Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Salt - Просечна акција-шпиунски трилер, за тепање 2 саата време е ок, ама не се доближува до Борн или нешто слично. Шупливо сценарио и комплетно нереални сцени на борба, главно за фановите на Џоли која како плавуша и не е лоша :).

Predators - Љубител сум на фантастика така да со нетрпение го чекав и комплетно се разочарав. За тепање време кога нема нешто попаметно да се прави е ок инаку може и да се прескокне исто му се фаќа.

Centurion - Чета на римски војници остануваат отсечени позади непријателска (пиктска) линија во Британија некаде 1 век н.е. За љубители на историски филмови како Last Legion или King Arthur филмот ќе биде двочасовно уживање но без претензии да се достигне Braveheart односно тоа ниво.

Inception - 3 пати пробував да го догледам и заспивав на пола филм и на крај се откажав така да неам ни коментар :).

The Expendables - Просечно добар акционен филм со комплетно неоригинално сценарио и исто такви нереални акциони сцени. Добар за тепање време и само за љубители на акција. Рамбо (1), Терминатор (сите 3) и повеќето филмови на Шварценегер се многу подобри.
 
Inception - Мора да го погледате. По можност во кино,така повеќе ќе се соживеете. Психолошки трилер во кој крадец специјализиран да краде идеи од човечкиот ум преку влегување во сонот на човекот, добива последна задача после која ќе може да се врати на семејството. Овој пат тој треба да засади идеја во умот на наследникот на голема бизнис империја со цел да започне свој бизнис и да го уништи наследството кој својот татко му го оставил.
 
Zack and Miri are making a porno.

Еден од посмешните филмови што сум ги гледал во последно време.
 
The Expendables-одлична актерска екипа,за тоа секоја чест-Сталоне,Џет Ли,Долф Линдгрен,Мики Рурк,Џејсон Статам..во дел од филмот се појавуваат и Брус Вилис и Арнолд Шварџенгер-со еден збор елитата на АКЦИОНИТЕ ФИЛМОВИ..
Екипа на елитни платеници изведува сложени воени операции...
Тоа е единственото нешто шо е позитивно...екипата на актери-се друго,посебно сценарио ТАПА...
Уште не ми е јасно...која улога ја имаа негативците во филмот,шо всушност бараа на островот...
Па на крај цела фрка се случи заради една жена..:vozbud:
Со еден збор,филмот за разлика од очекувањата не ги задоволи моите вкусови-оценка мизерна 6ка...
Не би одел со давање рецензија на филмот-верувам повеќето го гледале....

-Undisputed 1,2,3..:vozbud:
Ја изгледав целата трилогоја,и навистина филмињата ме оставија без здив....
Се работи за врвни борци..затвореници кои се борат на илегални мечеви кои се организирани од страна на мафијата која се обложува на мечевите,во игра се големи пари....
Во првиот дел главната улога ја игра Весли Снајпс...
Тој е НЕПРИКОСНОВЕН шампион во боречки вештини во затвор со максимално обезбедување,се додека мафијата не се реши да организира спектакл,и во истиот затвор да го донесат поранешниот боксерски шампион на светот Џорџ Чејмберс....
Филмот изобилува со одлични потези....

Вториот и третиот дел,се продолжение на приказната,со различни глумци овој пат...
Во улога на Џорџ Чејмберс е друг глумец,а на сцена се појавува и еден забележителен лик,Јури Бојка...НЕПРИКОСНОВЕНИОТ ШАМПИОН во затворот во Сибир...
Одличен избор на глумец,Скот Адкинс...:zver:
Во вториот дел е негативец,во третиот дел REDEMPTION се искупва за своите гревови....
За љубителите на овој жанр,ви препорачувам да ги погледнете филмчињата,нема да зажалите...:smir:

22 bullets..-криминален трилер со Жан Рено во главната улога....
Се работи за екс мафијашки бос,кој е застрелан од своите колеги мафијаши....тој на неверојатен начин останува жив и покрај повредите,и полека ја дознава целата завера и кој го планирал неговото убиство...потоа следува одговор од неова страна...Добар филм...

HEAT-одлична акција,со доста добра актерска екипа..Роберт Де Ниро,Ал Пачино,Вал Килмер...
Се работи за потрагата по елитна криминална група предводена од Де Ниро која извршува големи грабежи.
Задача да се справи со овие врвни професионалци ја има Ал Пачино кој глуми полицаец..
Одлична акција...
 
the_big_lebowski_6.jpg




Приказна за Батка Лебовски кој не е женет,нема фамилија,живее сам и има само двајца пријатели од клубот за куглање.Еден ден влагат двајца батиња кај него во куќата му даваат ''терапија''као наводно неговата жена дужела некому пари,па требало тој да ги врати.Арно ама тој не е правиот Лебовски..

Добра актерска екипа,имаше добри заебанции и сцени(оние со Хесус во кугланата и онаа кога Волтер му ја истури пепелта од Дони на Баткава :pos:)ама не знам зошто не ми се свиде филмов којзнае колку.
Иако гледам на повеќе од форумџииве им се свиѓа филмот,мене што знам...онака.

Исфорсирана оценка :

7/10
 
the_american_poster-535x824.jpg


Освен тоа што има до некаде добро име, што ветува добра акција и освен што во него глуми Џорџ Клуни филмов е заникаде!
Клуни во улогата на Џек или Едвард е голем стручњак за правење на оружје. Освен некои сцени филмот беше максимално досаден.
Го гледам, онака прилично досаден филм со многу малку зборење, секој момент чекаш нешто да се смени музичето, да почне побрзо да се случуваат работите, ама НЕ!
Девојката, а можеби и едната причина што ме натера да го изгледам до крај, во спротивно ќе го изгасев далеку пред средината!

Тотано трошење на време.
6/10
 
Predators
Кратка рецензија- Не вреди да се гледа.Па разговорите од деца од прво оделение имаат повеќе тежина од колку репликиве во филмов.(некој ке рече акцијата е главна тематика,па да е но подобро да беше нем филмов)


The ninth gate

Трилерче од Роман Полански,со Џони Деп во главна роља.Филмов ме изненади во позитивна смисла но за жал само на моменти ,во кои гледав екстра трилер мистерија но сепак нешто фалеше во филмов што тие моменти не беа целиот филм.Одлична атмосфера,музиката во позадина дава шмек кој ги задоволува потребите на еден трилер во поглед на неговата напнатост.Но како што реков Полански некаде ја утнал работата(каде погледнете сами,да ставам спојлери е глупаво),па филмов се наоѓа некаде измеѓу просечен и одличен трилер,но повеќе се стреми кон просечен.

6.5/10

From hell


Уштен еден филм со Џони ,кој благо речено е на ниво во двата филма(и во двата игра улога на еден вид на детективи,па претежно му лежи таквата улога).Двата филма ме освежија што конечно го гледав Деп во филм кој не е режиран од Бартон а и не е капетан Џек(последен таков беше Secret window).
Сторијата е за Џек д'Рипер или Џек Мевосек и неговите грозоморни убиства на лондонските проститутки.Филмот малце влегува, забегува со тематиката во подлабоки ....може да се рече теории на заговор кои лежат зад убиствата на Џеки.

6.5/10

За двата филма -
да имаа посилен крај ке заслужеа и осмици,ако не и повеќе
 
Don't Say a Word (2001)

Don't_Say_a_Word.jpg


очекував повеќе.


Имав прочитано добра рецензија за филмов па решив да го гледам. Очекував дека че биди некој трилер исплеткан , крајо да неможи да му се најди. А добив приказна која после првите 20 минути (филмо трај сат и педесет минути), можи и помалку , стануваше досадна. Слободно можи да погаѓате како че заврши, и верувајте че погодите.
Почнува со кражба на рубин во една банка, но еден од крадците че го зафркни неговио партнер, и логично овај че сака да му се одмазди.
Ај да не кажувам појче изгледајте го. Не е воопшто лош, ама пак че речам очекував повеќе. Филмов воопшто не отскокнува од жанро трилер филм. Ме чуди само како го ставиле и во психолошки. колку шо не беше психолошки то чудо едно. ама нвм.

6/10
 
Public Enemies (2009) - IMDb

Само накратко-Последните години на Џон Дилинџер ,познат ограбувач на банки во америка во 30тите години.Повторно филм со Џони Деп(во последниве 10 дена 4ти филм со него што гледав :) ),Мајкл Ман режисер,а штета што Бејл немаше поголема минутажа во филмов.Звукот одличен како и некои сцени кои беа реално прикажани.Единствено што не ми се допадна беше камерата која во повеќе пригоди изгледаше на документарнине филмови(реконструкции на некои настани) што одат на explorer...најверојатно потикнат од успехот на некои други филмови кои се снимани така решил и Ман ,али по мое безпотребно за овај филм.

7.5/10
 
Mr. Nobody

mr-nobody.jpg


Тежок филм. Ептен тежок. Сабајле саат време барав објаснувања по интернетов, али уште имам нејасни работи. Треба пак да го гледам али долг е, над 2 и пол часа. Мене лично не ми е омилен филмов. Не знам што оценка да му дадам. Саундтрак добар има.


Fight club

01_Fight_Club.jpg


Филмов е од 1999 и после него се излезени многу делумни копии, барем во расплетот, и јас нив први ги имам гледано така да ми беше потполно предвидлив. Да сум го гледала пред 5 години, ќе ми бил wow. Едвард Нортон го обожавам (и ваљда само јас сум поимпресионирана од неговата глума во филмов отколку од онаа на Бред Пит). Саундтракот е исто многу добар, посебно на последната сцена ме бендиса. И овој филм би било добро да го изгледам пак и појше внимание да обратам на некои ситници, али нема. Не пишувам содржина пошто сите го имате гледано.
 
Shutter Island (2010)

Главната улога ја има Леонардо Ди Каприо...Психички трилер кој искрено мене многу ме сјеба,заради тоа што самите вас ве тера да имате размислување кое не се сложува со она во филмот. Неможев одеднаш да го изгледам и затоа го гледав со пауза од 2 дена и после завршувањето ме остави сеуште да размислувам. Филм со многу пресврти и одлични актери.Без размислување би му дал 10/10 :smir:
 
The Pacifier

MV5BMTQ2MTYxNzM3M15BMl5BanBnXkFtZTcwNTEzNTgyMQ@@._V1._SX214_CR0,0,214,314_.jpg

Прилично добра комедија, ми изнасмеа вчера пред легнување. Шејн Волф, е на мисија да штити пет недисциплинирани деца во нивната куќа додека мајката им е отсутна, во тие денови тој се бори и против самите деца кои не го сакаат и против терористите кои сакаат да го земат чипот кој е скриен во куќата. Има смешни моменти кога Шејн(Вин Дизел раскажува прикасна на малото девојче пред легнување.

Си биле неколку џуџиња и отишле мо магичната шума, а таму се претварале печурки во ураниум. :pos:


Вреди да се погледне. 9/10

All the Boys Love Mandy Lane


Aмерикански трилер-хорор, за едно
наводно
мирно девојче кое оди на викенд на село со друштвото и таму необични работи се случуваат.
 
Resident Evil Afterlife 3D
Не ми остави некој впечаток. Очекував нешто подобро според трејлерот што го гледав. Овој пат, Мила Јовович е на задача заедно со група луѓе да избега од градот на бродот Аркадиа.
Нивни противник е Umbrella Corporation. Исто така за време на мисија искачаат такви изроди и секакви зомбија, така да, ќе има моменти на возбуда. Ако имате време, изгледајте го вреди до толку да се симне. :)))
Ах да, исто така на Мила и се придружува Скофилд :)))
 
Machete

Да не ве лажел Госпо да го гледате овај филм. Поголемо срање не сум гледал во животот. Искрено, филмот го спуштив само заради то , шо Стивен Сигал прв пат е поразен во некој филм :), па ме интересираше како ќе изгледа то :). И на таја сцена морав да чекам сат и 40 минути.

Како и да е, катастрофа од филм. Не можам да сфатам како Де Ниро се нафатил да глуми во ваква глупост. Па и не само Де Ниро, тука се и Џесика Алба, Лохан итн.

Just one word, disaster

0/10 , да можи и негативно би дал
 
Exam

exam.jpg


Еден од најдобрите трилери што сум глеал у животов. А последно време и најдобар !

Иначе работата е 8 кандидати кои стигнале до Испитот, последна пречка до нивната работа од соништата ! Тестирањето го врши некоја си мулти милијардерска компанија.

Пред тестирањето, типот што ги надгледува има вика дека не смеат да се обратат накај него (камерата), и накај стражарот. Има само едно просто прашање и само еден обичен одговор !

Но вистинското изненадување почнува кога тие ќе седнат и ќе видат дека уствари листовите им се празни и дека на нив нема никакво прашање и тие сами треба да дојдат и до прашање па после до одговорот !

Е да, и не смеат да го уништат својот лист, нити намерно нити ненамерно, or you will be disqualified ! :)

Oдлична замисла, супер идеја, погодени глумци и екстра добри сцени со убер добри дијалози и ВРВ крај ! Фантастично !

9/10 од мене , нa IMDB има 6.8/10, Сеа го видов ова, бог да чува и да брани !

--- надополнето ---

Боби[Мкд];3865939 напиша:
The Pacifier

Прегледај го приврзокот 36434


Вреди да се погледне. 9/10


You got to be shitting me ??

Дај не зезај овој филм не иде преку 6 у никој случај !
Најверојатно не си глеал у последно време ДОБРА комедија, не веруем дека имаш олку ниски стандарди за филм да го еба :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom