Предлог за филм со кратка рецензија

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Prisoners [2013]



http://www.imdb.com/title/tt1392214/

Ќе се збори долго за филмов. Уште сум под импресии. ИМДБ дава 8.1, од мене една јака 9-ка. Во добар дел од филмов е супер-тензија и вистинска заслуга да добие опис thriller. Како за американски стил одлично пренесени емоции и фантастична глума на целата екипа. Генерално збор е за две киндапирани девојчиња и истрагата...........ќе ја расипам приказната ако давам детаљи, симнувајте го и гледајте го без двоумење.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Сина е најтопла боја - La vie d'Adele ★★★★★

Ваљда ова ќе биде најдобриот филм за 2013 за мене, ваљда и воопшто на новиот Синедејс, како и да е јас бев апсолутно воодушевен од филмот во целост.

Точно три часа, поглавјето 1 и 2, овој прекрасен филм оригинално наречен “Животот на Адел“ ќе ве маѓепса со прекрасното сценарио, врвната кинематографија која ја прикажува прекрасната пролет во Франција. Двете актерки моќно и бесрамно и храбро го одглумија сето она што се нарекува МУДА, муда да се одглумат восхитувачки сексуалните сцени (реално никогаш не сум гледал такви страстни и голи сцени во некој филм). Адел е прекрасна, божествено убава, таква уста, такво тело, мераци, сјајна глумица. Мислам дека приказната се знае, две девојки, поточна едната ја открива својата сексуалност во цутот на раната младот.

Маестраллно, се поклонувам. :cuc::cuc::cuc::cuc:



Во цутот/Созревање - Grzeli nateli dgheebi / In Bloom ★★★★ (залудно е да пишам рецензија покрај другиот филм. Добар беше и овој филм од Грузија. Некако тематиката е тука некаде само што овде две девојки се запознаваат себеси и својата сексуалност, а во “Созревање“ ја гледаме сликата на напнатото општество во Грузија во 1992 и две девојки откривајќи ги првите љубови).

 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Odumiranje/Изумирање (2013) ★★★★

Овој доста силен српски филм ни го поставува главното прашање, до каде сме спремни да одиме за да ја напуштиме сопствената земја и да се преселиме во друга земја за подобар живот. Филмот ни носи проблеми што богами доста често ги гледаме во Балканот. Полека изумирање на руралните населби, сиромаштија, мајка која ја оплакува смртта на син кој си го одзел животот поради лошата состојба на животот.

Врвна монтажа е присутна во филмот, секој би го забележал тоа. На момент се потсетив на дел од филмовите на Манчевски, баш во Мајки гледавме вакви прекрасни пејсажи. Одлична актерска екипа, која после проекцијата во Кино Фросина имаше и свој претставник како гостин, младата и надежна актерка Милица Јаневски која одглуми доста добро со оглед на тоа што ова е првата улога на големо платно. Гости беа и режисерот, сценаристот и монтажерот, имаше шанса да му се постават неколку прашања и подетално да ја објаснат ситуацијата и причината поради која е сниман филмот, а тоа е се почестото иселување на младите Балканци во друга земја поради потрага по подобар живот.

Балканска слика, турбо-фолк музика, сето она што е навистина така.

Од мене има, една одлична 8/10. Браво!

 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.082
Frances Ha (2012)




The Good: позитивноста преку целиот филм, неверојатната глума, хаосот што е животот отсликан и екранизиран во црно-бела уметност во часипол, приоритети и љубов, слатко и слаткогорчливо. Убава и пригодна музика преплетена низ приказната, која уствари е рандом исечок, делче од животот на Францес. Несомнено најпозитивното филмче годинава, нешто како Silver Linings oд лани. И можеби најбезпредметната, најсубејктивната 10ка за годинава од мене. Оти баш е реално за 7.5 од IMDb. Ама за годинава, fuck it, во топ3 ми е. Препорака.

The Bad: за несреќа, undateable.

"It's... it's what i want in relationship.. which might explain why I am single now. Ha, ha. It's, uh.. It's kinda hard to.. It's that thing when you're with someone.. and you love them and they know it.. and they love you and you know it.. but it's a party.. and you're both talking to other people.. and you're laughing and shining.. and you look across the room.. and catch each other's eyes.. but, but not because you're possessive.. or it's precisely sexual.. but because.. that is your person in this life. And it's funny and sad but only because.. this life will end, and it's this secret world.. that exists right there.. in public, unnoticed, that no one else knows about. It's sort of like how they say that other dimensions exist.. all around us, but we don't have the ability to perceive them. That's.. that's what I want out of relationship. Or just life, I guess. Love. Blah. I sound stoned. I'm not stoned. Thanks for dinner. Bye."

That beautiful awkwardness and hand gesticulation and facial expressions. :love:


Frances Ha

Ma за оскар!
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Kill your darlings (2013).


"I saw the best minds of my generation destroyed by madness" - Allen Ginsberg


Allen Ginsberg пред да се стане забрадениот буда на underground-от и еден од главните претставници на "beat" генерацијата, бил само еден обичен слабичок адолесцент од Њу Џерзи, бруцош на Универзитетот Колумбија во Њу Јорк.

Преминувајќи ја Хадсон реката, бегајќи од неговиот не толку среќен дом, уште на првиот ден на Колумбија, се соочува со нешто што тој досега го нема видено, но го осеќал целиот живот. Таа ребелност, Allen (Daniel Radcliffe) ја наоѓа во неговиот соученик Lucien (Dane DeHaan) кој позајмувајќи му ја “A Vision” од William Butler Yeats го намамува да го напише манифестот на она што допрва следува.

Jack Kerouac (Jack Huston), William Burroughs (Ben Foster) и Michael C. Hall во улога на David Kammerer ги завземаат последните места и го затвораат кругот на една тајна епизода од животите на трите големи поети, која ја поставува Џон Крокидас во неговиот деби филм - поглед кон само мал дел на генезата и зачнувањето на она што понатаму ќе биде контраверзно, авантградно но и предмет на академска студија.

Во филм кој не ни дава да погледнеме кон тоа што ќе биде понатаму од овие поети се испреплетува страста, пријателството, себе-откривањето и убиството.

8.5/10
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.249
Living in Oblivion (1995)

После неколку промашени филма конечно нешто добро како освежување. Living in Oblivion, мало и скромно филмче со симпатичниот Стив Бушеми. Човекот има некоја харизма и обожавам да го гледам. Во Фарго ми беше најомилен, ама и овде одлично глуми.
Накратко, филмот е за тоа како ликот на Бушеми поминува еден ден снимајќи нискобуџетен филм. Има одличен хумор и тој час ипол поминува многу брзо. Како што Кевин Смит направи со Clerks така до негде личи и овој филм, значи сите луѓе кои биле задолжени во правењето на филмов не биле на плата, па актерите дури и сами донирале пари за да го направат. За малку и Бред Пит ќе го имало во него. До толку е мрднат. Почнува во црно бела боја, но тоа се само сцени, ќе видите понатака, целиот филм преминува во колор (ова го потенцирам за @Pluh да го гледа пошо ко створен е за него).
Глумата е некако многу природна, уште од првата сцена која трае 15тина минути веќе си внесен во дејствието и се поврзуваш со ликовите. Филмов е учебник за форумџии ентузијасти, гледајте го, коментирајте го, споделете го.
Ќе им се свиѓа на фановите на Clerks: @wot @Болиглава @zee_German

Бонус, во филмот има еден сега популарен актер, клик на спојлерот :icon_mrgr:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Of Gods and Men (2010)



“Вие сте богови, Вие сте синови на Севишниот, но ќе умрете како луѓе, ќе паднете како великани...“ Псалми 82:6

Со овој извадок од библијата започнува овој брилијантен француски филм, добитник во 2010 на Канскиот филмски фестивал за најдобар филм од страна на жирито. Хавиер Биву, режисерот на филмот така импресивно ги одбирал совршените кадри, мирната атмосфера во манастирот, совршените цитати и квалитетното сценарио со оглед на тоа што станува збор за вистински настан.

Филмот е базиран на вистинската случка од 1996 кога седум монаси во муслимански-населениот Алжир ќе бидат киднапирани од страна на Исламската фундаменталистичка група за време на Алжирската граѓанска војна. Она што ептен ми се допадна колку реално е опишана ситуацијата помеѓу локалните Христијани и Муслимани во навидум мирното село се‘ додека не започнаат тензиите помеѓу граѓаните. Ламберт Вилсон, во улогата на лидерот на монасите дефинитивно имаше одлична улога, колку само восхитувачки делува неговото знаење и умешност во односите со другите монаси. Врвна улога.

I gave it 8/10. Excellence
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Prisoners (2013)


Јако и квалитетно филмиште од 153 мин...Драма трилер во права смисла на зборот, а тензијата и напнатоста нема да ве напушти ниту за момент во тие 153 мин...Обрнувано е внимание и на најситните детали, режирано е перфектно..Дури и најизострените умови не би можеле да го предвидат крајот и тенденциозно, неколку навидум ситници во сценариото фрлаат сосем поинакво светло на филмот и го насочуваат гледачот во сосем друг правец, за на крај дилемите една по една постепено да се разрешуваат...Во неколку рецензии што ги читав по нетов, пишуваше дека е пожелно да се гледа два пати бидејќи на тој начин совршено би ни се разјасниле некои причинско-последични односи во филмов...Значи малите гестови и кратките реченици изговорени од актерите во неколку наврати се клучни за да се добие совршена слика за целото дејство...
Јас искрено се надевам дека филмов ќе има номинации за Оскар и тоа 2-3...
Накратко за приказната- на почетокот на филмот исчезнуваат две девојчиња од пред нивниот дом и од тука па натаму почнува истрага од полицијата и од нивните родители за нивно пронаоѓање...
Актерската екипа - совршенa, одглумено до перфекција, пренесени емоции и набој, а посебно Jake Gylenhaal во улога на детектив Локи - презгоден, немам зборови, се заљубив мислам во него... :love:
Го препорачувам на љубителите на добра трилер-драма и воопшто на квалитетен филм...
 
Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
„Почудно од рајот“ филм на Џим Џармуш


Едно од првите филмчиња на Џармуш, во кое тој се решава со независна продукција и екстремо мал буџет од само 100 илјади долари да направи едно филмче со кое ја самокритикува Америка. Филмот е поделен во 3 чина од кои првиот е „Новиот свет“ (се мисли на Америка), „Патувањето“ и „Рајот“. Во филмот се работи за еден млад Унгарец (Вили), кој живее во Њујорк, а на гости му доаѓа неговата помала братучеда исто од Унгарија. Таа сака да оди кај тетка и, но таа е нешто на болница па треба да почека 10 дена да престојува кај Вили. Тој се обидува да си го заборави претходниот живот, да си го смени идентитетот, користи друго име, се труди да зборува англиски, се лути на сите околу него кои што зборуваат унгарски, гледа амерички фудбал, јади специјална “ТВ вечера“, пуши амерички цигари, со прости зборови, сака да биде прав американец. За разлика од неговата помала братучедка која што е дојдена кај него, сака да си остани таква каква што е, да се однесува како странец, да се облекува така како што се облекувала претходно и сл. Вили има најдобар другар Еди, кој е поприлично еден прост американец, кој нема карактер, нема свое јас и постојано го следи и слуша неговиот другар Вили. Вили обожава да се коцка, на карти на коњи и кучиња. Откако братучедката Ева ќе замине кај тетка и во Кливленд. Таа таму почнува да работи и заработува пари, кои си ги троши за свој живот. Еди и Вили ја посетуваат со цел да го видат убавиот Кливленд но таму...
Доста е раскажување оставам да го погледнете. Поприлично ликовите во филмот се многу досадни, режисерот пристапува да го снима во црно бело, секој кадар си трае до крај, користи фејд ин и фејд аут и сето тоа функционира супер. Филмот е идентитетот, за имигранти, за сонот за Америка, за тоа дали америка е рајот и зошто филмот се вика „Почудно од рајот“? Што ќе ги снајде Вили и братучеда му Ева? Дали тие ќе го живеат американскиот сон?
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Не дека нешто ептен ме воодушеви филмот, но си реков дека ќе направам една рецензија со оглед на тоа што е Српски кандидат за Оскар и сакав достојно да го испочитувам, пред се поради тоа што го почитувам Срдан Голубовиќ како режисер, и колку ми е драг и омилен неговиот претходник, филмот кој беше во скратената номинациона листа за Оскар за најдобар филм Klopka, но за жал сепак не успеа да влезе во финалните номинации.

Е сега околу новиот. Кругови.

Едит
А да не спомнав филмот се закити со награди на Сараево и на Санденс филмскиот фестивал!



Одлично смислен наслов. Кругови нѝ ги претставува трите приказни кои се случуваат во различни временски зони. Требиње 1993, Марко српски војник во својот роден град ќе биде убиен од тројца негови соборци поради помагање на муслиманецот Харис. Дванаесет години подоцна војната завршува кога таткото на Марко ја обновува црквата кога Богдан, син на еден од убијците на Марко се појавува во потрага по работа. Во меѓувреме, во Белград пријател на Марко кој беше со него за време на убиството се двоуми дали да оперира еден од неговите убијци. Додека пак во Германија ја гледаме вдовицата на Марко кога оди кај Харис барајќи засолниште со надеж дека тој ќе ѝ помогне поради тоа што Марко му го спаси животот.

Дали треба да се опрости или да се одмазди, дали ќе се затворат старите рани или немирот се уште демнее низ нивните карактери.

Она што не ми се допадна е лошата кинематографија, ептен ефтино направен филм кој можел да биде доста квалитетен со оглед на одличната приказна. Исто и глумата не е нешто посебна. Како што реков далеку послабо од Клопка, филм кој сите почитувачи на добриот филм, а особено на балканската кинематографија мора да го гледат!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
The Great Gatsby (2013)
Ќе повторам по не знам кој пат - Лео не си дозволи лош филм во својата кариера...Иако првата третина од филмот не ветуваше воопшто многу, како се одвиваше дејството стануваше се помоќен и со таков крај да достигне максимум дефинитивно..Од маестрален и неповторлив актер како Ди Каприо не ни може да се очекува нешто помалку, а поготово што баш вакви улоги совршено му се вклопуваат...Очекувам најмалку три номинации за Оскар, како на пример најдобра машка главна улога, најдобра костимографија, музика итн...Целиот филм е како една бајка од триесеттите, во Њујорк, ама без клишеа, патетики и научни-фантастики...​
Единствената работа што не ми се свиѓа е изборот на Кери Мулиган за главна женска улога, ама имајќи предвид колку 'племенита' улога имаше во Shame, некако и лежи ситна и бедна душа да глуми...Физички исто така изгледа катастрофа, никаков сексипил и женственост...​
Во филмот се обработени тематики и случувања од реалниот живот, поентата нема да ја откривам...​
Ди Каприо( Гатсби) е во улога на најбогатиот човек во Њујорк, поранешно воено лице, којшто ги прави најспектакуларните забави во својата куќа која личи на огромен и луксузен замок, а таму негде живее и таа - неговата поранешна љубов Дејзи...Приказната во филмот ја раскажува нејзиниот роднина Ник, којшто е прв сосед на Гатсби...​
Толку... :)
И оваа насмевка од милион долари не смее да се пропушти да не се види...!​
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Papillon (1973)



Како голем фан на Стив Меквин ги имам изгледано речиси сите негови филмови. Сосема случајно на Телма пред некој ден го начекав филмов. Еден од најдобрите. Заедно со Дастин Хофман се неверојатни како дуо во филмов. Папилон (Стив Меквин) и Луис Дега (Дастин Хофман) се осудени на доживотен затвор во пенитенцијарната установа на Ѓаволскиот остров. Неговото другарство со Дега започнува сосема случајно кога Папилон го одбранува во напад. Дега го најмува за телохранител, а подоцна стануваат најдобри пријатели. Затворот е строг, чуварите се брутални, затворениците се поделени на групи согласно кој за што е кадарен и може да работи. Првото бегство се казнува со две години во самица, второто со пет години во самица. Мрачна просторија каде „помија“ е класа оброк во однос на тоа што таму го добиваат како храна.
Филмов е одличен приказ на другарството, жртвувањето за истото, обидот на човекот да не потклекне пред работите кои не сака да ги прави. Изобилство на мотивација и борба за конечно да се почуствува слободата, давајќи се од себе и поминувајќи низ пекол за истата. Стив Меквин се надминал себеси, посебно обратете внимание на сценава. Трогателни моменти и епска глума на човекот. Одлични дијалози посебно на изолираниот остров. Да не должам многу и да не ги откривам сите моменти од филмов, прегледајте го, ветувам ќе уживате.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
The Hunger Games (2012) и
The Hunger Games: Catching Fire (2013)



Прво, ме фаќа некоја тага кога гледам колку многу луѓе не разбираат што значи дистописки филм и со тоа комплетно ја промашуваат суштината и пораките на филмот и го сведуваат на гола акција. Затоа најдобронамерно ќе почнам со неколку кратки дефиниции:

1. Утопија
Имагинарно место (општество) во кое се е перфектно. Поинаку: премногу добро да биде вистинито.

2. Дистопија
Имагинарно место (општество) во кое работите се лоши, луѓето живеат бедно, во страв и во терор (најчесто тоталитарен систем). Поинаку: премногу лошо да биде вистинито.

3. Дистописки филм
Обично со дејство сместено во иднината, во општество во кое владее терор. Најчесто, дистописките филмови имаат за цел да предупредат на можни темни сценарија и последици.


Сега да почнеме околу филмовите:

Општо
Се работи за трилогија која се снима според Sci-fi новелите на Сузан Колинс. Третиот филм ќе излезе во 2015 и со тоа ќе се комплетира целата трилогија. За авторот на новелите кои се разбира не ми се читани, секоја чест на имагинацијата и креативноста, како и на оние заслужни за пренесувањето на оваа приказна на филмското платно. Прочитав дека книгите се многу понасилни а филмот е повеќе софт-верзија. Двата филмови кои излегоа до сега имаа различни режисери. Првиот дел има 78 милиони $ буџет, а вториот 130, што се забележува и кај ефектите. Оцените на IMDB 7,2 и 8,1. Мои оцени 9.0 и 8.5.

Дејство
Во некоја подалечна иднина постои земја наречена Панем во која има 12 области и главен град. 74 години порано сиромашните луѓе од областите се дигнале на востание кое било загушено. Со цел да ја прославува победата но и да го одржува стравот помеѓу луѓето, владата секоја година одржува игри наречени Hunger Games во кои секој од овие области дава по две деца кои учествуваат во игрите, борејќи се до смрт пред очите на целата јавност. Кога ќе ја изберат малата Прим, нејзината повозрасна сестра Кетнис (Џенифер Лоренс :love: ) се пријавува да ја замени. И така натаму.

Актерска екипа и глума
Ф-а-н-т-а-с-т-и-ч-н-а.
Сериозно, ако некој гледал блокбастери со ваква глума нека ме потсети зошто ништо не ми паѓа на памет. Прво, Џенифер Лоренс си гази, станува се подобра и подобра и ми се чини дека во моментов нема никаква конкуренција (дека Ане :love::love::love: е на заслужен одмор). Во двата филма видов вистинско внесување во улогата, нештедење емоции и конечно, не било срамота да се глуми во блокбастер - само требало да се глуми. Веројатно од многу кеш забораваат луѓето па мислат дека во блокбастер треба само да се трча и да се пука. Овој за среќа е различен, не само поради Џенифер туку и останатите: Вуди Харелсон, легенда, во улога на поранешен победник на игрите а сега алкохоличар и ментор на Кетнис и Пита, Елизабет Банкс која навидум глупава шмизла има емоции кои од страв ги притиска во себе, Стенли Тучи како тв водител во системот задолжен за перење мозоци и одвлекување внимание, Доналд Сатерленд во улогата на претседателот па дури и Лени Кравиц... и да не набројувам.

Визуелни ефекти:
Во првиот дел добри, во вториот дел фантастични, посебно ми се допаднаа сцените во вториот дел во вежбалната со тие жолтите ликови што симулираат напад, многу креативно и оригинално.

Саундтрак
Еве го од саундтракот од првиот дел, со lyrics: http://www.youtube.com/watch?v=7TYpy-24NdY&list=PL5ADB3847562D3784

Сценографија, костимографија
Одлично направено. Од луксузот во главниот град, до бедотијата во областите. Извалканите работници и блескаво чистите војници во бело, фустаните на обичните жени и оние на богатите. Арената во вториот дел но она што беше епско и што ќе го паметам како флешбек: сцените кога пристигнуваат со кочиите кои се на нивото на Бен Хур, топ квалитет за моменталните услови, ја доловуваат грандиозноста на игрите, и секако Mockingjay моментот:

Мал спојлер во форма на скриншот:

Впечатоци:
На мојата скала на дистописки филмови оваа трилогија оди во самиот врв. Едноставно не можам да му најдам сериозни маани и комплетно уживав во двата дела. Во вториот повеќе зошто го гледав на кино и зошто визуелно е подобар, но сепак сметам дека првиот филм е подобар поради приказната. Во првиот филм оној момент во кој се насетува отпор и револуција е во преден план низ целиот филм, додека во вториот филмот премногу свртува на акција и се занемарува во некој мера суштината, а тоа е како игрите имаат ефект врз јавноста и како го инспирираат отпорот. Имаме изгледано доста вакви филмови како на пример The Running Man (1987) но сите вакви филмови беа со фокус на акцијата. Овде глумата ја направи разликата, ликовите се добро обработени, актерите одглумија за сите пари, имаше плачење, гушкање, бакнување, Џенифер има двајца дечковци :) и сето тоа функционира. Во некоја споредба може да се каже дека Hunger Games е всушност The Running Man meets The Truman Show.

Оставам за во темата без спојлери (кога повеќе луѓе ќе го изгледаат вториот дел) да подискутираме колку филмов е исмевање на денешното општество и медиуми, од креирање на безначајни приказни (Кардашијанс, Хилтонс) за замајување на јавноста од вистинските проблеми, до гламурот (кој неодоливо потсетува на Ноќта на Оскарите) итн...

Кој може во кино нека не жали пари за карта. Штета што ќе се чека многу за третиот дел за кој имам високи очекувања со оглед на содржината.

Препорака за сите.

И за тебе @Pluh
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Out of the Furnace (2013)
Crime | Drama | Thriller


Одличен филм, глумата на Бејл ме потсети на 3:10 to Yuma. Иначе од имдб има "само" 7.1, моја оцена 9.0. Добри глумци, тензија во филмот има од почеток до крај.
Бидејќи ме мрзи повеќе да пишувам ќе ви кажам само: "мора да го гледате!"
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Утро после филмот. Импресиите стивнаа, јас сум повторно стариот, филмот е повторно истиот. Малку ќе биде да кажам дека ова е најдобрата улога на Ди Каприо во неговата кариера, искрено го следам уште како мал, импресивно во What's Eating Gilbert Grape, па Titanic, Catch Me If You Can, Aviator, Revolutionary Road, многумина ќе се изненадат но не сум ги гледал The Departed и Blood Diamond, веќе ги симнав за јануари 14', несомнено дали ќе ги изгледам или не ова е повторно најдобрата улога. Не знам колку Академијата е свесна како изглуми во целиот филм, да не спојлеришам во втората половина на филмот во една од најдобрите сцени така растури, што бев со отворена уста до крајот. Тука завршувам за него. За мене ќе биде најголема неправда Оскарот ако не оди таму, човекот ќе остаре, нема да му се оддаде чест за најдобрите улоги.Штоидаиспаднедруготукаставам (.)

Филмот е мешавина од повеќе жанрови, Скорзесе на така фин начин ги средил комичните сцени, Џона Хил исто овде ја има улогата на кариерата, малиот се повеќе напредува, а посебно кога глуми до вака врни глумци. Вистинската приказна за Џордан Белфорт - неговиот почеток како брокер и неговиот живот на висока нога исполнет вмешан со криминал, корупција и гонет од ФБИ. Тука ќе го споменам мојот драг глумец од Friday Night Lights Кајл Чендлер - човекот има споредни улоги постојано но одлично ги глуми, добра улога имаше, посебно сцената на јахтата ќе ја издвојам како една од омилените во целиот филм. Изобилува со одлични режисерски кадри, можам без двоумење да кажам дека е еден од најдобрите негови филмови од она што сум имал можност да гледам. Единствено имаше една СОСЕМА НЕПОТРЕБНА сцена што може да се рече ми смета во целиот тој фасцинантен филм -
Кога беа во јахтата и се упатија накај Монако покрај лошото време, тотално глупа сцена и непотребна, ужас, не знам што мислел Скорзесе зошто да ја вметнал таа сцена, можеше поинаку да се направи тоа
.



Како што реков филмот изобилува со доста комични сцени, многу експлицитни, па потоа се префрлува на нешто подраматично, значи вистински ролеркостер, те држи возбуден цели три часа, искрено би седел уште толку да не беа столчињата така безвеза во киното. Метју МекКонахи иако има епизодна улога многу добро изглуми, баш добро се насмеав на неговите сцени на почетокот. Музиката исто генијална.

Нема што друго да зборувам, за мене покрај Before Midnight ова се првите две 10-ки за 2013, во оваа така одлична година кога дадов доста деветки. Мислам дека сега може само 12 Years a Slave да му парира на филмот, друго ништо, и евентуално Her ако ептен ме фасцинира. Јас засега за ова ќе навивам за Оскар - because deserve it, кој не го гледал трк во кино, забава три часа, уживање во вистинска смисла на зборот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom