Последен гледан филм со кратка рецензија

HeRbEs

-WandereR-
Член од
21 јуни 2005
Мислења
766
Поени од реакции
272
По препорака на каталогот за тапчовци го изгледав Children of men http://www.imdb.com/title/tt0206634/ .Филмчево беше прилично добро ми го задржа вниманието до сомаиот крај,значи не е од оние филмови каде ти се приидува по вода ,па до вц па случајно си задремал на столица итн.Е сега проблемот е тоа што во филмот има многу неразјаснети работи и тоа многу! Дејствието е сместено во некоја си далечна иднина каде човековото постоење е доведено во прашање.Жените неможат да забременат повеќе целиоит свет е во хаос нема младина, нема иднина.Системот е комплетно распаднат не се знае кој јаде кој пие со еден збор све е отидено по ѓавоилте.Единствена земја која се обидува да одржи како таков баланс е Британија која е под карантин и се справува со огромен број на имигранти.Главниот лик му е доделен на Овенот (кој и баш не го ценам како глумец многу многу),кој што е вработен во некој владин сервис.И дејствието започнува тука заврзламите помеѓу имигрантите,владините сили,човековиот морал,минималното значење на зборот живот во такви кризни услови,опстанок во хаосот на џунглата наречена човештво.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
The Adjustment Bureau (2011) - http://www.imdb.com/title/tt1385826/

Многумина го живеат својот живот следејќи го патот кој им е наметнет, плашејќи се да истражат било кој друг. Но, понекогаш се појавуваат луѓе кои ќе ги срушат сите препреки кои ни се поставуваат, луѓе кои сфаќаат дека слободната волја е дар кој никогаш нема да го научите се додека не се изборите за него. Целата поента на филмот е баш пронаоѓањето на одговор на прашањето - Дали самите сме одговорни за своите животи или одлуките се донесени уште пред да размислиме за нив? И дали самите ја кроиме и контролирме нашата судбина или таа веќе е одредена од некои невидливи и виши сили?
Веројатно овие прашања ни се премногу комплицирани за да можеме да се задоволиме со едноставен одговор, но TAB ни дава едно од можните видувања и непрестано присутната тематика за спротистувувањето на судбината и слободната волја на на секој човек. Одличен филм, 10/10.​

Source Code (2011) - http://www.imdb.com/title/tt0945513/

Must watch! Зошто? Премногу причини, а една од нив е режисерот Данкан Џонс.​
„Само пренамена на времето, никако патување низ времето“, Source Code - проект кој овозможува преглед во подсвеста на последните осум минути во животот. Многу добар филм (не одличен), 7,5/10.​
 
F

FilipMacedon

Гостин
Командос од предградието(Suburban Comando)



Можеби најдобрата комедија од 90-тите....Шеп Ремзи е херој од една вонземска планета ,каде што оди на мисија да го спаси престедателот кој е киднапиран од еден генерал,но плановите не му излегуваат како што треба и бега со еден мал вселенски брод,бродот му се квари и принудно слетува на Земја каде што ке изнајми соба кај еден слабак Чарли....

 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Hors de Prix или Priceless (2006)



Ако сте расположени за mind-numbing филмче, од тие лесните, скокнете ги американците, овој е за вас! Француска комедија уз љубов, од тие со сценарија како локалниве булевари. Полни со дупки. Али не смета, не смета ни клишеата, не смета ни предвидливоста. Не покрај ПРЕКРАСНАТА Audrey Tautou во улога на gold digger и некој си Gad Elmaleh како goofy шанкер кој ќе се заљуби у неа. Мислам the facial expressions шо ги прави човекот се нешто епик! Kој noob е само. :D

Kако што се одвиткува повеќе приказната, повеќе гледаме хемија меѓу нив, дека од старт не беа многу поврзани, али ништо страшно. Приказната напоменав, класична љубовна сторија донекаде. Audrey како спонзоруша е совршена, невина фаца, преубави очи, курва тело. Јас се заљубив. Најголем плус е сценографијата. Ќе се нагледате на убави хотели, дека голем дел од времето низ такви е снимано. Од кроасани и слаткиши наутро, до прекрасни глетки од балконите на oversized хотелските соби, европските булевари со фамозните бутици. Рај за очи е од тој аспект, стварно. Него општо ме потсети на Spread. Така да знам дека Iosono ќе го цени, кога ќе е расположен за ваков. И пред се, за поголем ефект од филмот - глеајте го по можност со партнер. :wub:

Има 7-ка на IMDb, толку и од мене. Имаат шмек французиве.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Barfly (1987)



Oвој иде у ретко интелигентни филмови. Каде за добар филм не е потребно мегајако сценарио, огромен буџет, sky high маркетинг и слично. Доволно ти е јака глума како од Mickey Rourke и Fay Dunaway да ја доловат сржта. Да го доловат животот, или онаа, првичната замисла за животот, пред да почнеме да го комплицираме, working jobs we hate so we can buy shit we don't need и остало.

Опасно ме потсети на Californication, само што не е толку акцентиран хуморот, иако содржи свој, горчлив хумор. Зошто, па Henry е исто како Hank (Moody) писател кој се води по навидум симплифицирана идеологија каде парите немаат вредност, каде скапите коли се overrated, каде убаво платените работи кои ти дозволуваат големи палати се само кафез со златни шипки. Кога сме кај метафорите, филмов изобилува со цитати кои се.. pow! right in the kisser! Eден гордо заслужи да стои како мој потпис. Друго зошто потсеќа на Moody e што наоѓа голема утеха во алкохолот. И редовните тепачки со шанкерот на пабот во кој се пијанчи. Најверојатно свој бунт, дека за него претставуваше тој најлошото во човештвото. Филмот нема нешто околу кое ќе се ориентира раскажувањето, туку онака фрагмент од животот еден човек. Човек кој не постигнал ништо (материјално) значајно, но постигнал се'. Го достигнал натчовекот. Да забегаа накај нихилизам, и 10ка ќе имаше од мене. :D Многу има за анализирање, оставено е сами да си влечете поука, да се пронајдете, а јас како хипстер многу се поврзав. Да не раскажувам - гледајте го. Али не со некој што нема да го цени. 9ка од мене!
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Мary and Max (2009)



Оverrated. Или јас касно го гледав. Како и да е.
Aнимиран, во стил на мтв1 цртаните од пастелни бои што ги вртеа. Значи не е класичен, виножито бои, среќа, љубов и остало, туку е сив, мрачен, демотивирачки а сепак на мое големо изненадување не ми се допадна толку, како пример да го стаам пред Wall-E. Изгледа имав некои невозможни очекувања. Јес да е добар, онака преку 8 али не топ250 на имдб и слично.

Има добра приказна, чудна, ни малку предвидлива, па ќе ве држи пред екран без да се обидете да тркнете да мочате. Што е добар плус. Ги ебават грците дека се гејови, уште еден плус да го гледате, хех. Сторијата се врти околу 8 годишно антисоцијално девојче со дисфункционална фамилија која барајќи одговори за животот случајно станува penfriend со 44 годишен кој си има и тој свои проблеми, да не забегувам во спојлери. Вреди да се види секако, плус обожавам филмови со наратори. Gee, surprised?

Него, да не ме мисли Рокенрола, го гледав The Imaginarium of Doctor Parnassus, ми се допадна али ме мрзи да пишам збор-два. :)
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.658
Поени од реакции
13.156
Barfly (1987)



Oвој иде у ретко интелигентни филмови. Каде за добар филм не е потребно мегајако сценарио, огромен буџет, sky high маркетинг и слично. Доволно ти е јака глума како од Mickey Rourke и Fay Dunaway да ја доловат сржта. Да го доловат животот, или онаа, првичната замисла за животот, пред да почнеме да го комплицираме, working jobs we hate so we can buy shit we don't need и остало.

Опасно ме потсети на Californication, само што не е толку акцентиран хуморот, иако содржи свој, горчлив хумор. Зошто, па Henry е исто како Hank (Moody) писател кој се води по навидум симплифицирана идеологија каде парите немаат вредност, каде скапите коли се overrated, каде убаво платените работи кои ти дозволуваат големи палати се само кафез со златни шипки. Кога сме кај метафорите, филмов изобилува со цитати кои се.. pow! right in the kisser! Eден гордо заслужи да стои како мој потпис. Друго зошто потсеќа на Moody e што наоѓа голема утеха во алкохолот. И редовните тепачки со шанкерот на пабот во кој се пијанчи. Најверојатно свој бунт, дека за него претставуваше тој најлошото во човештвото. Филмот нема нешто околу кое ќе се ориентира раскажувањето, туку онака фрагмент од животот еден човек. Човек кој не постигнал ништо (материјално) значајно, но постигнал се'. Го достигнал натчовекот. Да забегаа накај нихилизам, и 10ка ќе имаше од мене. :D Многу има за анализирање, оставено е сами да си влечете поука, да се пронајдете, а јас како хипстер многу се поврзав. Да не раскажувам - гледајте го. Али не со некој што нема да го цени. 9ка од мене!
Не знам дали си ја читал книгата од Bukowski, мислам дека неговите книги не изгледаат толку добро кога ќе се преточат во филм, барем досегашните обиди биле такви. Ако ти се допаднал овој филм погледни и други кои се работени по неговите книги, како Factotum, The Suicide или најди некој трет на IMDb што ќе ти се допадне. Но, моја препорака ти е прво да ги прочиташ книгите, барем некоја.

А сценаристот на Californication пронаоѓа инспирација во Bukowski, па имаше и една сцена каде сценаристот се играше со тоа. Како по правило Hank засерува нешто, а ќерката му вели деке се однесув како евтина копија од Bukowski.А Hank и не е нешто гадлив спрема парите, живее во добра куќа, вози добра кола... :)

Идеологија можеби не треба да се бара, не е тој (Bukowski) од забеганите како Сартр и сличните. Тој ги ’преспива’ ’68, хипи движење и се друго што се појавило тогаш. А има елементи на нихилизам во неговите дела, но Bukowski не ти е идеолошки, политички ангажиран писател, па и филмовите не треба да ги гледаш со тие очи. Сега ми текна дека имаше една негова изјава ’кога ќе слушнам за некого дека е десничар, знам дека тој размислува со своја глава’.

Но, да не го тупам повеќе и така темата е за филмови, па доколку ви се допаднал овој филм, погледнете ги и другите кои се работени по негови дела.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Hereafter


Ми падна во очи дека режијава е на Клинт Иствуд и има вмешаност Спилбер прсти како продуцент, па очекував малку повеќе од филмот посебно кога ја читав рецензијата од позади на двд-то и темата која ќе ја обрабтува, и покрај тоа што Мет Дајмонд не ми е баш најомилена фаца во Холивуд очекував многу повеќе од овој филм

Филмот почнува извонредно возбудливо за подоцна (по 10 минути) да премини во монотона драма која нема никаква цел, кога помислив дека ќе се развие некоја возбудлива љубовна приказна и филмот ќе добие на динамика или пак тие три приказни во филмот ќе се спојат на некаков поинаков начин барем блиску интересно како Тарантино што знае да си поигра, филмот финишира најбанално што може да биде.

Освен фотографијата која е на ниво и која ми го доловува Лондон прекрасно, ништо друго не ме привлече во филмот. Мет Дајмонд просечно очаен, сценариото индиферентно и слабо, спор, со никаква поента, ниту пак уметничка вредност во него.

Не препоручуем
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
The Bank Job
Тери е дилер со коли и бизнисот не му цути ,па Мартине Лав (како ли е името правилно) поранешен модел бара помош од него за да провалат во банка. Тие собираат тим и се фаќаат за работа. Но во сефот освен парите и накитот врие од тајни документи кои што ќе ги стават Тери и тимот во гомна до гуша ...и настанува неверојатна ФРКА !​

Ми се допаѓаат вакви филмови ,ме фасцинира нешто околу овие грабежи кој се генијално смислени. Супер филмче кои се љубители на Оушн и филмовите со грабежи обавезно да го погледнат.​

The Town
Ограбувач на банки се заљубува во менаџерката на банката кој што тој пред 2 дена ја ограбил. ФБИ му е зад петици и ништо ново...брканици низ тесни улички ,пукање,пљачкање...​

Глума: НУЛА.​
Што е со зборувањето во филмов ? Зошто 55% од глумците зборат споро како Шварценегер ? Бен Афлек го сметав за подобар глумец...

Awake

Приказната се врти околу Клеј кој пати од "anesthetic awareness" , тој е буден и свесен додека му пресадуваат срце. За време на операцијата тој дознава работи кој ќе го шокираат.

Day Breakers

Во 2019 ,зараза ги трансформира речиси сите луѓе во вампири. Па вампирите со лимитирана количина на крв бараат начини за замена за човековата крв.


Во филмов нема да видите диви вампири кои имаат натприродна моќ ,туку обични луѓе кои се хранат со крв ,не смеат да излегуваат на сонце ,одат на работа и дури се лакоми за пари како нас...

Се разбира нешто ново ,добра идеја. Не е некое филмиште ,но просечно сигурно е.
Hall Pass
Двајца оженети мажи имаат дозвола да се одморат од нивниот брак со тоа што една недела тие се слободни и можат што сакаат да прават и имаат дозвола да ги изневеруваат нивните жени. Но ќе видат дека работите малку се промениле од времето кога биле на колеџ.

Смешно –ДА
Да се исцепиш од смеење- НЕ
 

Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Priest 2011


Добро филмче, се раскажува за војните помеѓу вампирите и луѓето, како вампирите се побрзи по снажни од нив, но по долги години кај луѓето се јавуваат т.н „свештеници“ кои имаат посебни вештини за ловење на вампири, војната завршува вампирите се затворени во одередени сектори, а севштениците се одповикани на должност. Се додека еден ден е грабната ќерката(внуката) на еден свештеник кој не добива дозвола да ги гони вампирите што ја грабнале бидејќи власта е убедена дека нема вампири, но сепак непослушен поради загорозениот живот на неговата ќерка тргнува во лов... Оценка:7/10 вториот дел ќе биде многу подобар.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Layer Cake
Успешен дилер на кокаин добива две задачи од својот Бос ,вечерта кога тој планира да се пензионира.
Филмот го прати Господинот X (прв пат среќавам филм во кој што главната улога нема име) ,помеѓу мафијашите се случуваат серија "double crossings" (aу ама мразам да зборам вака енглески ,но не можам да најдам соодветен термин) и честа е најдоле на листа ,не се знае на кој да се верува..

Што е со спојлерите ? Ее сакав крајот да го искоментирам !
 
П

Паган-др

Гостин
Inglorious Basterds (2009)



Филмов може го имам година дена у компјутер и преска конечно се наканив да го изглеам. Втора Светска војна, евреи, французи, германци. Помала група оружени евреи им сметаат на нацистите, тие што ќе ги заробат или ги убиваат или им врежуваат свастика на чело. На крај има премиера на германски филм во помало кино кај што се сите со високи чинови.
го затвараат киното и ги палат внатре живи
Интересен филм, можеби очекував малку повеќе акција со тоа како започна филмот, ама и вака не е лош.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Incendies (2010)



Со два збора филмов е ремек дело.

Приказната започнува кога двајцата близнаци (брат и сестра) добиваат по едно писмо од штотуку починатата мајка. Таа има две последни желби за нив пред да биде закопано нејзиното тело во непознат гроб. Братот близнак треба да го пронајде својот друг брат и да му го врачи писмото од мајка му, а сестрата близнак треба да го пронајде нивниот татко и да му го врачи другото писмо.

Во текот на нивната потрага не навраќа режисерот во младите години и биографијата на мајката. Близнаците ќе дознаат
за нејзиното сурово минато и ужасни маки (на пример дека била силувана и мачена во затвор во Блискиот Исток поради убиство). Понатаму ако раскажувам за братот и таткото ќе биде само спојлери и модераториве ќе ме опоменуваат.

Сценариото е совршено, режијата брилијантна, глума каква што се очекува.

Филмот прави да сочувствувате, да бидете бесни, ве шокира. Истовремено е интелектуален и разнообразен (драма, мистерија, малку и елементи на војна со оглед на тоа што дел од дејството се одвива во Блискиот Исток; се зборува на различни јазици: арапски и француски. Јас најдов добар превод на англиски, ама некои понебитни дијалози од арапски не беа преведени).

Ниту една од 130-те минути не ми беше досаден. Моја оценка е 10, а на IMDb е 8,2.

Штета што не го доби оскарот лани за најдобар странски филм, но по затоа има освоено над 20 други награди, меѓу кои најдобра женска улога (за мајката), режија, сценарио, звук итн.
 
С

Спенсер

Гостин
Sleepy hollow



Легендата за непобедливиот коњаник... а подоцна и обезглавениот :)

Така обезглавен ќе се врати,барајќи ја својата глава :) И ќе почне да убива...
Тука влетува и еден млад "детектив",кој ќе работи на случајот.

Јас го изгледав без да трепнам, го препорачуам на оној што не го гледал :)
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
Network
Неверојатно е како еден филм кој што е снимен пред 35 години, може толку релевантно да го прикаже светот онаков каков што е денес.
Филмов претставува една извонредна сатира за периодот на "златните години" на телевизијата, во режија на легендарниот Sidney Lumet.
Приказната е за една телевизиска мрежа која што обидувајќи се да излезе од ситуацијата во која што се наоѓа, превзема екстремни чекори за зголемување на својата популарност.
Она што најмногу паѓа во очи при гледањето на филмот е сценариото, а секако и глумата со оглед на тоа каква е актерската екипа. Но сценариото е навистина нешто неверојатно. Иако тешко дека во реалниот живот ќе најдете некој кој зборува на начинот на кој што зборуваат ликовите, во овој филм сето тоа е направено толку шармантно што воопшто нема да ви пречи. Дефинитивно заслужува секаква пофалба.
Филмов е толку моќен што ја има способноста да ја смени перспективата со која луѓето гледаат на одредени нешта (или барем во 1976 ја имал таа моќ :p).
Оценка 9/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom