- Член од
- 8 јануари 2013
- Мислења
- 5.141
- Поени од реакции
- 13.286
Ау какво MUST SEE парче... Од филм што со години (ако не се сторило и деценија) сум го избегнувал само поради неговата должина, т.е. никогаш не сум имал 4 саати на раат да си посветам на филм, а криво ми е како не сум налетал порано на нешто волку добро. Додуша среќен сум од една страна што сум го гледал на релативно позрели години, а не дур сум бил помал во пубертет и слично, бидејќи со други очи ќе сум го гледал, а и можеби немаше да ме допре филмот како сега, тешко и дека ќе сум сфател што се случува.
Филмот е уметност, нема празна слама муабети, секоја реплика и дијалог се добро осмислени и нема ништо вишок колку и да звучи бизарно ова за филм кој трае 4 саати. Музиката е феноменална, и да нема сцена дур трае музиката, сцените сами се создаваат во главата, и кога има сцена, со музиката се надополнува истата и се доловува емоцијата. Роберт Де Ниро ќе направи таа неговата карактеристична насмевка во стилот “не ми е жал за ништо“ и тоа е тоа, win е веќе филмот.
Накратко филмот е за група момчиња кои се бават со криминални актовности во време на прохибицијата. За животот во тој период, за односите, другарствата и релациите меѓу луѓето, за храброста, поврзаноста, почитта. Филмот е поделен на три сегменти, првиот е кога групата се мали момчиња малолетници и првпат се соочуваат со криминалот, последиците од него, опасната игра на улиците, како и првите љубовни емоции, вториот дел е кога се веќе возрасни и во нивниот "прајм" и веќе се крупни риби во морето, третиот дел е кога се е навидум одамна готово, после многу години и Де Ниро се враќа во стариот град. Наизменично одат трите дела. Крајот е многу важен дел од филмот, така да ако не го сфатите обавезно прочитајте нешто на интернет за него. Особено овој дел :“Is this your idea of revenge?” No. It’s just the way I see things.”, како и последната сцена, се ептен добро склопени, длабоки и мистични работи. Толку од мене, уживајте во оваа уметност од филм, и нека не ве плашат четирите саати, не ги ни почувствував.
Музиката во филмот е прекрасна, еве главниот саундтрак, а и имате целосна музичка листа на Јутуб. Кога си ја слушам вака ми доаѓа како нумерата да се вика “затишје пред бура“ или така нешто, такви емоции ми пробудува слушајќи.

Последно уредено: