Сметајте ме за ненормален, линчувајте ме јавно на плоштад ако сакате ама..
American Honey > La La Land
мислам дека по гледањето на Moonlight и Manchester By The Sea веќе ќе можам да кажам кој ќе си стое на врвот, вака и после Ла Ла, American Honey ми остави повеќе впечаток.
9/10 од мене за La La Land, филмот е преубав да не се лажеме, како што и мислев, прекрасна режија, кинематографијата врв, музиката исто ненормално добра, ама нешто ми фалеше, она нешто што после гледањето на Whiplash, ете и American Honey ми се идеше уште три пати да го пуштам филмот после тоа (што со Whiplash) и беше така, поради тоа што во недела дена може со 3-4 пријатели го изгледав само за да им ги гледам реакциите. Со тоа можам да кажам дека Whiplash од перспектива на како тоа влијае врз гледачот, мислам дека е посилен филм од La La Land. Не ги споредувам многу и двата, иако музиката е доста застапена и таму и таму, сепак сосем различен концепт имат иако едно е јасно дека Шазел сака да си игра со мечтаењето, остварувањето на соништата и борбата за успех.
Крајот беше преубав, да го гледав во кино, што не успеав, сигурно уште поубав впечаток целиот филм ќе ми оставеше. Ема Стоун и Рајан се преубав пар, пленат со хемија, ненормално уживам да ги гледам само нив двајца да ги има на екран два часа ќе ги гледам и нема да трепнам, но далеку од тоа дека имаат Оскар перформанс, номинација можеби, но награда никако.