Последен гледан филм со кратка рецензија

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Modigliani

44171375.jpg

Уметнички филм. Се работи за сликарот Амадео Модиглиани, современик на Пабло Пикасо и отворено е прикажано ривалството меѓу нив. Ми се чини дека дури предизвика гнев кај мене, го замразив Пикасо. Можеби кога би имала повеќе познавања од сликарската уметност уште повеќе би ми се доподнал затоа што би ги разбрала работите малку поинаку но овојпат уживав во филмот. На почетокот се чинеше дека ќе гледам само алкохол, цигари и дрога за потоа да сфатам дека гледам генијалност, креација, харизма, љубов и трагедија. Една приказна за тоа како големите генијалци и интелекти пропаѓаат во пороци иако се најголемите умови што имаат моќ да го изменат светот. Музиката го надополнува впечатокот тотално и тоа се едноставно моменти на уживање. Кој е љубител на уметноста секако нека го погледне.
Субјективна оценка 10\10.
 
Член од
5 февруари 2010
Мислења
290
Поени од реакции
58


The Lake House

Приказна за љубовта меѓу Кејт ( докторка ) и Алекс ( архитект ) кои што времето ги разделува. Кејт се наоѓа во 2006, а Алекс 2004 година. Еден за друг дознаваат откако Алекс ќе се врати повторно да живее во куќата на езерото која што татко му ја изградил уште додека бил заедно со мајка му. Во поштенското сандаче наоѓа писмо од претходната станарка која што живеела во куќата а која што му наговестува дека уште кога се преселила во куќава пронашла траги од шепи. На тоа Алекс нема да поверува се додека после неколку дена не дојде куче скитник кое ќе претрча и ќе остави траги на истото место каде што Кејт ги опишала...
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Shutter Island

Shutter Island.jpg

Прочитав многу критики и рецензии пред и по гледањето и наидов на остри критичари и луѓе воодушевени од филмот. Мене не ми е јасно зошто толку плукате по него и што поинакво всушност очекувате од психолошки трилер? Нормално дека ќе потсетува на слични на него (
A Beautiful mind, The Sixth sence
), но филмов вреди да се види. Глумата на Леонардо е беспрекорна, музиката исто така, амбиентот на пусто место го доловува лудилото уште повеќе. Мене ми се допадна, би го гледала пак.
Оценка 9/10.


Sherlock Holmes

Sherlock Holmes.jpg

Одлична екранизација на Холмс и Вотсон. Типична детективска приказна, возбудлива пред сè. Одлична глума, одлична музика која дополнително предизвикува ефект на љубопитни чувства додека го гледаме филмот. Holmes is smart ass like always.
Во една прилика Вотсон за него ќе рече: Воздржаноста во однос на приватниот живот само го засили впечатокот на своевидна нечовечност која тој ја предизвикуваше во мене, па често се фаќав себе си како мислам за него како за посебен феномен, за мозок без срце кому му недостасуваат онолку човечки чувства колку што му изнесува интелегенцијата. Одбивноста кон жените и несклоноста кон нови пријателства беа типични за неговата бесчувствителна нарав, исто како и постојаното избегнување на секој спомен за роднините.

Филмчето иако го гледав со прекини ми станува едно од омилените од проста причина што обожавам кримци и детективски приказни. :)

Оценка? 10/10 :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Die Papstin aka Pope Joan (Папата Јована)

21cxjkm.jpg

Солидна екранизација на истоимениот роман од Д. Ф. Крос од 1996. Се работи за историски филм кој ја обработува средновековната легенда за жената која била назначена за папа околу 855 година. Иако оваа легенда е непотврдена, филмот ја обработува како фактички настан. Паралелно со главната тема, филмот е зачинет со описот на положбата на жената и мислењето за неа како... во тој мрачен период.

Бев запрепастен какви идеи и мислење имала католичката црква за жената како човек и живо суштество.

За темата која ја обработува десетка, за актерската екипа...можеле малку подобро, 7 до 8 :)
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.090
Поени од реакции
2.393
Changeling
Changeling_poster.jpg

Филм во режија на Клинт Иствуд.
Во главните улоги Анџелина Џоли и Џон Малкович.

Американска драма-трилер базирана на вистинска приказна,емотивна.Приказната започнува едно саботно утро, во Лос Анџелес, во 1928 година. Пред да замине на работа, Кристин Колинс се збогува со синот Волтер, но кога ќе си дојде дома, дознава дека детето исчезнало. Почнува истрага и по неколку дена деветгодишното момче е вратено дома кај мајка си.Потоа започнува заплетот и нема да коментирам само ќе додадам дека нема да зажалите ако го гледате.Во филмот исто така е истакната и пораката во којашто жените во времето на Прохибицијата не смееле многу да се истакнуваат и да го креват својот глас,туку требало да го живеат животот како што знаат и умеат,без некои поволности.
Филмот ја истакнува исто и корупцијата во полицијата и локалните власти,криминалот и слично.

Оценка:10/10.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Народе, еве ме и мене, го пре*бав сообраќајот и сега мислам дека наместо да гледам ќе рецензирам... по неколку во пост или по еден два :pos: или па по 10 за да не пишувам 3 месеци секој ден во темава :pos:


Дензел Вашингтон во главна улога, постапокалиптичен свет во кој владее хаос и среде тој хаос го имаме Еli како е тргнат да врши света мисија. Одлична шминка и глума, солиден избор на улоги (кај негативецот и тој главниот негов апаш потфрлиле). Има куп скриени реклами кои демнеат и си ја исполнуваат мисијата... нешто што особено ме нервира во филмовите. Музиката е навистина одлична и дополнително не внесува во ситуациите кои демнеат таму, амаа приказната - швајцарско сирење, ако го гледа некој со недостаток на фантазија ќе рече дека филмов е срање, за останатите ќе има интересна игра за умот Било како, препорака за филмов за сите кои сакаат (постBOOM филмови и такви снаоѓања) И должен сум да спомнам дека на 2-3 пати најдов крадени сцени од филмови како Babylon A.D. кој па е посовремена копија на Children of Men... кој ги гледал кога ќе го гледа овој ќе му текнеоценка 7/10 исто како на имдб



Кој го гледал првиот и без рецензија му препорачувам да се фрли и на овој, за тие што го промашиле и кецот од 2008ма да кажам дека во филмов главна улога е одличниот Donnie Yen а во филмов се раскажува за период од животот на учителот по Винг Чун (Ip Man) инаку учител на едниот и единствениот Брус Ли. Филмов продолжува онаму каде што прекина првиот дел, и сега Ip Man е во Хон Конг, високо корумпирано место сурово кон оние кои се сиромашни и мораат да се пробиваат од дното иако местото воопшто не им е таму. Ip Man се обидува да преживее и да отвори училиште за боречки вештини т.е Винг Чун кој е апсолутен новитет во круговите на дотогашните високо рангирани боречки вештини... да не должам гледајте и ќе се нагледате борба без многу специјални ефекти (и онака Ip Man имал неверојатно брз удар 8 удари во секунда па да не ве чуди брзината :smir:) оценка 8/10



Филм работен според викторијанска книга ако не се лажам... мрза ми е да копам по ова нетов, и разбира се :P јунаков е од тоа доба :) невермајнд филм кој треба да го гледате ако немате попаметна работа и сакате да тепате време. Досега од книгава Бог знае во колку филмови украле идеи (Hellboy, Van Helsing) чудно, кога веќе го спомнав Ван Хелсинг неколкупати се запрашав дали всушност е истиот актер со истата облека :S инаку... филмов, капетан Кејн кој е безмилосен има средба со демон и овој му ја бара душата поради што бил зол, и Кејн е на мисија да се искупи за сите гревови... бла бла оценка 6,5/10



Ричард Гир во приказната работена според вистински настан. Емотивна приказна која ќе ви ги стопи срцата, ако сакате да си ги разнежите девојките симнувајте :D. Еден ден Паркер (Гир) ќе најде загубено кученце која по интересна игра на судбината ќе заврши пред неговите нозе, кученце од посебен и легендарен сој... понатаму што и да кажам ќе биде спојлер. Оценка 8/10



Напорно/досаден филм ебаго... Служба за известувања за погинати војници во армијата на С.А.Д и нивниот живот обврски и сл, ако ви е за напорен и напнат (негативно напнат филм) гледајте го, за мене филмов беше чисто губење на време иако имаше поучни моменти, оценка 6/10


Толку засега :smir: (утре уште една доза од неколку)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585

Мал американски град во кој секој се познава со секого, се е онака мирно и идилично за наеднаш луѓето да почнат да се однесуваат чудно и потполно неприродно, причините за тоа тргнуваат да ги истражат шерифот Timothy Olyphant и неговиот заменик, запрепастени се од едно случајно откритие, доаѓа и војската и тука филмот станува многу напнат. Интересна приказна и добар филм за тепање време убаво смислена приказна оценка 6/10



Edward Norton во нетпична за него улога, акција комедија и двојна улога од Нортон, игра браќа близнаци, едниот невиден гениј и високо рангиран универзитетски професор, другиот забеган џанак кого сите го мразат :D. После долго време немање никаков контакт со неговото забегано семејство добива повик дека џанакот е застрелан и умрел, повикан е на неговиот погреб... АМА :D оценка 7/10



На овој филм случајно налетав, копајќи по нет, добра и солидна приказна за жанрот кој го обработува, романтика, хорор и волшебности... има полно, одличен филм за гледање со друштвото или девојката, нема мислење, седнувај и гледај type оценка 7,5/10



Дејство сместено во иднината, сите луѓе, ок речиси сите станале вампири сите се бесмртни, не се разболуваат... вампирска утопија, единствено што ги кочи е недостигот на човечка крв, и борбата за неа. Приказна за еден вампир кој е човек во душата и не може да се помири со хајките за лов на луѓе само да се дојде до крв, а опшеството се распаѓа, интересно смислено и вреди да се погледне ако продолжам со приказната секој може да доживее дел од неа како спојлер, од таму толку за овој филм. Оценка 6/10
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.090
Поени од реакции
2.393
Gran Torino
Gran_Torino_poster.jpg

Филм во режија на Клинт Иствуд.
Главна улога Клинт Иствуд.

Филмот е крими-драма.Волт Ковалски ветеран од Корејската војна, живее со своето куче по смртта на својата сопруга во Детроит.Во неговото маало живеат имигранти од Азија .Во филмот преовладува расизмот и дискриминацијата,криминалот од страна на бандите.Волт е ладнокрвен,без емоции човек што не сака да се дружи многу со своите жолти соседи и е негативно настроен кон нив.Тој сака да го остават и да не му досадуват т.е. да си го живее својот живот на мира.Другото што ќе го напишам мислам дека ќе биде спојлер па затоа ќе застанам овде и би ви го препорачал филмот,нема да зажалите и нема да ви биде залудно изгубено времето.

Оценка: 10/10.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин


За среќа ги послушав вашите критики ,и го симнав и го погледнав филмот,токму тоа што ми требаше.
Подобро е да се избега понекогаш од Холивуд и да се погледнат вакви ремек дела.
Само што го изгледав филмот и сеуште сум под импресии.Значи,се работи за злочин кој поради прекрасниот правен систем со кој се справуваат главните ликови,останува неказнет. Сепак,и после 25 години од случајот,Бенхамин( главната улога) нема да се откаже да го пронајде виновникот,едноставно,премногу е лично вмешан во целата ситуација.
Паралелно на тоа прикажана е една чиста и невина љубов,која се бори да си го најде лежиштето во целите тие збрки.

Како мал зачин...понекогаш фали само една буква за да се промени смислата на живеење,и чувствата. :) ќе ви искрадне тој момент една блага насмевка.

10/10, нема да зажалите.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
The Book of Eli 2010

Апокалиптично сценарио, често користена тема во и вон холивудските студија. Од филмот впечатоци ми оставија амбиентот (пресликан од играта Fallout 3), главната идеја провлечена низ целиот филм и секако Дензел Вашингтон кој и од најмонотоно сценарио знае да извади каков таков максимум. Се друго беше доста без некое изненадување и веќе видено за ваков тип филмови, освен крајот на филмот. Најверојатно режисерот се трудел да спакува подолга случка на што помала лента. Можеби, доколку филмот се смести во повеќе епизоди и му се даде развој на приказните и на споредните карактери, во тој случај би бил поинтересен. Сето тоа е само можеби :)
Во секој случај 8.5, повеќе заради главната мисла (спојлер јок ), главниот актер и самата атмосфера.
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Последно гледав две британски комедии со ист актер(Simon Pegg).

Hot Fuzz

Британциве се улави. Пет пати појак хумор од американциве. Конкретно за филмов ќе кажам дека е интересен од прва до последна минута, со јак editing и добропознатиот тандем Simon Pegg и Nick Frost. Двајцава глумеа во Shaun of the dead еден до друг. Изобилуват со јаки фори и доста неочекувани пресврти. Бел бумбар, заслужена 8ка и на имдб.

Run Fatboy Run

Режисерско деби на Рос(David Schwimmer) . Позитивно сум изненаден од овај иако имаше малце бајата глума од женската. Гледајте го сами за релаксација, со друштво, со женска, како било. Интересен во секој случај. Море... во последно време само интересни филмој гледам. :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Solomon Kane

Конечно филм за опуштање (ако се занемарат исечените глави :) ) и уживање во акција и борба добро/зло. Кој сака акциона авантура измешана со фантазија мислам дека нема да зажали. Главниот глумец кој го глуми Соломон Кејн има глумено во првиот дел од Resident Evil и серијалот Рим (како Марко Антоние), интересно типче на право место за ваков тип филмови.
 
T

Tetro

Гостин
ајде после долго време, и од мене една рецензија :wink:

Kin-Dza-Dza


Го имав гледано поодамна, па ми текна пак да го ѕирнам :vozbud: филмот е од мене со етиќета MUST SEE!!!




Приказната се одвива во пустина на планета "Плук" во "Кин-дза-дза" галаксијата, каде главни се двајца претходно непознати меѓусебе ("Чичко Вова", бригадир од Москва, и вториот е студент од Грузија). Оставени се на цедило поради случајна средба со странец кој има во раката уред за телепортирање. Филмот ја опишува нивната долга потрага да најдат начин да се вратат на земјата.

Како домородци на планетата се појавуваат луѓе, со погрешно примитивен изглед на технологија и варварска култура, ................

ImDB оценка: 8,1/10
моја оценка: 9,5/10 со оглед на времето кога е правен.
 
I

Intex

Гостин
Sherlock Holmes (2009)



Значи, Гај Ричи е цар! Филмов е прекрасен. И од страна на актерска екипа, и дијалози, и миксот на „натприродно“ со акција и трилер. Холмс е ебено генијален, како само го реши случајот. Кога почна филмов, мислев оти ќе биде глупо мешањето на мистицизам со трилер, но испадна одлично. А крајот пак. Само како беше среден. Се се реши за помалку од 5 минути.

Оценка: 10/10
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.090
Поени од реакции
2.393
Invictus
HumanFactorInvictus.jpg

Филм во режија на Клинт Иствуд.
Главни улоги: Морган Фримен,Меј Дејмон.

Филмот е биографија-драма,приказната е од книгата на Џон Карлин Playing the Enemy: Nelson Mandela and the Game That Changed a Nation.
Дејствието на филмот се случува пред и за време на светското првенство во рагби во Јужна Африка.Мендела како претседател на Јужна Африка сака да стави крај на апартхејдот и расната дискриминација и да ја обедини цела Јужна Африка зад националниот рагби тим.Рагби тимот на Мендела ќе му биде како примарна цел во претседателската функција која ја извршува.Тој ќе развие пријателски однос со капитенот на тимот Франсоа Пиенар со цел заедно да му помогнат на тимот за време на светското првенство...Филм во кој што ќе уживате и ќе ви го исполни времето на убав начин.

Оценка: 10/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom