91ви американски филмски награди (Оскари 2018)

Kој е вашиот фаворит?

  • Вкупно гласачи
    41
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.597
Друг фан факт: Алфонсо Куарон е првиот човек воопшто номиниран за ист филм за најдобар филм (продуцент), најдобра режија и најдобра кинематографија. Му фалеше само уште номинација за монтажа за да има 4/4. За Gravity, на пример, лично тој го освои оскарот за монтажа.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Злате го претстави вака бомбастично Рома, заборавајќи го Ла Вита е Бела кој освои 3 Оскари за: Главен машки лик, Музика и Филм од неанглиско говорно подрачје, и беше номиниран во уште 4 други за: Најдобар филм, Режија, Едитинг и Оригинално сценарио, од кои вкупно Бенињи беше вклучен во 4 од нив.
Не ми е намерата да му ја намалувам вредноста на Рома, ама сметам дека Куарон не е некаков првенец во доминирање на Оскари со филм што не е на англиски.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.916
Green book одличен. Може комотно да лапне оскар за најдобар филм, главна и споредна машка улога. Тука само Виго може да киксне поради Малик.

Бохемиан нормално да нема номинација за режија кога режисерот доби отказ.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.597
Злате го претстави вака бомбастично Рома, заборавајќи го Ла Вита е Бела кој освои 3 Оскари за: Главен машки лик, Музика и Филм од неанглиско говорно подрачје, и беше номиниран во уште 4 други за: Најдобар филм, Режија, Едитинг и Оригинално сценарио, од кои вкупно Бенињи беше вклучен во 4 од нив.
Не ми е намерата да му ја намалувам вредноста на Рома, ама сметам дека Куарон не е некаков првенец во доминирање на Оскари со филм што не е на англиски.
Не реков дека е Куарон првенец во доминирање на Оскари со филм што не е на англиски. Туку човекот, како личност, е воопшто првиот во историјата кој е номиниран во тие 3 категории истовремено, зашто он сам си е и кинематограф, и сам си ги монтира филмовите, и продуцент, и режисер, и сценарист.

А за филмот, да, до сега вкупно 9 странски филмови освоиле 5 и повеќе номинации (најмногу Crouching Tiger, Hidden Dragon и сега Roma - по 10), но ако го освои Оскарот за најдобар филм, тогаш ќе биде првенец, зашто до сега тоа на ни еден странски филм не му успеало. А инаку, првиот странски филм кој бил номиниран за најдобар филм е Grand Illusion уште во 1938. Инаку, има и подобри остварувања и од La Vita e Bella, не сум ги заборавил и нив. ;) Ете, прв на кој ми текнува: и El Laberinto del Fauno освои 3 оскари и беше номиниран за 3 други, при тоа - не го освои оскарот за најдобар странски филм. [DOUBLEPOST=1548346025][/DOUBLEPOST]Roma е, инаку, 11 странски филм номиниран за најдобар филм.[DOUBLEPOST=1548346643][/DOUBLEPOST]P.S. Сега гледам - Бењини не бил продуцент на La Vita e Bella, значи и да земеше филмот Оскар за најдобар филм, немаше да го земе он. Исто и за странски - не го зел он. Он зел 1 Оскар - за глума, и бил номиниран за уште 2 други: режија и сценарио. Куарон како личност е номиниран во 5.[DOUBLEPOST=1548346917][/DOUBLEPOST]
Тука само Виго може да киксне поради Малик.
И заради Бејл. Уште една неверојатна трансформација.
 
Последно уредено:

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Best Picture.jpg

Black Panther
- Ако некој филм за суперхерои некогаш требаше да добие номинација за Оскар тоа беше The Dark Knight (2008). Ова ми е најнеомилен и најнепознат жанр, но бидејќи традиционално ги гледам сите номинирани го изгледав за да не мрчам на негледано. Black Panther е sci-fi бајка што се гледа за забава, чијашто содржина е крајно предвидлива и ќе ја заборавите месец дена по гледањето. Ништо спектакуларно, ништо што заслужи номинација за Best Picture, можеби само за ефекти и ништо повеќе. Академијата дури и сакаше да воведе посебна категорија за најпопуларен филм само за да може ова да добие Оскар, среќа што не се случи тоа, но за сметка на тоа го протна во најпопуларната категорија.

BlacKkKlansman - Спајк Ли во нова борба за обесправените црнци. Кога работите ќе се постават вака црно-бело очигледно е дека неизбежна е пропагандата. Иронијата кон стереотипите ми се допадна, но некако сме презаситени од овие филмови. Каква и да е приказната, сите личат еден на друг. Документарниот дел на крајот го засили ефектот, но премногу политика ја уништува уметноста.

Bohemian Rhapsody - Никогаш нешто особено не сум ги слушала Queen, а сепак им ги знам скоро сите песни. Не знам дали тоа зборува за нивната легендарност, но секако значи нешто. Секоја чест за кастингот. Рами Малек ги усовршил сите манири, движења и ко што би рекле Србите го „скина“ Фреди како што веројатно никој друг и не би можел. Глобусот му припадна заслужено, а за Оскарот ќе бидиме, оти Бејл е исто сериозна конкуренција. Филмот не е совршенство, некако е straight to the point, без детали и ситничарење околу приказната. Поголем дел е посветен на музиката и грандиозноста на бендот, а помалку на биографијата и човекот Фреди. Но, сепак никој не остана рамнодушен и ако ништо друго нѐ поттикна да истражуваме многу повеќе за Queen и Live Aid, а и да слушаме поквалитетна музика.

The Favourite - Лантимос го следам уште од Dogtooth (2009) и ми се допаѓа сѐ што режирал досега. И некако се навикнав на неговите weird уникатни идеи и шокантни трилери па очекував нешто слично. Овојпат во Шекспировски манир имаме игрива драма што во центарот го става ривалството меѓу две жени. Кадрите кои како да ги гледате низ округли огледала, богатата костимографија и суптилниот хумор го прават овој филм симпатично уметничко дело. Ако ништо друго, претпоставувам дека ќе му припадне Оскарот за костимографија.

Green Book - Иако е преполн со клишеа и стереотипни ситуации, Green Book е убаво возење. И буквално и метафорично. Повеќе го доживеав како feel-good Божиќен филм кој повремено се занимава со расистички предрасуди. Ако се тргне настрана предвидливоста и ако му дозволите да ве намами со убавиот пријателски однос што го развиваат Виго Мортенсен и Махершала Али ќе си овозможите добро филмско патување. Двајцата перфектни во своите улоги, имајќи предвид дека е работен според вистинска приказна хемијата меѓу актерите е и те како важна. Али во улога на префинет пијанист, а Мортенсен „сељак“ со вулгарни навики, наликуваат на современи Дон Кихот и Санчо Панса чиешто пријателство се чини невозможно, но изгледа дека поместува граници. Мортенсен има силна конкуренција, но се чини дека Али има најголема шанса во категоријата најдобар актер во споредна улога.

Roma - Рома не е филм за маркантни личности и помпезностите што ги нуди Америка, Рома е емотивен филм за обичниот народ, за обичната жена и секојдневието во Мексико во раните 70-ти. Актерката е тотален анонимус и со ова деби се прослави, а дури не знае ни англиски. Алфонсо Куарон се дал себеси во овој филм, осмислувајќи го перфектно секој кадар и вметнувајќи куп автобиографски моменти. Да, бавен е, црно-бел и навидум многу едноставен. Ама се занимава со обичниот живот реално и до болка. Кинематографијата му е можеби најсилното оружје. Не верувам дека ќе освои Оскар за Best Picture иако навивам за него. Но би требало да го победи Cold War на Павликовски во Best Foreign категоријата како негова најсилна конкуренција.

A Star is Born - Филмот трае 2 часа и 15 минути, а се чини цела вечност. Буквално ми требаа 3 дена за да го изгледам. А да не беа Купер и Лејди Гага главните фаци, не верувам дека воошто и ќе го видеше пошироката публика, а не пак да добие номинација. Непотребни сцени еден куп, раздолжен до бесвест, а ништо не се случува. Као, највозбудлив конфликт требаше да бидат пијанчењата на Купер. Не сум фан на Гага, ама не го оспорувам музичкиот талент, сепак треба да се држи подалеку од филмови и серии. Барем песните беа добри, и верувам Shallow ќе освои Best Original Song.

Vice - На letterboxd прочитав рецензија - одлични изведби, но зошто постои овој филм? И целосно се согласувам. И да го занемариме фактот што речиси и немам познавање од политиката во Америка овој филм е екстремно досаден. После саат време не ни забележав дека повеќе скролам на мобилен отколку што гледам филм. Кристијан Бејл уште еднаш импресионираше со завидна трансформација и по сѐ изгледа Оскарот годинава е негов. Ејми Адамс исто така одлична. Нарацијата и начинот на прикажување по малку ме потсетија на The Wolf of Wall Street (2013), но ни тоа не успеа доволно да ми го задржи вниманието. Навистина непотребен филм.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.597
Прегледај го приврзокот 203945

Значи буквално со сѐ се согласувам! Ко јас да сум пишувал, за секој филм, секако со мали нијанси. :aplauz:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.956
Го изгледав Блек Пантер, пред неколку месеци. Цел. Не го прекинав.
Добар филм во споредба со некои други суперхеројски филмови. Но, ништо посебно.

Сепак, нешто друго ми западна во очи, во контекст на номинацијата.

А тоа е флагрантното отсуство на ЛГБТ заедницата. Филмот прилично дискриминаторски се постави кон оваа маргинализирана група, која беше застапена во филмот со 0%!!!! Трансродовите лица? 0%!!!

Во време на експлозија на човековите права, повишена свест и развој на човековата слободна мисла, не можеме да си дозволиме филм со ваков шовинистички, назаден пристап кон сексуалната ориентација, да добие Оскар.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Го изгледав Bohemian Rhapsody. Што знам, би го ставил во онаа група на филмови што не ги сметам за некакви ремек дела ама доволно е едно гледање за да ми остави впечаток и веројатно некои од сцените ќе ги паметам долго време.

Првата половина од филмот не ми се бендиса многу. Некако премногу брзо и нафрлано ми беше се’. Како да сакале да ја дознаеме приказната на Квин ама само преку хајлајтси. Како да гледаш ФБ профил на некој и ги гледаш само работите што сопственикот на профилот решил дека се вредни за прикажување.

Во втората половина малку се поправија па се задржаа на некои побитни моменти за Фреди и за бендот. Конечно видовме малку од интеракциите меѓу членовите. Интересно беше и да се види како се креирани некои од хитовите. Мене ми беше интересно и како е портретиран Фреди како лик. На моменти ти е кул, на моменти ти е одвратен, на моменти те фаќа по малку жал за него. Тука му давам заслуга на Рами Малек. Дечкото одглуми стварно добро.

Не знам, ги слушам и почитувам Квин а Фреди заедно со Роберт Плант го сметам за најголем рок фронтмен. Ама па не сум некој загреан фан кој знае се’ за бендот и не сметам дека се најголем бенд или нешто слично. Голем дел од приказната како што читав и не е баш вистина. Големите фанови и тие од генерациите што пораснале со нив веројатно можат подобро да го оценат филмов. Ќе ги гледам и другите номинирани за Оскар ама не верувам дека баш ова ќе ми биде фаворит за најдобар филм.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.956
Филм за хомосексуалец-уметник. Aко има доволно застапено од жута и црна раса, плус жени, би можел да добие Оскар.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958

Знаеш дека стануваш досаден со коментариве веќе така?
 
Таков е духот на времето.
Не можеме ние да пристапуваме кон уметноста со некоја перспектива од Среден Век. Новите параметри треба да ги уважуваме, ако не сакаме да бидеме прегазени од времето.[DOUBLEPOST=1550065867][/DOUBLEPOST]Во уметноста треба да се биде искрен и објективен. Искрено и објективно сметам дека филмот нема да добие награда ако не се почитуваат параметрите кои доаѓаат со духот на ова време. Параметрите кои се на сила.
Нема сега јас да замижувам и да се праам на удрен пред реалноста, заради тоа што на некој кој со мајндсетот е у Камено Време му било досадно.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.597
Филм за хомосексуалец-уметник. Aко има доволно застапено од жута и црна раса, плус жени, би можел да добие Оскар.
Самиот Фреди е некоја чудна раса. Фарoк Булсара. Други раси немаше, колку што помнам.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.956
Ова прашањето од анкетата не значи дека треба да гласаме за тој што мислиме дека ќе победи, туку за тој кој ние сметаме дека треба да победи?
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Ова прашањето од анкетата не значи дека треба да гласаме за тој што мислиме дека ќе победи, туку за тој кој ние сметаме дека треба да победи?
Па секако оти за тој шо вие сметате. Не е анкетата кладилница за да типуваш кој ќе победи. Него секој да го искаже својот фаворит. Лепо је све то напишано
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Таков е духот на времето.
Не можеме ние да пристапуваме кон уметноста со некоја перспектива од Среден Век. Новите параметри треба да ги уважуваме, ако не сакаме да бидеме прегазени од времето.[DOUBLEPOST=1550065867][/DOUBLEPOST]Во уметноста треба да се биде искрен и објективен. Искрено и објективно сметам дека филмот нема да добие награда ако не се почитуваат параметрите кои доаѓаат со духот на ова време. Параметрите кои се на сила.
Нема сега јас да замижувам и да се праам на удрен пред реалноста, заради тоа што на некој кој со мајндсетот е у Камено Време му било досадно.
Значи не знаеш...океј кул, carry on.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom