Последен гледан филм со кратка рецензија

В

Вори

Гостин


Филмов го спуштив заради Нортон и не зажалив дефинитивно.
Се работи за една личност по име Ајзахам,кој уште од мал се интересира за излузии,магии и остали заебанции.
После 15 години тој се наоѓа во Виена во Австрија.Прави илузии низ градот,секоја вечер има свое шоу.Бидејќи неговите илузии се за воодушевување,принцот на Виена ќе се заинтересира за него и ќе дојде да гледа еден негов настап.А,усвари жената на принцот е големата љубов на Ајзахам од пред 15 години(Џесика Биел).
Повеќе не кажувам,сако ќе изречам една реченица која е на омотот на филмот.
Не е се така како што изгледа.

Многу интересен филм,секоја чест за глумците,за тематиката,и чиста 10-ка за еден од моите омилени актери Едвард Нортон.

Иначе на филмов му давам една солидна осмица.
Значи 8,5/10






Ештон Качер е главната улога,значи не може да е лош филмов.
Се работи за професионалец убиец,кој извршува една мисија во Франција,Ница.
Во меѓувреме се среќава со една девојка,која е дојдена со нејзините родители на одмор.
Двајцата се вљубуваат и поминуваат убави моменти таму.
Качер решава да се откаже од работата и ветува дека последната мисија ќе си остане баш последна.
После 3 години...

Интересен филм,опуштувачки со многу неочекувани моменти.Љубителите на акционите-комедии би сакале да ја погледнат.

Оценка:7/10





А-тимот!Серијата која ја обожавав како мал,сега ја има како игран филм.
Би-Еј,Мурдок,Фејс и Ханибал.Четворицата ''ренџери'' повторно ебаваат мајки.
Се наоѓаат као случајно во Мексико и убиваат едни мексиканци.После 8 години,тие веќе се во американската воена едници,и се најопасната четворка од која сите се плашат.
Во Ирак имаат акција без одоберение на генералот или што ти беше тој.При таа акција комбето во кое што беше генералот е дигнато во воздух и криви за тој настан се тие.
Ги пикаат во затвор и после има пак јака пуцњава.

Иначе сцена што ми остави впечаток е таа кога јунациве ни ги прикажуваат во своите затвори,а Мурдок го прикажуваат во ментално-псхичичката установа во Германија:pos:
Луд тип дефинитивно!

Ако сте љубител на серијата А-тимот,би ви препорачал да го гледате и филмот,ако не сте тогаш гледајте порно.

Оценка:7.5/10

Гледам многу филмови,али не ме бива многу за рецензии...после долго време решив да напишам и ја нешто.
Ако имате одвишок слободно време тогаш ѕирнете ги филмовиве...пуканки,сок и добро друштво и немате гајле.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Predators


220px-Predators_54632_glg.jpg

Жанр: Акција , ScFi
Режисер: Nimród Antal
Актери : Adrien Brody, Laurence Fishburne, Topher Grace, Alice Braga, Walton Goggins, Danny Trejo, Mahershalalhashbaz Ali, Oleg Taktarov, and Louis Ozawa Changchien.


Филмот започнува со војникот Ројс кој што се разбудува паѓајќи од небото во џунгла. Кога се приземјува тој среќава и други луѓе кој што пристигнале на ист начин. Сите се добро обучени убијци освен докторот. Непознатата средина и разбиените кафези ги збунуваат и потоа сфаќаат дека се на..... Обичната џунгла се претвара во ловиште ,а ловците сигурно не се они.

Филмот е прекрасен и немам замерки ,едноставно СУПЕР по мој вкус е....проследен со добри актери , супер супер приказна , супер ефекти....има голем број заплети и неочекувани пресврти. Кој има замерки за филмот и смета дека нешто му недостасува ,молам нека ми пише на профил ме интересира што недостасува. Штом никогаш не погледнав уште колку време преостанува од филмот мислам дека тоа кажува се....

Искрено сум разочаран што на Imdm е оценет со 6.8. ,заслужено му давам чиста 10 !
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
American Psycho

american-psycho.jpg
Психодрама каде се работи за млад згоден богат банкар кој наизглед е good catch а уствари е психопат, не дека е очигледно од насловот :) Како што му расте омразата кон светот така момчаков убива се повеќе. Освен тоа што ја претставува реалната слика за животот на елитата во Америка интересна е причината зошто нема да можат да го фатат, иако ќе дојде до момент кога ќе колабира и ќе ги признае убивствата.
Тоа што ми се допадна во филмот беше недостатокот на индентитет, емоции, човечност кај елтитава и како филмот го опишува тоа.
9/10


Confessions of a dangerous mind

512HCWJ39KL.jpg
Приказна за животот на легендарен шоумен кој ќе стане познат по емисиите кои ги режисира. Но, тој води двоен живот и е платен убиец за ЦИА. Интересно е како е направен неговиот профил, предиспозиран да биде убиец. Начинот на кој е правен филмот малку иритира. Пошто филмот е правен врз вистинска приказна меѓу сцени има делови од интервјуа на соработници на човекот и го сече филмот.
8/10



Flawless


Кримдрама чие случување е во 1960 во Лондон каде чистач пред пензионирање убедува еден од најбитните менаџери во Лондон Дајмонд Корпорација да го ограбат сефот со дијаманти. Филмот добро ги прикажува социално општествените услуви во тоа време, а и начинот на кој ќе биде направен грабежот е генијален.
10/7
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Machete

Не ми е последен гледан филм, го гледав неодамна и си реков ај кога ќе имам време ќе направам рецензија. Во меѓувреме изгледав милион филмови, али овој сепак ќе го рецензирам, можеби и ќе сфатите зошто.

Вака, околу приказната, ништо специјално, ништо посебно. Она што ми остави впечаток е глумата, а истата ми остави ептен лош впечаток. Ќе започнам од Дени Трејо, кај што е грд ко смртта, па дури и глумата му е повеќе од катастрофална. Од обичен полицаец со вештина за сечење со мачета, станал мит, ок. Како и да е, улогата му е катастрофална, карактерот Мачета има многу малку дијалог, т.е. секој дијалог се состои од по 3-4 збора. Во исто време е и грд ко смртта, значи уз тоа карактерот не ми делува како некој шармер и заводник, а успева да ги легне М.Родригез, Џесика Алба и Линдзи Лохан... па ова го нема ни у Београду.
Значи од една страна карактерот е безвезен, од друга страна и Дени Трејо глуми лошо. Во една сцена, прво застанува, па после му викаат Wait :icon_lol:

Понатака, ок само Де Ниро има некоја солидна глума, нели во негов стил, али тоа не менува ништо, посебно кога ќе ја видам Линдзи Лохан како пука све живо пред неа... Уз тоа, сцените кога ги сече се малку повеќе детални, па така може да се забележи нечија аорта. Тоа е тоа, јас би му дал одвај 3ка на филмов, мене лично ептен ми е тапа.
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Inception




Импресивно, не ме разочара, иако влегов во салата со прилично големи очекувања. (салата беше 1/4 полна, ама ајде)
Teхнички на највисоко ниво и дефинитивно му пуштам рака на Нолан. Комплексен концепт, а ептен добро прикажан. Ако глумата или ефектите или музиката беа за нијанса послаби, филмов не ќе функционираше. Мене ме воодушеви та одлична вклопеност. Без непотребни должења на сцени, дијалози, баш таман. Блокбастер на годината, ама не вервам дека академциве би го номинирале за најдобар филм. Ќе видиме.

Вервам дека ќе имат многу дискусии и smartass реплики на темава, по повод оргиналноста на некои сегменти во филмот... ама не е интересно ако не се потскараме тро.

Не би дискутирал сега за сега за приказната, дан налутам некој. Чао.
 
T

Tetro

Гостин
Многу оф-топици на темата. Кај се модераторите?

Он-топик:

Вчера гледав филм. :je:

Baise-moi (2000) [French]
Rape Me (буквален превод: Fuck Me)



Две млади жени, кои не се познаваат. Тргнуваат на пат, претходно и двете имаат направено свој заплет. Во филмот има секс, убиства, секс, пак убиства, пак секс, пак убиства, марихуана, убиства, секс, хероин, убиства. Современ порно-филм, со содржина. Двете глумици од филмот, главните, се порно глумици, како и некои од споредните улоги.

Directors: Virginie Despentes, Coralie
Writers: Coralie, Virginie Despentes (novel)

Cast
Karen Lancaume ...Nadine (as Karen Bach)
Raffaëla Anderson ... Manu

Оценка: 6,25/10.00

Препорака до Toecutter само за филмов :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
The Ninth Gate


Филм на Роман Полански, со Џони Деп во главната улога.
Супер филмче, го гледав по препорака на Сусаро, и од мене има 7,9/10

Џони деп работи како дилер/истражувач/преварант со стари книги тоест нивните оригинални стари издани. Низ филмот се брка некоја книга коха оригинално се претпоставува дека е напишана од ѓаволот, и нормално наш Џони е најмен да наоѓа споредува што ти не. ФИлмот е супер препорака за гледање што е можно побрзо.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
113
Поени од реакции
5
Funny people , нз шо да коментирам, филмов трае 2 саата и нешо, и е тотална утка за комедија ,одвај го доглеав очите ми паѓаа ми се приспиваше страшно ,џабе изгубено време..
 
L

Lu

Гостин
Пред неколку часа во кино Милениум го гледав The Expendables - „Платеници„.
Филмов многу ми се допадна,пред се поради тоа што имаше многу акција и актерската екипа беше одлична.
Кој што сака да гледа одлична акција,му го препорачувам „Платеници„ ,а уште подобро е да се погледне во кино.
 
В

Вори

Гостин


Значи не знам како досега не сум го гледал филмов.Слободно можам да кажам дека според мене ова е еден од најјаките трилери евр.
Глумата на Бред Пит и Морган Фримен е феноменална.Им симнувам капа.

Детективот Самерсет е пред пензија.Но,ќе се случи едно убиство,и тој ќе остане на функцијата се додека не го разреши случајот.
Заедно со неговиот помлад колега Милс(Бред Пит)ќе се обидат да ги расветлат убиствата на еден рандом дебел човек и најпознатиот адвокат во градот.
Арно ама,убиецот не застанува тука..

Се што би кажал дополнително би било на некој начин спојлер,така да ви го препорачувам да го гледате филмов.Опасна содржина,фантастична глума и еден многу болен ум.

Оценка:10/10

Позаслужена,амин..
 

Attachments

  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
She's Out of My League (2010)
Добра комедија да се погледне со друштво. Лесно филмче, не е ништо посебно, не е уникатно да не е видено претходно. Значи сосем предвидлива приказна, али има добри муабети. Ако преферирате комедии ( и плавуши) ке ви се допадне.

Get him to the Greek (2010)
Уште една комедија, која не е многу лоша, али ако не можете да го сварите Расел Бренд не се мачете за џабе:) Почнува филмот и пушташ мозок на пасење...Класича тинејџерска комедија. Арон е задолжен да го доведе Алдус (Расел) , кој иначе е рок стар, во Грик Театарот за да одржи концерт. Е сега Алдус е зависник и тука почнуваат проблемите за Арон.

Juno (2007)
Прекрасна драма која баш ме натера да размислам што би направила јас во таква ситуација. Значи Џуно забременува на 16 години и сега пред неа стојат повеќе опции. Премногу зрело се справи со ситуацијата и не знам...ептен ми се допадна филмов. Сеуште го варам. Плус имаме невообичаена љубовна приказна :)

Hard Candy (2005)
И сликче ке ставам.:)

Охоохоооо! Дечко ми не сакаше да ми прави друштво во репризирањето. Зашто ли? :) Ептен, ептен тежок филм. Го критикуваат, го фалат, е јас сум во вториве. Пак Елен Пејџ и пак тешка улога и пак(по 125879пат) како само ја изнесе!
Значи во филмов педофилот е жртвата, не детето.
Епа размислете се кога ке погледнете дете :)
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Последно време едвај следниве 2 филма ги изгледав,не дека без задоволство ги гледав туку едвај најдов време да ги гледам -
Harry Brown (2009)


Незнам колку од вас го имате гледано Death Wish со Чарлс Бронсон но филмов ја има скроз истата тематика само со неколку измени и пред се британската продукција(британски акцент) и Мајкл Кејн во главната улога.Е приказната - Ликот кој го толкува Кејн живе во криминален кварт од каде што полицијата кренала раце ...по смрта на неговата болна жена, единствеиот пријател кој му останува со кого игра шак и излегува во локалнио бар ќе биде убиен од локалните разбојници за кои Хари Браун ќе почне да се "грижи"...
Добра камера,добро вклопени сцените,нема многу разговори,темна атмосфера ,малце претерано со крвта но и една геј сценичка ...

7/10

The Bucket List (2007)

Морган Фримен и Џек Николсон толкуваат двајца старци од различни општествени класи,сосема различни карактери кои заедничко им е што ја делат болничката соба(на чија болница Џек е директор и сопственик).Дознаваат дека не им преостанало многу од нивните животи па со кешот на Едвард Кол( Николсон) и идејата на Картер( Фримен) да ги направат работите за кои цел живот ги сакале но немале време ради фамилијата ,работата и тнт...
Можеби голем дел од целиот филм е клише но сепак има многу умни мисли и исклучетелно силна порака искажана преку 2та лика кои ги толкуваат феноменални актери.

И уште ова за Фримен кој толкува маж кој никогаш не ја изневерил жената дури и во сцената
кога му мести џеки проститутка тој одбива
а у реалном животу се швалерисуваше со внуката :D ...
7.5/10
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
The Barber of Siberia

Конечно да го изгледам филмов иако од одамна имам добиено позитивна препорака за него.
Прво нешто, двајцата актери Џулија Ормонд (Џејн) и Олег Меншиков ( Андре) одиграа маестрално. Навистина е тешко една драма да има добра нарација, приказна и актерска игра ... но овде го има сето тоа.
Втора работа на која треба да се укаже е времетраењето на филмот. Оригиналната верзија е во траење од 4 часа и триесет минути, онаа искасапената верзија од 2 и 30 која за жал дознав дека постои откако го изгледав филмот и нормално баш таа јас ја гледав, според критиката има изгубено доста дијалози. Навистина голема штета зашто филмот е добар. Скратен е зашто според продуцентите должината е преголема за да го задржи вниманието на гледачот.
Како И да е, прекрасна приказна во која една Американка доаѓа во Русија како придружник на еден инвентор претставувајќи се лажно пред другите. Сосем случајно среќава еден кадет со кој ќе започне романса загорчена од полковникот на војникот.
Ова е филм за љубовта и страста, но најмногу за тоа како еден единствен потег и импулс може комплетно да ве уништи и да ве натера 10 години да размислувате како да поправите нешто што не можете.
8/10
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
The A-TEAM

The_A_Team_movie_pics35.jpg

Жарн: Акција , Комедија
РежисерJoe Carnahan
Актерите: Liam Neeson ,Bradley Cooper ,Quinton Jackson ,Sharlto Copley ,Jessica Biel ,Patrick Wilson и Brian Bloom

Филмот е базиран на старата добра серија која го носи истото име ( The A-team).

-Во филмот се работи за 4 ренџери кој се обидуваат да си ја вратат својата чест и да ги фатат вистинските виновници.
-John "Hannibal" Smith (Liam Neeson) е полковникот и човекот кој се грижи тимот да има план.
- Templeton "Faceman" Peck (Bradley Cooper) , H.M. "Howling Mad" Murdock (Sharlto Copley) додека овие двајца ги прават глупостите , но мора да потенцирам дека Мурдок е најулавиот човек кој се појавил во некој филм.
- B.A. Baracus (Quinton Jackson) е сериозниот и јакиот црнец.

Филмот е исполнет со многу комедија и со доста акција. Но мислам дека за Баракус можеле да најдат подобра замене бидејќи Rampage (професионален борец во ММА) е очигледно подобар во рингот одколку на телевезија. Додека другите тројца си ја завршија работата супер ,а посебно Sharlto Copley ....феноМЕНОнално
 
M

Mario Gómez

Гостин
angelina-jolie-salt-movie2.jpg

Филмов е страва, наречете ме како сакате ама многу ми се допадна, појма си немав за што се работи ниту рецензија имав прочитано и појма си немав што ќе се деси, приказната е тука со скоро многу други филмови поврзани со студената војна и со русија и америка но овој филм сепак има нешто посебно што те држи у неизвесност до крај.
Koj помисли дека Винтер работи за нив а? А?
Може има претерано многу бегства од невозможни ситуации но сепак тоа е филм и не жалим за потрошеното време. Му давам 10-ка. :)


За разлика од овој, експендаблс е булшит во вистинска смисла на зборот, старци напумпани со стероиди, бљак.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom