FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Очекував позитивни мислења за филмот ама не до толку, ги надмина моите очекувања. Мило ми е што ви се допадна на сите:D

Во глобала многу ретко се случува да репризирам некој филм, ептен треба да ми остави голем впечаток за да направам такво нешто. Обично ако сум гледал некој добар филм, не го репризирам него само гледам инсерти на YT да се потсетам на некои епик моменти. Епа овој ми е од тие што со задоволство би ги репризирал уште милион пати ако треба.

Нема да коментирам многу за хемијата меѓу ликовите, само ќе се повторувам. Повеќе би се задржал за тоа како е претставена таа висока класа на луѓе во споредба со класата на Дрис. Каква само жешка шлаканица и мава филмот на цела таа ''аристократија''. Сцените со операта, роденденот на Филип и продажбата на сликите за солени суми, покрај тоа што се срање ми се врв. Можам да се кладам дека 80% од присутните што одат на опера се тотално незаинтересирани за неа и одат колку да бидат бидат видени, и потоа елоквентно да ја дискутираат иако поима немаат што гледале и што зборат.
На погреб е поинтересно од роденденските забави што му ги приредуваат на Филип. Живеат шаблонски живот и воопшто не уживаат во него, се до моментот кога Дрис ќе влезе во нивните животи. За сликата исто говно како и со операта, не е битно него дали му се допаѓа, побитно е тоа да биде во мода и познато иако е чисто срање.
Што ако Дрис бил во затвор и извршил неморални работи кога на крајот тој е поголем човек од сите нив заедно.

Оцена 10/10 без размислување.
 
Да дадам и јас мислење за филмот, малку скептички влегов во него со оглед на тоа дека делуваше малку клише но пријатно се изненадив. Една од најдобрите комедија-драми кои ги имам гледано, според мене најтежок жарн за правење, одлично си играше со нашите емоции. Дрис исто беше прејак, посебно со оние ситуации кога беше нов во луксузниот живот.

Од мене има 9ка и фала што приказнава не ја зеле Холивуд, можам да замислам колку би бил лош филмов со црнечки хумор и Еди Марфи или Кевин Харт.
 
Не ги видов @MyloXyloto , @RectumAnale , @Anon (или може сум те испуштил некако), @Mich0MKD , @Луси_Лу , @Krk1 , @AniMagus , @dejan_k , @Продиџи и @Хефест . За некои - ова е веќе трет неизгледан филм и со тоа и жолт картон (sorry што звучи така грубо, ама како очекувате другите да ги гледаат филмовите кои вие ќе ги предложите, кога вие не ги гледате нивните)? Знам дека многумина имаат оправдување, но, дај, потрудете се барем еднаш месечно да нѐ дружите. Имате уште 2 дена за овој.

И @Zlatikevichius нема пишано ништо тука! Douchebag! Ама ова не е за тоа што не сум го гледал филмот, го гледав уште на 28 јануари, само не знаев што да пишам тука кога е веќе сѐ пишано. Одличен филм, што се гледа и од коментарите на сите. Тука нема црно или бело, сите го сакаат. Затоа и немаше развиено дискусија како за претходниот. И мене сцената во операта ми беше една од најсмешните сцени кои сум ги гледал во филм. Се помочав од смеа. Ја враќав три пати одново. Оваа антологиска сцена мора да влезе во секој учебник или енциклопедија за филмската уметност. Според мене - една од најсмешните сцени на филм воопшто. Ми се допаѓа што филмов нуди и дава многу, а за возврат не бара многу - дури ни премногу концетрација, туку само малку од вашето внимание. Одличен! (y) 9/10 и од мене.
 
Воведуваме нов член во Законот за Film Club:

*Секој кој е на ред за предложување филм, мора да го има изгледано барем претходниот филм и напишано кратка рецензија тука за да може да предложува.
 
Јас го имам изгледано овој уште кога излезе и си обеќав дека ке го изгледам уште еднаш ама говедо си е говедо и од денес за утре така секој ден не го репризирав.

Кога го симнав да го гледам филмот уште тогаш и го пуштив се изнервирав што е француски. Не го имав планирано да го гледам, а трејлери не гледам пред да изберам филм така да на рандом го симнав пошто видов дека е популарен. Не дека имам нешто против францускиот јазик или нивните филмови или што ти знам јас ама навикнат сум на типични холивудски срања и се друго ми е некако оф на прв поглед.

Си викам јебига ќе го гледам зошто со предходниот нет (ни на најголемиот душман да не му се навее таков) филм се симнуваше 2 сата со 120-180кбс некаде и го немав тој луксуз да симнувам нов ако предходниот не ми се допага. И мило ми е што испадна така зошто филмот испадна еден од ретките што нема да ми е срам да кажам ми се насолзија очите на моменти. Некако премногу се приврзав за карактерите, а башка па и истинита прича е..

Да не одуговлечувам, а и секако не ме бива многу за пишување рецензии па нема да ја тупам. Од мене оценка 10/10 чиста.

Предходниот филм го немам изгледано сеуште за жал.
 
Да не одуговлечувам, а и секако не ме бива многу за пишување рецензии па нема да ја тупам. Од мене оценка 10/10 чиста.
Кој вика така? :P
Предходниот филм го немам изгледано сеуште за жал.
Можеш да надоместиш во било кое време. ;) А можеш ли да ми кажеш оценка за All About Eve?
 
Филмот ми беше гледан еднаш, но вчера го гледав повторно. Мора да признаеме, сите ние кои го репризиравме, дека на второ гледање впечатокот е многу поблед. Филмот е добар, само што вчера не ми беше толку забавен и не предизвика исто расположение како првиот пат. Добра драма со добра доза на хумор кој на почетокот беше ужасно иритирачки и навредлив.
Од мене 9 затоа што по второ гледање не ми остави толку силен впечаток.
 
Кој вика така? :P

Можеш да надоместиш во било кое време. ;) А можеш ли да ми кажеш оценка за All About Eve?

Па јас така се изоценив пошто кога и да се нафанам да пишувам зборовите треба да си ги вадам со клешта, а не треба да е така. Не знам да опишувам чуства и импресии валјда.

All About Eve 5/10 од мене.
 
Не ме бидува за рецензии, па вака да склопам пост. Воглавном не сакам вакви филмови, ама овој беше малце над просекот. 7/10 Ова ми го сумира филмот:
но филмот игра само на една карта - емоција, и тоа немаше тригер кај мене, пошо филмот ниту ме насмеа ниту ме растажи (и двете се елементи на филмот).

едит. Не е касно за мислењево, така? :D
 
Последно уредено:
Ќе си го репризирам денес или утре, Злате не се пали :D
 
TBasU36.png
xXod5Nc.png
964B7TK.png

По трите од погоре, многу добар - 4+ оценка за клупчето од неговиот креатор, за сега, и по прошетките низ САД, Полска и Франција, се селиме малку на север, во Данска. Следниот предлог е на @MyloXyloto , филм на нам познатиот Томас Винтерберг (режисерот на Jagten / The Hunt, за тие кои не се сеќаваат): Submarino.

l5vXDwi.png

Јас не се сомневам дека ќе уживам во филмов, а се надевам и на останатите ќе ви се допадне. Па, let's start!

Листата update-увана, за тие кои сакаат да нѐ стигнат: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/film-club/

Торент: Submarino (2010) DANISH 1080p BrRip x264 - TheBaconLord или помала варијанта
Submarino 2010 DVDRip XviD-VoMiT

@wot , наслов, pls: Film Club 2016 (Submarino: 08.02 - 21.02)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom