Последен гледан филм со кратка рецензија

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.545
Поени од реакции
87.744

Хорор филм со Доналд Сатерленд, Џеф Голдблум и Леонард Нимој (Спок од Стар Трек). Сега веќе кога пишав дека е хорор, само да напоменам дека воопшто не е страшен... филмот повеќе се насочува кон приказната, кон ликовите и нивните патешествија во двата часа колку што трае делово.
Рецензијата ќе ја пишам во две реченици... група колеги и пријатели откриваат дека луѓето постојано се менуваат во вонземјани. Надворешниот изглед останува ист, али тие продолжуваат да живеат без емоции. Скоро целиот филм се врти околу пријателиве, ама има една разлика... крајот е ептен оргинален и депримирачки. Нема да ви го откривам, ќе оставам на вас да го изгледате.
Е сега, тука има дилема кој е подобар, оргиналниот филм од 1958 или римејков од 1978. Не сум го гледал тој од 58'ма, али колку што прочитав по интернетов, постариов филм го нема истиот крај како овој од 78'ма. А според мене, крајот го краси делото... можеби оргиналниот има поголема оценка на ИМДБ, али моја препорака е да го изгледате овој од 1978 :)

Ако сте љубители на хорори од типот на Шајнинг, Психо, Мист, Слипавеј Камп и Блек Крисмас... филмови што имаат занимливи краеви, тогаш филмов е како нарачан за вас :)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Nocturnal animals

Силен почеток, веднаш сфаќаш дека приказните се одвиваат паралелно и дека Едвард низ метафори ја напишал неговата страна од вистината преку книга, остатокот е ништо неочекувано и предвидливо. Добра глума, добра музика, дури и предобра за приказна во која заплетот започнува и завршува на почетокот. Солидно филмче, боље е од Hell or high water во секој случај. 6.5 или 7
 
G

grande-juve

Гостин
La La Land




Damien Chazelle со нов погодок после Whiplash, едвај му го чекам наредниот.

Прво за музиката, си има вкус очигледно. Џезот е закон, песниве супер, а главнава нумера City of Stars тотално погодена, сигурно ќе испособере награди.

Танцувањето, е тука можеби малкуцка повеќе очекував. Гослинг и Стоун како да танцуваа со разум, се приметуваше дека мислат на чекорите и не се опуштаа скроз до крај, за разлика на пример во постариве мјузикли, посебно Фред Астер и Џинџер Роџерс каде што се глеа дека танцуваат со срце, без мислење. Далеку од тоа дека изгледаше лошо или слично, туку само малку сум пребирлив.

Приказната, задоволен и од неа. Иако е омаж за класичниве мјузикли(па и на класичниот холивуд), сепак приказната беше покомплексна од што би се очекувало, па и без класичeн хепи енд, самиот крај дури и е тажен/депресивен, али одговараше.

Режија:cuc:/монтажа:cuc:/кинематографија:cuc:, е тука беше најголемото уживање. Вистинска магија. Прекрасни бои. Убаини од кадри. Имам собрани бонус поени за бесплатна карта, и веројатно ќе отидат пак на филмов за пак да си исплакнам очи.

Единствена слабост освен тоа со танцувањето, е дека едно време при крај ко да застана малку филмов да земе воздух. Така и приказната налагаше али.. а можда и вредеше зашто последните 100 метри беа ко Болт да трча.

Важно севкупно одличен, деновиве и второ гледање ќе има па ќе видиме дали ќе се смени нешто. Damien Chazelle си удрил свој печат, не е рециклажа на стари добри работи, што за жал е тренд во последно време.

8,5/10
 
G

grande-juve

Гостин
^
По второ гледање една оцена погоре. Затоа што во се' уживав повеќе, не го гледав со хајпот како за првото гледање, и најважно изгледа зашто сам го гледав и сеа бев 100 посто фокусиран, вчера беше полна сала сметаа малку звуци(од напалени тинејџери и од еден шо не го глеаше филмот али затоа со полн ентузијазам гледаше и буричкаше во кутијата со грицки).

А забораив да ги пофалам Гослинг и Стоун изглумија одлично и хемија на високо ниво, тоа што цело време барам.
И исто вчера не спомнав за како беспрекорно беше доловен Холивуд и ЛА, преставен преку сонот наспрема реалноста, и одлуките и последиците што се прават за да се оствари тој сон.. Магичен филм.

Најквалитетниот за 2016.. 9,5/10
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Caged (1950)

Филмот ја следи приказната за Мери Ален, 19 годишна девојка која пристигнува во затворот, осудена за ситна кражба за која не е ни виновна. Таа е кревка, наивна и плашлива а пеколните искуствата што ќе ги преживее во затворот ќе ја натераат пред време да созрее. Филм во кој се прикажани најголемите зла во човекот наспроти невиноста на една чиста душа, како нормален човек се справува во ненормални услови со уште поненормални луѓе, колку може да истрпи или не и како понатаму се одразува тоа на една девојка која сеуште е дете. Одличен филм, ептен пријатно ме изненади, секој еден лик во затворот е приказна за себе, разработен до најситен детал, одлични дијалози и шокантни случки, главната улога и лошата чуварка ликови за оскар... One Flew Over the Cuckoo's Nest приказна за женскиот затвор. 9/10

The Wrong Man (1956)

Три години го избегавам филмот само затоа што е според вистинска приказна. Така си мислам, дека измислено сценарио е многу повеќе интересно од вистинска случка, ама тука и самиот Хичкок на почеток кажува дека иако се работи за вистинска случка, сепак има повеќе фикција од неговите најпознати трилери.
Еден нормален сопруг и татко после сплет на околности е осомничен за кражба. Неверојатно е колку човекот имал лоша среќа и што му се случувало за никако да не може да ја докаже својата невиност. Се е против него, сите се против него, сите докази укажуваат дека тој е разбојникот, животот почнува да му се распаѓа и никако не може да докаже дека е невин. Кога човек е невин не треба да се плаши од ништо, но кога се случува она што му се случило на овој лик, тогаш еден од најдобрите режисери на сите времиња решава приказната да ја претвори во филм. И одлично си ја завршил работата. Кутар човек : (
8/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин


Си беше еднаш во Америка.

Постирав и во темата за филмски саундтрак, една од најдобрите ако не и најдобра музика за филм. Милион пати е докажано дека нема промашај кај дуото Леоне-Мориконе што се однесува на филм и музиката во него.

Филмов е чисто ремек дело, во рок од 6-7 месеци 2 пати го гледам, класика. Без разлика што трае скоро 4 саати едноставно не можеш а да не уживаш.
Филм за другарство, љубов, изневера, каење. Главното дејствие се одвива во времето на прохибицијата во Америка, 30 години подоцна Нудлс (Роберт Де Ниро) се враќа во своето родно место каде уште еднаш се сеќава на своето минато, детството, љубовта, криминалот.

Роберт Де Ниро
Џејмс Вудс
Елизабет МекГоверн/Џенифер Конели
и малце Џо Пеши.

Неам зборови, ова треба да се пушти, да се гледа и да се ужива 4 саати без да се замараш со ништо. Кога ќе заврши филмот ќе го пуштиш саундтракот на јутуб и ќе ти врти цело време додека не го исклучиш компјутерот и легнеш да спиеш, утре коа ќе станеш од спиење пак ќе го пуштиш.

10/10

https://www.youtube.com/watch?v=Sbd2wvjadnA
 
P

Patience

Гостин
Prisoners
download (1).jpg

Ќерката на Келер Довер, малата Ана, исчезнува заедно со нејзината другарка на денот на благодарноста. Потрагата по двете девојчиња ја врши полицијата, а случајот го презема детективот Локи.
Филмов трае 2 и пол часа, ама тоа е најмалку важно. Агонија владее кај двете семејства, бес, напнати ситуации, исчекување на најлошото, нови пресврти, до каде е спремен да оди родителот да го пронајде своето дете? До крај! А крајот по се изгледа остава и малку на фантазијата на гледачот.
Љубител сум на вакви филмови ( а и првпат пишувам на темава ) од мене 9/10.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.784
Поени од реакции
21.502
Hacksaw Ridge

Втора светска војна, приказна која се базира на вистинит настан односно за ликот Дезмонд Дос (Ендру Гарфилд - човекот пајак) кој по секоја цена сака да стане член од армијата со еден услов кој од религиозни причини не го прифаќа, а тоа е да не носи оружје на боиштето. Да не навлагам во тешки сопјлери, филмот е ремек дело и убаво го доловува делото на Дезмонд Дос, човекот кој со својата храброст добил Медал за храброст без ниту еден испукан куршум во војната. Човекот доживеал длабока старост и починал на 87 години во 2006 година.

10/10 препорака за гледање
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Oh Youth! е филм кој е снимен во братската Северна Кореја. Приказната е љубовна, забавна и поучна. Во едно среќно семејство има 5 ќерки, сите професионални спортистки во различни дисциплини, и еден лигав син - историчар. Историчарот уште нема женска оти сака само историја, но запознава една која му прави ќеф. Ама излегува дека таа е шампион во теквондо (значи, по спортот е) што е премногу за фамилија со 5 жени спортистки. На крајот се завршува среќно. Историчарот се спрема да докторира, таа станува светски шампион во теквондо и башка му поомага во докторатот кој е некако поврзан со оваа древна корејска борбена вештина.
Низ целиот филм, а посебно на крајот се провлекува поуката, дека, како за теквондото, така и за се друго, сите заслуги се на драгиот лидер, прекрасниот водач и врховен командант.
Љубителите на филмската уметност филмот можат да го погледнат овде:
 

LP1519

ЧастиОбраз
Член од
2 февруари 2012
Мислења
405
Поени од реакции
298
The Accountant
http://www.imdb.com/title/tt2140479/

Бен Афлек е во главна улога, филмот е предобар, вреди да се погледа..
Бен Афлек боледува од аутизам и има дарба за математика.. работи како сметководител и истовремено за моќни организации.. да не навлегувам во филмот.. вреди да се одвои време
Мое мислење 9/10

123.jpg
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
The Danish Girl, во режија на Tom Hooper.

http://www.imdb.com/title/tt0810819/awards?ref_=tt_awd

Ме потресе на убав начин. Вистинити луѓе, вистинити настани. Тело и дух, љубов и немоќ истовремено.

Сликарска двојка во рани 20ти, мерачки одработена квир тема. Лили Елбе, односно првиот трансџендер и целата метаморфоза прераскажана низ болката да се биде заробен во тело што не е твое. Гледајте го, има зошто. Не поради суптилното лобирање на одредена сексуалност или телесност (што на моменти се чувствува во дејството на филмот, изразеноста на боите, желбата за претенциозно доловување тип/принцип на однесување) ами поради емотивната, човечка страна на еден остварен сон да се постои, да се биде, без криење.

Актерската игра на Алисија Викандер, која ја игра улогата на жената на сликарот ми остави силен впечаток, бидејќи не е само одиграна улога, туку со силен внес ја носи тежината на приказната. Еди Редмејн, кој ја игра главната улога на сликарот Ејнар/Лили е прекрасен. Како актер, ме освои уште во улогата на Стивен Хокинг (The Theory of Everything) а во оваа е уште помоќен. Трансформацијата и нежноста со која располага, е токму по мој вкус.

Оценка, 8 од 10.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
A Clockwork Orange

Прв пат го гледам. Појма немав ништо што се дешава, појма немам ни зошто толку долго го избегнував.

Алекс кој е социопат и деликвент и со неговата банда учествувал во низа брутални силувања, грабежи и малтретирања на недолжни луѓе, волонтира за експеримент на владата со кој би се решил проблемот со криминалот и насилството....

Прво, каков лик. Силеџија со нула емпатија, кој ужива во музиката на Бетовен и додека врши злодела си пее singing in the rain. И тука ме интересираше зошто баш таа песна, па прочитав дека изборот бил сосема случајно, кога Кубрик побарал од Макдауел да танцува додека тепа луѓе и овој сосема случајно си ја запеал баш singing in the rain.

Шарено, ретро и надреално, на повеќе моменти ме потсетуваше и на Гилијам.

И на многу моменти си ги препознав баба ми и дедо ми, нив не им требаат експерименти за да им се испере мозокот, нив доволно им е три пати на ден да гледаат вести на Сител за да се осеќаат "излечено" па дури и да бидат благодарни за тоа.

И како што кажав, со човекот мора да управува некоја сила, без разлика дали е добра или лоша, затоа што без неа станува потенцијална жртва на секакви "животни" кои без трошка совест ќе го искористат за да си ги исполнат своите цели, а и за жал, за да преживееш во ваков глупав свет, мораш да поседуваш и поголема доза на злоба, бесчуствителност и налудничавост.

Одлично и се извинувам што ќе го кажам следново, ама за мене повеќето филмови на Кубрик ми се некако далеку преценети од она што вистина се, во некои ми била одлична само кинематографијата, во други само ликовите, во трети само приказната, никогаш не сум гледала одличен негов филм како целина, па затоа ваљда и толку долго го избегнував овој, ама баш за еден од ретките негови што не сум ги гледала сум погрешила, тука ми се свиѓаше СЕ!
10/10

Сега и книгата сакам да ја најдам :(
 
Последно уредено:

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.826
Поени од реакции
1.581
Orphan

Дека е нешто класичен хорор далеку од тоа повеќе е како трилер.
Џош и Кејт решаваат да посвојат сираче како нивно 3 дете. Ќе ја одберат симпатичната и слатка Ештер. По одреден период таа ќе почне да се однесува чудно , а Кејт ќе почне да истражува за нејзиното минато и зошто таа станува злобна. Понатаму гледајте солиден за тепање време 7/10.
Are You Here

Филмот не го препорачувам освен ако нема што да правите едноставно е досадна приказна со очаен хумор за комедија . 2/10
The Bling Ring

За филм снимен по вистинска приказна некако ми е недокажан. Плус кој крадец ќе каже еј знаеш вчера бев таму и украдов пред цела група луѓе кои не ги познава?
Марк е ново момче во градот и на првиот ден ќе ја запознае Ребека која живее андреналински и обожава да краде. Таа ќе го наговори Марк да влезат во куќата на Парз Хилтон од каде ќе земат ташни , фустани , пари и накит ...Приказната продолжува со повеќе грабежи на славни личности. Како и да е филмот заслужува подобро сценарио не ми е јасно зошто Марк трчаше толку околу Ребека , а беше претставен ко некое педерче? 6/10.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.826
Поени од реакции
1.581
Control

Кој филм секоја чест! Сериски убиец осуден на смртна казна ќе му се понуди да учествува во тестирање на нов експериментален лек кој ќе може да му развие чуства на вина , сожалување и љубов. Тој ќе го прифати тоа и за некое чудо лекот почнува да делува тој добива кошмари и чустува вина. Во следна фаза ќе го натерат да најде работа , а тој ќе појде кај единствената преживеана жртва за да се извини. Одлично па дури и крајот онака типичен. 8/10.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Brokeback Mountain

Една нетипична љубовна приказна за романсата на два каубои кои се растргнати измеѓу животот кој е "нормално" да го живеат и љубовта и страста што ја осеќаат меѓу себе и нивните животи низ годините.

Хомосексуалноста е споредна работа во филмов, се работи за забранета љубовна приказна, ептен емотивно и реално прикажана. Не знам кој како ќе си го прифати филмов, затоа и што ептен е и во детали навлезено, ама доколку немате предрасуди спрема овие луѓе, филмот мора да го гледате!

Да не решев периодов да гледам тоа што гледам, никогаш во брзо време немаше да го изгледам, ми делуваше ептен досадно и без врска, нешто што не ме занима баш. Геј приказна, па уште и каубои. Ама вчера и без сон останав за да го догледам. Ептен емотивно искуство беше ова за мене и тука давам една 10ка голема колку љубовта на Гиленхал спрема Леџер во Brokeback Mountain!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom