Денес завршува рокот за поднесување пријави за Оскар за најдобар странски филм за 2017. 84 држави до сега имаат поднесено кандидатура, т.е. еден филм помалце од прифатените 85 лани, но се уште не е завршен денот, па којзнае, ќе видиме, може и ќе има нов рекорд. Македонија годинава, знаете, не учествува, тие што ја следат темата за македонски филмови знаат за драмите кои ги правиме.
Листата на сите пријавени филмови
ТУКА. Уште е рано да се зборува за фаворити, уште повеќе што ова е веројатно најнепредвидливата категорија, заради специфичните правила за гласање, но вака, од старт, на хартија прв фаворит е Камбоџа со First They Killed My Father, на Анџелина Џоли. Заради победите и освоените награди по светските фестивали, јас би ги сместил меѓу фаворитите и Унгарија, Шведска, Франција, Русија, Италија, Австрија и Германија. Па ќе видиме.