85 издание на Оскарите

За кого навивате во категоријата за најдобар филм?

  • Amour (2012)

    Гласови: 10 10,9%
  • Argo (2012)

    Гласови: 6 6,5%
  • Beasts of the Southern Wild (2012)

    Гласови: 0 0,0%
  • Django Unchained (2012)

    Гласови: 31 33,7%
  • Les Misérables (2012)

    Гласови: 18 19,6%
  • Life of Pi (2012)

    Гласови: 7 7,6%
  • Lincoln (2012)

    Гласови: 13 14,1%
  • Silver Linings Playbook (2012)

    Гласови: 5 5,4%
  • Zero Dark Thirty (2012)

    Гласови: 2 2,2%

  • Вкупно гласачи
    92
  • Гласањето е завршено на .
А

Анноун

Гостин
Како по ѓаволите Кристоф Волц е номиниран за СПОРЕДНА машка улога ?Точни ли се овие од академијата? Од кадар не излезе 80 посто од филмот. и сега ќе земе уште еден оскар за споредна улога во рок од 3 години. А шо искина , искина.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.359
Како по ѓаволите Кристоф Волц е номиниран за СПОРЕДНА машка улога ?Точни ли се овие од академијата? Од кадар не излезе 80 посто од филмот. и сега ќе земе уште еден оскар за споредна улога во рок од 3 години. А шо искина , искина.
Имаше еден јак одговор на прашањето зошто Кинг е номиниран за најдобра споредна а не за главна
"Затоа што филмот се вика Django Unchained а не Dr.King Unchained" :ROFLMAO:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Како по ѓаволите Кристоф Волц е номиниран за СПОРЕДНА машка улога ?Точни ли се овие од академијата? Од кадар не излезе 80 посто од филмот. и сега ќе земе уште еден оскар за споредна улога во рок од 3 години. А шо искина , искина.
И ја ова сакав да го кажам, ич не ми е јасно... Цаљда поради насловот на филмот што вика дрегонскај... :icon_mrgr:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Ентони Хопкинс за 16 минути и некоја секунда доби оскар за главна улога во The Silence of the Lambs:cool:
Хопкинс и Ди Каприо во една реченица? сакаш бан и ти излеа :D
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Како по ѓаволите Кристоф Волц е номиниран за СПОРЕДНА машка улога ?Точни ли се овие од академијата? Од кадар не излезе 80 посто од филмот. и сега ќе земе уште еден оскар за споредна улога во рок од 3 години. А шо искина , искина.
Академијата не одлучува кој актер каде припаѓа, туку филмовите т.е. филмските куќи сами си ја одредуваат категоријата во која актерот/ актерката би можело да се најде. Во ваквиот случај, претпоставувам дека од The Weinstein Company намерно го номинирале Волц за споредна улога бидејќи вака му е посигурно да освои Оскар (а со тоа и филмот да си додаде Academy Award Winning Movie таглајн), отколку во категоријата каде Даниел Дел Луис е прогласен за победник уште кога се дозна дека ќе го глуми Линколн. Иако, ако некој ме прашува мене, Волц понуди подобра улога и имаше далеку потешка задача од онаа на Дел Луис.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.757
Поени од реакции
5.032
Хопкинс и Ди Каприо во една реченица? сакаш бан и ти излеа :D
:DУше некој месец 7 години стаж ќе иам тука,па бан ќе биде премиера за мене :pos:
Каприо требаше да ќари нешо коа глумеше ретардиран и наркоман:D
Хопкинс веќе легенда и почнува да се појавува у секакви филмови во задњиве 10 години.
Али се ова вон таа реченица,за квалитет на минутажа на Тед Левин би му дал оскар,кутриот после психопатот Бафало Бил едвај доби нормална улога - тоа ти се вика "overacting":unsure:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.067
Сега, откако изгледав речиси се, и можам да споредувам, друга е листата:

Филм:
1. Silver Linings Playbook (можеби заради тоа што од него најмалку очекував, изненадувањето и впечатокот на крај беа најголеми)
2. Les Miserables (има моменти кога изгледа како Тим Бартон да ги режирал, а не Том Хупер, ќе ви текне најверојатно на што мислам, само заради нив ова ремек дело го ставам на второ место)
3. Django Unchained (еден од трите вестерн филмови за мои сум рекол WOW - иако знам дека ова не само што не претендира да биде вестерн туку во стил на Тарантино - станува еден вид жанровска пародија, што дополнително го потврдува со изјавата во која самиот го нарекува своето дело - „саутерн“)
4. Life of Pi (нешто слично како SLP - немав којзнае какви очекувања, па затоа восхитот беше поголем)
5-9. се останато

Режија:
1. Дејвид О.Расел
2. Анг Ли
3-5. се останато

Главна машка улога:
1. Хју Џекмен (уште еднаш покажа дека е одличен актер, не можеше да биде подобар Жан Валжан... а и плус - ВИДИ АВАТАР! :P)
2. Бредли Купер (најпозитивното изненадување за мене годинава. EXCELSIOR!!!)
3. Даниел Деј Луис (ќе го добие Оскарот најверојатно, и заслужен ќе му биде, но сепак кај мене ќе остане само број 3 годинава!)
4 и 5. [The Master и Flight се дел од она малку што се уште го немам изгледано]

Главна женска улога:
1. Џенифер Лоренс (без конкуренција)
2-5. се останато [The Impossible го немам гледано]

Споредна машка улога:
1. Криштоф Волц (без конкуренција)
2-5. се останато [The Master го немам гледано]

Споредна женска улога:
1. Ен Хатавеј (без конкуренција)
2-5. се останато [The Master го немам гледано]

Оригинално сценарио:
1. Moonrise Kingdom - Вес Андерсон и Роман Копола (филмов заслужуваше многу повеќе од само номинација за оригинално сценарио. Посакувам неправдата да биде задоволена со тоа што ќе го добие Оскарот)
2. Django Unchained - Квентин Тарантино (НЕЗАБОРАВНО!!!)
3-5. се останато [Flight го немам гледано]

Адаптирано сценарио:
е овде не би можел многу да коментирам, не сум прочитал ни една од книгите, а не сум којзнае колку запознаен и со случајот Арго и животниот пат на Линколн (кој да бидам искрен, не би сакал ни да го запознавам)... Ако одиме навивачки: би сакал SLP да освои, пред Life of Pi, или можеби Argo.

Краток анимиран филм:
1. Paperman (без конкуренција)
2-5. се останато

Анимиран филм:
во моментов ги гледам, за оваа категорија ќе се произнесам дополнително

Сите останати категории:
Во друга прилика
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Ги изгледав сите девет номинирани за Најдобар филм и сега можам да си дозволам да ги рангирам. Ќе почнам од филмот кој најмногу ми се допадна:

1. Django Unchained
Не знам што посебно да кажам бидејќи секој кој го гледал филмов веќе знае за какво феноменално дело станува збор (а оние кои не го гледале не знам што чекаат). Очекував многу од филмот уште кога дознав дека се снима и не само што не ме разочара, туку и ми ги надмина очекувањата. Тарантино at its best.

2. Amour
Ако веќе зборуваме за очекувања, искрено не очекував дека филм со двајца пензионери ќе ме залепи пред компјутер два часа без да ми даде да мрднам. Претходните филмови на Ханеке кои сум ги гледал не ми се допаднаа којзнае колку, но Amour за мене е ремек-дело. Приказната е едноставна, но те тера да се внесеш целосно. На крај, неминовно беше да останам трогнат и да испушам цигара во тишина колку да си дојдам во себе. Една од причините, ако не и главната причина, поради која филмот го рангирам толку високо е што нешто слично ми се има случено во моето блиско опкружување, само помалку драматично и во обратна насока.

3. Les Miserables
Солиден мјузикл немав гледано од Moulin Rouge, а одличен мјузикл немав гледано од Dancer in the Dark. Les Miserables припаѓа во оваа втората група. Филмот ми понуди многу, од музичките теми, приказната, па до извонредната глума. Мора да се напомене и иновацијата во филмот, односно што за прв пат во ваквиот жанр пеењето е во живо, што придонесува емоцијата на главните ликови подобро да дојде до израз. Што би рекол Ио Соно, ако не те натажи, не си човек.

4. Silver Linings Playbook
Изненадувањето на годината за мене. Поопширно мислење веќе напишав тука, а еве мал извадок кој на кратко опишува зошто филмот го рангирам на оваа позиција :
Крајно предвидлив, но и изненадно забавен, Silver Linings Playbook зрачи со енергија и оптимизам, на кои најчесто се гледа со цинизам
(ова како на постерите за јаките филмови што ставаат мислења од Variety, Time и сл. :) )

5. Life of Pi
Приказната не е ништо посебно бидејќи до сега сум гледал подобри филмови со деца, фантазии, измислени работи и сл. Сепак, она кое е најголемата предност на Life of Pi според мене е визуелниот впечаток и 3Д-то кои филмот го претвараат во двочасовно уживање.

6. Argo
Филмов го има рецептот за добар трилер: интересна приказна, шпионажа, вистински настани, тензија, одлична глума итн. Афлек можеби е закитен со Златна Малина за најлош актер на деценијата, но со Argo докажува дека неговото време како режисер допрва доаѓа.

7. Zero Dark Thirty
Осама, тероризам, Америка, патриотски чувства, се работи кои за некои луѓе се доволни за филмот да го сместат помеѓу најдобрите за изминатава година. Според мене ништо посебно.

8. Lincoln
Линколн, расизам, Америка, патриотски чувства, се работи кои за некои луѓе се доволни за филмот да го сместат помеѓу најдобрите за изминатава година. Според мене досаден филм кој предолго трае.

9. Beasts of the Southern Wild
Најпреценетиот филм за изминатава година. Artsy-fartsy приказна која не го заслужуваше моето (не)скапоцено време, но ја заслужуваше рецензијава.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Главна машка улога:
1. Хју Џекмен (уште еднаш покажа дека е одличен актер, не можеше да биде подобар Жан Валжан... а и плус - ВИДИ АВАТАР! :P)
2. Бредли Купер (најпозитивното изненадување за мене годинава. EXCELSIOR!!!)
3. Даниел Деј Луис (ќе го добие Оскарот најверојатно, и заслужен ќе му биде, но сепак кај мене ќе остане само број 3 годинава!)
4 и 5. [The Master и Flight се дел од она малку што се уште го немам изгледано]

Главна женска улога:
1. Џенифер Лоренс (без конкуренција)
2-5. се останато [The Impossible го немам гледано]

Споредна машка улога:
1. Криштоф Волц (без конкуренција)
2-5. се останато [The Master го немам гледано]

Споредна женска улога:
1. Ен Хатавеј (без конкуренција)
2-5. се останато [The Master го немам гледано]
Како од мене да го имаш препишано овој дел :)

Да, на мое огромно изненадување има дури двајца актери кои треба да се во најмала рака рамноправни со Дениел Деј Луис, иако тој и понатау важи за фаворит. Хју Џекмен пред се растури во секој поглед, ако за ова не заслужи Оскар тогаш не знам за што...

Силвер Лајнингс и мене ме суперизненади, а предноста на тој филм е што не ти треба кино за да го доживееш. За жал Лес Миз не е истиот филм на кино и на ДВД Скринер, верувај ми пошто го гледав и така и така. На лаптоп е како друг филм, не е така моќен, не растура. За Life of Pi да не зборуваме.

Се согласувам и со VLJ за Линколн, филмот игра на една карта, истата карта на која играат и Арго и Зеро Дарк. Од овие Арго најмногу ми се допадна во многу елементи но реално не е филм за Оскар.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Номинација за оскар за 20 минути во филм :pos:

И Лео заслужи оскар :)
Ентони Хопкинс за 16 минути и некоја секунда доби оскар за главна улога во The Silence of the Lambs:cool:
А се сеќаваш на Shakespeare in Love, не ми текнува која година беше? Џуди Денч освои Оскар во истата категорија за која зборуваш, за глума од помалку од 8 минути!!! За да биде иронијата поголема, тоа беше единствен случај до тогаш две актерки да бидат номинирани за портретирањето на иста личност (иста улога) во два различни филма (до душа, не беа во иста категорија, едната за главна, другата за споредна улога, но сепак...) - кралицата Елизабета I. За 7 и пол минути Џуди Денч зеде Оскар за споредна улога, а за цел филм Кејт Бланшет (за Elizabeth) остана само со номинација. Заклучок - не кој колку време е на платно, туку кој каков впечаток оставил додека е на платно!!!
--- надополнето: 26 јануари 2013 во 23:41 ---

А која беше минатогодишна победничка???
Buuuurn!!
--- надополнето: 27 јануари 2013 во 10:28 ---
Академијата не одлучува кој актер каде припаѓа, туку филмовите т.е. филмските куќи сами си ја одредуваат категоријата во која актерот/ актерката би можело да се најде. Во ваквиот случај, претпоставувам дека од The Weinstein Company намерно го номинирале Волц за споредна улога бидејќи вака му е посигурно да освои Оскар (а со тоа и филмот да си додаде Academy Award Winning Movie таглајн), отколку во категоријата каде Даниел Дел Луис е прогласен за победник уште кога се дозна дека ќе го глуми Линколн. Иако, ако некој ме прашува мене, Волц понуди подобра улога и имаше далеку потешка задача од онаа на Дел Луис.
Леле ако не победи Даниел Деј Луис би ви ставила една забрана на сите тука да прогнозирате за Оскарите во иднина.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Што се попаливте сите, за ИОсоно беше наменет само коментарот :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Што се попаливте сите, за ИОсоно беше наменет само коментарот :D
Ти викам јас, форумов сеуште не е подготвен за твојот сарказам. Мислат дека сеуште си тапчо, што скоро и да не е вистина :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom