ТОП 100 Најдобри филмови од декадата 2010-2019 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
87. CALL ME BY YOUR NAME (2017)
Luca Guadagnino

87.jpg 87 Call Me By Your Name.gif
Одлична драма е Call Me By Your Name. Режисерот собрал добра актерска екипа и направил прекрасен ретро амбиент во некое мало место во Италија
Call Me By Your Name и Lady Bird ми се во топ 10 филмови за 2017
За уживање беше кинематографијата и природата во Италија. Сценариото е јако и ми е фаворит кај адаптираните сценарија за оскар. Глумецов шо беше Елио сериозно добро изглуми. Романсата не ми беше лоша али не ме ни внесе пример ко КршенГрб Планина.. почна али при крајот
ова ми е шлагот на 2017! Вака би требало да изгледаат LGBT филмовите на иднината, да не ствараат одбивност кај мене заради тоа што пренесуваат некаква порака против хомофобијата или сл. Ова беше една класична љубовна драма. И да не беше со геј тематика, пак ќе имав исто чувство, зашто во мене побуди некои убави чувства, врати некоја носталгична нота, ме потсети на детството, и тоа најнмногу поради боите, сетингот, летото... Прекрасен филм. Никогаш нема да ја заборавам сцената на Енио како плаче покрај каминот додека во позадина паѓа снегот. Прекрасен филм, кој што сака нека каже.
Godinava oskarive ke gi pamtam po muzikata.
Iako gi pisav moite favoriti, muzikata vo call me by your name rasturi isto, so denovi cela muzika vise..
Iako zasluzeno zede shape, greenwod, zimmer, ovaa gore... nitu eden ne kiksna
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
86. TANGERINES / MANDARIINID (2013)
Zaza Urushadze

86.jpg 86 Tangerines.gif
Краток филм, но со силна порака. Дејството е од 1992 година за време на конфликт помеѓу Грузија и Абхазија. Мало место каде што се одгледуваат мандарини. Поради војната поголем дел од населението заминува во Естонија, а остануваат неколку жители меѓу кои Иво и Маргус.
Во оган помеѓу две групи, преживаат само двајца кои се тешко ранети. Едниот е
платеник на Абхазија, а другиот од Грузија. Иво и Маргус ги носат во куќата, за да им помогнат во опоравувањето.

8.5/10
Fucking Tangerines man... Какво генијално парче склопиле Естонциве/Грузијциве за 80 минути, алал да им е. :cuc:
Добрината во човекот always gets me.
@Zlatikevichius :aplauz:
И јас ептен пријатно се изненадив! Знам дека изненади филмов со номинацијата за Оскар, но дефинитивно е заслужена, по тоа што го видов. Понекогаш едноставноста може да биде многу ефективна во филмската уметност, како што е во случајов.

Ова беше мојот прв естонски/грузиски филм, и дефинитивно нема да застанам тука. Плус - интересен податок: иако е естонско-грузиска копродукција, снимен во Грузија (не во Абхазија, туку во друг грузиски регион, Гурија) од грузиски режисер и сценарист, сепак беше естонски претставник за Оскар за 2014.
Tangerines беше многу добар, ептен пријатно ме изненади и мене.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
85. THE MARTIAN (2015)
Ridley Scott

85.jpg 85 The Martian.gif
martian top 10/10, za razlika od intestellar ni malce dosaden i bez tupenje za nedokazani naucni gluposti, crvotocini i taka natamu. Pointeresen sci-fi nemam gledano odamna.
Martian е некако по меинстрим (со сите тие шеги на Мет кои беа одлични) и нема deep фактор се до последната сцена.
Најмногу ми се допадна што го немаше класичното клише каде што Дејмон е оженет, со деца, па овие патат по него, плачат (мада ова некако ми се контрадиктира со претходниот ред)...
Значи и без тоа може да се направи одличен филм.
А и за другите crew members дадоа ептен мало значење на ова. (y)
The Martian е визуелно :cuc:
Околу приказната, предвлидливо но сепак на начин да ти се свиѓа. Све на све, многу добар прирачник како да преживееш на Марс :D
Најдобар филм според мене годинава барем од тие што ги имам гледано. Главниот лик е прекрасен, визуелно е партали како што кажа, приказната, хуморот, буквално се има што е потребно за еден филм да биде одличен во целина. За мене The Martian е она што беше Interstellar лани.

Inb4 рајата што ќе се обиде да објасни како научно тоа е невозможно и како филмот страда од милион нелогичности, а ќе заборават дека станува збор за Sci-Fi филм.

9/10
Го глеав Martian вчера па глеам го споредувате со Interstellar па ај и него да го изгледам иако не поштувам вакви филмови ич.
Добар е Интерстелар, малце досаден на моменти, напорен и тежок ама генерално како филм е боље од Мартиан иако овој вториов е поинтересен за гледање, по лабав.
Ако би бирал уште еднаш кој од нив два да репризирам тогаш дефинитивно Мартиан.
На Ridley Scott сите филмови се визуелно одлични, Alien, Gladiator, Kingdom of Heaven, Prometheus, The Martian. Потфрли со The Councellor и Exodus ама затоа сега се враќа на голема врата со The Martian.

Филмот изгледа убаво, забавен е со добра доза на хумор и има добар перформанс од главниот лик (кој е 80% во кадар). Можда сум biased пошто филмот е од мојот омилен режисер (еден од омилените де) но за мене функционира. Единствено може замерка да се најде за приказната, не му е баш јака страна. Дури не ми ни смета што трае толку долго бидеќи не ми беше досаден во ниту еден момент.

Засега ми е фаворит, но ќе почекам да ги изгледам и другите претеденти за оскар.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
84. TOY STORY 3 (2010)
Lee Unkrich

84.jpg 84 Toy Story 3.gif
Toy Story кој е еден од најдобрите анимирани серијали на сите времиња од секој можен аспект
Носталгија, м? Детските фантазии екранизирани. Играчки кои се всушност живи. За понатаму и не е потребно сценарио, што повеќе треба да содржи еден анимиран? Класици меѓу жанрот. Се раскажува за детството и растењето на Andy покрај неговите играчки. Едно патување кое ќе ве насмее и растажи, без разлика на годините. Toм Хенкс е харизматичен и без да го гледате. Само третиот дел се пласира како топ 46, 2 оскари позади него и уште неколку номинации. Не ги пропуштајте.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
83. THE LOBSTER (2015)
Yorgos Lanthimos

83.jpg 83 The Lobster.gif
Tezok film, me izmori. Ama te tera da go gledas. Se nadevam znaes u sto se vpustas ako si gi izgledal Dogtooth i Alps. :D

3.5 od 5.
The Lobster - тоа е тоа, го очекувам година- две откако ја најавија кратката содржина на филмот затоа што ми беше ебено предобро јака! И те како филмот има длабока содржина во него околу двојките, потрагата по својата сродна душа и сл. Самата атмосфера, генијалната грчка музика попратена во позадина, сценариото топ, глумците генијално одбрани, тотално чист погодок од секој агол, Јоргос е скриен талент кој допрва ќе се докажува! 9/10 и моментално во топ 3 кај мене за 2015! Сакам забегани филмчиња!
Само што го изгледав The Lobster. Многу, многу чуден филм. Ме потсетува помалце на форумов...
The Lobster ми беше многу хајпнат филм уште кога се појави поради приказната и Колин Фарел ама освен првата средина од филмот дур беше у хотелот во остатокот се изгубив и стана куршлус по шумата. За да не навлегувам во приказната на филмот ради спојлери значи сфатив што сака пренесе филмов ама предолг и искомплициран, можело поедноставно да се представи ама пошто немам гледан други филмови од режисеров ваљда ова му е стилот, претпоставувам. Колин одлично изглуми и таа женската од Youth, така втор филм што го фатив со неа у последно време и ептен ми стана симпатична. Ми се свиѓаше целата атмосфера, тон, сетингот на филмот, беше таков мрачен, депресивен, те влече да го гледаш дури и кога не го сфаќаш. Многу пажња е посветена на детали и тоа исто ми се допадна ама пак ќе речам, ме замори вториот дел, ме изгуби и затоа ми се изгуби сензацијата од филмот ко добар.
Jesus Christ што е со лобстеров?

Ок, не... неќум.

Што се добива кога Вес Андерсон ќе падне во тешка депресија?
The Lobster.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
82. SPLIT (2016)
M. Night Shyamalan

82.jpg 82 Split.gif
Конечно М. Најт Шјамалан со добар филм после десет и кусур години. Добар трилер, напната атмосфера, брутална приказна. Се’ на се’ добро скоцкано. Мекавој феноменален. Никогаш не ми бил меѓу омилените актери, ама ова заслужува барем номинација за Оскар. И да, многу ми се допадна што филмов немаше некој plot twist во стилот на Шјамалан, пошто често пати знае со тоа да расипе цел филм. Последната сцена, која инаку беше пријатно изненадување, не ја сметам за таква. Моја оцена 8/10.
Глумата на Мекавој е феноменална, искина дечкото
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
80. MIDNIGHT IN PARIS (2011)
Woody Allen

80.jpg 80 Midnight in Paris.gif
Midnight in Paris го подзаборавив. Еден од подобрите филмови оваа година.
Мене многу ми се свиѓаше филмот, дај му шанса, опуштен филм е, нема некоја посебна тензија и има многу интересна замисла, ме потсеќаше малку на The Purple Rose of Cairo. Супер филм
Midnight in Paris мене многу ми се свиѓаше, за разлика од претходниот на Вуди (You will meet a tall dark stranger) овој беше освежувачки и многу чил аут филм. Можеби не толку типичен Вуди, ама овој филм го врати на сцена во многу добар момент. Дури и Овен Вилсон колку толку се потрудил да го "имитира" Вуди и мислам дека испадна добар во улогата.
Убав, квалитетен, чил и се тоа филм а најмалце за оскар според мене е Midnight in Paris.
Интересен филм режиран од Вуди Ален, го препорачувам за сите оние кои имаат неаква романтична идеја за минатото и како порано било многу поубаво да се живее.

Главниот лик Гил(Овен Вилсон) доаѓа во Париз на одмор со вереницата и нејзините родители. Гил е холивудски сценарист но сака да напише роман, и мисли дека Париз е најдоброто место за инспирација. Гил има романтична заљубеност со дваесетите години кога живееле некои од најголемите писатели како Хемингвеј, Т.С. Елиот итн.
Една вечер додека се шета ни Париз сам и малку изгубен, група луѓе во стара кола застанува и го покануваат да дојде со нив. По некоја магична случајност со тоа преминува во дваесеттите години од минатиот век, и се сретнува со доста познати и негови омиелни писатели и уметници од таа ера, како Хемингвеј, Скот Фитцџералд, Пикасо, Салвадор Дали и многу други.
Нема да раскажувам повеќе затоа што ќе биде тешко да помине без некој споилер.

Многу интересен филм, убаво е илустритрана заблудата за старите добри времиња, а и ликовите се забавни. Мене најомилен ми е Хемингвеј, а и глумецот го прикажа одлично. Филмот е саат ипол и воопшто не е тежок за гледање, и музиката е ептен погодена, одлично го дава чувството на Париз.
едноставно филмот ми е врв :cuc:, толку убаво е раскажана целата прикажaна па уште и сликовито е објаснета.
И самите карактери како да се создадени за филмот...а пак сценографијата е одлична, замислете Париз - градот на светлината и љубовта кој Вуду Ален не случајно го одбрал. Нема ништо да откривам, едноставно ова е филм што секој треба да го погледне :) MUST SEE
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
79. HEREDITARY (2018)
Ari Aster

79.jpg 79 Hereditary.gif
Hereditary-9-ЗА ОВА ВИ ЗБОРЕВ,ЗА ОВА СО ГОДИНИ И ТОА НИКОЈ НЕ МЕ СЛУШАШЕ!!!!!!!!!!
Го изглеав Hereditary и после многу години и стотици хорори во меѓувреме за прв пат не можев да отидам до кујна, до веце, заспав гладен и со пуна бешика ( едвај заспав, цело време очекував тоа цмокањето на Чарли да го слушнам у позадина некаде). Посебно ми се допаѓа концептот на градење приказна полека, билдање тензија али она е тука цело време и експлозии на крајот и подмочување. Совршено.
Добар филм, стварно (вчера вечер го глеав), али темата од Роузмари па наваму, ја има често. Од новиве тематски некако ми беа слични The Witch, The Wailing и The Void.
Сношти го гледав "Hereditary" без нити еден спојлер претходно, онака "сув" му влегов на филмов. :icon_mrgr:
До пола филм онака, не многу напнато, се билдаше тензија али онака пополека. Семејна трагедија и очекувана меланхолија.

Од пола натаму драстично се промени тензијата, се увиде јасна поврзаност на натприродни сили со сите тие случувања околу семејствово. Се откри каде наседнаа и кои грешки ги направи семејството, т.е. мајката и потоа БУМ! Срцето в петици!
Hereditary е премногу добро снимен. Кадровите се страшно добри по собите кога се одзумира камерата и се влече да го покаже кадарот. Стварно предобро. Тензичен и интересен, режисерот има доста прочитано за некој језиви работи пред да го направи и детали и симболика се добро запазени.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
78. JOJO RABBIT (2019)
Taika Waititi

78.jpg 78 Jojo Rabbit.gif
Понекогаш сѐ е до перспективата. И обично парче ѓубре поставено во некоја уметничка галерија може да биде сметано за уметност. Некако така функционира Jojo Rabbit. Спој на триста глупости и неспоиви нешта, еден десетгодишен фашист, Хитлер прикажан како идиот, Втора светска војна и Ребел Вилсон во улога на (нормално) Ребел Вилсон. А на крај, целината - феноменална! Еден од најдобрите филмови во 2019. :cuc:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
77. MOLLY'S GAME (2017)
Aaron Sorkin

77.jpg 77 Molly's Game.gif
9/10 Се што е над 2 саати обично не ми задржува внимание и го гледам на делови. Поготово пак биографско нешто, јок. Ова е интересно за тие 2 и кусур саати, не ни проверив време. Џесика беше стварно добра. (y)
Molly's game е одличен. Се познава дека филмот е на Соркин по маестралните реплики. Има некоја феминистичка шема како ги бира улогите Џесика бидејќи оваа улога ептен ме потсетува на онаа во Miss Sloane
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
76. HACKSAW RIDGE (2016)
Mel Gibson

76.jpg 76 Hacksaw Ridge.gif
Сега го изгледав (некој конечно стави анг превод) за Hacksaw Ridge. Wow. Мора да има награди и за него на Оскарите, посебно ми копа на оскар за главна машка улога. Не ми се веруваше дека ликот постоел го реалноста. :cuc:
hacksaw ridge го гледав филмиште, за него ќе навивам.
Од сите филмови во 2016-та, а и од сите номирани за Оскар (освен Манчестер, ќе го гледам допрва. А изгледан ми е и Ла Ла Ленд, добар филм, многу добар, но никако за Оскар, извинете што не ја споделувам истата импресија со поголемиот дел од подфорумов) наjдобар впечаток ми остави ,,Hacksaw ridge''.
О-д-л-и-ч-е-н филм. Ќе биде навистина штета доколку не добие златна статуетка, или статуетки.

Мел Гибсон, освен што се пијанчел и тепал жени, знаел да направи вакво филмско парче. Браво.
Hacksaw Ridge и Hunt for the Wilderpeople најдобри филмови годинава.
мислам дека оскарот ќе оди кај Hacksaw Ridge и нема премногу да се разочарам. Мноогу добар филм е и секако ќе биде заслужено, барем во таква конкуренција.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
75. SNOWPIERCER (2013)
Bong Joon Ho

75.jpg 75 Snowpiercer.gif
Гледајте го Snowpiercer. Ќе боли, ама мислам дека вреди.
Доста добар, за мене необично и досега ретко видено во филмови, башка кинематографијата ми беше врв!
Би ти препорачал воопшто да не се двоумиш и да ја изгледаш оваа прекрасна дистописка научно-фантастична драма која жестоко го напаѓа и го критикува капитализмот кој се заснова на непопустливите центри на моќ кои го одржуваат. И секако би го споменал исконскиот човеков стремеж кон слободата како највисок идеал. Сето тоа доловено преку симболиката на перпетуум погонот на возот кој ја обиколува Земјата во период од една година и кој е составен од повеќе композиции каде во последниот вагон луѓето започнуваат побуна против угнетувањето и експлоатацијата на системот на кого му робуваат.

Рејтингот на IMDB е повеќе од заслужен.
Супер е Snowpiercer и од мене има препорака.

Чуден, бизарен и на моменти брутален, со елементи на steampunk, не е за сите но ако ви се допаднале филмови како Waterworld, Mad Max, Dark City ѕирнете го.
И мене многу ми се свиѓаше Snowpiercer, денешниот свет во 30 вагона.
Да го гледате ако не сте го гледале досега.
Snowpiercer е екстра, приказната и дискусиите што се водат во текот на филмот се врв, посебно крајот...
Експеримент предизвикува да се случи ледена доба и убива речиси се на земјата. Единствениот живот е во масовниот воз кој патува непрекинато и кој е поделен на класи. Во предниот дел на вагоните се наоѓа елитата каде ужива удобен живот, во задниот дел на вагоните се обичните смртници кои живеат мизерно. Возот наликува на роман на Орвел, каде пропагандната машинерија создава класни разлики и поделеност на двата дела од возот, кои креираат два света.
Куртис го предводи бунтот за конечно ослободување на потчинетите од лоботомијата која ја создава Вилфорд, личност околу кој е изграден култ на неприкосновен владател и креатор на системот во возот.
Со секое ослободување на вагон тие се сретнуваат со работи кои не се ни свесни дека постојат. Додека едните јадат протеински плочки направени од инсекти, другите ги уживаат сите нормални привилегии на животот. Групата во бунтот се соочува со проблеми, брутална борба и скриени пораки се до целосното ослободување.
Ако сте фан на делата на Орвел или ако го имате гледано Metropolis (1927) ви го препорачувам филмов.
Не сум фан на давање на оценки, никогаш не ме интересирало тоа.
Филм метафора кој поставува добри прашања. У суштина главното прашање е дали би ја мењал сигурноста на возот за личната слобода во неистражената дивина? Не би навлагал тука повеќе, очигледно е што сакал да каже режисерот. Начинот на кој е изведено сето тоа е тоа што го прави филмот посебен, а и без да знаеш кој е режисер доволно е да ги загледаш првите 15 минути и да сфатиш дека азијати умешале прсти у филмов т.е режисерот е Јужнокореец, на моменти мислев дека гледам аниме. :) Значи од кај им иде инспирацијава не знам. :) 9 од 10 од мене. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
74. WINTER SLEEP / KIŞ UYKUSU (2014)
Nuri Bilge Ceylan

74.jpg 74 Winter Sleep.gif
3 i 20min ovoj winter sleep, booo... ali dobar, onaka.
Сакам вакви филмови шо навлегуваат во маж-жена односите, а и општо психолошките односи меѓу луѓето(Winter Sleep)
Одличен е, само спремај се за многу долги дијалози и разговори, бавен филм многу бавен, но одлична поучна позадина има филмот!
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom