Годинава има еден мал куриозитет кога се номинираните за Оскар и историјата во прашање: два филма за истиот историски настан се номинирани за Оскар - Dunkirk и Darkest Hour. Е сега, зошто го спомнав ова? Дека ја спомнавте фактографијата: не знам дали јас погрешно сум сфатил, зашто одамна го гледав Dunkirk, но чинам имаше некој пасус во кој кажаа дека Черчил не сакал да испрати бродови за да ја спаси својата армија од пристаништето, и дури го опцуја. И дека цивилните бродови се организирале сами, барем јас таков впечаток добив. За да, во Darkest Hour го видиме Черчил itself како од петни жили, на работ на нервен слом, на самиот почеток од неговиот мандат, кога мора да стори нешто за да ја оправда довербата и на членовите на својата партија, кои бараат од него да седне на преговарачка маса со Хитлер, што нормално тој одбива, но и на опозицијата, народот во Кралството, па и на Кралот (таткото на Елизабета, не знам како се викаше), бара под дрво и под камен помош од сите страни за да си ја врати својата армија дома. И не дека тој одбил да ги пушти бродовите, туку тој беше единствен кој сакаше да ги пушти бродовите, и кој ги организираше цивилните бродови да тргнат. Е сега, што од ова е фикција, а што фактографија, јас не знам, само малку ми беше противречно.