И така, јас на ден пред Оскари имам изгледано вкупно 2 категории целосно, ама вечерва некаде по полноќ ќе го гледам Рома, па ќе скокне бројот на категориите веројатно. Ќе почнам од најрелевантната па надолу.
Best Animated Feature Film
Incredibles 2 - Добар филм, добро продолжение не можам да кажам лош збор за цртанов, беше ептен забавен за гледање, но ништо различно од претходниот, и од анимираните што излегуваат постојано, ништо особено подобар од нив, ниту особено полош. Just good. Јас ако се прашувам сметам дека е малку overrated и overhyped зашто стварно ништо ново не понуди за оваа категорија. Не ми е еден од фаворитите и не би сакала да земе Оскар.
Isle of Dogs - Овој ми се допадна многу, не само што уживав додека го гледав, туку и далеку повпечатлив од некои други во категоријава. Многу смешен на моменти, уникатен хумор има, добар каст, интересна порака, добри нови ликови, не онакви какви што ги гледаме постојано во анимираните на кои quite frankly многу често малку им фали до ретардација. Објективно, и субјективно различен анимиран, дистанциран од клишеата и репетитивноста на Пиксар/Дизни. Не би имала никаков проблем кога би зел Оскар, меѓутоа не ми е во главните фаворити.
Mirai - На средина од листава, стигнавме до мојот фаворит. Јебига сакер сум за Мијазакиеск анимиња. Цртанчево малку завлекува на моменти и структурно би можело да се потсреди, и детето на моменти иритира ама се тоа му е простено на сметка на емоциите што ги буди. Го гледам, и не постои ништо на светов освен едно 4-годишно дете кое се соочува со промените во неговиот живот што ги носи неговата мала сестричка. Таткото ми беше апсолутно омилен лик, и секогаш се смеев кога беше во кадар, браво за тоа како го имаат напишано. Секако би сакала да земе Оскар овој bundle of joy, ама сите знаеме дека тоа нема да се случи. Во секој случај преубав филм.
Ralph Breaks the Internet - Добри се овие референца/кросовер/pop culture филмови, забавен беше, ми се допадна, голем дел од него заборавив. Горе доле, интересен но заборавлив филм, многу слично како оној првиот на листава. Се е тука исто, анимацијата, хуморот, ликовите, немам што многу да зборувам за овој, горе долу тоа е тоа, не знам зошто Оскарите форсираат секоја година со овие продукции се е веќе видено и доживеано, ништо ново не нудат. Одлични се за забава, ама не се за Оскари.
Spider-Man: Into the Spider-Verse - Дојдовме до филмот што ќе го земе Оскарот. И не ми е криво искрено, цртанов беше стварно супер, со Мираи но Мираи ми се двата фаворити и би се радувала било кој од нив да земе. Цртанов беше нешто ново не само во светот на анимацијата, туку и во целата индустрија на суперхеројски филмови. Засени многу live action филмови од овој жанр и се радувам што ќе му се acknowledge-не тоа, и уште повеќе се надевам дека конечно ќе го увидат овие што прават суперхеројски филмови, потенцијалот на анимацијата. Зашто ние што погледнуваме нешто од анимираниве серии на ДЦ/Марвел цело време збориме како анимацијата има далеку поголем потенцијал за изведба отколку live action пристапот, како тоа што на цртан изгледа возможно и breath taking на лајв екшн изгледа бледо, затоа никој не ја сака новата Teen Titans, зашто анимираната постави некои стандарди што е тешко да се следат. Се надевам на повеќе високобуџетни анимирани филмови со суперхерои во иднина, и уште повеќе мултиверзуми.
Best Costume Design
The Ballad of Buster Scruggs - Нема што многу да се дискутира за категоријава. Не ми остави никаков впечаток филмов во однос на костими.
Black Panther - Хахахахахахаха! Да имаше категорија на Оскариве Најдобар Белец, и тука ќе го номинираа, веќе нема каде не е номиниран. Не можам да ја дискутирам номинацијава зашто не ја ни разбирам. За што има филмов номинација у категоријава, за cgi queer костумот на пантерот, што светкаше? Очај, Toothless does it better.
The Favourite - Овој најверојатно ќе земе, и заслужено. Вообичаено и зимаат вакви period drama филмови за костими, а во категоријава има само два, од кои овој беше објективно подобар од тој аспект, и од секој друг аспект.
Mary Poppins Returnes - Овде исто така имаше убави костими, и не би се бунела да земе, ама сепак не сметам дека ќе биде заслужен колку погорниов. Убави костими во секој случај.
Mary Queen of Scots - И овде убави костими ама искрено, мислам дека не ги заслужува и овој и другиот Оскар каде што е номиниран, а тој го заслужува повеќе од овој. Така што во оваа категорија навивам за The Favourite, a во следната за овој.
Best Makeup and Hairstyling
Border - Не ми е гледан, меѓутоа немам намера ниту да го гледам, па решив и оваа категорија да ја покријам.
Mary Queen of Scots - Како што кажав погоре, два оскари му се многу, а оваа категорија многу повеќе дојде до израз од претходната, Марго на моменти не личи на себеси.
Vice - Ех, океј, I get it. Ама што знам, сакам Мери да земе, а и ништо посебно шминка нема тука. Дури други филмови може и повеќе да заслужуваат да се најдат овде.
Тоа би било тоа за денес, утре ако не ме мрзи ќе пишам за категориите што ќе ми ги комплетира Рома, за тие што ќе останат ќе видиме.
Инаку филмовите што ми се сеуште неизгледани а планирав/м да ги гледам се:
Solo: A Star Wars Story
Green Book
If Beale Street Could Talk
Can You Ever Forgive Me
Roma
Многу некако категории ми останаа некомплетирани, а релативно малку филмови неизгледани, всушност мислам дека изгледав оваа година повеќе оскаровски од ланската, ама тоа се наградиве годинава, 10 филма се вртат во 20+ категории и доаѓаме до ваква ситуација.