Предлог за филм со кратка рецензија

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


Special Forces (Forces Speciales)

Елса е француска новинарка која е киднапирана во Пакистан од страна на талибанците. Франција ги испраќа своите Специјални сили во мисија за спасување. Таму тие треба да се соочат со непријателот, кој е далеку посупериорен од нив.

Иако на почетокот изгледа дека филмот ќе биде од типот на good guys vs. bad guys и миротворци vs. терористи, понатаму станува јасно дека не е така. Некои би рекле и дека филмот е обична пропаганда за Франција и нејзините вооружени сили, но Forces e далеку од тоа. Военото опкружување во филмот претставува само катализатор на вистинската приказна. Приказна за човечноста, за доброто и злото, за пожртвуваноста. За препреките кои треба да се преминат за да се спаси еден човечки живот, но и за опасностите кои демнат на патот кон вистината.

Филмот треба да го погледне секој што се интересира за Војната против теророт. За разлика од повеќето филмови на оваа тема, овојпат работите ни се прикажани од друга, неамериканска перспектива. Главните ликови се живописни и реалистични, надополнети од добрата глума. Замерка можам да најдам само во еднодимензионалната карактеризација на терористите.

Оцена: 7/10
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Take the money and run

Ограби 16 банки и беше фатен 16 пати, совршен скор на Вирџил.
Постаро филмче, од Вуди Ален, исто така Вирџил го игра самиот Вуди што му дава посебен шмек на филмов.
Снимен е како документарец за Вирџил, за неговиот живот, со интервјуа со неговите родители, пријатели...

Добра комедија, малку трае(85 мин) што е еден голем плус, може да се изгледа во еден здив и без да ти биде досадно ниту една секунда.

Не ми се пишува повеќе, не знам ни што би пишал, само колку да стои тука како препорака, бидејќи ако оставев само слика ќе ме избришеа :)

Плус добар саундтрак има
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Waking Life (2001)



Какво неверојатно остварување на Richard Linklater, човекот кој стои позади добро познати хитови како Dazed and Confused и School of Rock.
Ама Waking Life не е ништо слично на овие два наслова. Уствари, не е слично на ништо што досега го имате видено. Не би рекол овде дека филмот не е за сите, море како да не.... би рекол - не е за сите, озбилно.
Како прво, не е за филмомани. Нема врска со нив. И покрај тоа што го ставам во купот "филмови за ентузијасти", овој нема врска со наивните љубители на филмот.
Ама има врска со наивните филозофи, оние модерни длабоки размислувачи кои се пронаоѓаат во мемињата на филозорапторот и пред се, за сонувачите. Јас спаѓам во болдираната категорија и затоа овој "филм" многу ми се свиѓаше.


Како сум можел да го пропуштам? Ја видов рецензијата на stormspeaker и го спуштив филмот затоа што според неговата рецензија имав големи очекувања и што е најбитно ги добив!
Како прво и најважно, морам да напоменам дека анимацијата, цртежите и конструкцијата на филмот е невообичаена. Дури и напорна на моменти ако имате нежен вид. Ама тоа нема да ви претставува никаков проблем затоа што она што е најбитно во филмот е неговата порака, која патем овде нема никаква врска со сликата што ја прикажува. Ама кога прочитав дека за 1 минута анимација во филмот биле потрошени околу 250 часа работа, скроз го повлекувам ова што го пишав. Ако сте издржале на Coraline, за ова немате гајле. Анимацијата е неверојатно доживување!

Главниот јунак во филмот преку своите соништа се среќава со различни луѓе и разговара за смислата на животот, настанокот на универзумот, смислата на постоењето, смислата на соништата, смислата на се она што има и нема смисла...
Воглавно филмот е составен од долги монолози и дијалози. Јас обожавам монолози. Ама да бидам искрен и дијалозите во филмот се перфекција и уживав во нив дури повеќе!
Приказните се скроз неповрзани, единствено што ги спојува е главниот лик кој е само слушател во скоро сите настани и поради тоа што тој сам си ги креира соништата може и да ги ограничува, контролира и насочува понатака.

Сте размислувале некогаш за луцидните соништа, за тоа колку соништата можат да бидат реални и колку реалноста може да биде сон? Дали сте размислувале за задгробен живот, за телепатија, за сродни души, за постоењето на Бог и совршеноста на човекот, па и за изборот што го прави и неговата "слободна волја" која може да биде сама по себе и добра и штетна во исто време?

Многу ми се свиѓаше еден цитат во филмот:
"I had a friend once who told me that the worst mistake that you could make is to think that you are alive... when really you're asleep in life's waiting room."

Им го препорачувам на сите. Иако не е за сите и ако ви се бендиса значи навистина не сте со сите, сакам да напоменам дека мора да го вклучите мозокот арно да се сконцентрира за да ги изгустирате добро монолозите и можеби на крај сепак филмот ќе ве умори. И ќе ве натера да размислувате уште повеќе. Можеби ќе ви ги даде одговорите кои сте ги барале, а можеби ќе ве натера да поставите уште еден куп прашања.
Или на пола сат ќе го исклучите филмот и ќе ме испцујате еднаш од срце :pos: или ќе ве инспирира. Ама во никој случај нема да ве остави рамнодушен!
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


The Kid with a Bike

Филмов сакав да го гледам уште кога ја доби наградата од жирито на Канскиот Фестивал оваа година. Тогаш не можев да го најдам никаде и со текот на времето го изумив. Кога излегоа номинациите за Златен Глобус, видов дека филмот е номиниран за Најдобар странски филм и го најдов. Вредеше да се чека.

The Kid with а Bike е филм за едно 11-годишно дете, Сирил, напуштено од татко си. Тоа живее во дом, но честопати бега бидејќи не може да поверува дека татко му би го оставил. Зошто не може? Бидејќи татко му никогаш не би го оставил без да му го остави велосипедот. Затоа Сирил тргнува во двојна потера. Го бара татка си, но и велосипедот. Во меѓувреме ја среќава Саманта, фризерка која му станува старател за време на викендите. Сепак, Сирил не се откажува од потрагата по единствениот родител.

The Kid е директена, но и едноставна драма, која ја разгледува врската дете-родител. Потрагата на Сирил не е само потрага по дом. Тоа е и потрага по безусловна љубов. Во некои моменти потсетува на бајка поради ликот на Саманта, за мене олицетворение на добрата вила. Самиот наслов укажува на тоа дека велосипедот е важен дел од филмот. Тоа не е обичен предмет, туку сеќавање, врска помеѓу Сирил и претходниот „живот“ поминат со семејството.

The Kid with a Bike е една од најдобрите драми која сум ја гледал годинава. Заслугата пред се' треба да се препише на двајцата режисери, кои прават ремек-дело од една секојдневна и тривијална приказна. Иако детето кое го глуми Сесил глуми извонредно, сепак во филмот се издвојува Сесил Дефранс (на многумина позната по Hereafter). Филмот трае пократко од 90 минути, но неговата убавина, едноставност, искреност и суровост во мене останаа многу подолго. Исто така, по којзнае кој пат, ми покажа дека постои убавина и во најмрачните мигови (знам, звучи клише). И за крај, единствената музика во филмот е Emperor concerto на Бетовен, која совршено се вклопува во тивко-тензичната атмосфера.

Моја оцена: 9/10

Бонус:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
The Help (2011)


Типично Оскаровски направен филм кој ќе влезе во конкуренција за статуетките во повеќе категории и верувам дека нема да остане со празни раце. Одлично средено сценарио, одлична актерска екипа, малку клише и многу фанфари. Режисер и сценарист е Tate Taylor, човек со скромно актерско и уште поскромно режисерско искуство. Ќе слушаме за него во иднина.

Приказната е во 60-ите години во Мисисипи, во годините на големи настани и промени. Во едно мало гратче една млада новинарка (Emma Stone) пишува за животот на слугинките, но од нивна перспектива. Како изгледа да одгледуваш туѓи деца додека твоите се дома сами, или ги одгледува некој друг? Како изгледа кога одгледуваш деца кои те сакаат за подоцна да станат исти како нивните мајки? Приказна која ќе ја раскаже со помош на Ејблин (Viola Davis) и Мини (Octavia Spencer). Првата веќе има една номинација за Оскар во 2009.

Но не завршува тука приказната за актерската екипа во филмот. Bryce Dallas Howard мене ми остави најсилен впечаток во улогата на Hilly Holbrook, жена израсната со предрасуди и буквално олицетворение на примитивизам и малограѓанство. Ја гледав во Hereafter и Manderlay, но беше потребна улога на негативец за навистина да си го покаже потенцијалот. Татко и иначе е Ron Howard, режисерот на Прекрасен Ум.

Но сепак, Jessica Chastain (ја знаете од Tree of Life) е номинирана за Златен Глобус за најдобра споредна женска улога, за улогата на Celia, што мислам дека е мала неправда спрема Howard, иако и двете беа одлични.

Во секој случај, многу добри улоги, одлично направено од целата екипа и филмот заслужено си ги очекува своите признанија.

8.5/10.
 

Борче

Мадридиста
Член од
9 октомври 2010
Мислења
214
Поени од реакции
288
Bram Stoker's Dracula


знаеме дека постојат многу верзии за Дракула , но оваа е дефинитивно една од подобрите.Оваа верзија е на еден од најдобрите режисери (Френсис Форд Копола) кој направил фантастична адаптација од романот ''Дракула'' .. освен добрата сценографија и сензационалните специјални ефекти,има и одлична актерска екипа.
Само не ми се свиѓаше тоа што немаше премногу возбудиливост и напнатост. Глумата е најдобра особина во филмот,особено Гери Олдман кој одлично го глуми ликот на Дракула,баш како што треба..језиво,страшно.Би ги пофалил сите од актерската екипа,само Киану изгледаше малку дрвен и досаден.Филмот има сјаен почеток и добри локации на кој е снимен.Аа да, и да не заборавам,има одличен саундтрак

Кратко кажано..(Киану Ривс)Џонатан Хакер,млад адвокат оди во Источна Европа на службено патување.Пристигнува во замокот на грофот Дракула(Гери Олдман) .. во замокот се случуваат чудни и језиви работи.. Мина(Виона Рајдер) свршеницата на Џонатан го потсетува грофот на неговата покојна жена,па е занесен во неа и сака да ја освои .. Потоа Дракула пристигнува во Лондон и почнува теророт на жртвите и неговото бизарно заведување..Само еден еден човек може да го запре а тоа е Ван Хелсинг(Ентони Хопкинс)

гледам филмот има освоено 3 оскари ..па за таа категорија,сосема заслужено
бтв
сцената со Моника Белучи :drk: :P
Имдб оцена 7.3 .. моја оцена 8
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Winter in Wartime

20110911_winter_in_wartime.jpg

Да не пишувам долга рецензија, ме фаќа мрза. Накратко, гледајте го филмов, има сценографија која што одговара на периодов :D
Филмов ни го прикажува животот на едно дете за време на Втора светска војна, како одлучува на која страна ќе застане, ќе мора да бира помеѓу својата фамилија, окупаторот, сојузникот...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Big Fish



Преубав филм режиран од Тим Бартон. Сериозно се прашувам зошто за време на празниците нашиве телевизии никогаш не се сетиле да го откупат и прикажат. Ваквите приказни прилегаат на празнична атмосфера и особено се убави за деца. Сигурна сум дека децата би го обожавале филмов, најмногу заради нишката фантазија во него. Сепак ова не е филм направен за деца, доброто е што и тие заедно со возрасните се негова потенцијална публика, нешто со што не можат да се пофалат многу филмови.

Околу приказната, Вил е човек кој израснал преку приказните на татко му Едвард. Приказните на Едвард се однесуваат на настаните од неговиот живот, и се би било во ред доколку не се граничат со фантазија и претерување, така што Вил никогаш не знаел што е вистина, а што лага. Кога Едвард се наоѓа на предсмртна постела, Вил се уште има потреба да ја чуе вистината од својот татко и да слушне за неговиот живот онака како што навистина се одвивал. Сепак, Едвард цврсто се држи до работите кои ги кажал и работа на Вил е да открие каде се крие тенката линија на вистината и фантазијата.

Го препорачувам на сите да го погледнат. Мислам дека нема да ви здосади во ниеден момент. Дури мислам дека ќе ве потсети на она чувство кое сте го имале како деца за време на празниците.:)

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Incendies (2010)


Mother of God каков филм сум пропуштил!!! За разлика од годинава во која ги фатив со ред „неанглиските“ филмови кои се номинирани, лани сум го пропуштил овој Канадски филм (Француски јазик) кој беше номиниран за Оскар. Note to self: да не ти се повтори грешката!

Филмот е од оние во кои се отплеткува мистеријата на крајот, но ако ја имате таа несреќа како мене да го сконтате предвреме, ќе навивавате да не се случи: wtf??? , дали сте вие нормални!!! (режија и сценарио), мајсторе сечи! итн... Затоа што приказната е длабоко вознемирувачка, потресна и мрачна, си игра со психата на начин на кој не би требало да си игра. Едноставно има работи кои не би требало и не смеат да се случат во овој свет и од кои човек лесно може да полуди.

Се работи за една мајка која има син и ќерка, близнаци. По нејзината смрт им остава тестамент во кој бара од нив да отидат во Палестина и да ги побараат нивниот татко и нивниот брат (за кој тие прв пат слушаат дека постои). Ова ќе ги стави на патека која треба да им даде одговори за нивното потекло и минато, како и за минатото на нивната мајка.

Филмот се одвива налик на приказната во Кум 2, паралелно оди актуелната приказна со онаа за животот на мајката, и не води низ хаосот на блискиот исток, меѓурелигиската нетрпеливост, војни и страдања.

Глумата перфектна, сценариото прва лига, иако уште ги пцујам во себе што ме извадија од памет. Немам што посебно да забележам како недостаток, филмот има се, а некои сцени како онаа со автобусот ќе ви се вртат во главата долго време.

Саудтракот одличен, (њот, го има Radiohead два ипол пати :vozbud: ) а мелодијата од одјавната шпица ќе се потрудам да ја ископам.

9/10 , им кратам едно пак само затоа што ме извадија од памет.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
50
Поени од реакции
34
Rushmore




Приказната во Rushmore се одвива околу три лика, главниот од кој е Max Fischer (Jason Schwartzman): циничен и креативен тинејџер, запишан во елитното училиште Rushmore, каде што воглавно го поминува своето време оформувајќи и запишувајќи се на што е можно повеќе воннаставни активности, како и во режирање на неговите театарски претстави. Самиот филм е претставен во вид на театарска претстава, со тоа што на крајот на секој акт следи спуштањето на завесите, при што го добиваме насловот на следниот акт, за потоа завесите повторно да се кренат над новата сцена.
Max е незадоволен од својот живот. Тој се срами со фактот што неговиот татко е само обичен бербер, во споредба со многуте богатите и успешни родители на другите деца во школото. Тој не е посебно заинтересиран во учењето, ниту пак во почитување на некои основни социјални норми.
Но работите ќе се сменат за Max кога тој ќе се спријатели со два постари, подеднакво фасцинантни лика.

Herman Blume (Bill “if you dare send me a script for Ghostbusters 3 I’ll put it through a fucking shredder” Murray)е богат индустријалец, кој е разочаран од своите разгалени синови и неговиот пропаднат брак. Како што Max и Blume остваруваат необично пријателство во филмот влегува и ликот на новата професорка, Rosemary Cross (Olivia Williams). Иако е таа престара за Max, како и вдовица, Max сепак ќе се заљуби во неа.
Тоа што следи е доста мрачна приказна за три лика кои се обидуваат очајно да пронајдат некаков вид на радост или задоволство во својот живот. Незнам дали спомнав ама филмот е комедија.

Најмногу ми се допаѓа кај Rushmore тоа што овие ликови би можеле да бидат вистински луѓе, сценариото не ги претставува само како обични карикатури (нешто што обожаваат да го прават повеќето комедии денеска), дури иако светот во кој што е сместен филмот е помалку whimsical.
Исто така ми се допаѓа тоа што Wes Anderson е режисер кој има голема љубов кон филмовите, така да Rushmore е перполн со сцени кои се директно земени или барем алудираат на филмови како The Graduate, Heat, Serpicо и Apocalypse Now.
Wes Anderson е исто така голем љубител на музика, така што на веќе одлични сцени тој им ја појачува нивната ефективност со користење на песни како “Oh la la” од Тhе Faces и “A quick one, while he’s away” од The Who.

Црната смисла за хумор, оргиналниот стил на режирање на Anderson како и одличната глума на Schwartzman и Murray, се само неколку причини поради кои го сметам Rushmore за еден од моите омилени филмови.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
How to Get Ahead in Advertising (1989)



Мислам дека со што и да кажам за филмов ќе ја намалам неговата вредност, како што го исквернавив Персона со рецензијата.
Само ќе кажам генијален начин на критика на конзумеризмот и капитализмот.
Ја немам читано 399 ама по тоа што ми имаат зборено за книгата ова потсеќа на неа, зошто типот прави најефикасни реклами, наеднаш почнува да го гризе совест има блок на мислите, почнува да соматизира, завршува со психоза, али тоа е најнебитниот дел од филмот.
Симболизмот позади начинот на кој соматизира, психолошката анализа на ликот па и на другите околу него е феноменална.
10/10
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440

Малку е постар филмот(2005)...
Доста добра актерска екипа...
Метју Меконахи,зверот Ал Пачино,Рене Русо..
На кратко,уводен дел во приказната..
Брендон Ланг,надежна рагби колеџ звезда,се здобива со тешка повреда на ногата и мора да ја заврши прерано својата кариера....
Животот е тежок за него,па мора да работи нископлатени работи за да преживее неговата фамилија...
Работи како телефонски оператор,и дава совети за обложувачите на спортски натпревари(најчесто на американски фудбал).....
Работа шо најдобро ја знае,но не добива вистинска награда,за својот огромен потенцијал како рагби стручњак..
Се ова ќе се промени откако ќе добие понуда за работа од Кралот на Обложувањето од Њујорк -Волтер Абрамс(Ал Пачино) ....
Одличен филм,пред се поука колку е тенка линијата помеѓу успехот и добивката во комарот....
И колку малку треба да изгубите се...:D
Еден поен,една изгубена топка е линијата помеѓу богатсвото и банкротот:D
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454


Прекрасен филм! Заснован е како група млада луѓе ќе станат ѕвезди, кои прво ќе настапуваат за БСК, па после и за репрезентацијата на Југославија.На почеток ќе се помисли дека фудбалот е главна тема, но подоцна ќе се увиди дека се работи за љубовта, пријателството, херојството..Режиран е од Драган Бјелогрлиќ.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
The sea inside

Филмов го гледав одамна но ми остана во сеќањаве. Претставува шпанска биографска драма според вистинска приказна(но и да не беше базирана врз вистинска личност моете мислење околу филмов немаше да се променит) .

Во центарот на филмот е лицето Сампедро кое поради еден несреќен скок во морето останува парализиран до крајот на животот.Тој 30 години се бори со шпанските власти за правото да си го одземе животот бидејќи во Шпанија еутаназијата е забранета .Покрај неговата правна борба, се става акцент на неговиот приватен живот и неговата врска со двете жени Јулија(која поради свои причини прифаќа да му биде адвокат) и Роса (која се обидува да докаже дека животот е вреден да се живее).

Филмот ми остави длабок впечаток затоа што преку приказната на Сампедро се обидува да го прикаже самоубиството како единствен излез од одредени ситуации .Каков заклучок ќе изведете остануват на вас.

Од актерски аспект, Бардем одлично ја толкува улогата на Сампедро. А покрај него глуми и Belén Rueda која сигурно ви е позната од Серанови или од The orphanage( кого едно 20 пати го имаат давано на канал 5 и 5 +)

Сумирано сосема залужен оскар за најдобар странски филм од 2004та, и филм кој вреди да се погледне во слободното време (во моменти кога сте расположени да гледате некоја драма).
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


Tinker Tailor Soldier Spy

За разлика од она на што не' учеа Џејмс Бонд и Итан Хант, животот на тајната служба не е секогаш исполнет со кунг-фу тепачки, манекенки од Викторијас Сикрет, брзи коли и коктели на Карибите. Всушност, разликата помеѓу вистинската шпионажа и онаа во Mission: Impossible е исто толку голема колку разликата помеѓу домашен Ајвар и Ајвар од продавница.

Tinker Tailor Soldier Spy е тотална спротивност од повеќето филмови кои ја обработуваат оваа тема. Тој не е само филм за шпионажа, туку е и филм за луѓето кои живеат во свет каде паролата „Тrust No One“ e водечка.

Филмот започнува кога Контрол, директорот на Циркусот (британската тајна служба за разузнавање) изразува сомнеж дека има советски „крт“ во врвот на Циркусот. Затоа тој праќа агент во Будимпешта да собере информации. Планот пропаѓа кога идентитетот на агентот е разоткриен. Самата операција е прогласена за фијаско и Контрол е принуден предвремено да се пензионира. На истото е принуден и неговиот помошник, Смајли (Гери Олдман). По една година, Смајли добива понуда од Владата да ги истраже обвинувањата за постоењето на двојниот агент.

Што го прави овој филм толку извонреден? Прво, шведскиот режисер Томас Алфредсон (Let the Right One In) ја пренесува автентично атмосферата и неизбежната параноја која владеела за време на Студената војна во светот на разузнавањето. Понатаму, во актерската екипа е собран кремот на британската глума (пример, оскаровецот Колин Фирт). Глумата е толку добра што филмот може да се прикажува на предавањата на Драмски.

Друга огромна предност на Tinker Tailor е Смајли, ликот на Олдман, но и самиот Олдман. Смајли е човек, кој судејќи според изгледот е уморен, потиштен и поразен. Но, под површината се крие човек кој е мајстор во својата работа, кој не смее да се потцени и сето тоа е реално доловено преку тивката глума на Олдман, кој покажува дека воздржаноста може да биде моќно оружје. Со ликот на Олдман е задржана и автентичноста на типичниот британски агент за време на Студената војна. Тип кој нема да го видиш како пие коктел на некоја плажа (ала Бонд), туку поверојатно е дека ќе го видиш како седи до тебе во 23-ка. За Олдман нема потреба многу да коментирам. Феноменален како и секогаш.

Филмот има една мана. Бидејќи е екранизација, многу информации и ликови се собрани во двата часа. Затоа понекогаш е тежок за следење и бара внимание и трпеливот.

За крај, ако барате акционен шпионски филм - блокбастер, во кој дејството се одвива побрзо од брзината на светлината и главниот карактер е посилен и од Чак Норис, заборавете на мојава рецензија. Од друга страна, ако барате бавен шпионски трилер кој бара многу внимание, и во кој карактерите и дејството се најважни, а не експлозиите, тогаш Tinker Tailor Soldier Spy e филмот за вас.

Моја оцена: 8/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom