Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.099
The Man Who Knew Infinity е биографски филм за индискиот математичар Рамануџан кој од сиромашно момче без формално математичко образование, успева да се пробие до дипломец и до членство во Кралското Друштво. Исклучително талентирана и интелигентна личност која за својот краток живот (32 години) остава зад себе илјадници воглавно математички анализи и теории (дури се тврди дека со формулите на Рамануџан можно е да се предвиди однесувањето на Црните дупки).
Нормално, ја жртвува љубовта, семејството и здравјето за да го постигне сето тоа. За промоција на неговите дела и неговиот успех во Британија е заслужен англискиот математичар, професор на Кембриџ, Годфри Харди (Џереми Ајронс). Улогата на Рамануџан ја игра Дев Пател, а на математичарот Ј Литлбрд, Тоби Џонс.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
The Insider



Како голем љубител на филмовите на Пачино си реков ајде и овој да го изгледам. Искрено, филмот има многу добра приказна, но можеле многу подобро и поинтензивно да го осмислат. Вака како што е направен филмот не е за секој, станува напорен и има моменти каде што апсолутно ништо не се случува и човек може да заспие. Исто така во главните улоги е Расел Кроу, улогата му е слична како во "A Beautiful Mind", т.е. однесувањето му е слично. За него не може да кажам му немам гледано филмови, но Пачино има и тоа како многу подобри, може дека и навикнати сме да оди во пакет со филмови со мафија.

Се работи за вистинска случка, за компанија која нелегално става штетни додатоци во цигарите. Расел Кроу е на местото на вработен кој е ставен во ситуација дали ќе ја оддаде тајната на медиумите или не. Додека Пачино е во улога на режисер на емисија, која се занимава токму со такви афери.

Повторувам филмот ви е драма и кого го интересираат такви филмови со побавно дејство, кои обработуваат некоја афера, може да му се допадне “Инсајдер“. Но, ако сте за повеќе ко Пачино во Карлито, тогаш филмот нема допирна точка со спомнатото. :)
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.424
Поени од реакции
9.330
Gone With the Wind


П Р Е К Р А С Н О!
И 4 саати малце ми беа. Совршено, немам забелешки, немам што да кажам, немам зборови да опишам колку најмногу многу ептен сум восхитена од филмов. Не смее никој да умре без да го изгледа филмов... 10/10!
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Olympus Has Fallen

Филмов е на тематика терористички напад на Америка и завземање на Белата куќа. Содржински е со многу акција и со претерани сцени ко што си знае Холивуд ама сценариото е нешто друго посебно ми се допадна делот дека терористите имат нова технологија на оружје која Сад моментално ја развива.
7/10.
London Has Fallen

Втор дел на првиот филм и пак е мета американскиот претседател со тоа што случувањата се во Лондон и како секогаш вториот дел е некако потапа од првиот 6/10.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.637
Поени од реакции
81.586
Филм со огромен потенцијал, али недоволно разработена приказна и клише крај. Девојка се вози на автопат и прави (или и прават) сообраќајка... Се разбудува со скршена нога во празна соба, доаѓа човекот што ја спасил и и ја кажува тажната вистина за тоа што се случило со светот додека таа била во кома.
Значи ептен се нервирам вака кога ќе го видиш трејлерот, кога ќе прочиташ позитивни критики за филмот, и на крајот толку ќе те разочара што ќе го заборавиш дека си го гледал делово после недела дена.

П.С: Џон Гудман ептен добро си ја одработи улогата, а и цурата беше :love: (y)

Оценка 6/10
 

Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68

  1. Филмов е сработен според романот „me before you“ од Џоџо Мојес. Силен впечаток ми остави и има јако добра приказна. Малце е тужен, не сум од тие личности што плачат на филмови, но на овој, солзи ми навраа. :) Ѕирнете го.
  2. Се работи за една девојка по име Кларк, која недавно си ја губи работата во еден кафиќ, почнува да бара работа, а во меѓувреме богато, ситуирано семејство бараат работничка за нивниот син, кој доживеал собраќајна несреќа и констатирана му е квадриплегија. И од тука почиња интересното...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.099
Captain America Civil War
Дефинитивно добро направен за овој вид филмови. Си ја заслужи оценката на имдб. Суперхероите според некои, прават повеќе штета отколку корист па светот решава да ги стави под свое. Едните суперхерои се за, другите против. Па така тргнуваат еден на друг...
Во филмот покрај капетанот и едночудо суперхерои, се појавуваат и Човекот Мравка и Спајдермен. Скарлет Јохансон, црната вдовица :D
Teenage Mutant Ninja Turtles: Out of the Shadows
За фановите на филмовите со нинџа желките (и јас сум еден од нив), солидно продолжение на серијалот.

The Shallows
Солидно направен филм-драма со Сурферката Ненси, галебот и големата бела ајкула. Млада девојка го посетува заливот за кој ретко кој знае дека постои. Додека единствените луѓе во заливот, двајца сурфери ја напуштаат плажата, додека сурфа, наидува на пцовисан кит околу кој се врти голема ајкула со која Ненси ќе си има гоолеми проблеми.
Единствено што не им требаше, беше делот каде Ненси во стилот на Џемс Бонд на дното на заливот го избегнува нападот на ајкулата. Гњури со голема брзина, ајкулата е зад неа, за да во секунда се измести од патеката на гњурење. Што е без врска за ваков филм. Се друго повеќе помалце ми беше ок.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Eddie The Eagle (2016)



Ептен симпатичен филм. Базиран е на вистинската приказна за Еди Едвардс, тотален аутсајдер кој ги искористува недостатоците во правилата за учество на Олимпијада, и станува првиот британски ски-скокач кој учествува на ЗОИ. Типчето е главна сензација на игрите во Калгари 1988, на истите игри каде учествува и бобслеџ тимот на Јамајка. Добра feel good сторија, приказна што мотивира, иако како што се информирав повеќе, голем дел од работите се измислени за потребите на филмот и не се случиле во реалноста. Сепак, многу забавен филм. Добра глума од Тарон Егертон и Хју Џекман (кој инаку ме изненади со улога во ваква спортска комедија).
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Memento



Очекував заебан филм, но до овој степен не. Уствари филмот не е “заебан“ дур го гледаш, туку отпосле кога ќе сфатиш дека ништо не си сфатил. Капа до колена за цела продукција, за целото сценарио и замислата, значи генијална идеа и филмов е одлично смислен и разработен.

Нешто другар ми кажуваше демек супер замислам, но досаден и мачен бил филмов на делови, ама мене во ниедна секунда не ми беше досаден, максимално возбудлив од почеток до крај. Значи за тие кој не го гледале (ако има такви) се работи за човек кој има кратко помнење и запишува белешки за да му се олесни животот и за да може да се одмазди за убиството и силувањето на неговата жена. Друго не би сакал да откривам филмот ниту за случувањата ниту за начинот на кој течат истите. Топла препорака до сите кои го немаат гледано, независно какви филмови преферираат, ова е MUST SEE филм.

И секако не е баш филм ако сакате да изгледате за опуштање, лабаво, без да го замарате мозокот, сепак треба доза на концентрација и пратење, а и кај 99% од луѓето и да читаат после на нет за филмот па да видат нивното сфатено, со сфатеното на други гледачи. Како и да е, од мене чиста 10ка.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
4
Поени од реакции
4
Me before you (2016)

И инаку не сум љубител на лимонади, меѓутоа овој беше еден од полошите што ги имам гледано.

Ништо романтично во наивниот поглед на Emilia Clark (која што од некоја чудна причина у секоја сцена е насмеана), ни во wannabe шармантниот поглед на Sam Claffin. Целиот филм ми остави впечаток на лоша романтична адаптација на Les intouchables и стојам зад тоа дека е ефтина америчка копија на нешто што е веќе видено и мнооогу класи подобро. Репликите се пишувани на ниво "тезга-муабет", без некое високо ниво на хумор, глума или романтика.

Да не звучам престрого, не е најлошиот филм што може да го одберете (никој не го победува 50 shades of grey во таа категорија), но не ме остави импресионирана ниту пак допре на било кој начин до мене (иако се занимава со тема што треба да предизвика бурни емоции, солзи, емпатија).

Може да прија на публика во помлади години или некој кој сака да гледа филм без напнатост и концентрација. Од мене има 3/10.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.160
Поени од реакции
107.607
Concussion (2015)

Обично не гледам нови филмови, ептен ретко, али овој случајно ми го предложи Џонтра, откако претходно му пратив линк од глумицата, да разгледа што лепотица е. :D Главната причина покрај глумицата беше тоа што филмот е снимен според вистински настан и што е спортска биографска драма.

Се работи за доктор кој е роден во Нигерија, завршил 500 000 факултети и се стекнал со уште толку дипломи и доаѓа во Америка и работи ко патолог (ваљда не ја утнав професијава). Случајно му се погодува да ја испита причината за смртта на еден поранешен НФЛ играч (за оние што не знаат, НФЛ е американски фудбал, сличен на европското рагби). Ќе сознае работи од кои самиот ќе биде фрапиран и работи кои ни на крај памет не му било дека ќе ги открие. Понатака не откривам што и како за да не навлезам во спојлер и да ја откријам приказната.

П,с, Гледам се критикува по интернетов за акцентот на Вил Смит кој патем го глуми докторот, мене па баш тоа ми беше симпатично и одлично одиграно од негова страна. Се збори као у стилу дека можеле некој африканец да стават да го одглуми докторот, али мене скроз ми се допадна како Вил го изведе тоа, со интересен акцент.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.424
Поени од реакции
9.330
Don't Breathe (2016)

Еден стар бивши војник, кој го изгубил видот во војната, а ќерката во сообраќајна несреќа, ќе стане мета за ограбување, поради парите кои ги добил како оштета за ќерката. Но, грабежот не е толку едноставен како што се очекувало, а еден слеп човек не е толку беспомошен како што изгледа.
Ептен напнато, дури гледав и јас се воздржував да не дишам, се приклештив во место, не мрднав. Музиката е врвот... Филмов иако е повеќе накај трилер, те прави да се осеќаш на моменти како да го гледаш најстрашниот хорор, приказната како за мој вкус на моменти со дупки, нереална и нелогична. Во целина ок, не е како што очекував и како што читав за него, ама не е и да не чини. 6/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Tangerines (2013) на естонски Mandariinid, на македонски Мандарини. :D



Номиниран за Оскар за најдобар странски филм.

Војна во Абхазија, Грузија. Во едно село каде порано живееле претежно естонци (сега сите веќе избегани и вратени во Естонија) се останати само 2ца жители, Иво и Маргус, вториот има градина со мандарини и ја чека последната берба за со парите да се врати во Естонија а првиот е негов комшија кој има пилана и му ги прави гајбите за мандарините.
Кај Иво доаѓаат чеченски војници и му бараат храна, им дава и овие си идат.

По некој ден пред куќата на Маргус се случува мини престрелка помеѓу чеченски и грузијски војници. Повеќето се загинати а Иво и Маргус успеваат да спасат двајца, еден чечен другиот грузиец.

Толку, глејте си понатаму, интересна драма, по не знам кој пат се прикажува другата страна на војната и тие што војуваат, нема врска религија и останати курци ако има малце човечност во тебе.

8/10

5-6 глумци се појавуават се на се.

Лесно може да се направи и македонски римејк. :D

2001ва година, село во околината на Куманово.
Сите се избегани само останале 2ца жители кои што печат ракија и ја шиткаат.
Едниот е Петар Арсовски а другиот Лазар Бараков :icon_mrgr:
Од војниците шиптарот е, класика, Тони Михајловски а нашиот Владо Јовановски. :icon_mrgr:

Чао.
 
Последно уредено од модератор:

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Casino



Во последно време одбрав да гледам постари филмови кои се класици сами за себе.
Па на ред дојде и Казино на Мартин Скорцезе.
Филм кој многу потсеќа на Goodfellas впрочем и режисерот и двајцата главни ликови имаат глумено и тука.
Филмов иако трае речиси 3 часа, те вози постепено и те вовлекува во светот на работењето на едно Казино во периодот на 70 и 80 год од минатиот век. Добро е што има нарација од страна на Де Ниро и Џо Пеши за подобро и побрзо да ги сфатиш како работи едно казино, како е поврзано со мафијата, како оди перењето на парите, како се корумпираат функционерите за да замижат пред сето то и се е убаво објаснето до најмал детал.
Де Ниро и Џо се пријатели од детството и доаѓаат во Лас Вегас да си ги остварат соништата, а тоа е нормално да се збогатат. Едниот се обидува да ги држи работите колку толку легално, а другиот е чист мафијаш кој си работи по правилата на мафијата.
Тука се појавува Шерон Стоун, и нормално, се јавуваат проблемите (жена а ко не те заебе нема кој :D). Таа се мажи за Де Ниро, но тоа е брак со многу проблеми, тука се случуваат разни драми и животни сплетки, љубовни проблеми, алчност за пари, дрога, алкохол, крв и што уште не.
Да не ви раскажувам понатаму сигурно вреди да го погледнете (тие што не го гледале до сега).
Филмот има посебно добра музика, и нормално режијата на Скорцезе е беспрекорна.
9/10 според мене.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Good Will Hunting



А сите ние мислевме дека насловот е "Добрите ќе ловат", а не “Добриот Вил Хантинг“ нели :D. Филм кој лагано може да се прошета во листа на топ10 филмови евр. Максимално ме воодушевија сите дијалози, независно дали станува збор за виц и заебанции или поучни работи, се во филмов е така добро одбрано и скоцкано што е просто фасцинантно...

Робин Вилиамс, Мет Демон, Бен Афлек водечка тројка во главни улоги, што и без да погледнете рејтинг или да сте слушнале во филмов, ви кажува дека нешто добро ве чека. Мет Демон е во улога на супер талентирано момче, со Бен Афлек како најдобар другар и двајцата посиромашни момчиња, додека Робин Вилиамс е психолог, кој ќе се обиде да допре до Вил Хантинг (Мет Демон) и да го насочи кон правите вредности во животот. Од друга страна е и професорот како против тежа на психологот, нешто во стилот срце против ум, кој ќе се залага да го насочи кој решавање на математички докази и кон пренасочување на кариерата во тој правец.

Уствари вака коа се читам и објаснувам, си викам еј ќе дојде некој ќе рече еј ништо не е интересно во филмов, и подобро ако размислам сигурно и јас на прв поглед кога сум читал дескрипшн сум си рекол истото, ама нененене. Филмов е Must see, може многу да допре до вас и е интересен, независно на возраста кога го гледаш или жанрот на филмови кои ги преферираш.

Some people can’t believe in themselves until someone else believes in them first (y)(y)(y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom