ТОП 100 Најдобри филмови од декадата 2010-2019 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
42. I, DANIEL BLAKE (2016)
Ken Loach, Laura Obiols

42.jpg 42 I Daniel Blake.gif
Ќе пишам овде, а не во темата за Синедејс, за да видат повеќе луѓе: ако сте во можност, тркнете утре во 17:30 до Милениум на репризата на I, Daniel Blake, освојувачот на Златна палма во Кан годинава! Поемотивен филм одамна немам гледано, поштено си се изнаплакав. :place:
За малце немаше да го гледам дека ми откажаа сите во последен момент, ама ме убеди ти со петката на летербокс па отидов сам. :D

Мене многу ми се допадна, не знаев ништо за филмов, ни трејлер ни ништо, баш тука на форумов мислам дека го прочитав за првпат пред некој ден. Доста квалитетен филм и одлична глума, сцената во јавната кујна беше :place:. Кога заврши филмот во салата беше штама, тишина. :D

Еве еден одбар опис на letterboxd, ''The realest of realism presented outside of the scope of luxury''.
допира.. цела сала штама
Британска драма за повозрасен дрводелец жител на Њукасл, кој по преживеан срцев удар влегува во костец со државниот апарат. На моменти наликува на документарец, веројатно за пореална атмосфера. Филмот на почеток е малку луцкаст, наивен дури има и смешни моменти. Но како се развива дејството, авторот ни ја открива мрачната страна на животот на обичниот граѓанин во немилосрдниот капиталистички систем. Во филмот паралелно ја следиме и судбината на една млада самохрана мајка со 2 деца, која исто така стигнува до дното, благодарение на административните пречки во корист на државата и чија судбина не е ништо подобра од онаа на Даниел. Животни драми во буквален смисол :(
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
41. THE HUNT / JAGTEN (2012)
Thomas Vinterberg

41.jpg 41 The Hunt.gif
Нашки „Лов“ или според мене наслов кој по му одговара Потера е дански филм од минатата година. Го гледав вчера во Рамстор во рамките на Скопје Филм Фестивал 2013, баш сега видов дека го имало и на интернет, но не ми е криво за дадените пари, бидејќи филмот си го заслужува тоа.

Медс Микелсен, не знам дали треба да објаснувам самото негово име зборува се`.... Hannibal, A Royal Affair, After the Wedding (бар филмовите од кај што го знам, секаде врна улога, така и овде). Одамна имам зборувано може и досаден сум дека сум заљубен во скандинавската кинематографија.

Овде станува збор за една исклучителна 120-минутна драма. Во центарот на приказната е Лукас, маж кој има добра репутација во мало данско градче, разведен е од својата сопруга и одделен од својот син Маркус кој понекогаш доаѓа на 2-3 дена да поседи со него. Лукас времето го поминува со своите пријатели, особено е близок со Тео и Грета, маж и жена чија малечка ќерка Клара учи во градинката/основно школо каде што Лукас работи како привремен учител а воедно и брза помош. Децата го обожаваат, но по игра на случајност, Клара, ќерката на неговите пријатели и открива на директорката дека Лукас и го покажал неговиот пенис. Мислејќи дека помеѓу нивните пријатели се крие натрапник, Тео и Грета ги прекинуваат односите со Лукас, и цел град го обвинува за сексуално насилство, иако тоа не е така, тој е погрешно обвинет.

Одлична драма, доста потресна и реална како може испревртените а мислејќи вистински зборови на едно дете може да ја промени судбината на еден невин и несреќен човек. Препорака до сите, навистина одлично!

:cuc:
Одличен дански филм. Како може животот на еден уништен човек да се уништи уште повеќе?

Лукас е средовечен човек кој работи како учител во една градинка. Неговиот живот е мизерен, разведен е од сопругата, има син тинејџер кој смее да го гледа само 2 дена на секои 2 недели и по самиот телефонски разговор со жена му може да се сфатат многу работи за него а и за нејзе. Лукас е мирен, си ја сака својата работа, децата во градинката го обожуваат и се има малце повеќе поврзано со едно од децата, Клара. Клара е ќерка на еден од неговите најдобри пријатели меѓутоа родителите на Клара ја запоставуваат и Лукас е тој кој ја носи и враќа од градинка. Наоѓа нова љубов и синот му кажува дека сака да поминува повеќе време со него. Меѓутоа, нешто ќе се случи.

Филмов е можеби подолг од тоа што треба. Помина 1 час и си реков што по ѓаволите ќе треба да гледам уште ден час но и покрај ова ми го држеше вниманието цело време. Многу се поврзав со главниот лик. И јас би реагирал во 95% од сите ситуации поврзани со него. Голем дел од филмот ќе чувствувате гнев, ќе се чудите како луѓето постапуваат вака но и исто така на некој начин ги разбирате. Јас 2 пати добив нагон да влезам во филмското платно и да истепам некој. Но имаше и неколку сцени кога ми се смири душичката :)

Пријателство, доверба, лаги. Ова се 3те главни обработени теми во филмот.

Јако, јако драмиште и го препорачувам на сите вистински љубители на драми од овој тип. Малце ме потсеќа на Amour бидејќи навидум не се случува ништо особено. Само малце му фалеше за 9/10.

А да, не се секирајте, ќе ви стане јасно зошто се вика "Лов". :)
Jagten, одлична драма.
Пореална содржина, амин. Рандом лага за некоја личност и веднаш му се сјебува цел живот. Што би рекле блгарине така е, когато на човек му се лепне етикета.
И година после тоа, Лукас остана животно во очите на останатите поради ретардирани момчиња кои незнаат за што е намената на iСрањето.
Да не раздолжувам, тие што не го гледале филмов директива на замунда или друг торент сајт и симнувајте.
И морам уште еднаш длабоко да се поклонам. :cuc: Извонредно остварување. Можеби за нијанса поуметнички насочено од The Broken Circle Breakdown, и можеби со поголеми шанси да го земе Оскарот, но за мене останува број 1 Белгискиот. По него останав забезекнат, тој ме акна од земја и уште не можам да се опоравам. За Jagten, само длабок поклон.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
40. INCENDIES (2010)
Denis Villeneuve

40.jpg 40 incendies.gif
Со два збора филмов е ремек дело.

Приказната започнува кога двајцата близнаци (брат и сестра) добиваат по едно писмо од штотуку починатата мајка. Таа има две последни желби за нив пред да биде закопано нејзиното тело во непознат гроб. Братот близнак треба да го пронајде својот друг брат и да му го врачи писмото од мајка му, а сестрата близнак треба да го пронајде нивниот татко и да му го врачи другото писмо.

Во текот на нивната потрага не навраќа режисерот во младите години и биографијата на мајката. Близнаците ќе дознаат
за нејзиното сурово минато и ужасни маки (на пример дека била силувана и мачена во затвор во Блискиот Исток поради убиство). Понатаму ако раскажувам за братот и таткото ќе биде само спојлери и модераториве ќе ме опоменуваат.
Сценариото е совршено, режијата брилијантна, глума каква што се очекува.

Филмот прави да сочувствувате, да бидете бесни, ве шокира. Истовремено е интелектуален и разнообразен (драма, мистерија, малку и елементи на војна со оглед на тоа што дел од дејството се одвива во Блискиот Исток; се зборува на различни јазици: арапски и француски. Јас најдов добар превод на англиски, ама некои понебитни дијалози од арапски не беа преведени).

Ниту една од 130-те минути не ми беше досаден. Моја оценка е 10, а на IMDb е 8,2.

Штета што не го доби оскарот лани за најдобар странски филм, но по затоа има освоено над 20 други награди, меѓу кои најдобра женска улога (за мајката), режија, сценарио, звук итн.
Не сум обожавател на француски филмови, но оваа драма - ремек дело на Denis Villeneuve, ме остави буден цело време.
Се работи за семејна приказна на брат и сестра - близнаци, кои се во потрага и исполнување на последната желба од нивната мајка.
Филмот со право има високи оцени кај филмските веб бази, и номиниран е за Оскар.
130 минути вредни да се потрошат за оваа француска драма.
Mother of God каков филм сум пропуштил!!! За разлика од годинава во која ги фатив со ред „неанглиските“ филмови кои се номинирани, лани сум го пропуштил овој Канадски филм (Француски јазик) кој беше номиниран за Оскар. Note to self: да не ти се повтори грешката!

Филмот е од оние во кои се отплеткува мистеријата на крајот, но ако ја имате таа несреќа како мене да го сконтате предвреме, ќе навивавате да не се случи: wtf??? , дали сте вие нормални!!! (режија и сценарио), мајсторе сечи! итн... Затоа што приказната е длабоко вознемирувачка, потресна и мрачна, си игра со психата на начин на кој не би требало да си игра. Едноставно има работи кои не би требало и не смеат да се случат во овој свет и од кои човек лесно може да полуди.

Се работи за една мајка која има син и ќерка, близнаци. По нејзината смрт им остава тестамент во кој бара од нив да отидат во Палестина и да ги побараат нивниот татко и нивниот брат (за кој тие прв пат слушаат дека постои). Ова ќе ги стави на патека која треба да им даде одговори за нивното потекло и минато, како и за минатото на нивната мајка.

Филмот се одвива налик на приказната во Кум 2, паралелно оди актуелната приказна со онаа за животот на мајката, и не води низ хаосот на блискиот исток, меѓурелигиската нетрпеливост, војни и страдања.

Глумата перфектна, сценариото прва лига, иако уште ги пцујам во себе што ме извадија од памет. Немам што посебно да забележам како недостаток, филмот има се, а некои сцени како онаа со автобусот ќе ви се вртат во главата долго време.

Саудтракот одличен, (њот, го има Radiohead два ипол пати :vozbud: ) а мелодијата од одјавната шпица ќе се потрудам да ја ископам.

9/10 , им кратам едно пак само затоа што ме извадија од памет.
Немам пишано рецензија одамна, но ретко имам гледано филм во последниве години што вака силно допира, па макар и на болен начин. Потресни слики и приказна би бил вистинскиот опис, малку потсетува на филмовите посветени на воените трагедии кои во 90 те се случуваа на Балканот. Една голема пустелија во која луѓето пробуваат да се истребат меѓу себе за ништо, плус филмов праќа една убава порака за религијата како убедливо најлошиот "пронајдок" на човештвото. Малку не ми се допадна начинот на кој беше донесена приказната во оној момент кога главните ликови и филмската публика треба да бидат шокирани и изненадени од она што го гледаат, некако предвидливо и претенциозно, приказната има праволиниски редослед на настаните така да логична би била и претпоставката на гледачите, тое е единственото нешто кое што не ми направи ќеиф. Плус саундтракот и Рејдиохед се неверојатно погодени и во тон со целата атмосфера од филмот. Моја оцена 8,5.
Ова е филм кој длабоко ќе ве вознемири ....
Одамна немам гледано вакво оригинално дело кое обзема од самиот почеток. Мрачноста , тензијата се присутни во текот на целиот филм и обзема со некој магнетизам за очекување на следниот чекор , на следниот дел , на крајот. Овој филм треба задолжително да се изгледа затоа што ја покажува сета суровост , сето безумие , хорор кој се случува во воени дејствија и во крволочната граѓанска војна . Либан е земјата длабоко потопена во крв , а овој филм на толку безмилосен начин ја покажува нејзината длабока мрачност и страдање.
Еден заклучок од овој филм :Од љубовта се раѓа љубов , од ужасот ужас , но дали е така? Не, раѓањето е љубов создадена под какви и да е околности. Воспитанието е она што ја изградува личноста !
Добар филм, крајот ме мрдна!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
39. UNTOUCHABLE / INTOUCHABLES (2011)
Olivier Nakache, Éric Toledano

39.jpg 39 Intouchables.gif
Aaaaa многу јак филм.
Филмот изобилува со доста емотивни моменти. Во него е прикажана маестрална трансформација на лик, кој успева да избега од канџите на безделничарењето и уличните сплетки, благодарение на ликот на Филип. Во ликот на Филип е претставен чоек со силно изградена етика и цврст карактер, кој изненадува со своите ставови, размислувања и подвизи, покрај лошата состојба во која се наоѓа. Воедно по брзата проценка на црнчето, сфати дека во него се наоѓа лик кој може да го доведе на прав пат. Интересно е тоа што пушта по малку од јадицата, до степен да самоиницијативно другиов се фати на мамката, без да го присилува и форсира на одредени реакции. Со тоа се јавува во улога на учител и татко, кој претпазливо и со голема грижа му пристапува на помагачов. Во филмот исто така се наоѓаат многу јаки комични моменти кои знаат човек да го насмеат и покрај сета сериозност истакена во драма жанрот. Особено јаки ми беа миговите со забавата и оркестарот.
Крајот е нешто ненајебливо. Солзи ми дојдоа ко го гледав првпат, а богами и втор пат пред месец дена. Наредување на коцки, победување над срамот, а со тоа и победа над осаменоста во која пливал ликот на ФИлип се до средбата со црнчево. Одлично разработени ликови, приказна богата со случувања, драма на високо ниво, зачинета со Лудовико, буквално потполна и силна во секоја секунда.

10/10 во топ 10 филмови ми е на сите времиња.
Конечно филм по мој вкус, т.е. за сечиј вкус, мислам дека нема да има такви што нема да им се допадне :D
Прв пат го гледав истата година кога излезе и сум го оценил со 9ка, после вчерашното гледање сменив во 10ка, вистинско ремек дело е филмот.
Многу ме интерсира само дали буквално сите сцени од филмот навистина се случиле или имат додадено за филмот да биде позабавен. The Intouchables и Life is Beаutiful на Роберто Бенини се единствените кои успеале да ме насмеат толку многу, а при тоа да научат вредни лекции за животот.
Многу ми се допадна односот на Филип со вработените, во ниеден момент од филмот не остават впечаток дека се вработени, туку всуштност пријатели кои се грижат Филип.
Филип со вработувањето на Дрис не доби само раце и нозе, туку и најдобар другар и огромна доза на позитивна енергија во неговиот живот која му фалеше ненормално многу.
Сите го фалеа, одамна ставен на листа за гледање па ај денес, ај утре и ако не го предложеа овде не ни верувам дека ќе го изгледав во скоро време. Филмот е одличен, сосема заслужен рејтингот на имдб. Глума, музика, приказна, режија се, ама баш се ми беше доволно да се изнауживам, а и за на крај малку да се растажам. Цел филм бев опуштен и се смеев ко луд на некои комични елементи ко на пример коа гледаа опера и коа почна Дес да се смее на тој што личеше на дрво. Но кога дојде време за разделба меѓу Филип и Дес е тогаш подруго го гледав филмов, поемоционално. Сепак одличен филм.

10/10
Можеби и најдобриот неанглиски филм што сум го гледал некогаш. Филмот е прекрасен, а бонус е тоа што е снимен по вистинска приказна. Те инспирира и ти вдахнува надеж дека не е се така црно во овој свет, дека сеуште постојат добри луѓе, тука, околу нас, и можеби, можеби еден ден би налетале на нив, или тие на нас.
Штета што истиот не можам да го репризирам до датумот кој е даден овде, бидејќи периодов имам згуснат распоред, во некоја идна прилика ќе го погледнам повторно, сигурно.

9.5/10
Не би можел да одберам омилен жанр, али комедија/драма ми е сигурно во топ 3, а Intouchables e одлична комедија/драма. Иако драмата(сериозниот дел) не ми беше врвна, сепак беше многу добра. Ама затоа хуморот беше ненормално добар. Ретко успева филм толку многу да ме искине од смеење, посебно на сценава, скренавме со сетра ми :pos:. А така беше прво заради одличното сценарио, и второ ради јаката хемија меѓу двајцава главни глумци. Еден од подобрите филмови за пријателство, и пред се за добрина и позитивна енергија.. колку само иаме потреба од таа позитивна енергија, али некако слабо се практикува. Затоа капа доле за Abdel Sellou. Биди како Abdel Sellou.

Рипна оцената, 9/10
Што ФИЛМИШТЕ ќе беше ова?!! Леле браво за предлогов, значи старно немам зборови. Волку позитивен филм, од дамна немам гледано. Ликовите се маестрални, двајцата слични еден на друг безразлика што едниот е хендикепиран. Двајцата го бараат истото, човек што ќе биде близок до нив, што ќе ги разбира и најважно нема да ги ОСУДУВА за тоа што се и какви се. Дрис и покрај сите другари, и покрај огромната фамилија пак највеќе блискост осеќа со Фелипе, исто и Фелипе, без разлика на парите и без разлика на ќерката и на сите тие што му го лижат гзот пак највеќе блискост осеќа во Дрис.

Музиката, мајкооо, од дамна немам видено толку добар склоп направено на музиката со последната сцена. Значи дури и додека го пишувам постов, песнава ми иде во позадина. Емоции до плафон, цели два саати или колку и да трае филмов додека го глеаш осеќаш топлина, некое убаво чувство. Во секој момент си или со насмевка на лицето, или па се смееш. Барем такви емоции разбуди кај мене филмов. Уште еднаш браво за предлогов, се подобар и подобар филм има во темава. Оценка 10/10 дефинитивно, мавање од земја филмов.
The Intouchables ми влегува во топ 3 филмови од неанглиско говорно подрачје, дефинитивно!!! Како шо рече гранде, комедија/драма е еден од најзабавните жанрови, не може да ти е досадно во ниеден момент додека го гледаш, ако постојат тие филер моменти во филмот, ќе бидат надополнети со смеење, а во овој филм се смеев како шо се немам смеено на ниедна комедија последниве неколку години.
Одлично пријателство, одличен склоп на емоции, Фелипе бараше некој што нема да го сожалува, а Дрис беше дефинитивно тоа. Без влакна на јазикот, зборуваше се што му доаѓаше, не мислеше дали ќе го повреди, а од друга страна Фелипе сакаше само да се забавува со неговиот помошник, да имаат некоја поголема врска помеѓу отколку да се само газда и вработен.
Санудтракот беше феноменален, морам да го пофалам и него истотака.
9/10
Го имав гледано порано но вакво ремек дело заслужува да биде репризирано. Уживав во секоја секунда, едноставно 2 часа ми поминаа како 5 минути. А и одамна се немам вака смеано во 3 сабајље. :)

Чиста 10ка од мене.
Го изгледав вчера и ако не е услов да ги изгледам и претходните два, да пишам дека филмот беше добар, со приказна која би го "купила" секој. Парализиран, богат и префинет маж кој не сака да биде третиран како инвалид, кај себе вработува друг маж од пониската класа со кого совршено се согласува и станува близок и неразделен пријател. И куп дешавки што ќе те допрат, ќе те насмеат, натажат, ќе ти вратат верба дека сепак постојат неискварени луѓе, а и вистински пријатели, се тоа супер, убаво скоцкано, интересно за гледање, ама дека филмот е вистина како коментарите погоре, чиста 10ка, најдобар, нема подобар-не е.

Јас сакам филмови каде детално се опфатени сите карактеристики на еден лик, да ми го доловат секој еден детал за него, од еден час гледање да мислиш дека ликот си го знаел цел живот. Да знаеш кои му се болни точки, како би реагирал во дадени ситуации..
Пример овој во количката , само главата му функционира, а тој си живее нормално, нема комплекси, машки издржува и си живее без многу мислење за каква му е состојбата, а од друга страна па се повлекува во себеси, тагува, се запоставува и не личи на себе поради отсуството на црнецот. Како претходно се да му било погодено, па најболна работа што му се десила во животот е губење на пријател....

Десетка имам дадено за Бејби Џејн, за Норма Десмонд, за Шиндлер и неговата листа, за летот на кукавичкото гнездо, грев ќе ми се пише ако и тука дадам 10.
8/10

(а и таа сцената во операта не ми беше смешна толку како што некои седум дена се смееле на нејзе :) )
Jaс на второ гледање се отепав смеејќи, ама не го гледав сам. Филмот ти ствара такво чувство што си го осеќал како копиљ пред тв, те тера да баталиш да бараш недостатоци, да запазуваш музика... онака како времето квалитетно да си го потрошил, ептен исполнето. Како стар филм. Не можам да му најдам замерка навистина али ептен ги сфаќам тие што не можат да му дадат 10 од 10. Па затоа и јас дрвам со полвинки, па му дадов 4ипол од 5, иако претходно гледам сум му ставил 4ка. Не битно воопшто, филм што мислам дека секој треба да го изгледа, носи убава порака, има квалитетно смеење, хемијата е над покрив, онака едно сосема просечно квалитетно драма филмче а преполно со искреност и душа. А тоа го вивнува кај великаните и високите оцени кај сите.

Одличен! (y)
Реков дека ќе го глеам пак и ќе пишам мислење и еве тек сеа имав време да го изглеам по 5-6ти пат филмов.
За мене е предобар филм, еве уште од сеа му давам 10/10.

Полн со емоции, некако ко да се соживуваш со двајцата. Приказна неверојатна, интересни и хумористични сцени исто има. Е сеа и мене не ми е нешто смешна таа сцената со операта и со тој шо е облечен ко дрво, ама затоа имаше други сцени шо ми се мене доста смешни, ко на пример у галеријата коа се и коа му вика Дрис „нема раце, нема чоколадо“ или коа му ѕвони на Филипе мобилниот и Дрис коа му го подава и чека овој да го земе или кога на роденденската забава на Фелипе овој пробува да го научи Дрис нешто за класичната музика и овој си праи мајтап или кога го бричи Филипе на крајот и се заебава со него :D

А иначе Хоуп горе шо се чуди зошто Фелипе го поднесува тешко тоа што си оди Дрис, одговорот си го има дадено погоре у нејзиниот пост.
Дрис е единствениот што го глеа Фелипе без сожалување, сите други што дојдоа после него се однесуваа према Фелипе како овој да е кршлива играчка, оној па шо ги откажал цигарите му објаснуваше како цигарите не биле добри за неговите бели дробови дрн-дрн јариња...
Дрис се заебаваше со Фелипе, го заебаваше за инвалидитето и верувам дека Фелипе во ниеден случај не се осетил инфериорно во однос на здравите луѓе, иако може Дрис не се трудел многу тоа да го постигне, ама баш преку таквиот однос према Фелипе тоа му успеало.
Кога го „изгуби“ Дрис верувам дека ја поврзал ситуацијата со губењето на жена му, пак страда за губење на човек што го сакал.

Музиката исто добра, Una Mattina една од поомилените ми е :)

Стварно предобар филм, на тие шо им стоел филмов долго време у компјутер и до сеа не го глеале... shame on you !

10/10


П.С. едино нешто што не ми се свиѓа е што филмов е сниман по вис
Мислам дека не постои чоек што не би му се допаднал филмов, иако поединечно некои го хајпаат. Јас не би го толку, иако ми е во топ 5 breaking bad, mood boost филмчиња. Мислам дека е скоро и невозможно човек да остане рамнодушен а да не се насмее на сите оние „тресења зелени“ од нигеров, колку и скриената болка на инвалидот. Иако сценариото веќе некаде видено (покомична верзија - Houseguest (1995) го изгледав со исто онолкаво уживање како и првиот пат. По мене заслужена 4.5/5.
Само што го изгледав со цимерот, се убивме од смеење 2 саати. :D:D Стварно одличен филм, би го гледал реприза уште утре. :D Можеби дел од шегите беа еден вид црн хумор, ама мора да признаам дека таа за каде ќе најдеш инвалид ме помоча буквално. :pos:


Исто јако беше кога ја приметивме обетката на увото на Филип, и нормално кога му лапна 11.000 евра за сликата на пријателот. :D


Целосно спротивни ликови, кои учат по нешто еден од друг, хумор, забава, емоции... 8.5/10 од мене.
Бреј колку јак филм, една од топ 5 драми што сум ги изгледал и топ 2 комедија :D

Горе доле сте опфатиле се што нуди филмов.
Јаки фори му пушташе овој, го заебаваше поштено а Филип као тоа да го бараше а не некој лингур ко тој мртвакот што му збореше за цигарите.
Ја се газев од смеење во поголем дел од филмот ама имаше и некои сцени каде одма се уозбилуваш и малце на по друг начин гледаш.

Сцената со операта може и не беше толку смешна колку што црниов има јака фаца и заебано смеење. :pos: Мене најсмешно ми беше кога му се пушти на тој комшијата што се паркира пред влезот на Филип и кога изиграваше уметник :pos::pos::pos:
Исто и вицот за квцареосетгњсдпелирчарот :D

Одличен филм се на се, еден од ретките кој што би можел да го репризирам по неколку пати.
Плус и вистинска приказна :cuc: чиста 10ка.
A, ќе забораев.. иако не поштувам црвеноперки многу многу ама помаранџава :drk::цицки:

Гуглам сеа да проверам за причава, глеам тој помошникот се викал Абдел Селу и не е црнец. Знае некој зашто режисеров убацил црнец со друго име? Веројатно и дел од дешавките не се случиле во вистинскиот живот на Филип.
Очекував позитивни мислења за филмот ама не до толку, ги надмина моите очекувања. Мило ми е што ви се допадна на сите:D

Во глобала многу ретко се случува да репризирам некој филм, ептен треба да ми остави голем впечаток за да направам такво нешто. Обично ако сум гледал некој добар филм, не го репризирам него само гледам инсерти на YT да се потсетам на некои епик моменти. Епа овој ми е од тие што со задоволство би ги репризирал уште милион пати ако треба.

Нема да коментирам многу за хемијата меѓу ликовите, само ќе се повторувам. Повеќе би се задржал за тоа како е претставена таа висока класа на луѓе во споредба со класата на Дрис. Каква само жешка шлаканица и мава филмот на цела таа ''аристократија''. Сцените со операта, роденденот на Филип и продажбата на сликите за солени суми, покрај тоа што се срање ми се врв. Можам да се кладам дека 80% од присутните што одат на опера се тотално незаинтересирани за неа и одат колку да бидат бидат видени, и потоа елоквентно да ја дискутираат иако поима немаат што гледале и што зборат.
На погреб е поинтересно од роденденските забави што му ги приредуваат на Филип. Живеат шаблонски живот и воопшто не уживаат во него, се до моментот кога Дрис ќе влезе во нивните животи. За сликата исто говно како и со операта, не е битно него дали му се допаѓа, побитно е тоа да биде во мода и познато иако е чисто срање.
Што ако Дрис бил во затвор и извршил неморални работи кога на крајот тој е поголем човек од сите нив заедно.

Оцена 10/10 без размислување.
Да дадам и јас мислење за филмот, малку скептички влегов во него со оглед на тоа дека делуваше малку клише но пријатно се изненадив. Една од најдобрите комедија-драми кои ги имам гледано, според мене најтежок жарн за правење, одлично си играше со нашите емоции. Дрис исто беше прејак, посебно со оние ситуации кога беше нов во луксузниот живот.

Од мене има 9ка и фала што приказнава не ја зеле Холивуд, можам да замислам колку би бил лош филмов со црнечки хумор и Еди Марфи или Кевин Харт.
Јас го имам изгледано овој уште кога излезе и си обеќав дека ке го изгледам уште еднаш ама говедо си е говедо и од денес за утре така секој ден не го репризирав.

Кога го симнав да го гледам филмот уште тогаш и го пуштив се изнервирав што е француски. Не го имав планирано да го гледам, а трејлери не гледам пред да изберам филм така да на рандом го симнав пошто видов дека е популарен. Не дека имам нешто против францускиот јазик или нивните филмови или што ти знам јас ама навикнат сум на типични холивудски срања и се друго ми е некако оф на прв поглед.

Си викам јебига ќе го гледам зошто со предходниот нет (ни на најголемиот душман да не му се навее таков) филм се симнуваше 2 сата со 120-180кбс некаде и го немав тој луксуз да симнувам нов ако предходниот не ми се допага. И мило ми е што испадна така зошто филмот испадна еден од ретките што нема да ми е срам да кажам ми се насолзија очите на моменти. Некако премногу се приврзав за карактерите, а башка па и истинита прича е..

Да не одуговлечувам, а и секако не ме бива многу за пишување рецензии па нема да ја тупам. Од мене оценка 10/10 чиста.
Филмот ми беше гледан еднаш, но вчера го гледав повторно. Мора да признаеме, сите ние кои го репризиравме, дека на второ гледање впечатокот е многу поблед. Филмот е добар, само што вчера не ми беше толку забавен и не предизвика исто расположение како првиот пат. Добра драма со добра доза на хумор кој на почетокот беше ужасно иритирачки и навредлив.
Од мене 9 затоа што по второ гледање не ми остави толку силен впечаток.
The Intouchables ФИЛМЧИШТЕ.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
38. THE IMITATION GAME (2014)
Morten Tyldum

38.jpg 38 The Imitation Game.gif
Ќе почнам од крајот, имав големи очекувања за филмот и испадна и повеќе од тоа. Најдобриот филм за 2014та година и секако оцена 10/10

Приказната се врти околу животот на брилијантен математичар кој го глуми Шeрлок Холмс oh Бенедикт Кумбербат и се одвива во неколку временски интервали почнувајки од неговото детство па се до поствоениот период. Тој е вклучен во таен проект на владата на Британија за да помогне да се дешифрираат пораките кои Германија ги испраќа шифрирани со машината Енигма.
Неверојатна драма со фасцинантна приказна и глума, која што има и елементи на трилер. Обавезно погледнете го ова ремек дело.

p.s Sometimes it is the people no one imagines anything of that do the things no one can imagine
The Imitation Game растури.
Саундтракот, Камбербач :bravobe:
Интересна е приказната за Алан Тјуринг, се е на ниво, освен глумата на Бенедикт Камбербач и емоционалниот крај, кои те тераат да му дадеш повисока оцена. Плус Кира Најтли:love:
The Imitation Game - одличен! Првиот во 2014 кој добива 10/10 од мене. Инспиративна приказна, одлично сценарио, режија, глума, музика... Преубаво филмче.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
37. THE REVENANT (2015)
Alejandro G. Iñárritu

37.jpg 37 The Revenant.gif
Тhe Revenant парче од филм:cuc:
Повеќе ми се допадна од Брдмен ради пределите во кои е снимен, маестрални, специфични сцени колку сакаш. Акцијата одлична. Нек си ебе векот, го бива Чилеанецот за режија. Камерата владее!
Лео нека почне да спрема говор без солзи.
Џонтра и останати што го исплукавте The Revenant - ние истиот филм го гледавме? Не знам, зошто за мене филмов беше најдоброто до сега од 2015 што сум гледал, можам да речам и блиску до совршенство.
ФАКТ: Емануел Лубецки дефинитивно не е нормален или не е од овој свет! Ако Ди Каприо и Ињариту обајцата направија нешто што е заслужно за Оскар, на Лубецки треба или да му се дава по дифолт Оскар секоја година без да има номинирани, или пак да се исклучи од игра како неприкосновен и наградата да се преименува во „Втора најдобра кинематографија по Лубецки“. Секоја чест, мајсторе! :cuc: На моменти движењето на камерата ме потсетуваше на Birdman, но најмногу од се ми се допаѓаа кадрите од жабја перспектива. На подобар начин не можеше да ја покаже супериорноста и убавината на природата над човековата кревкост. Уште па кога прочитав дека не користел вештачка светлина, туку работел само на дневна светлина за да бидат кадрите што пореалистични, занемев (нешто за што огромна заслуга мора да му се припише и на идејата на режисерот Ињариту, поради што биле принудени да снимаат само по неколку часа на ден, и целата постапка се одолговлекувала со месеци). Лубецки го направи филмов уште едно визуелно ремек дело за кое заслужува Оскар трета година по ред.
Музиката е исто така прекрасна! Штета што според (глупавите) правила на Академијата, не е eligible за Оскар. Ова јас би го пуштил да свири непрестајно во позадина цело време, целиот мој живот.
Трето - приказната можеби не е којзнае колку mind-blowing, но она што филмов го прави ремек дело се глумата, режијата, кинематографијата, монтажата, музиката, сетовите, кадрите, движењето на камерата... со еден збор - сѐ останато.
Ако можам подоцна ќе ви реплицирам на сите, еден по еден. ;)
Тhe Revenant oдличен. Каква слика у пизду матер. Начинот на снимање перверзија. Приказната си беше одлична и лично за мене доста интересна. Со целосно внимание без ниту еден досаден момент ја проследив во тие 2 часа и 40тина минути. Споредено со неговите минати филмови ми е за нијанса послаб (пошто нели и жанровски и содржински се разлика небо и ѕвезди) а јас сум љубител повеќе на тие поинаквите, но како и да е одлично остварување.
The Revenant - вредеше чекањето за кино. Кинематографијата е ненормално добра, прекрасно снимен филм, уживав во секоја секунда од него! Колку што е добра глумата на Лео толку и на Харди, да е дозволено, на обајцата би му дал Оскар! Инаку Теренс Малик со последниве неколку филмови треба да учи од оваа кинематографија и симболика!
The Revenant аууууу искрено одамна немам гледано вака добро филмче!!!!! :uzi:

Leo is one tough son of a bitch ! :D
Одличен!!! Совршена глума, одлична камера, не толку лоша приказна...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
36. AVENGERS: INFINITY WAR (2018)
Anthony Russo, Joe Russo

36.jpg 36 Avengers Infinity War.gif
Avengers: Infinity War :noze::love:

10/10
Тој, Deadpool, Civil War и Infinity War би ги ставил како најдобри суперхеројски филмови во последните три години.
Infinity war далеку посупериорен - покомпактна и постегната сторија од Endgame.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
35. NIGHTCRAWLER (2014)
Dan Gilroy

35.jpg 35 Nightcrawler.gif
Мрачна и сурова драма/трилер во која главната и може да се каже единствената улога ја има Џејк Гилангхо. Тој глуми млад човек и паметен човек кој живее во ЛА и се бори да преживее финансиски. Случајно еден ден наидува на сообракајна несреќа и тогаш се среќава со камерман кој што работи како фриленсер за тв станици и ги продава снимките од крими настаните за пари. Ова го потикнува Лу и тој на свој специфичен начин да набави почетна опрема и да се занимава со оваа професија.

Ликот на Лу е малку тежок за гледање бидејќи е сосема пресметан и речиси без емоции, има многу специфичен начин на говор и однесување што веројатно одлично ги опишува луѓето што се "самотњаци". Како и што се очекува на ваков човек неможе ништо да му застане на патот на зацртаната цел односно да се стекне со пари за да отвори сопствена тв продукциска куќа.

Филмот трае речиси 2 саати од кои првиот е многу спор, сепак крајот мене многу ми се допадна и вреди да се гледа од мене 8/10
Одличен филм. До каде може да стигне човекот и со кои постапки за да ја исполни зацртаната цел и да стигне до кариерата што ја посакува.
Jake Gyllenghaal одлично го претставува ликот на Лу кој по некоја случајност решава да стане nightcrawler односно да прави снимки од сообраќајни несреќи и разни криминални дела кој подоцна ги продава на една телевизиска куќа.
Многу ми се свиѓаше глумата на Gyllenhaal и начинот на кој го претставува главниот лик, се гледа дека доста се посветил на тоа и многу реално се тоа изгледа.
Филмов го ставам во еден од поомилените за годинава. Се надевам дека ќе добие барем номинација за оскар. (y)
Nightcrawler интересно филмче, ако мразевте вести после филмов уште повеќе ќе ги мразите :D
Jake Gyllenhaal растури со глума, го испуни својот creepy потенцијал и навистина му даде на филмот и приказната посебен шмек. Но сепак оценката на IMDb е превисока според мене, јас му давам 7ца. Не е филм за Оскари.
Боже, ова Nightcrawler какво филмиште е...Прејако...Актерските перформанси на Џејк мислам дека максимум достигнаа, иако морам да признаам дека многу посимпатичен и посекси ми беше во улога на детектив во Prisoners, отколку тука во улога на еден социопат, емотивен инвалид и чудак...
Ако биде номиниран за Оскар дефинитивно ќе биде еден од моите омилени, а и рејтингот на имдб му е баш реален и оправдан според мене...Филмов ги поседува сите елементи за да те држи скоро два саата - да не трепнеш буквално (заплет, тензија, морничави сцени, оригинална приказна, јака музика, главниот актер се надмина себе си итн...)
Е сега имаше според мене две нелогичности во сценариото ама ај друг пат за тоа...
Nightcrawler добар, држи... На тие што го бендисаа им го препорачувам и Ace in the Hole, слична тематика е, од мајсторот Били Вајлдер.
Nightcrawler - новинари и репортери in a nutshell.
Многу пореметен филм, ова психо улогиве му лежат на Џејк дефинитивно.
9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
34. EX MACHINA (2014)
Alex Garland

34.jpg 34 Ex Machina.gif
Многу ме бендиса Ex Machina! Сакам кога вака немам гледано ни трејлер за филм ни содржина знаев ни ништо!
многу добар Sci-Fi. BTW цело време го чекав да се појави Antonio Banderas а тој филм да ти се викал Automata, ги помешав не знам зашто. :D
ex machina posteno si rasturi 8-10 i ne kur probuvajte da go butate u isti agol so under the skin solidna komparacija e ''her''

lokacijata neverojatna,crvenata boja,dijalozite odlicno (y)
ex machina - thought provoking е, јако напишана скрипта, јака глума
мал(евтин) сет - нема широк кадар, повеќе е психолошки трилер
ex machina - еден од подобрите филмови во 2015-та (од они што излегле досега) (y)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
33. ARRIVAL (2016)
Denis Villeneuve

33.jpg 33 Arrival.gif
Уште еден во низата одлични сајфај-драми во последниве 3-4 години.Филм во кој грандиозен настан е третиран со многу приземјен приод, запрашувајќи се дали навистина сме подготвени како битија за судир со нешто што е надвор од нашиот здрав разум, тестирајќи ја нашата истрајност.
Денис Виланув, сигурно еден од највнимателните нов бран на режисери, се грижи да секоја сцена има свое значење и допринос во сторијата, притоа збогатена со многу симболика. Многу кохерентно раскажување, се истражува и надополнува низ темите кој ги оснива, создавајќи чувство на висока веројатност... човеков нема промашај до сеа, успеа сегде жанровски да се снајде со голем успех, така да Блејд Ранер е во сигурни раце. Во тоа што е претпознатлив е неговиот интимен пристап на центрирајќи се на една лидечка фигура, ликот на Еми Адамс... филмот го доживуваме низ нејзинато опкружување и перцепција, правејќи да се грижиме повеќе за нејзината борба, уште повеќе олеснува фактот што Еми е одлична во улогата, пред се ради добро напишаниот карактер.
Гледав што помалце да навлагам во плотот бидејќи секое сознание за филмот пред да се гледа би можело да штети на генералното искуство.
Музиката,кинематографијата,камера... нема многу што да се зборува треба да се доживее, препорака за во кино.
Arrival одличен.
Препорака да тркнете до кино да го погледнете.
Ме внесе филмот уште од самиот почеток, нема дрн-мрн 15-20 минути како во повеќето други филмови.
Брзо почнува да се дешава нешто, почнуваш да размислуваш што е, како е, да дешифрираш и слично.
Ејми Адамс е одлична како и секогаш.
Саундтракот е фантастичен. Единствена работа која не ми се допадна е тоа што почувствував дека „негативците“ во филмот беа исфорсирани.
Arrival (y) Еден од подобрите филмови годинава дефинитивно. За мој вкус најдобар филм на режисеров до сега. Со секој филм се подобар станува, немам сомневање дека и (крајно непотребното) продолжението на Блејд Ранер ќе биде напнато како и филмов.
Богами каков крај извади режисеров на Arrival :cuc: Убаво филмче за дискусија, може да се стави во една подзаборавена тема.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
32. THE HOBBIT: THE BATTLE OF THE FIVE ARMIES (2014)
Peter Jackson

32 The Hobbit The Battle of the Five Armies.jpg 32 The Hobbit The Battle of the Five Armies.gif
Нема многу што да се коментира тука,единствен недостаток според мене е тоа што сите сцени се случуваа во една местоположба за разлика од претходните делови
јак батл џуџиња кољат орки од по три метра ко од шала
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
31. MOTHER! (2017)
Darren Aronofsky

31.jpg 31 Mother!.gif
Интересно филмче "mother!", дефинитивно мислам дека важи тоа што го викаа сите или ќе ти се допадне или ќе го хејташ.
Ovoj film igrase so site karti koi palat kaj mene. Me osvoi totalno. Aronofski si ja ima istureno cela inspiracija vo filmot.
После рецензијава излишно е човек да пише било што, па така и јас, секоја чест на авторот за интерпретацијата, очигледно е негов фан и знае дека теми ко човек, бог, религија, смрт, живот, постоење секогаш се позадините на неговите филмови. А за Аронофски, некој може да го плука или да го возвишува, лично за мене е Кјубрик на нашето време, али мора да му се признае дека идеите му се уникатни, зборам како идеи во целост. Пошто неговата работа не може да се оценува како добра приказна или добри визуелни или било која друга компонента од едно дело, неговите дела се комплетни и не можат да бидат ништо помалку од тоа што се нарекува уметност. Се гледа дека Полански му е омилен режисер, и тука и во Блек Свон фаќам сцени кои ми праат флешови и од Тенант и од Розмариевото бебе. А таман се спремав да пишам рецензија за Блејд Ранер дека е креиран уште еден современ филмски класик, кога одма по него налетуем на филмов, исто ко на лото да сум добил.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
30. THE BEST OFFER / DECEPTION / LA MIGLIORE OFFERTA (2013)
Giuseppe Tornatore

30.jpg 30 The Best Offer.gif
Вчера го гледав The Best Offer, по мене најдобар филм што сум го гледал во 2013, можам слободно да кажам ФИЛМИШТЕ. Иначе на омотот пишува MIGLIORA OFFERTA пошто режисерот е Италијанец.
Филмот е трилер-романса-драма, многу добар заплет и непредвидливост до крај. Дефинитивно за мене филм кој влага во топ 10 што ги имам гледано
Wow која приказна ја има The Best Of Offer ,америте да цркнат од љубомора. Џефри маестрален,ко секогаш.Ептен ми се свиѓаше филмов,после 2години гледам волку добар филм,се пред него беше тапа ,пушташ амерички филм и за 2 мин знаеш се од почеток до крај како ке иде, а за овој се изнаврзав ова вака-така-онака...
Тотално немам зборови, филмчиште, одлична приказна која ме остави без зборови, само за мене имаше малце несватлив крај но сепак 10ката е на место.
The Best Offer 2013, филмиште упм. Прејако нешто е филмов, мора да го изгледате...:cuc:
The best offer излезе класа од филм
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
29. THE HOBBIT: AN UNEXPECTED JOURNEY (2012)
Peter Jackson

29.jpg 29.gif
Значи сношти бев да го гледам филмчето бидејки како мал бев заљубен во Господарот на прстените, новото остварување на режисерот Peter Jackson го гледав во 3Д и просто уживав во сите 169 минути. Убавата страна на филмот е што може да ни покаже колку е бескрајна човечката фантазија на големото платно може да се види се што човек не може да го види во реалниот свет. Дејствието уствари на овој филм е приказната напишана од Билбо Багинс и нормално се случува пред Господарот на прстените.Приказната е склопена феноменално и препорачувам ако некој е љубител на Господарот на прстените нема да бидете разочарани од Хобит.Оцена 10/10
Пред се The Hobbit: An Unexpected Journey има за цел да не запознае со дел од ликовите и да добиеме глобална слика за приказната.
За мене и 1 дел од Хобит е подобар од 1 дел на LOTR
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
28. CAPTAIN AMERICA: CIVIL WAR (2016)
Anthony Russo, Joe Russo

28.jpg 28.gif
Иако повеќето веќе го гледавте, за сваки случај постов ќе го ставам во 3 спојлери (да не ме пцуе и колне некој). Ќе повлечам паралели меѓу филмската и стриповката адаптација на Marvel Civil War т.е. кои ствари се поклопија, a кои ствари беа екстра додадени во филмоти испаднаа добро. Ма да филмот си раскажа своја сопствена верзија на приказната. Плус ќе куцнам свој став околу пар ствари поврзани со филмот и ќе издвојам некои добри истер-егс шо ги имаше. Летс гоу ..
‘’Captain America: Civil War’’ eTHE ULTIMATE VICTORY на стриповски адаптираните филмови. Колку и да го сакам и почитувам ‘’Winter Soldier’’, ова беше хоум-ранот на Марвел. Алал ми вера на финалниот продукт што го извадија и ни го прикажаа, и алал им вера на парите шо ги заработија. Totally deserved. Фала Марвел Студиос, фала Русо броус. CW ќе стане ‘Citizen Kane’ за супер-хероу филмовите. Институција. Mоже само да се радуваме на тоа што го носат идните филмови и се надевам дека за 10 години од денес ќе го гледаме ‘’Civil War II’’, бидејќи во моментов Марвел го вади токму тој стрип, а помеѓу оригиналниот CW стрип и CW филмотимаше точно 10 години. Can’t wait for 2026 :icon_mrgr:
Дефинитивно добро направен за овој вид филмови. Си ја заслужи оценката на имдб. Суперхероите според некои, прават повеќе штета отколку корист па светот решава да ги стави под свое. Едните суперхерои се за, другите против. Па така тргнуваат еден на друг...
Во филмот покрај капетанот и едночудо суперхерои, се појавуваат и Човекот Мравка и Спајдермен. Скарлет Јохансон, црната вдовица :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom