Z
zmej gorjanin
Гостин
Подепре филм од Manchester by the sea, амин. Почнав сличности у карактер со ликот да си наоѓам . Иначе партали глума, а филмот просечен и монотон на периоди. Ова Џеки осеќам исто ќе биде жива досада, а мунлајт не ми се гледа пошто веќе знам што ќе гледам. Секоја година има бар по два пропагандни филма, еден за црнците и друг за америчката војска, оваа година Hacksaw Ridge е за америчкиот патриотизам и храброст. Не е лош филм, доста брутални битки, али крајот беше ко видео спот за регрутација на војници. Значи си останува Ла ла ленд ко фаворит, до душа најврв дело што го изгледав годинава беше The red turtle од присутните на оскариве.