Последен гледан филм со кратка рецензија

devil!

weirdo
Член од
19 јули 2008
Мислења
1.047
Поени од реакции
462
[Rec] 2 (2009)
Едноставно ако сте го гледале првиот дел не го пропуштајте 2риот :)
Продолжение од првиот дел каде овој пат влегуваат да земат крв од заразените за да најдат против отров, и има многу изненаден и збунувачки крај!.Очекуам и [Rec] 3 :D

Оценка : 8.5 добри ефекти али тапа глума :S очигледно шпанците повеќе ги бива за плачење и сечење вени во "сапуници"
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
The Curious Case of Benjamin Button (2008)

Филмов од одамна имав намера да го гледам но секогаш имало некој друг филм да пуштам ради времетраењето од два и кусур сати,но ете сабајлево наместо да ја читам злосторство и казна го пуштив...Сторијата сигурно повеќето ја знаете за човекот кој се раѓа стар и како што изминуваат годините тој се подмладува,ако кажам повеќе ќе биде спојлер.

Филмов иако трае 2 и кусур сати во ниеден момент не ми беше досаден,Финчер дефинитивно си ја знае работата(ма да Зодиак,Фајт клаб,Севен се каде каде подобри),а да Бред Пит излгуми одлично и ако за овај филм не доби оскар незнам кога...

на имдб има солидна 8ца а толку има и одмене.

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Shutter Island (2010)

Двајца детективи тргнуваат во потрага на една избегана затвореничка од психијатриска болница на еден остров. Во текот на истрагата едниот детектив (Леонардо Ди Каприо) има визии и кошмари во кои се навраќа на неговиот живот претходно, додека бил војник во Втората Светска Војна. Понатаму од низа настани кои ќе му се случат сфаќа дека на островот се случуваат многу нешта за кои не е свесен и се за него претставува мистерија.

Филмов остави на мене многу силен впечаток. Има извонредно сценарио и специјални ефекти. Актерите беспрекорни, посебно Ди Каприо пријатно ме изненади.
Мислам вреди да се погледне, пред се затоа што ќе ве натера да размислувате.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.331
Поени од реакции
57.874

Буууууу.... тежок самоплагијат, издолжен и неинтересен. Илјада светлосни години зад „оригиналот“:

The Curious Life of Forrest Gump!

Ај да не плукам повеќе по филмов доволно го плукавме кога излезе...
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Requiem for a dream

Шокантна приказна за 4ица зависници од дрога.
Приказна која што нема да ве остави рамнодушни, и која ќе ве шокира.
Не го препорачувам на така поемотивни личности (како мене), бидејќи откако го гледав филмот не можев да се соземам 20 минути.

Must see филм!

Највисока оценка.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.660
Swordfish (2001)

Sexy tagline: Log on. Hack in. Go anywhere. Steal everything. :D

Како и да е, филмот според мене префорсиран. Разочарување, најверојатно дека ми беше препорака и имав високи очекувања. Почнува како типично трилер4е, продолжува како холивудска акција, завршува предвидливо со подпросечен wannabe minfuck. Има одчична актерска екипа, Волверинот Hugh Jackman, John Travolta, Don Cheadle, Halle Berry и ептен малку се појавва матната фаца Bullet Tooth Tony од Snatch aka Vinnie Jones. Приказната би ја опишал преку метафора односно a line од филмот: You have the power to cure all the world's diseases but the price for this is that you must kill a single innocent child, could you kill that child Stanley? Траволта е ѕверот, ладниот убица. Крајот ве става во дилема за кој сте навивале цел филм. Highlights: Кликни.

6 или 7 од мене ради стабилната актерска екипа.
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Буууууу.... тежок самоплагијат, издолжен и неинтересен. Илјада светлосни години зад „оригиналот“:

The Curious Life of Forrest Gump!

Ај да не плукам повеќе по филмов доволно го плукавме кога излезе...
Eric Roth oчигледно си направил препишувачка дејност од форест гамп ,но јас филмов го гледав без таков товар да ги поврзувам сцените со тоа што се случувало во Форест гамп(кој го имам гледано многу одамна)
и да коментирам како еве сега ке прооди,па ке му избега женската ,kako ke во војна и сл.
,туку едноставно се препуштив на филмот...мене повеќе на почетокот ме потсети на прашина од милчо :)
 
Е

експерт

Гостин
Requiem for a dream

Шокантна приказна за 4ица зависници од дрога.
Приказна која што нема да ве остави рамнодушни, и која ќе ве шокира.
Не го препорачувам на така поемотивни личности (како мене), бидејќи откако го гледав филмот не можев да се соземам 20 минути.

Must see филм!

Највисока оценка.
Не ми се верува
Ја отворив темата, првпат, за да пишам за ОВОЈ ФИЛМ.

Инаку еве и од мене нешто.

Приказната е за заглавувањето и пропаѓањето во светот на зависноста. Губењето на контакт со реалниот свет.
Последиците.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.331
Поени од реакции
57.874
Edge of Darkness (2010)

Ништо ново во однос на приказната. Се случува убиство и истрагата покажува дека зад тоа се крие нешто многу поголемо... национална безбедност, тероризам, крупни ѕверки, политика... Во случајов, се работи за поранешна мини серија од која истиот режисер се решил да направи филм. Се враќа Мел Гибсон како татко на девојката која е убиена и го бара убиецот.

Актерската екипа е добра, имам забелешки на дијалозите кои се често неразбирливи а понекогаш и неинтересни. Но сепак, интересна акција/трилер и стариот добар Мел Гибсон.

7.5/10
 
MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.046
Поени од реакции
104
Twilight

Сигурно скоро сите сте го гледеле..

Невообичаена приказна за вампири. Девојката Бела (чиј родители се разведени) се преселува да живее кај татко и. Во училиштето се запознава со едно момче кое потекнува од многу чудно семејство, а воедно и самиот тој е чуден и има променливо расположение. Дознавањето дека е вампир таа го прифаќа како нешто нормално и тогаш започнува нивната врска...
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Shutter Island (2010)

Двајца детективи тргнуваат во потрага на една избегана затвореничка од психијатриска болница на еден остров. Во текот на истрагата едниот детектив (Леонардо Ди Каприо) има визии и кошмари во кои се навраќа на неговиот живот претходно, додека бил војник во Втората Светска Војна. Понатаму од низа настани кои ќе му се случат сфаќа дека на островот се случуваат многу нешта за кои не е свесен и се за него претставува мистерија.

Филмов остави на мене многу силен впечаток. Има извонредно сценарио и специјални ефекти. Актерите беспрекорни, посебно Ди Каприо пријатно ме изненади.
Мислам вреди да се погледне, пред се затоа што ќе ве натера да размислувате.
сеа завршив со филмов... не е типично праен по играта но ипак е доста интересен. Заедно со Legion и The book of Eli засеа ми се топ 3 во 2010.

Valentine's Day

Концептот на филмот е сличен ко на Love Actually... повторно прелажан од актерската екипа, стана тренд да се режираат бедни филмови ако у него имаш више од двајца врвни актери/актерки.

ојдоа 2 саата у неповрат...

4.5/10
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Taken (2008/I)

Филмов не толку лош колку што некој спомна дека е,но не е ни мада факинг 9.5/10 како некој член што рече во предходните рецензии.Мене филмов ми е онака,добар за тепање време поготово ако си се вратил од школо да те опушти ,да не се замараш што ке се случи следно туку го гледаш опуштено. После Борн и Бонд најверојатно еден од подобрите акциони филмови во задње време но не и најдобриот. И сега сторијата-Ја киднапираат ќерката на Брајан(Neeson) кој оди во Француска да ја пронајде и да ја врати назад(при што ке им е*бе матер на све што ке му се најде на патот)

оценка 8 во жанрот акција

Armored (2009)

Филмчево искрено само ради глумциве го зпуштив[како голем фан на Рено после Crimson Rivers и на фишбурн после Assault on Precinct 13(ако имате време погледнетего ,римејк мн. подобар од стариот оригинал)].Да се навратам на сторијата-се работи за преносители на пари од банка до банка во блиндирани камиони а не како нашиве што пренесуваат во опел корса,и сега еден од вработениве е западнат во финансиска криза а во меѓувреме другиве вработени кројат план за...

Иначе филмов претставува гадна копија од неколку филма споени(и многу наликува на swat)

4/10
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.331
Поени од реакции
57.874
Capitalism: A Love Story (2009)

Бев запрепастен што некои од мислите кои ми се мотаат низ главата на оваа тема, а кои не сум ги дискутирал со никој, беа изговорени од збор до збор во филмов! Имало луѓе што го имале истиот филинг како и јас и фала богу што не сум бил (толку) луд. Нешто е труло во Данска и тоа го знам одамна, конечно некој се реши да го каже јавно. А кој друг ако не Мајкл Мур!

Можете да го сакате поради тоа што нема влакна на јазикот или да го мразите што нема исти аршини кога се работи и за другата политичка опција во САД, но не можете да му ја одземете оригиналноста и храброста на човеков. Типот има нерви да влезе во една од најголемите банки на светов за да изврши „граѓанско апсење“ врз директорите, и да ја обележи зградата како "crime scene". Не можам да не го почитувам заради тоа.

Предходните филмови имаа јасно одредена мета: Џорџ Дупло Ве, Индустријата со оружје, Здравствениот систем (посебно ми се допадна Sicko, прекрасен филм). За разлика од нив, овој филм има поинаква мета, голема скоро колку планетава: и се вика Капитализам.

Сега, филмот е поразличен од предходните веројатно поради генералната мета, и според мене можел да биде пофокусиран и поубаво да објасни некои работи. Но и ваков каков што е, Мајкл Мур успева да го потенцира нечовечкиот, нехуманиот аспект на Капитализмот и ситуациите кои се својствени само за него. Сум се нашол во некои од нив и знам како е. Некои учат од филмови а некои како мене, учат на потешкиот начин. Па не очекувам од некое недоквакано дете кое мисли дека се разбира а уште не знае да си ги врзе врвците, да свати што му се зборува во филмов. Затоа што не така одамна, јас бев тоа недоквакано дете.

Енивеј, повторно како и во предходните филмови ќе гледате луѓе во надреално чудни ситуации, не многу разбирливи за здравиот памет. Повторно ќе гледате (како и во Sicko) дека законите не се носат за луѓето туку за големите корпорации. Интересно, делот со домот за малолетни деликвенти ме потсети на евтините sci-fi филмови од 80-тите во кои такви работи се случуваа, а ние ги исмевавме истите во стилот „never gonna happen.“ Е сега се случува, ни се случува пред носот. Но сега го гледаме како нормално и никој не може да се сети дека некогаш го исмевал истото.

Филмот доживеа успех на фестивалите каде што беше проследуван со овации на крајот. Како филм, мислам дека Мајкл Мур можел многу подобро од ова, односно можел пораката да ја пренесе малку појасно и поконкретно. Му давам 8/10 и му посакувам уште многу вакви филмови.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Requiem for a dream

Шокантна приказна за 4ица зависници од дрога.
Приказна која што нема да ве остави рамнодушни, и која ќе ве шокира.
Не го препорачувам на така поемотивни личности (како мене), бидејќи откако го гледав филмот не можев да се соземам 20 минути.

Must see филм!

Највисока оценка.
Не ми се верува
Ја отворив темата, првпат, за да пишам за ОВОЈ ФИЛМ.

Инаку еве и од мене нешто.

Приказната е за заглавувањето и пропаѓањето во светот на зависноста. Губењето на контакт со реалниот свет.
Последиците.
ете ме и мене :).

Се во ред, ама не мораше баш на толку брутален начин да ни ги претстават сите последици. Ми се згади тро.
 
I

Intex

Гостин
Star Wars prequel trilogy (1999-2005)

За време од некои си 4-5 дена, си ја изгледав по трет пат новата (втора) трилогија од Star Wars. Приказната прекрасна, актерската екипа иако прилично млада, достојна си ја заврши работата. Серијал кој совршено ја опишува борбата меѓу доброто и злото, а во третиот дел и внатрешната борба во човекот. Анакин од мало невинашче, станува најголемиот тиранин во Универзум.
Оценка: 10/10

П.С. Од утре ја почнуваме старата трилогија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom