги осетив. После филмов не размислуев за нивните ликови и дела. Не ми остаија никаков впечаток. Можам да соберам толпа рандомци од мое село и да ги вметнам наместо актериве и филмов па ќе тече исто.
Пак ќе го осеќам истиот импринт. Единствено за време на филмот добивав емотивен фидбек од Кроу и тоа не до толку заради карактерот
туку заради фузијата на карактерот во моменталната атмосфера.
Едино можам да речам дека солидно се блендна, за разлика од другиве кои might as well и да беа ликовите од The Great Gatsby.
Everything would go exactly the same way.

Мислам дека коа збориме за прича, не е ко да очекував премногу али мислам дека многумина очекуваа нешто погрешно.
Самото очекување прича од филмов беше погрешно пошто филмов не нуди прича.
Филмов нуди атмосфера. Единствена емоција која ме проследи од прва до последна минута беше чувство на одвратност, гадење од човечкиот род.
Од начинот на кој човекот е деградиран.
Филмов нуди мизантропија. Мислам дека ретко се наоѓа филм кој во себе содржи толку омраза према човечкиот разврат и questionable морал.
Те внесува во некој wanna-be инквизитор филм во кој се замислуваш единствено
како ги палиш на клада милионите блудници.

Ефектите. Морам да ги спомнам ефектите.
Таа туга од анимација. Тие бивши ангели кои наликуваа на бетонски Tiny од Дота со арматури кои повремено штрчат низ зглобовите.
Тие нивни неприродни движења. Туга брате, туга.

5/10
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.300
Поени од реакции
23.003
Океј си беше филмот иако не би освоил Оскар. Некако немаше супстанца али не ми пречеше. Доста работи имаше што не се случуваат во Библијата. Според мене тоа им беше добра одлука бидејќи ќе беше ептен досаден.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Не знам што да искоментирам за Interstellar, му дадов осмица, имаше срцекршачки моменти, не сметам дека беше долг, баш таман истемпиран, ни малку досаден. Дека ми беше нешто wow и невидено, не ми беше, требаше за нијанса да си ги спуштам очекувањата. Многу други филмови ме оставиле повеќе во шок од тоа колку добри биле него овој. Одличен во секој случај, но ниту малку најдобриот на Нолан. 9.1 на имдб е преценета, и верувам ќе се спуште оценката, како и тоа дека моментално се наоѓа на #11 место.

Многу измешани емоции...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom