GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

G

grande-juve

Гостин
Има и добри и лоши работи. Не ми е на нивото на најдобрите сај-фај филмови. Ама визијата во филмов е тоа што го прави добар и надоместува за недостатоците, од тој визионерски аспект уживав и уште ме држи... 8ца и препорака.

Првпат разочаран од снимката во Синеплекс(n)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
@dragonsky , има искуство во Њот, почуствува дека кај и да е ќе почнат да летаат бољери и одма не пресече во корен... :)
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Абе и од Гевегелија да си, филмов вреди за да доеш до Скопје.

https://www.facebook.com/DefaultUserProfile
Скролајте троа подоле... несфатени уметници, хипстери со долги коси и бради, сметани за чудаци во училиште, можеби во горната граница на просечна интелигенција, иселеници, мрчатори за се, имаат свое видување на светот, експерти во секое поле, со 5% конкретни аргументи и 95% општ неоснован хејт, коментираат за Interstellar.
Ако ти се допадна Interstellar читај само доколку сакаш да се изнервираш.
Значи моментот кога ќе видам некој обичен шупак кој прочитал 3 колумни,прочитал некој реномиран писател притоа ги намокрил гаќичките и поглеал некоја Класика нема подфолијо да даде солиден аргумент со оглед на тоа дека неговите реченици се набутани со купишта анти креативни досетки кој сакат сето тоа да го презентират како аргумент и тоа е глупаво иако у последно време поголемиот дел од разговорите не се водат врз основа на факти или некој солиден добар аргумент туку на досетки и тука е најголемата утка знаеш ќе каже нешто интересно ќе ја насмее околината ти ќе се укењаш и тоа е тоа гоне бејби гоне дуст нотхинг море овие деца денес сакат да пљукат по големи реномирани имињ3а Имињ3а со цврстина сила моќ знажност неможе тоа тука така име да се бутне не е обично гранче ама се даде можност секој да шкрапа по тастатура и тоа ни се дешава што е и Океј не ни сакам да читам такви ликови подалеку она некој ''надмоќни'' суштества што мислам дека со својте фрази припаѓат некаде надалеку- надвор од овие наоколу обични луѓе и плукање по разни големи имињ еве у случајов Нолан коментар-очекував многу повеќе вика од него а што е тоа повеќе што сакат луѓево секој филм да биде фајт клуб или незнам битфул минд па за да тресат од гаќи незнам мене ми се фасцинананти режиреските умови нолан,линч,кјубрик мислам да можеш да создадеш такво нешто Вов брате симињам капа ама тоа не се дешава само со овој филм туку и со инцептион и со тхе дарк книгт да не редам у п.м више

Пази

Bojan Antić
Ја го немам гледано филмот, али судејќи според последните срања на Нолан, не ме изненадуваат муабетиве

Fuck yeah кој знае колку се чуствува сеа кул со коментаров онака ги гледа луѓето со презир одалечен од планетата земја си вика кој знае колку сум напреден
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Одисејата досаден? Are you sure you are a sci-fi fan?

Како што направи вo Inception, и тука има тешки mind-fuck моменти, се гледа стилот дека е тој, само далеку подобро средена приказна беше за некој кој е лаик, и не знае баш многу за астрономија, астрофизика, и планетарни науки. Во повеќето вакви филмови или скоро ништо не се објаснува, или се објаснува така опширно, технички и детално, што филмот го губи шармот кај лаичката маса незапознаена подетално во врска со тие тематики. Филмов има 10ка од мене само поради тој фактор, што не е лесен за изведба, и 99% од филмовите го немаат истиот, што филмов го издвојува над многу, многу други.

Споредбата со Одисеја е истиот тој фактор, бидејќи и таму немаше претеризам, а мискот на мистеријата и абстрактноста остава лаикот да ужив аво филмот без да се замара премногу. И двата филма се тој 1%. Други моменти се човечкото егзистенцијално прашање, страдање, поттик, љубопитност, осознавање, мистериите, абнормалните феномени, космички филозофии итн. кои се испреплетени толку опширно и доловени квалитетно на екран колку и Одисејата во своето време. Заради тоа одредени луѓе сфаќам зошто би велечеле паралели со двата филма. Нормално дека Одисејата, според мнозинството, е далеку од повисок профил филм (со што се согласувам), но има основа за споредбата, тоа ми беше поентата.

Сфаќам и зошто ти заличи на Контакт, ама тие паралели се премали во спореедба со Одисејата. Ако идеме од таа гледна точка од која тргна, подеднакво потсеќа и на Армагедон (и таму и тука имаме непосредна опасност од изумирање на човештвото, татко-ќерка драма и емо-моменти, и во двата филма глуми еден од браќава Афлек :D).

Инаку парадоксите ги решија во филмов, или јас нешто погрешно имам заклучено. Од каде тоа останале последици на временски парадокси?

Не знам зошто тој дел од постот не го стави во спојлер, ама ајде, ти си знаеш.
О верувај дека сум sci-fi фан, е сега кога ќе ти кажам дека омилени филмови од жанров ми се Терминатор и Матрикс, вајда ќе ти биде јасно зошто Одисејата е малце подосаден филм.
Од астрономски аспект има пропусти, еве прв што ми текнува е дека не видов јас Ѕвезда/Сонце да има кај што се наоѓаа другиве планети, или Црната Дупка зрачи со доволно енергија за планетиве да функционираат како што треба, да добиваат топлина и слично? Би рекол не, би рекол пропуст, иначе Меконахи ќе се испржеше :) Но ајде ако се бараат грешки ќе се најдат многу де, не само во овој филм, во сите.
Како ги решиле парадоксите? Меконахи добива пораки од самиот себеси за да ја најде мапата и им затропа на вратите на НАСА, првиот пат како стигнал таму? Кој му шепнал? Како добил порака, како отишол до НАСА. Овој парадокс не го замерувам зашто во никој филм не е решен па ни во мојот омилен Терминатор.
Да ти спроредам на што целам ако не ме сфати, оваа ситуација во Интерстелар беше иста како Конор кога го праќа Рис во минатото за да ја спаси мајка му Сара, арно ама испаѓа дека автоматски Рис е татко му на Конор, па пред да го прати во минатото Конор како се создал, кој го направил? Овој парадокс не го замерувам, зашто во никој филм не е решен.
Се на се добра вожња е филмов, ако влегуваме во детали, ќе се најдат сигурно доста пропусти.
 
Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Како ги решиле парадоксите? Меконахи добива пораки од самиот себеси за да ја најде мапата и им затропа на вратите на НАСА, првиот пат како стигнал таму? Кој му шепнал? Како добил порака, како отишол до НАСА. Овој парадокс не го замерувам зашто во никој филм не е решен па ни во мојот омилен Терминатор.
А бе нема тука прв пат втор пат.
Како шо филозофот Растин Кол eднаш рече: "Time is a flat circle".
Се што во иднина ќе се случува детерминистички гледано на некој начин веќе се има случено. Се' што Било, Е и Ќе биде, се' се "случува" истовремено во еден кружен флукс.
Времето не е баш такво какво што ние "3-димензионалните" суштества го перцепираме.
It's more like a big ball of wibbly wobbly timey wimey stuff :icon_mrgr:

Се изнатрескав глупости, ама за во Sci-Fi филм има логика.
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Interstellar e најдоброто нешто од страна на sci-fi што излегло после долго време. Очекувањата беа огромни, за тимот на актери е беспредметно да се зборува, но она што мене ме импресионира е уживањето во вожњата низ вселената која ни ја пружи Нолан која навистина ме потсети на Одисејата, и тука би завршил со нивната споредба. Глумата човече, факинг глумата! Jessica Chastain за мене го украде шоуто, во конкуренција со факинг Ането, па сеа видете вие. Сцената кога ги врти сниманите повици од син му низ годините, кога во 5 минути целиот живот каков што го познаваше му се руши пред неговите очи и го виде својот син на иста возраст со себеси беше tear-inducing as shit. Одличен comic relief и од роботите, а и моментот со Еурека. :D Интересна работа на режисерот кога се тепаат на замрзнатата планета, и одзумира камерава на широко и колку смешно и мизерно изгледаа кога се тепаат на планета со 4 луѓе. :D

Забава check.
Филозофија и приказна check.
Mindfucks check.

Едноставно не смее да се пропушти за било кој sci-fi фан, па и пошироко. Eдино што не ми се допадна е улогата и ликот на Michael Caine. Преклише избор и млитав лик некако overall.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
А бе нема тука прв пат втор пат.
Како шо филозофот Растин Кол eднаш рече: "Time is a flat circle".
Се што во иднина ќе се случува детерминистички гледано на некој начин веќе се има случено. Се' што Било, Е и Ќе биде, се' се "случува" истовремено во еден кружен флукс.
Времето не е баш такво какво што ние "3-димензионалните" суштества го перцепираме.
It's more like a big ball of wibbly wobbly timey wimey stuff :icon_mrgr:

Се изнатрескав глупости, ама за во Sci-Fi филм има логика.
Како прв-втор пат ги опишувам за подобро да се сфати де.
Ова се' звучи убаво и романтично, ама јас сум од тие што сметаат дека едноставно мора да има некаков почеток, но како што кажавме во вакви филмови толку е можноста.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
О верувај дека сум sci-fi фан, е сега кога ќе ти кажам дека омилени филмови од жанров ми се Терминатор и Матрикс, вајда ќе ти биде јасно зошто Одисејата е малце подосаден филм.
Од астрономски аспект има пропусти, еве прв што ми текнува е дека не видов јас Ѕвезда/Сонце да има кај што се наоѓаа другиве планети, или Црната Дупка зрачи со доволно енергија за планетиве да функционираат како што треба, да добиваат топлина и слично? Би рекол не, би рекол пропуст, иначе Меконахи ќе се испржеше :) Но ајде ако се бараат грешки ќе се најдат многу де, не само во овој филм, во сите.
Како ги решиле парадоксите? Меконахи добива пораки од самиот себеси за да ја најде мапата и им затропа на вратите на НАСА, првиот пат како стигнал таму? Кој му шепнал? Како добил порака, како отишол до НАСА. Овој парадокс не го замерувам зашто во никој филм не е решен па ни во мојот омилен Терминатор.
Да ти спроредам на што целам ако не ме сфати, оваа ситуација во Интерстелар беше иста како Конор кога го праќа Рис во минатото за да ја спаси мајка му Сара, арно ама испаѓа дека автоматски Рис е татко му на Конор, па пред да го прати во минатото Конор како се создал, кој го направил? Овој парадокс не го замерувам, зашто во никој филм не е решен.
Се на се добра вожња е филмов, ако влегуваме во детали, ќе се најдат сигурно доста пропусти.
Болд 1: дискусијава веќе ја читав на интернет, што значи дека (можеби и грешам ама тешко) прво си барал аргументи за незадоволство после си нашол :) ) На страна тоа, во филмов имаа ангажирано врвен физичар, веројатно тој знае повеќе од интернет хејтерите, но и да е пропуст, еве да речеме да ставеа едно сонце, или две-три. Што е толку битно тоа за приказната? Филмот не мора да биде физички перфектен, тој ни прикажува некаква приказна и шпекулира со одредени можности и ги визуелизира.

Болд 2: никој не ги решил парадоксите во ниеден филм. Затоа се парадокси.

Иначе за хејтери филмов е измислен, има мал милион ситници за кои може човек да се фати и да оправа криви Дрини. Не се замарајте со тоа кој што рекол по интернет, посебно не со тие кои викаат: еј, по муабетиве филмов е тапа. Од човек што доброволно отишол во дискусија во која целата содржина е раскажана пред да го гледа филмот, што очекуваш? :)
 
Не бев сигурен за тоа со Сонцето дали го немало или ми промакнало, после еден хејтер на филмот ми потврди и ми пасташе линкови со лоши критики. Како што не сум сигурен за повеќе аспекти и дефинитивно треба да се гледа повеќе од еднаш филмот. Како и да е пишав и погоре, за наоѓање грешки сигурно ќе се наоѓаат, али кога се во прашање вакви филмови не ги сметам за некој клучен аспект.
Со парадоксите, кажано е, тоа е тоа, Шкорпи сметаше дека немало парадоски и се' е решено.
Има ли некој да даде свое толкување за некои точни/неточни, работи што би требало да бидат поинаку направени. Пример сцената во црната дупка со книгите?
Прашање, што беше фрката што можеа да добијат податоци од Земјата, ама не можеа да вратат назад? По мене, поголема драма од страна на Нолан. Купер ако комуницираше цело време со ќерката ќе се изгубеше драмата. Или, имаше објаснување што сум го пропуштил?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Ставам во спојлер, жал ми е за модераториве. Посебно за њот, ќе го заборавиме филмов тој дури го изгледа.

Сцената со книгите не е во црната дупка. Назад можеа да се вратат ама тоа не решаваше ништо. Тие сакаа да го остварат Планот А а не да се спасат самите себе си. Во случајот ако се вратеа назад тоа ќе беше „предавање“ и на Планот Б.

Парадоксот е во тоа што луѓето ја преживеале кризата, напредувале до степен да оформат црна дупка која ќе ја постават кај Сатурн за преку неа да можат да преживеат.
 
Мислев за сцената каде Купер е пзоади книгите и се гледа себеси и ќерка му пред да летне. Конкретно мислев за тоа како е изработена колку им се бендисува на луѓето. За оваа сцена викаш дека не е во црната дупка? Ова беше откако се катапултираше.
За парадоксот, точно, некој некогаш успеал да стигне до тој степен.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
За таа сцена викам, не е во црната дупка. Тоа е место во друга димензија која луѓето го изградиле во иднината, каде времето можеш физички да го видиш. Она што викаше Ането, за некои други суштества времето може да е планина по која се искачуваш и симнуваш. Така Купер скрола низ времето. Прилично сум сигурен дека ова не е во дупката.

Друго нешто спомнаа за гравитацијата, во смисла дека постои мултиверзум со многу димензии а гравитацијата трансцедира помеѓу нив, т.е. ситен дел од гравитацијата „протекува“ од димензија во димензија. На тој начин Купер го направи тоа што го направи со книгите и со часовникот.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Да, има голема веројатност ова да е точно. Сега ми текна роботот кога му кажа на Купер - Ова не е можно да е изградено од луѓе, што можеби мислел на тој простор/направа или што и да е. По што овој роботов му пушташе кодови, морзеовата азбука де што Купер ја пренесуваше на стрелките од часовникот, по што поминуваат декади (за Купер минути вајда) додека овие стигнат до Сатурн, го изградат срањето и веројатно да го најдат овој во тој простор/направа... Неговото будење во станицата на Сатурн вајда вака може да се објасни некако... не знам како иначе го најдоа.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Отприлика така некако. Иначе
Дупката е дефинитивно направена од луѓе, исто и тој просторот. Во текот на филмот мислат дека вонземјани ја направиле, нормално така ја одржуваа мистеријата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom