Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.067
Што е поентата со Friends? Ја изгледав серијата одамна, ама не се сеќавам на Берни. На Барни - да, ама тој беше од HIMYM.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.359
+1 за рецензијата на Ио за Бојхуд, штета што сум во малцинство и за 12 years a slave.
Ги споредувам филмовиве пошто изгледа Бојхуд ќе освои Оскар за најдобар филм како и Славе лани.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.495
Поени од реакции
3.495
Синоќа го гледав Mullholand drive,кој го разбрал филмот капа доле за него,јас ништо не разбрав,таман си помислив дека знам што се случува излегува нешто многу неочекувано..
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Мислам дека немам спојлери, ама со оглед на тоа што не сите членови имаат иста дефиниција за спојлер, да предупредам дека можно е да има :D

Ио, мислам дека на погрешен начин си му пристапил на Boyhood. Си очекувал да биде нешто што филмот немал намера да биде. Целта беше да се прикаже едно детство на најреалистичен можен начин. Тоа мислам и беше намерата со истите актери во текот на целиот филм, секако покрај постигнувањето на уау ефект :D. Целта беше да се прикаже детство во кое што ќе се пронајде просечен човек, ќе се соживее со размислувањата и проблемите на Мејсон кои нели сите сме ги имале како копиљаци, т.е. да се прикажат мали случки/сеќавања кои што се НЗС за сите, работи кои сите сме ги осетиле или доживеале, а не некои несекојдневни случки. Сигурно не во секое второ детство најдобриот другар на детето му го изеле оси, или преживеало сообраќајка, или си нашло куфер со пари...
Не знам како не те допре сцената кога Итан Хок му ја објаснуваше на Мејсон големината на китот - типично татковско објасување. :D Муабетите за Стар Ворс :D Не знам... ваљда ако не си роден 92ра-95та нема многу да те допре, или пак лав ор хејт е филмов како што рече. Мене ми имаше многу органска и природна атмосфера, уживав во гледањето и не осетив никаква потреба од некаква си приказна. Растењето на Мејсон така ми пролета што не ни забележав колку се промени, не трепнав цел филм.
Во едно сум сигурен, а тоа е дека Линклатер сигурно се надевал дека aктерот којшто го глуми Мејсон нема да израсне во феминизирано емовче Токио Хотел фан тип, ама за жал баш тоа се случи... xD
 
W

wicked_1

Гостин
Синоќа го гледав Mullholand drive,кој го разбрал филмот капа доле за него,јас ништо не разбрав,таман си помислив дека знам што се случува излегува нешто многу неочекувано..
Филмот (овој и многу други му се/) е интелектуална стимулација на секој шо сака да праи breakdown на покомплексни филмови, но ова е и само за таа селектирана група гледачи. Мулхоланд е структурно комплициран у однос на реалност/сон(фантазија) и точки на свртување, не содржи разбивање на некои општествени или филозофски проблеми, реално ретко кој ужива у филмовите на Линч ако не припаѓа на таа група гледачи.
Не пропагирам елитизам, најмалце ми е поентата некој да навредам и го сфаќам секој фан на филмот кој одбива да троши време и не го прифаќа таквиот тип на режисери.
 
C

Crux

Гостин
Пред некој ден го изгледав Gone Girl :)

Ејми и Ник...Уште од почеток тие првичните фази во нивната врска ми изгледаа некако празни и вознемирувачки. Некој би ја окарактеризирал глумата како лоша, но одличнo ја доловува природата на ликовите. Празнина која ги крие тие психопатски тенденции и неописливо его. Тука доаѓа прашањето колку се познават меѓусебно и дали воопшто ќе прелее чашата во катастрофалниот брак.

Имаше една сцена мислам дека беа на некаква промоција пред Ник да ја побара Ејми за жена. Тука таа му објаснува како настанала „Amazing Amy“, му раскажува за сите неостварени сништа од детството уништени од нејзините родители. И тука сфаќаш дека нешто не е во ред и дека ликот на Ејми е преоптоварен со комплекси. Се насетува малку нестабилноста, неостварливо право да се има нешто повеќе,нешто подобро.

Знаев дека Ејми сама избегала, but the shit she pulled off? Кој би можел тоа да го претпостави ? Мислам дека една од најомилените сцени ми беше кога и ги украдоа парите. Многу ми се допадна текот на настаните и тоа што беа прикажани од двете страни, после исчезнувањето.

Да, после убиството на Деси може да се констатира дека кул грл Ејми а троа чепната во глата...:cautious:Онака малку, со стил (Не дека овој факт беше несигурен предходно). Беше прикажама некомпетентноста на полицијата, а медиумите беа напорни.
Одлично филм, ми се допадна. Од мене има 7.8/10, мислам дека тоа е добра оценка, таман. (y)

Тоа од импресиите. Филмот мислам дека повеќе се базира на психологијата, односите помеѓу самите ликови. Исчезнувањето не беше некоја голема мистерија, повеќе бев во исчекување на некој пресврт на крајот. Можеби уште едно убиство? Или пак законот ќе си го направи своето па Ејми да одговара за стореното ? Крајот се разврза на чуден начин. Тоа што останаа заедно беше само по себе голем „пресврт“, и е во ред. Впрочем имаат уште многу “авантури” да поминат, да сценираат уште некое чудо. Ни двајцата не заслужуваа повеќе, доволно им е да се дават во сопствената омраза.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Мислам дека немам спојлери, ама со оглед на тоа што не сите членови имаат иста дефиниција за спојлер, да предупредам дека можно е да има :D

Ио, мислам дека на погрешен начин си му пристапил на Boyhood. Си очекувал да биде нешто што филмот немал намера да биде. Целта беше да се прикаже едно детство на најреалистичен можен начин. Тоа мислам и беше намерата со истите актери во текот на целиот филм, секако покрај постигнувањето на уау ефект :D. Целта беше да се прикаже детство во кое што ќе се пронајде просечен човек, ќе се соживее со размислувањата и проблемите на Мејсон кои нели сите сме ги имале како копиљаци, т.е. да се прикажат мали случки/сеќавања кои што се НЗС за сите, работи кои сите сме ги осетиле или доживеале, а не некои несекојдневни случки. Сигурно не во секое второ детство најдобриот другар на детето му го изеле оси, или преживеало сообраќајка, или си нашло куфер со пари...
Не знам како не те допре сцената кога Итан Хок му ја објаснуваше на Мејсон големината на китот - типично татковско објасување. :D Муабетите за Стар Ворс :D Не знам... ваљда ако не си роден 92ра-95та нема многу да те допре, или пак лав ор хејт е филмов како што рече. Мене ми имаше многу органска и природна атмосфера, уживав во гледањето и не осетив никаква потреба од некаква си приказна. Растењето на Мејсон така ми пролета што не ни забележав колку се промени, не трепнав цел филм.
Во едно сум сигурен, а тоа е дека Линклатер сигурно се надевал дека aктерот којшто го глуми Мејсон нема да израсне во феминизирано емовче Токио Хотел фан тип, ама за жал баш тоа се случи... xD
- На филмот му пристапив како на секој друг филм: седнав да видам што има.
- Ова не беше детство на најреалистичен начин, ова беше чиста досада. Детство без смеа, без детска игра, без ништо.
- Не ме допре сцената со Итан Хок зошто е најобичен муабет, што има да ме допре во тоа?
- За Стар Ворс имаше две реченици.
- Како тоа нема потреба од приказна? Во гумата што се тркала имаше повеќе приказна.
- Who the fuck is Linklater? Жими Before Sunset што го има направено, се друго му е гола вода. Во биографијата му пишува дека е самоук. Филмов не е на Sundance да го пуштиш за независни филмови, ќе го утепаат.

Не ме заебавајте.
 
S

sim4e

Гостин
Before Sunrise e првиот всушност и е ремек дело. И Waking Life и Dazed and Confused кој е култна комедија. И Тарантино нема школо. Мајкл Беј има.

Него ја за Whiplash дојдов. КИНЕЊЕ! Ќе лета некој од листата на топ 5 за годинава.
И Оскар за Џ.К. Симонс!
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
- На филмот му пристапив како на секој друг филм: седнав да видам што има.
- Ова не беше детство на најреалистичен начин, ова беше чиста досада. Детство без смеа, без детска игра, без ништо.
- Не ме допре сцената со Итан Хок зошто е најобичен муабет, што има да ме допре во тоа?
- За Стар Ворс имаше две реченици.
- Како тоа нема потреба од приказна? Во гумата што се тркала имаше повеќе приказна.
- Who the fuck is Linklater? Жими Before Sunset што го има направено, се друго му е гола вода. Во биографијата му пишува дека е самоук. Филмов не е на Sundance да го пуштиш за независни филмови, ќе го утепаат.

Не ме заебавајте.
Сеа не ги знам сите сцени напамет ама сигурно имаше сцена кај шо играат дури беа мали. Во филмот беа опфатени различни етапи: детство, aдолесценција па се до полнолетство. Не може се до детал да се прикаже.

Да де, најобичен муабет, типични муабети меѓу татко и дете кој речиси сите некогаш сме ги правеле, ама сме подзаборавиле, и сцениве те враќаат во тоа време...
Океј, не знам шо да кажам повеќе, чим не ти се допадна не ти се допадна, шо и да кажам нема да те премисли :)

Па и Before Sunrise нема скоро никаква приказна, ама е предобро филмче :D
 
H

HoT IcE

Гостин
Јас го разбирам Ио што сака да каже. Не вика дека он дека филмот е лош, туку досаден, и реално да збориме, досаден е. Прикажан е живот на мало дете од просечна американска фамилија. Самиот филм што е номиниран за Оскари му носи тежина што Ио пробува да ја прикаже, искрено и за мене исто. Ама филмот ми беше добар, убаво ме возеше за тие два саата, некои моменти ми беа здодевни не викам не, а на некои се потесетив и ја на моменти од свое детство. Искрено филмот во конкуренцијава која ја има не би требало да земе никаков Оскар, бар според мене.
Ќе ми остане у памет само како филм што се снимал 10 години, и то.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.249
Кој филм да го смениме во темата за дискусија без спојлери? Gone Girl или Boyhood. Бирајте. Сакам да ги продискутираме сите филмови со шанси за номинација пред да почнат оскарите. Имаме време.
 
H

HoT IcE

Гостин
Па што знам Џимеј, ГГ е прилично дискутиран на темава, па и Бојхуд. Али ај нека бидне ГГ според мене пошто е многу повише хајпнат филм од Бојхуд. Ја да си направам едно хејтерско кафенце таман дур пишувам после :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom