ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.736
- Поени од реакции
- 43.849
11. Red Eye (2005) - 7/101. Source Code (2011) - 7.5/10 - мое мислење е дека ја посраа малце на крај. Требаше да си истера филмот како што се движеше, да го најде терористот и да го спасат Чикаго од нуклеарката.
2. National Treasure (2004) - 8/10 - според мене многу потценет е на imdb, има едвај 6.9 оценка.
3. The Proposal (2009) - 7/10 - одлично филмче за релаксација. Лабав, забавен, со преубави пејсажи од Аљаска. Би кажал класика Сандра Булок.
4. All About Eve (1950) - 7/10 - пишав во Филм Клуб темата.
5. Тhe Truman Show (1998) - 8.5/10 - оддамна го меркав овој филм, мора да признаам дека сум позитивно изненаден. Башка убаво е да се види Џим Кери во подруга улога, иако и тука имаше "свои" моменти.
6. Gone Girl (2014) - 8.5/10 - Розамунд Пајк
7. Along Came a Spider (2001) - 8/10 - уште еден потценет филм на IMDb, и тоа длабоко според мене. Можеби јас сум нешто глуп не знам, ама филмов има 6.3 рејтинг. А баш е класика трилер со добар пресврт на крај.
8. The Next Three Days (2010) - 7.5/10 - малце ми беше досаден на почеток искрено, вториот дел од филмот далеку подобар.
9. American Psyho (2000) - 7.5/10 - ме разбрка на цело на крај, појма неам дали убивал, дали си правел филм, кого убивал, кога си правел филм и слично.
10. Captain Phillips (2013) - 8/10 - го имав гледано еднаш, па знаев одприлика што како ќе се случи. Сепак кој го нема гледано, нека го гледа обавезно.
12. The Number 23 (2007) - 8/10 - ми го задржи вниманието низ текот на целиот филм. Ептен забегано заврши, на крај памет немаше да ми текне дека сам ја напишал книгата. Мислев дека ќе биде полош искрено, ме изненади позитивно.
13. Se7en (1995) - 10/10 - ретко ќе давам 10ки, но дојде време за мојата прва на темава. Втор пат го гледав филмот, по втор пат ми беше страшен. Најмногу сакам вакви филмови, крими-детективски трилер-мистерии. Актерската екипа е исто одлична, би го гледал уште 100 пати и уште 100 пати ќе ми биде јак.
14. Lleyton Hewitt: The Final Tour - документарец за Лејтон Хјуит, кој пред некој ден ја заврши неговата кариера. Препорака за сите фанови на тенисот.
15. A Short Film About Love (1988) - 7/10
15/100
Требаше да учам периодов, затоа заглавив малце со филмовиве. Обично пуштав Биг Бенг да се релаксирам измеѓу учење. Периодов ќе се враќам "во форма".