Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767

kelaviot

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
10 мај 2010
Мислења
531
Поени од реакции
318
izlegoa 1080 i 720 po torentive,go gledav na 1080 okolu 13gb bese,au perverzija,steta sto kaj nas go nema 3d u kino
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Ако ми излетал некој спојлер, се извинувам. Секако ќе се најде некој да ја поправи евентуалната грешка.
Па, бидна и Хобит. Филм кој трае околу 3 часа, и во кој, всушност, е обработена една третина од книгата која има нешто повеќе од 300 страни. Режисерот е познат, некои од глумците и улогите исто така.
Повеќе работи во филмов навистина ми се допаднаа. На пример ликот на Билбо (кој за мене секогаш ќе биде поголема фаца од маченикот Фродо) беше многу добро одглумен. Голум е вообичаено совршен. Добро се изведени и некои други „суштества“ од СрЕдната Земја, со исклучок на извесна тепачка меѓу неколлу карпи во планините. И џуџињата беа ОК, некои помалку, некои повеќе. Мислам, некои и не личеа баш на типични џуџиња од франшизава, но за мене барем, не е некој непростлив пропуст. Одредени сцени чија цел е да насмеат беа успешни, некои не толку многу смешни. Музиката, сценографијата, ефектите и сл. ми изгледаа беспрекорно.
А сега за другата страна на паричката. Радагаст (хипикот-екологиста што гнете печурки и што зборува со животните) и се` во врска со него е комплетна идиотштина. Тоа некако не се вклопува во целосната слика на филмот, кој на моменти е и помрачен од трилогијата на Џексон (демек, ако целел на тоа да создаде комичен лик). Во таа смисла недостасува извесен баланс. И Голум е смешен, ама тоа поинаку реализирано. Колку и да е смешен, не сакате да си разменувате гатанки во некоја мрачна пештера со него. Се разбира, ни во книгите на Толкин Радагаст не е морон, но извесна слобода не е на одмет во филмов, кој отстапува, со многу поголем успех и во повеќе други наврати. Можеби е подолго трае отколку што треба.
Но, се` на се` доста солиден филм. Некои работи што не ми се допаѓаат се неутрализирани со она што е добро завршена работа.
Вреди да се изгледа.
 
kelaviot

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
10 мај 2010
Мислења
531
Поени од реакции
318
Ne vidov nekoi specijalni sceni za vo 3d. Go gleav jas od 13 giga, sosema zadovolitelno. Ama edvaj sum go iscekal. :D
I jas ne padnav na iskusenieto :) :) :),ama me fati nervoza ,vibam toa idiotite neli kako bese reklamata konecno vistinsko kino,koe kino be coece u cel svet ide 3d samo kaj nas ne ,so nemaa pari da go otkupat ,ovaka doma lagano na 107 sm,mozebi ke bese podobar u 3d,nego so me interesirase ,brkanicata so volcite niz toa golite ridovi neli epten se glease deka e animacija ili pa mene televizorot mi e premnogu dobar pa epten se zabelezuvase :) :) :)
--- надополнето: 3 март 2013 во 21:39 ---
Ако ми излетал некој спојлер, се извинувам. Секако ќе се најде некој да ја поправи евентуалната грешка.
Па, бидна и Хобит. Филм кој трае околу 3 часа, и во кој, всушност, е обработена една третина од книгата која има нешто повеќе од 300 страни. Режисерот е познат, некои од глумците и улогите исто така.
Повеќе работи во филмов навистина ми се допаднаа. На пример ликот на Билбо (кој за мене секогаш ќе биде поголема фаца од маченикот Фродо) беше многу добро одглумен. Голум е вообичаено совршен. Добро се изведени и некои други „суштества“ од СрЕдната Земја, со исклучок на извесна тепачка меѓу неколлу карпи во планините. И џуџињата беа ОК, некои помалку, некои повеќе. Мислам, некои и не личеа баш на типични џуџиња од франшизава, но за мене барем, не е некој непростлив пропуст. Одредени сцени чија цел е да насмеат беа успешни, некои не толку многу смешни. Музиката, сценографијата, ефектите и сл. ми изгледаа беспрекорно.
А сега за другата страна на паричката. Радагаст (хипикот-екологиста што гнете печурки и што зборува со животните) и се` во врска со него е комплетна идиотштина. Тоа некако не се вклопува во целосната слика на филмот, кој на моменти е и помрачен од трилогијата на Џексон (демек, ако целел на тоа да создаде комичен лик). Во таа смисла недостасува извесен баланс. И Голум е смешен, ама тоа поинаку реализирано. Колку и да е смешен, не сакате да си разменувате гатанки во некоја мрачна пештера со него. Се разбира, ни во книгите на Толкин Радагаст не е морон, но извесна слобода не е на одмет во филмов, кој отстапува, со многу поголем успех и во повеќе други наврати. Можеби е подолго трае отколку што треба.
Но, се` на се` доста солиден филм. Некои работи што не ми се допаѓаат се неутрализирани со она што е добро завршена работа.
Вреди да се изгледа.

Edinsveni greski prema mene e toa so kralot na dzidzinjata kako se vikase be u pm :),negoviot lik e covecen dodeka likovite na dzuzunjata se nekako izobliceni,dzudzesti :) :)
--- надополнето: 3 март 2013 во 21:39 ---
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.015
Сабазиј Се сложувам за сцената со џиновите. Можело по "реално" и поконектирано да се изведе но што е тука е. Дури и да се изоставеше комплетно немаше да се наруши приказната ама јасно е зашто е имплементирана. Кога имаш одврзани раце и огромен буџет зашто да не си поиграш малку со CGI нели, сепак е спектакал за во кино со многу eye candy. А за другите кои предходно ја коментираа сценава како не им требало и од никаде се појавуваат, таа сцена е copy-paste од книгата...

За Radagast the Brown немам конечно мислење изградено, интересен е но можеби малку префорсиран. Ќе видиме понатаму како ќе се развива. Финтата е што нема многу background за неговиот лик и карактер колку што има за Saruman и Gandalf. Барем не во литературата (LotR/Hobbit) за која Џексон има право да ја користи во филмовите. Така да од тоа што знаеме дека е weirdo и си збори со птици и живее во џунгла, неговата интерпретација како врач, билкар и близок со животните не е воопшто погрешна. Единствено премногу комичен го направиле, сега тоа може на некој да му се допадне а на друг не, субјективно е.

Јас не ни очекував од првиот филм да биде даркерски. Fellowship of the Ring исто имаше поведар тон и немаше масивни битки и акција колку другите 2 од трилогијата. Пред се The Hobbit: An Unexpected Journey има за цел да не запознае со дел од ликовите и да добиеме глобална слика за приказната. 13 џуџиња реално тешко дека ќе успееш во 3 саати да ги запознаеш сите, неколку се издвојуваа, другите ќе ги разработат во другите филмови.

Целиот проблем со филмот е што е снимен по Lord of the Rings, и без разлика колку да е добар, едноставно LotR (книгите и филмот) има супериорна приказна. Крај.
 
Не, во ред е тоа што ги имаше џиновите, тоа не е проблем, само изведбата, тепачката, ми наликуваше на забавена снимка од некој акционен филм, премногу техника, како боксерски меч на моменти да гледав :) Тоа би можело и поубаво да се направи.
А за Радагаст - јасно е дека кај Толкин има сосем малку информации и јасно е кон што си ја насочил волшебничката кариера, па оттаму веројатно и треба да е чуден. Но неговата појава ми е премногу изнасилена, тој е карикатура и тоа неубедлива. За мене барем не беше смешен, но ете, да го оставиме тоа како субјективно гледиште. За мене и 1 дел од Хобит е подобар од 1 дел на LOTR, што исто така е субјективен став.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.662
Забавеноста на снимката мене пак ми ја доловија енормноста на карпиве.
Инаку незнам како е во книгите описотт, ама визуелно борбата во планината, и целата околина апла ископирани. Dark Souls, област Blightown. Youtube it ако ве интересира.

Што се книгите тиче, темата во литература неможам да ја најдам, малку ќе забегам, ама да прашам. После Хобитот морам да ги прочитам, е сега англиски неможам да ги најдам, а принтање од пдф иде преку 350 од книга. А морам од хартија да читам. Во меѓувреме ја земав првиот дел на македонски од библиотека, дали е добар преводот, на почеток воопшто не е лош. Дали губи од убавина со преводот, што е случај со доста книги или вреди, или ако не да чекам англиски, од нет порачани?

Сабазиј Tegla
 
Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Не можам да го сфатам ќењањето околу отцуството на 3Д за филмов кај нашиве кина.

3Д из шит!

Го гледав уште на втори јануари кога беше со никаква снимка, сега во 1080p. :sneaky:

Првиов дел одличен, штета што ќе му требат уште две години за да биде комплетен па на раат да се изгледа трилогијава заедно со ЛоТР. Се надевам и книгите ќе ги прочитам до тогаш. :)
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.842
Поени од реакции
24.275
Забавеноста на снимката мене пак ми ја доловија енормноста на карпиве.
Инаку незнам како е во книгите описотт, ама визуелно борбата во планината, и целата околина апла ископирани. Dark Souls, област Blightown. Youtube it ако ве интересира.

Што се книгите тиче, темата во литература неможам да ја најдам, малку ќе забегам, ама да прашам. После Хобитот морам да ги прочитам, е сега англиски неможам да ги најдам, а принтање од пдф иде преку 350 од книга. А морам од хартија да читам. Во меѓувреме ја земав првиот дел на македонски од библиотека, дали е добар преводот, на почеток воопшто не е лош. Дали губи од убавина со преводот, што е случај со доста книги или вреди, или ако не да чекам англиски, од нет порачани?

Сабазиј Tegla
Ги има на англиски во нашиве книжари. Јас ја имам Хобитот на англиски купена од тука, кога идев накај факултет мислам дека ги видов сите 4 книги, на англиски во книжарана карши McDonallds во Центар.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.662
Ги има на англиски во нашиве книжари. Јас ја имам Хобитот на англиски купена од тука, кога идев накај факултет мислам дека ги видов сите 4 книги, на англиски во книжарана карши McDonallds во Центар.
Oд Струмица сум, а и немам по кого. Искрено, лесна варијанта е и од нет, самошто сакав што побргу да почнам додака имам премногу слободно време. :)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Забавеноста на снимката мене пак ми ја доловија енормноста на карпиве.
Инаку незнам како е во книгите описотт, ама визуелно борбата во планината, и целата околина апла ископирани. Dark Souls, област Blightown. Youtube it ако ве интересира.

Што се книгите тиче, темата во литература неможам да ја најдам, малку ќе забегам, ама да прашам. После Хобитот морам да ги прочитам, е сега англиски неможам да ги најдам, а принтање од пдф иде преку 350 од книга. А морам од хартија да читам. Во меѓувреме ја земав првиот дел на македонски од библиотека, дали е добар преводот, на почеток воопшто не е лош. Дали губи од убавина со преводот, што е случај со доста книги или вреди, или ако не да чекам англиски, од нет порачани?

Сабазиј Tegla
Македонскиот превод го немам читано, па не би можел да го коментирам. Српскиот ми се чини доволно добар, но од друга страна, го немам читано англискиот. Изгледа не ти помагам многу :) Ако имаш можност, т.е. ако во библиотека налеташ на српското издание, прочитај го. Ако пак почетокот на македонското издание не е лош, се надевам дека и преостанатиот дел би бил ОК.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

На врв Bottom