Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.067
Django Unchained / Quentin Tarantino
Уште еден од филмовите на Тарантино за кои прашање е дали може жанровски да биде определен како вестерн или критика (читај: пародија) на вестернот. А има еден куп факти кои одат во полза и на првото и на второто. Типично тарантиновски!
Робот Џанго е ослободен од прангите од страна на еден Bounty hunter со германско потекло со цел да му помогне во пронаоѓањето на тројцата луѓе кои треба да ги убие за да ја земе наградата. Бидејќи Џанго одлично ќе се покаже во работата, Германецот му нуди да продолжи да работи со него, притоа учејќи го на ситниците кои се важни во „занаетот“, а кои на Џанго ќе му бидат од исклучително значење кога „ќе дојде ножот до коска“ за време на неговата лична цел - ослободување на својата сопруга од прангите.
Џејми Фокс е одличен во улогата на Џанго за која првенствено од страна на Тарантино бил планиран Вил Смит, кој ја одбил. Криштоф Волц е исто така одличен, а Леонардо ди Каприо не е лош, но не донесува ништо посебно во неговото портретирање на Калвин Кенди. Она што кај мене остави силен впечаток е глумата на Кери Вашингтон, која по втор пат глуми сопруга на Фокс, по Реј. И нормално, нешто што не може да изостане во филм на Тарантино: бројните референци на други аспекти од реалноста и од други филмови, за кои мора да се прочита нешто повеќе по завршување на филмот! Исто така, вредни за споменување се и бројните филмски грешки кои на моменти се толку уочливи што да не беше филм на Тарантино (за кој барем може да претпоставиме дека намерно се направени) ќе се посомневавме во квалитетот и ќе го етикетиравме со - "overrated"! И за крај, нешто кое не смее да изостане - поради сцените со многу крв која лета на сите страни, понекогаш дури и пркосејќи им на законите на физиката, ве предупредувам да не ја направите истата грешка како мене и да јадете додека го гледате филмот! Ова е навистина од клучно значење! :D
Оценка: 8,5 од 10
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Prosecuting Casey Anthony (2013) TV Movie
http://www.imdb.com/title/tt2216088/



Станува збор за ТВ филм, драма, кој се прикажуваше во САД пред некој ден.

Во филмот се зборува за еден од најпознатите случаи во последниве години во САД, убиството на малата Кејли Антони, бизарното однесување на нејзината мајка, а и медиумската хистерија која владеела во САД со години поврзана со овој настан. Филмот се фокусира на работата на обвинителството во Флорида и на главниот обвинител кој го игра Rob Lowe.

Мене ми беше доста интересен филмот иако го знаев крајот, за оние кои не се запознаени со случката им препорачувам да не гледаат ништо за неа пред да го гледаат филмот. Бидејки е ТВ филм не верувам да го има на Замунда и Арена јас го симнав од PirateBay.

Солидна драма за еден многу уникатен настан од мене 6/10
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Here Comes The Boom



Скот Вос е 42-годишен учител по Биологија во едно училиште во Бостон кое е на работ на банкрот. За да ја спаси работата и часовите по музика на својот колега и пријател Скот ќе се обиде да ги собере потребните пари. После многу неуспешни обиди да собере доволно пари Скот доаѓа до идеја дека парите може единствено да ги заработи ако стане борец во UFC тешка категорија.

IMDB оцена: 6.4/10

Оцена од мене: 8/10

Добра комедија која ќе ве насмее а на моменти и ќе ве растажи. Има од се по нешто. Кевин Џејмс ми е фаца уште кога глумеше во серијата The King of Queens и беше прејак во неа, сега исто ми се допаѓа и во комедија филмови што игра. Последна добра комедија што ја гледав со него беше Grown Ups пред 3 години а сега и оваа.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
J. Edgar (2011)

Филм на Клинт Иствуд за првиот директор на ФБИ, Џон Ховер Едгар. Во главната улога Ди Каприо. За мене ова е прво промашување на Иствуд, прво за улогата на Ди Каприо, а после и за развојот на целиот филм и начинот на кој е прикажан животот на Едгар. Може е крајно субјективно, но сметам дека Ди Каприо не е воопшто соодветен за таа улога. Неговиот глас не ми дава моќ на авторитет каква што поседувал Едгар.... посебно во неговата старост. Младот глас на Ди Каприо заробен во старото тело на Едгар. Лошо, многу лошо. Дијалозите ми се бледи, гестикулациите, говорот на тело... воопшто не е холивудски. Делува како Живко од Долнодупени... Единствено што го вади филмот се историските факти за Болшевиците на почетокот од минатиот век во САД, интригите во бракот на Елеонор и Франклин Рузвелт, интригите во семејството Кенеди и како тоа Едгар успеал да се задржи на позицијата долго време и покрај тоа што цел Американски политички систем бил отворено против него.
Оцена: 4/10.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841


http://www.imdb.com/title/tt0083907/

Неколку младичи тргнуваат како на викенд во едно куќарче. Онака познат почеток на многу хорори и по малку досаден за мене. Но оваа досада ја нарушуваше интересната камера, т.е нејзиното несекојдневно снимање и движење низ шумите, водите, патиштата кое успешно доловуваше движење на некоја надворешна сила/ѕвер/дух/демон кој трага по своите жртви. И така младичите си се сместија во колибата која беше по малку морничава, содржеше добра морничава атмосфера за еден хорор. Се сместија што се сместија баткиве фино лепо. Однадвор почна да се прикажува движењето на некои мрачни сили, на полната месечина. Лупна вратиче од собата, двајца најмажи слегоа долу и најдоа пушка, куршуми, книга со демони и касета снимана со цела опрема за слушање. Ја ислушаа касетата и некој човек говореше за присуство на некои демони, мрачни сили кои ја завзеле и неговата жена. И така потоа едната од женските, додека паровите се спремаа да водат љубов, излезе надвор(нз шо ја закатили да излези на прошетка во едно морничаво местенце) и почнаа гранките од дрвјата и други тревишта да ја опколуваат но им избега. Се врати назад во собата им раскажа испаничено и едно време почна да зборува со некој чуден тон, онака демонски да речам и и се смени суратот па така почна да ги напаѓа. Имаше многу крв, сечења ова она па ја затворија в подрум. Потоа како со залет низ прозорецот влезе виша сила во другата девојка па и таа почна да ги напаѓа и настанаа хорорите . Фати дечкото нејзин ја искасапи со секирчето и почна да плачи за смртта на истата. После другава ја оставија да спија, додека тие надвор расправаа дали да си заминат и дека не можат да бегаат. Па кога се вратија таа си чучна на прагот од вратата, смени сурат и почна да се кикоти ко мало детенце, бебенце онака со гнасни крици, па ја фати за косиште и и рече МРШШШШШ низ врата! После се врати другово чоече кое од почеток на филмот е копиленце онака кое го има низ хорори немирно и глупо, воедно силно демек, но и то се извештери али беше мирен, не напаѓаше. Па така си разговараа со главниот глумец како тоа се зафркнале што дошле и слични глупи муабетчиња. После излезе главниов надвор, ја искасапи немирната си девојка и ја закопа со голема мака в земја. И после се врати назад, првава избегала од подрумот, другарчево го нападна, се бореа, па оваа дојде, и на крај ја фрли книгата в оган главниов и тие се напраеја пепели, црвишта и така.
Главниот карактер во некои сцени ми изглуми глупичко, неприродно, но во некои ептен јако, напнато до степен да ве напни вас.
Филмот иако на моменти изгледа смешен, недоволно сериозен, сепак во глобала има сцени кои вадат од такт, секако доколку го гледате на слушалки или добро гласно озвучување.
Има движења и пресврти кои ќе ги предвидите но ќе ви го задржат вниманието.
Филмот си има добри хорор елементи, интереси за гледање, интересни за слушање кои ќе се подисплашат

Оценка од мене 7
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Џанго

Фокс... (n) како лошо одглуми, воопшто не го долови ликот како што треба, баш штета што Вил Смит ја одбил улогава, верувам дека ќе го направеше ликот интересен, допадлив, ќе му дадеше харизма и темперамент на ликот ќе го живнеше малку, вака Фокс цело време останува во сенка на Волц кој одглуми солидно ама за оскар - не би рекол, ДиКаприо повторно во несоодветна улога за него, неуверлив, Дон Џонсон неискористен,.... ама затоа Сем Ел Џексон (y) - Фокс може лекции да зима од него како да го направиш на еден лик интересен, уште од првиот момент кога ќе се појави, таков впечаток остава не може да останеш рамнодушен и да не се изнасмееш...
Неинтересниот главен лик со кој не може да се поврзеш, плус тоа што нема некој развој на ликовите и фактот што филмов е предолг (2h45m) со доста непотребни сцени ми го направија филмов досаден во поголемиот дел од времето. За права Тарантино акција треба да чекаш до
пола саат пред крајот
Хуморот така-така, во поголемиот дел од времето пали ама има и некои моменти како ККК сцената на пр. кога ликовите беа нереално направени па воопшто не беше смешно, повеќе би рекол еден чуден момент.
Саундтракот е супер, нешто што е и очекувано од Тарантино, пак направи одличен избор на песни, иако некои може беа несоодветни, по мене добро се вклопија.

6/10
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Broken (2012)



Најчесто кога ќе налетам на некој непознат филм, мојата пракса е дека колку помалку знам за филмот, толку подобро. Во овој случај доволно ми беше оцената на IMDb, Тим Рот, а и тоа што ми се гледаше европска драма. На филмов му пристапив без којзнае какви очекувања, но на крај останав фасциниран.

Дејството на филмот е сместено во едно предградие на Лондон. Преку перспективата на едно 11-годишно девојче по име Сканк, ги гледаме приказните на луѓето од нејзиното опкружување. Обичното секојдневие на Сканк е нарушено кога таа ќе биде сведок на еден немил настан во соседството. Овој инцидент со себе ќе повлече серија од настани кои ќе остават траг на секој жител, а најмногу на Сканк. Таа е на чекор до зрелост и одеднаш ќе биде принудена да се соочи со работи кои ќе ја натераат да порасне побрзо отколку што очекувала.

Ако во денешно време, филмската индустрија ја прикажеме метафорично како пустина најчесто полна со веќе видени работи, тогаш Broken е вистинска оаза. Одамна немав гледано филм полн со ваква живост која не му дозволува на гледачот да остане рамнодушен. Онака, life in your face. Прикажувајќи едно типично секојдневие gone wrong, Broken не се плаши да навлезе во некои проблематични територии, каде до израз доаѓаат добрите и лоши особини на луѓето. Филмот има полни раце работа бидејќи се занимава со неколку приказни истовремено и со уште толку карактери. Режисерот ова го прави на вешт и непосреден начин, балансирајќи совршено со ликовите и настаните, без да дозволи гледачот да го загуби интересот. Раскажувањето на дејството е генијално изведено, честопати давајќи предност на последиците, за потоа да се наврати на причината. Монтажата му дава посебен белег на филмот, со чија помош гледачот не ни приметува како се префрла од една тема во друга, или пак, од една емоција во друга. Broken прилега на зафркната сложувалка. Режисерот ги има деловите и истата успева да ја сложи за деведесетина минути, без да губи време. Океј, доста со метафорите.

Како што вели насловот, филмот се занимава со една средина која е неисправна и потребно е многу малку за таа целосно да се распадне. Иако во Broken има моменти кои ме натераа да се смеам на глас (нешто што ретко ми се случува), сепак, тој е пред се` типична драма, и тоа од оние потресните. И покрај тоа, предноста овде е што наместо драмата да ја турка сосила во фаца на гледачот, Broken полека креира атмосфера каде ја отсликува непредвидливата и нечесна природа на реалниот живот. Токму поради тоа, силната кулминација и заклучокот дека возрасните не се секогаш во право, е совршен крај за ваков прекрасен филм кој се занимава со теми како љубов, фамилија, болка, страв, детство и бунтовништво.

Нормално, драма од ваков тип би изгледала чудно, можеби неприродно, ако не се погодени актерите. Тим Рот совршено се претопува во улогата на воздржан татко, како и Силиан Марфи во улогата на емоционално нестабилниот наставник. Најголем впечаток ми остави малата што ја глуми Сканк на која ова и` е прво актерско искуство и на која и` предвидувам успешна кариера. Понекогаш сметам дека децата се преценети кога ги фалат за нивната глума/ „глума“ (I’m looking at you, little girl from Beasts of the Southern Wild), но тоа во овој случај не е така бидејќи ретко кој млад актер е способен да пренесе ваков голем спектар на емоции.

Како заклучок, Broken е квалитетна драма каква што одамна не бев гледал. Драма, полна со ненаметлива чувствителност, трогателни приказни, но и ведрина. Состојките кои го креираат животот се присутни насекаде околу нас, но за истите да се пренесат на филмското платно треба умешност, нешто што филмов го има во изобилство.

Оцена: 7.5/10
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Lincoln (2012)

Не знам ни јас како ама успеав да стигнам до крајот на филмов без да го убрзувам. Ми паѓаше вниманието на секои 10минути и само барав некоја занимација околу се додека не почнеше нешто да се дешава во филмот и си велев еве добро сега ќе се оправи ама ништо. Содржината е таа: месеците пред донесување на законот за укинување на ропството од страна на Линколн. Толку.
Некои сцени беа вишок или пак предолку траеа. Можда и самото тоа што знаеев дека трае 2.30 саати ме убиваше па нон стоп проверував уште колку има до крај. Саат и пол до два би му биле доволни.
А баш мислев дека ќе ми се свиѓа филмот,посебно кога видов дека Joseph-Gordon глумиТ. o_O
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Дечко кој ветува....


Филмот е сниман само после неколку месеци од смртта на Тито, и е зачетник на новиот бран на филмови од Југословенската кинематографија.
Александар Берчек односно ликот кој што го толкува е дечкото кој што ветува многу, пред него е светла кариера на доктор после завршување на факултетот, има женска која многу го сака и авторитетен татко кој што си бара почит. Човекот има се што ќе посака, ама не е баш така :icon_lol:....
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.661
Поени од реакции
8.675
The Silver Linings Playbook 2012


По несогласувањата во менталната институција, поранешниот наставник Пет Солитано се враќа кај своите родители и се обидува да се помири со неговата поранешна сопруга, работите се комплицираат и тој ја запознава Тифани, мистериозна девојка со слични проблеми како на Пет.
Многу јако филмче, пред се одлична глума на Bradley Cooper(Пет) и Jennifer Lawrence (Тифани) а и добра глума имаше и Роберт Де Ниро со улогата татко на Пет, ќе ве насмее повеќе пати. На имдб има 8.1 оцена, и заслужена не е некој фенси филм ама добар е за гледање, од мене чиста 10ка...
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ај да почнам со ред и да почнам од најдоброто.

Life of Pi

Книгата "Животот на Пи" од Јан Мартел ја имав читано уште во трета средно и тогаш за чудо не ми се издвои ништо посебно. Беше ОК но по ништо не можев да забележам дека е всушност ремек дело. А можеби и се должи на моја дефокусираност додека сум ја читал... Она што најмалку очекував е дека филмот може да ме остави со подотворена уста. Јас слободно ќе кажам дека во овој случај филмот е тој што ја "разубави" книгата. "Животот на Пи" содржи толку многу магија и фантазија во себе, што е невозможно да не му се подлегне на искушението. Филмов буквално ве топи и е едно мало парче рај во кој го оставате и го заборавате сиот товар кој претходно сте го насобрале и не ви останува ништо друго туку само да воздивнувате. Ко некој да ве фрлил на егзотична плажа на Хаваи и имате два саата да се релаксирате и воодушевувате на вонземските убавини. Би кажал само дека приказната е алегорија која е раскажана на маестрален начин, прикзана за вербата, не само вербата во Бог и религијата, туку вербата која ги осветлува сите црнила, вербата која може да направи чуда, вербата која ќе ти ја покаже само убавата и авантуристичката страна на хоророт и ќе те одржи на твоето патување. Кога ќе размислам подобро ова е филм за надежта и колку е таа неопходна како челична сајла на која ни е закачен животот.
А сега важниот дел. Можеби ќе делувам ко паднат од Марс али јас прв пат одам на 3Д, а разбрав дека во Скопје веќе две години имало 3Д, во Милениум поточно. Кое неверојатно искуство јеботе, импресиите ми беа ко да сум гледал полетување на ракета откога го изгледав филмов. Значи баталете Рамстор, баталете Милениум, баталете рипови и скринери, баталете ХД снимки и 26 инчни екрани. Филмов плаче за во Синеплекс на 3Д. Карта преку работен ден е мислам 240 ден. и вреди до последниот денар. Јас сум до толку задоволен што планирам наредна недела уште еднаш да го гледам, озвучувањето пука и нема да ви се дешава ситуација да некој ви џвака или си тера муабети па да не можете да гледате филм ко човек. Од мене добива 10 од 10. А да, од музика сега ми е ова на прво место па после доаѓа Ана Каренина.

Les Miserables 1998 2000 2012

Ми заврши филмската епопеја со Клетници, а плус и книгата ја имам читано. Ги изгледав верзиите со Лиам Нисон, Жерард Депардје и Хју Џекман ко Жан Валжановци. Најмногу ми се допадна тој од 2000 та, па од 98 ма, па последниов. Во францускиот односно тој од 2000 та, кој се состои од четири дела по саатипол, се опфатени сите детали од книгата. Дури мислам дека и репликите се тие односно не се разликуваат со репликите од книгата.Така што ако на некој му дошло до Клетници му го препорачувам овој филм, плус е истата екипа од Наполеон.
Во суштина сите три филма се разликуваат во приказната, од ко
и првиот одстапува најмногу и би го нарекол хепиендовски Клетници. Тука целата приказна со Тенардиеви е практично занемарена, се појавуваат само на почетокот кога Валжан ја купува Козета и понатаму не се спомнуваат. Исто така приказната завршува порано, со самоубиството на Жавер, додека Валжан пресреќен ита кон својата слобода, а Гаврош ја има улогата на баронот Мариус Понмерси, љубовникот на Козета.
Сепак ко целина навистина ми се допадна иако приказната беше значително видоизменета, би додал дека е најромантичен од сите три верзии. Особено кога станува збор за глумата и градењето на ликовите...

Човечево е убедливо најдобриот Жавер кој некогаш сум го гледал, а и не верувам дека ќе се најде подобар ако прават уште една екранизација.



Мислам дека начинот како го донесе ликот всушност го дефинираше профилот на Жавер. Џон Малкович и Расел Кроу само пробуваат да му се приближат. Едноставно го има тоа што е потребно: проникливост, камено студено лице кое оддава единствено знаци на дисциплина и сериозност, смирен глас чија боја не се менува, како и умешност да го предвиди секој потег на Валжан. Нешто ко Л во Death Note. Додека пак кога го гледав Џон Малкович цело време се осеќав ко да се работи за некој аристократ или барон а не за полициски инспектор. Некако фанатичната опседнатост со Жан Валжан не можеше да му се види во погледот ко кај првиот. Плус англискиот нагласок му ја одзема потребната суптилност за ваков лик. Расел Кроу беше најдалеку од тоа што го имав замислено ко Жавер. Не е тој воопшто крив, ниту одглуми или отпеа лошо, едноставно го сјебале со репликите а и физикусот не му е за Жавер. Повеќе оддаваше впечаток на накурчен џандар што сака да се свети,
а и неговиот Жавер не ја покажа својата добра страна во филмот што е голем минус во секој случај
.
Кога сме кај Валжан, Лиам Нисон беше светец во вистинска смисла на зборот, па поради тоа и го спомнав романтизмот кој како идеја се протнува во првиот филм. Додека во францускиот филм Жерард Депардје глуми еден многу пореален, посиров Валжан кој не е совршен и кој знае да биде и груб и да направи и грешки во односот спрема останатите. За Хју Џекман нема што да зборам, си одглуми и отпеа супер, иако немаше благе везе тоа со карактерот на Валжан. Една огромна забелешка имам за мјузиклот а тоа е што ликовите имаат долги монолози кај што запаѓаат у дилеми од типот дали се на правиот пат или не и сето тоа е малку досадно и филмот трпи доста, иако е екранизација на мјузикл а не на книгата. Од најновиот премногу ми се допадна Ен Хетавеј. Девојката си растури. Не знам на што дроги беше во филмот али бајаги беше внесена во улогата на Фантина а нејзиниот плач додека пееше делуваше преискрено. Ок беа и Ума Турман и Французинката.
Уште еднаш ќе спомнам за мјузиклот - премногу непотребни монолзи кои го ебаа повеќе од пола филм, и за сметка на тоа од почетокот па некдае до средина, кога почнуваат борбите во Париз, ќе ви делува ко убрзана снимка и права карамкаша, така да ако не ви е позната приказната може и да не укопчате што се дешава
. Плус имаат за музиката и тоа што за чудо сите пееа лудило, освен Саша Барон Коен и жена му на Тим Бартон. Додека мојата замерка за францускиот филм е што имаме препластично пренесување на филмот од страна на режисерот. Ко да е препишувано сценариото од книгата.
Па така се случува баронот Мариус Понмерси да се заљуби од едно гледање за да во наредната сцена биде спремен да ја зема Козета за жена а кога ќе разбере дека оваа си бега готов е да гине иако претходно се предомисли и на крај делуваше ко ретарда и извештачен лик
. Во глобала тоа е тоа.:)
The Silver Linings Playbook
Би го опишал само со два збора - оригинално клише. Инаку ми се допадна :) , 7,5 од 10 од мене. Натпросечно добра глума од страна на Бредли Купер, Роберт Дениро и девојчицата.:)
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.826
Поени од реакции
1.581
A Thousand Words
Филмов има многу јака поента , не е важно да кажеш дека сакаш некого туку да го покажеш истото. Именео Џек би сторил се за да го добие она што го сака се додека не даде ветување на погрешен човек. Тогаш ќе се појави дрвото како паѓат лисјата така тој се разболува му остануват само 1000 зборови што ќе се случи видете од мене 7/10
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
The Raven (2012)
The Raven.jpg
Mистерија во која се раскажува за убиец кои убиствата ги прави според расказите на Едгар Алан По. Во Балтимор полицијата наоѓа жена убиена на ист начин како расказот "The Murders in the Rue Morgue"​
Авторот на приказната Едгар Алан По (John Cusack) е приведен на сослушување и дознава дека некој убива според неговите раскази.​
Второто убиство е по расказот "The Pit and the Pendulum" па според тоа полицијата и Едгар Алан По предвидуваат дека следото убиство ќе биде на мaскeнбал.....​
Убиецот и поетот "комуницираат" преку извршените убиства, но сепак полицијата неможе да открие кој е.​
Оцена 8/10​

 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.826
Поени од реакции
1.581
The Odd Life Of Timothy Green
Филмов е :place:. Приказнава е дека брачен пар неможат да имат дете откако ќе го дознат тоа ќе направат листа на се што сакат да биде нивното дете и ќе го закопат тоа. Универзумот ќе им ја исполни желбата , но има еден проблем тој има ливчиња на нозете. Што се ќе се случува погледнете 8/10
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Dead Presidents (1995) http://www.imdb.com/title/tt0112819/

Ветеран од војната во Виетнам се адаптира на животот во Јужен Бронкс по четири годишното воено отсуство. Се соочува со тешкиот живот и негрижата од страна на државата спрема воените ветерани. Во тешка беспарица се решава на најголемиот чекор, а тоа е да изврши грабеж .. Што како, ќе видите кога ќе го изгледате.
...
Лежерно филмче без голема напнатост ( или можда мене ми беше така cause I'm stoned son .. ) и на моменти хумористични сцени ( Крис Такер сам со себе како појава го пренесува хуморот ). Оцената од мене е чиста 10ка.. И кој саундтрак само го има филмов, проверете сами:
http://www.youtube.com/watch?v=19kc_TNj0gA&playnext=1&list=PL7E8EDDBA0FC9094C&feature=results_main




http://www.youtube.com/watch?v=19kc_TNj0gA&playnext=1&list=PL7E8EDDBA0FC9094C&feature=results_main
 

Kajgana Shop

На врв Bottom