Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.900
Не го дискутирајте Интерстелар овде бар уште два месеци, @Psyside го нема гледано :)
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Следат спојлери за Интерстелар, stop here.

Безвезе ми е воведот, сите садат пченка пошто природата го сјебала човештвото, па сега НАСА постои у шупа и со единствениот план за спас на луѓето раководи Мајкл Кејн кој цело време уствари манипулира со луѓето. Надвор од секоја логика за такво сценарио, веруј ми, човештвото има планови за секакви сценарија. Башка воведот не е убаво прикажан, односно можам комотно да речам дека не ни има вовед. Приказната можам и јас да ја осмислам, можеше и цел мој клас у петто одделение, setting у приказна за мали деца. Нерационални потези од типот коа оној со брадата што стоеше кај водата и гледаше и го собра водата, збудалувањето на Мет Дејмон, многу дебилно и безвезе прикажани у фазон „да се дешава нешто“. Крајот, односно почнувајќи од тоа кога стигна до новата димензија главниот лик (чие глумење ми предизвикуваше по два-три нерва да ми пукаат со секој збор кој го изустуваше и името нејќам да му го знам за да не се обесхрабрам од гледање на други филмови со него), беше неверојатно тупење. Ама она, толку беше измешано што стана досадно. Како кога гледаш небитна утакмица фудбал, резултатот е 0-0 и главата ти е потрпена на раката, се прашуваш што правиш со животот, дека многу поубаво би ти било да излезеш надвор и да лежиш на трева. Се одолговлече све, се издолжи и битното и небитното и филмот почна да го губи вниманието на гледачите. Возбуда нула, и на крајот остануваш со едно "meh" мислење, гледајќи ја картата од Синеплекс и барем дел од тебе е среќен што си отишол да го гледаш у вторник кога се најефтини, а да си отишол у ударен термин ќе си извршел Харикири.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Не, не, филмот ми е булшит по default. Никаква приказна, глуп вовед, катастрофа крај, предвидливи пресврти. Ова е само непопуларно мислење.
run forrest run

И да погинеш, колку можеш ќе се спасиш
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051
На позитивно, оваа година сфатив дека сум прилично интелигентна и остроумна личност со посебни и уникатни квалитети
Интерстелар е булшит (no spoilers will be told). Единствената, ама единствената и ниедна друга причина зашто толку луѓе го праат бог знае што, е пошто луѓето по default сакаат да се прават паметни.
Повеќето убеден сум дека не го разбираат
и самите не се свесни за тоа зошто им се свиѓа филмот.
Добар си Рики :) Rebel without a cause. И покрај сите твои способности, не си сфатил дека еден филм не мора да се разбере за да се сака.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.619
Поени од реакции
12.431
И ти не си го разбрал. Рики е остроумен. Тој не го гледа филмот како целина. Не ја гледа љубовта како емоција. Гледа длабоко во него, до самата душа, од таму ја црпи вистината !!! :icon_mrgr:
 
H

HoT IcE

Гостин
Ауууу Whiplash филмиште!!! Каква среќа што баш денес ми излезе прилика да ја згреам мојата соба, и воедно филмот го гледав на јако озвучење :D
Перверзија е филмов, каква тензија, возење, глумата на J.K Симонс е :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Ауууу Whiplash филмиште!!! Каква среќа што баш денес ми излезе прилика да ја згреам мојата соба, и воедно филмот го гледав на јако озвучење :D
Перверзија е филмов, каква тензија, возење, глумата на J.K Симонс е :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
Кој торент го симна?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Lucy

Прв филм на Скарлет од ваков жанр и мислам дека се покажа солидно...Визуелни ефекти добри, музика исто така, НО, ...премногу ефтина научна-фантастика за мој вкус, уште во комбинација со каубојски акциони сцени...Хммм, Луси е дефинитивно филм што јас нема да го гледам два пати...Ниту пак ќе трошам овде време да мозгам многу..
Почетокот вети многу, створи баш добра тензија, па уште кога ги видов клеточните делби, универзитетското предавање и некои сцени што ме потсетија на филм на Аронофски - си реков ова ќе биде филмиште - но расплетот се случи одеднаш и како се доближуваше до крајот беше све посрање и посрање...
Како молекуларен биолог, баш бев "фрапирана" од фактот дека еден ден ќе се синтетизира материја која ќе овозможи 100% искористување на мозочниот капацитет, АЛИ ПРИ ТОА индивидуата ќе биде моќна да се движи низ просторот и времето, дури ќе се врати и милијарди години уназад и ќе го погледне во очи човековиот предок..Абе магионичар - што ќе придвижува и жива и нежива материја...!

Жалосно што режисерот ваква оригинална идеја за филм што можеше да резултира со некое јако Оскаровско филмиште, ја претвори во ефтина научна-фантастика која оди во екстрем...Катастрофа...
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.964
Немам видено вака исти мислења за Whiplash како за некој друг филм. Сите се воодушевени. Овој кај нас има шанси да го даваат во кино во блиска иднина или да си симињам рип?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
Немам видено вака исти мислења за Whiplash како за некој друг филм. Сите се воодушевени. Овој кај нас има шанси да го даваат во кино во блиска иднина или да си симињам рип?
Месецов во Синеплекс.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Добар си Рики :) Rebel without a cause. И покрај сите твои способности, не си сфатил дека еден филм не мора да се разбере за да се сака.
Е арно за првиот цитат. Али ете, ја не мислам дека можеш да сакаш нешто што не можеш да го разбереш. „И ја не го разбирам али јако е брат“ ти е муабет во основно што се праи кога од дома ќе ти кажат нешто за политика и ти истото им го кажуваш на другарчињата, нит сфаќаш нит знаеш што збориш. Епа исто и ова. Барем тоа важи за 99% од луѓето што го сакаат филмов, секако дека секад си има исклучоци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom