Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И шо е финатава со овие говори шо ги држиш на темава у последно време мислиш Обама си?
Со се' се слагам Змеј. Врвна поезија. Филмов ме погоди во центар со васко ефтов. Од одма ме вшмукна и не ме пушти до крај. Да не зборам за кадрите, за анимацијата, за саундтракот... Знаеле Студио Гибли од кого бараат да им напраи филм, првиот аниматор за нив што не е Јапонец. Холанѓанецов Де Вит 9 години поминал у праење на филмов, и се забележува сета љубов и посветеност.The Red Turtle
Анимираниов филм заедно со Hardcore Henry се можда најмоќните ствари кои ги изгледав оваа година и кои ме оставија со подотворена уста. Врска немаат еден со друг содржински, зборам само за впечатоците. Инаку е реалистичен анимиран/цртан филм, еден од најпоетските и најфилозофските кои ги имам гледано. Филм кој пред се ве тера да си поставувате прашања, но и филм кој во себе ги има вткаено емоциите кои се будат кога си го гледате животот од страна. Нема да пишувам ништо околу настаните, пошто не сакам да ви го расипам. Само ќе го поставам можеби најважното прашање, кое не би ви препорачал да го читате ако го немате гледано филмот:
Дали животот поминат на островот беше метафора која пробува секојдневниот живот на човекот да го сведе на едно фундаментално ниво, мапирајќи ги само оние точки кои го прават животот живот, според поимањето на човековата свест за тоа што е навистина важно за секој од нас, која е смислата, кој е драјвот кој не тера секој од нас да продолжиме да живееме и да пробаме да ја поплниме или да и дадеме смисла на материјалната празнина во која од нигде никаде се појавивме? Или е тажна приказна за еден очаен и осамен човек кој остатокот од животот го помина во илузија?
10 од 10
новиов римејк, или стариот римејк на 7те самураи?Величествените филмчиште
Почетната и крајната нумера се на Max Richter на кој свршував од The Leftovers минатата година ова време.Музиката на Jóhann Jóhannsson![]()
Си ми го читал долгото и опширно review на LB.Иначе има неколку емотивни моменти, за момент ме потсети на Interstellar.
Arrival
Евреј до евреј бе.И јас го гледав вечерва