G
grande-juve
Гостин
ИЛИНДЕН
Mакедонски филм во четири дела на Димитрие Османли, дејствието ги опфаќа деновите пред, за, и после Илинденското востание. Филмов е и како историска лекција, и стварно е добро направен. Ми остави впечаток уште првиот пат кога нешто сум гледал од него, на 10-тина години, кога после филмот на едно дрвено пиштолче сум си напишал "слобода или смрт", ама сега кога го гледав, ми ги разбуди сите до едно национални чувства, поготово со две посебни сцени, кревањето на нашето знаме, и последната битка на четата на Питу. Одличен тв филм што секој Македонец мора да го изгледа, само проблемот е како да се најде, јас го гледав на мтв.
Од мене 10 од 10