Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Mikra Anglia (2013) aka The Little England

A must!

Полека почнувам да ги гледам кандидатите за Оскари кои ќе се борат за номинација за годинава, а и некои кои што сум ги испуштил од лани. “Мала Англија“ е грчкиот кандидат за филм од неанглиско говорно подрачје за престојните Оскари. А и полека ни се наближува Синедејс па се надокнадува она што излегло на торенти од ланската програма.

Уште на почетокот на филмот сведоци сме на брановите и прекрасната кинематографија кога самиот автор ни укажува на фактот за дека и покрај сите пловидби на морето, сепак има многу емотивни нешта кои треба да бидат лоцирани на копното. Сместен во почетокот на 30-те години од 20-ти век, филмот неверојатно добро ја опишува целата таа атмосфера а потоа со префрлањето на дејството и поствоена напнатост, преточено со генијална музика. Режисерот Пантелис Вулгарис срцепателно ни ја прикажува сторијата за жените во малиот град чии што целиот живот се сведува на враќањето на мажите од пловидбите. Главното дејствие е насочено кон двете сестри Орса и Моша кои се вљубуваат во ист човек, иако едната не е свесна за чувствата кои нејзината сестра ги има кон младиот морнар Спирос.

Многу добро одглумен филм, реално досега не сум имал лошо искуство со грчки филм, сите се одлично снимени на некој начин иако биле со доста насилни сцени дури премногу и за мој вкус поради тоа што сум љубител на тешки драми. Овој филм е емотивен, далеку од грчките филмови на какви сме навикнати, глумците прекрасно се соживеани со ликовите.

(клик на постерот за тизер)



Инаку следен ќе го гледам “Момчето што јадеше храна за птици“ па таму очекувам налудничави сцени.
 
Член од
22 април 2014
Мислења
52
Поени од реакции
33


Мали Будо је српски играни филм из 2014. године, дебитантско редитељско остварење Данила Бећковића, који је заједно са Димитријем Војновим написао и сценарио. Филм је првобитно замишљен као краткометражно остварење, али када је снимање почело, ауторска екипа, презадовољна снимљеним материјалом, одлучила је да филм прерасте у дугометражни играни филм.

Филм је у Србији премијерно приказан 22. јануар 2014. на филмском фестивалу Кустендорф на Мокрој Гори, у оквиру програма Нови аутори, док ће биоскопска премијера бити 24. септембра 2014. године.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610

Дело на унгарскиот режисер Антал Нимрод (Antal Nimród), Kontroll е филм кој што се одвива во подземјето на унгарското метро во Будимпешта со главен акцент на група контролори, кои изгледаат дека не се грижат толку многу за нивната работа и кој има карта, туку само за да го поминат некако времето на работа, која буквално може да се преимени во возење по цели денови низ метрото бесплатно.
9/10

Повеќе тука
http://frekvencii.mk/15-5638/kontroll.php
 
G

grande-juve

Гостин
До Балчак

Кинематографија доста добра, убаво беа искористени нашиве убавини и пејсажи, музика одлична, одлично скоцкан и дотеран.. Арно ама, приказната ми потфрли, делуеше сцените дека ги има само колку да ги има, нафрлани, и да може секој од многуте глумци(мислам на споредните) да има неколку крупни кадри и реплики. Не се поврзав со ниеден лик, комитите коа умираа ништо не чувствуев(за разлика на пример во мини серијата Илинден)..
Од главниве актери женскава се издвои, супер беше, Коцев и Јордановски солидни, од споредниве Дац ми беше смешен, Владо Јовановски добар, а Сенко Велинов тотално промашен избор, ме нервираше, не го личи за комита..
Многу убави сцени али и многу вишок, крајот не знам дали намерно или не, ама исто заврши како еден култен кул и забавен холивудски филм. Тоа мислам е главниот проблем, се сака се‘ да се стаи у филмот и на крај не е тоа тоа.. Овде имаше огромен потенцијал за кул вестерн, али Столе сакал и пораки да праќа, да се сожалуваме на празни ликови, и за жал резултатот не е тој што го очекував, а доста очекував.
Како и да е, филмот ко целина барем личи на нешто. Тоа, заедно со кинематографијата и музиката и Инти Шрај му носат 6,5/10

Сцената на почеток во возот, омилена. Исто и на сплавот. (y)
делот кога комитите беа сами у хотелот беше досаден, едино добро што од тоа произлезе беше една класична јака вестерн ситуација :), коа влегоа неколку турци у хотелот..

А мајка ти млада е? :D
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.611
Поени од реакции
2.234
The Intouchables (2011)
Имав малко слободно време, лимитот на интернетот ми беше поминат па разгледав малце во колекција што немам гледано до сега.
Паметам дека филмов ми го даде другар пред две години но ете од не заинтересираност не сум го гледал.

Се работи за француски филм, така да ако планирате да го гледате опремете се со превод, српски или англиски, македонски нема.
Филмот е пишан по вистински настан, и веднаш кога го видов тоа сакав да го исклучам бидеќи тоа е дефиниција за некоја трагедија или тажен дел од животот. И делумно бев во право.
Се работи за еден црнец и еден инвалид на кои патиштата ќе им се судрат. Двата се сосема различни карактери. Низ текот на филмот ќе забележите како црнецот успева да му го промени животот на инвалидот, а воедно и на неговоро семејство и работници кои работат за него.

Дефинитивно филмов беше различно од се што досега имам гледано, глумата беше одлична, преовладуваше добар хумур (колку што може преводот тоа да го долови) и по некои тажни моменти. Додека го гледав филмот цело време имав некое необјасливо чувство, чувство на исчекување или така нешто.

Не сакам да откривам повеќе, ако решите да го погледнете не верувам дека ќе зажалите. Јас сум голема пицајзла кога се работи за филмови и на овој му давам 10/10.
На крај ми е само жал што две години ми седеше во компјутер а не го имав гледано.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.826
Поени од реакции
1.581
Entrapment

Прво ми е дилемата како досега не сум гледал вака фантастичен филм со толку малку недостатоци?
Детективот Бекер е во лов на најдобриот криминалец Роберт Мекдугал кој е осомничен за кражба на слика од Рембрант. Таа ќе појде на тајна задача за да стане негова партнерка и така да го уловат. Филм со страшен пресврт и стварно добра приказна 9/10.
 
Член од
21 октомври 2013
Мислења
150
Поени од реакции
320
Stoker.

Миа Васиковска просто плени со глумата, неверојатен филм!!
Врската мајка-ќерка е неповратно уништена. Ќерката е многу блиска со веке покојниот татко со чија ненадејна смрт на денот на роденденот започнува и филмот.
Се појавува и нов член на пошироката фамилија, те остава :cuc:
Никогаш досега не сум начекала филм со толку симболика колку овој. Ти се чини секој момент ќе напука лицето на Миа односно Индиа во филмот.

Кога за првпат ќе ги замени удобните рамни чевли со високи потпетици, ќе се претвори во млада жена која одеднаш, (за мене неочекувано) ќе ја превземе целата контрола над ситуацијата..ќе открие тајна која ја криеле од неа 18 години..

Никол Кидман, врвна. Недопирлива во филмот. Долгогодишната помошничка во куќата без траг исчезнува а Кидман, ноншалантно вели, Ох ами за вечера шопрајме..
Индиа ја открива врската помеѓу нејзината мајка и нејзиниот вујко и нема назад.

Тотално е непредвидлив филмов.

Инцест, благо насилни сцени, по откривањето на вистината нејзиниот свет се превртува и демоните од нејзината млада душа веќе тотално ја запоседнуваат и сексуално ја разбудуваат.
Шо да ви кажам, крими трилер, мистерија, љубовна приказна, романтична комедија, филм шо не смеете да не го изгледате.

Уште вечерва :vozbud:
 

Attachments

  • 4,6 MB Прегледи: 55

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Судијата.


Актерска екипа Роберт Дауни Џуниор, Роберт Дувал, Винсент Д Онофрио и Били Боб Торнтон...

Филмот е семејна драма и во центарот на нејзе се наоѓаат два цврсти карактери на татко и син, првиот судија вториот адвокат. Монолит е од ситуации движења и човечки однесувања, а приказната полека се расплетува во малото градче во Индијана каде Роберт Дувал е судија повеќе од 40 години. Прилично долг филм 2.20. минути ама вреди да се гледа и не е изгубено време :icon_lol:.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.141
Поени од реакции
13.286
True Romance (1993)


Доста време ми беше во watchlist па си реков дај ќе го гледам, добар рејтинг има. Иако малку насловот ве тера да си мислите дека нешто дерпе е филмов, баш напротив филм со многу акција, драма, бегање и бркање, одлични сцени и одлична глума и секако љубовта помеѓу главните актери Слејтер и Аркет.

Значи Алабама е нешто налик курва во филмот или call girl како што вика, се заљубува во Клеренс, се зимаат и заедно ги започнуваат заедничките авантури и живот. Одат заедно во ЛА, и имаат за цел да продадат дрога, за да можат што побрзо да избегаат некаде. Цело време се бркани од Италијанската мафија, но и од полицијата, па пукањето во собата кога сите 3 екипи се соочуваат е нешто најврвно. Ако сте за добро филмче, со супер интересна приказна, има доста акција. Во филмов е и Бред Пит, но во алтернативна улога само, како наркос е прикажан и цимер на другарот на Клеренс.

Исто да напоменам дека одлични песни има во филмов, на пример Billy Idol - White Wedding и Aerosmith - The Other Side, сите песни можете да ги видите тука, така да ќе ви се допадне и во тој поглед. И секако Patricia Arquette е преубава, за малку ќе ми ја заменеше Лив на аватарот, ама не ја даваме Лив толку лесно. Во спојлерче нешто поопширно и за тоа. Гледајте ако го немате гледано, меѓу подобрите филмчиња што ги имам гледано периодов (y)






 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
The Raid 2 Berandal

Rama against all!!!
Според мене доста добро продолжение на The Raid Redemption. Дејството продолжува веднаш по првиот дел и Рама(Уко Уваис) има добра причина за одмазда. Овојпат се инфилтрира во високоите редови на организираниот криминал не со цел да ги уапси туку да ги убие. Мала група на полицајци работи самостојно надвор од законот со цел да ги ликвидира сите важни фаци во мафијата. Изобилува со боречки вештини а особено за љубителите на вакви филмови ке им се допаднат ликовите: Hammer Girl, Prakoso и Bat Guy.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Are You Here
Во ист филм Зак Галифианакис, Овен Вилсон и Ејми Полер. И одма помислуваш комедија. И така стои за филмот. Али никаде комедија, апсолутно никаде. Поради недостаток на содржина ниту идеја што со филмот сака режисерот да постигне, ги става нив во главни улоги за да измами некого како мене на кој не му треба ништо да прочита за филмот пред да го гледа. Имено, на Зак му умира татко му и заедно со Овен, кој му е долгогодишен пријател, одат на погреб. Фак ит.. не е битно. Животот е краток за ова срање.
0/10
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Dawn of the planet of the Apes


Новиот филмот од римејкот на стариот серијал „Планетата на мајмуните„ е Dawn of the Planet of the Apes. Мене новиот дел од новиот серијал ми е далеку, далеку подобар во секој смисол од првиот дел, кој излезе во 2011 година.

Мајмуните имаат своја заедница во блиската шума до градот Сан Франциско, таму тие имаат свое живеалиште. Човечката цивилизација доживува апокалипса, градот е целосно сменет, нема струја, а неколкумина луѓе се во шумата за да го средат проблемот со струја. Таму доаѓаат до судир мајмуните со луѓето од Сан Франциско. Потоа кој го интересира што и како ќе се случи, имате добри торенти, симнете си видете. Гарантирам дека нема да зажалите.

Сите актери во филмот комплетно имаа феноменална глума, режијата исто така беше премногу подобра од таа во првиот дел.

Некаде ќе прочитате дека во филмот има премногу акција, да има акција но тоа е доволно за еден ваков филм, незнам вие што очекувавте, па нели самиот филм по жанрот е акција. Мене ми годеше и тоа многу акцијата, особено борбата на крајот.

Се на се, уживав во целиот филм, комплетно уживав во секоја секунда од филмот, затоа нема причина а да не му лупнам една 10ка на имдб.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.826
Поени од реакции
1.581
The Rock

Еј филмчиште нема вакви понови или ретки се :)
Стенли е успешен биохемичар со специјалност за нервни гасови. Тој ќе биде повикан на задача за деактивирање на 15 бомби со тешко хемиско оружје кои се наоѓаат во Алкатрас кој е под опсада. За да влезат во Алкатрас незабележани ќе го повикат единствениот кој успеал да избега од него Мејсон за кого се избришани сите податоци едноставно тој не постои. Малку да ја дошмирглале би му дал 10 ама имаше некој сцени што не ми беа по мерак затоа 8/10.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.826
Поени од реакции
1.581
До балчак
Абе ај филмот е бомбона! Малку има непотребни ликови и недовршени приказни еве мене не ми беше јасно зошто Сенко се самоуби? Потоа за каква идеологија се збори ако го остават Крсто ( Сашко) сам , а другиве демек заминуваат за Америка?
Нејсе да зборувам за она што ме воодушеви.
Хуморот кој владее во цел филм. Одличниот избор на актери феноменалниот Никола Ристановски кој заслужи поголема минутажа од Никола Кољо! Тони Михајловски вистински негативец феноменален во секој поглед. За Сашко и Сенко немам коментар одлично си завршија работа. Се на се ми летна времето не ни сетив дека е толку долг филмот од мене една 7/10
 
Последно уредено од модератор:
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
1.522
Одамна немам пишано во темава.

Interstellar

http://www.imdb.com/title/tt0816692/



Е филм што не треба да го пропушти ниеден фан на научна фантастика. Го гледав во кино, тешка работа да го најдете на салам торент барем во наредните неколку месеци, но едноставно филмов спаѓа во категорија на ремек-дела и е од оние за кои ти е мило што си го поддржал делото и си платил. Од тие 150 денари за карта 20 да отишле кај креаторите на филмот ке ти е мило, за друг пат пак да направат сличен филм :)

Немам време да пишам повеќе. Од мене 10/10[DOUBLEPOST=1415382688][/DOUBLEPOST]ЕДИТ:
Release Date:
7 November 2014 (USA)

А во Кавадарци Release Date беше вчера, 06 November

Ги поминавме и американците упм...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom