Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
The Passion of the Christ

Го имам гледано пред подолго време. Којзнае зошто ми текна вечерва да напишам нешто за филмов(изгледа 1/2 l пелинковец ме тера да се присетувам на вакви филмови) .
И покрај сите глупости и срања, Мел Гибсон ќе ми остане омилен режисер и уште поомилен глумец. Слаб сум, исто така, и на историски или квазиисториски филмови, посебно на спектакли од типот на Бен Хур, Падот на Римското Царство, Небесното кралство, 10 Божји заповеди, Гладијатор или Исус од Назарет.
Филмот е осврт кон последните денови на Исус на земјата во улога на човечко суштество (муабетите за тоа во каква форма ќе продолжи натаму да егзистира потоа им ги препуштам на поактивните членови на подфорумот за религија). Значи, Мел Гибсон прави филм во кој актерите зборуваат арамејски (не старохебрејски, кој веќе тогаш, во времето на Исус, е замрен јазик, освен што се користи во верските ритуали) и латински, што секако му оди во прилог и е прилично оригинално решение. Актерите, со се оној што го глуми Христос, се сосема солидни, речиси без исклучок. Впечаток, освен преубавата, иако малку подостарена Моника Белучи (една од најубавите жени кои ги имам, на овој или оној начин, видено) ми остави и оној модел, исто така жена, која го глумеше Сатаната him self. Прилично ретко се среќава жена во ваква улога, која треба






ем да го нагласи ангелскиот, полово неутрален статус на збеснатиов ангел (оти типкава не се расфла со женски атрибути), ем да му додаде извесна мистичност и таинственост во појавата, без да има злобни очи што светкаат и рогови што штрчат на сите страни. Бебчето, идниот антихрист, што ме потсетува на една бабичка што ја имам некаде видено,е исто такамногу морничаво направено.
Добар дел од филмот е посветен, како што и се очекува од насловот, на измачувањата кои ги претрпел Месијата. И тоа е прилично добро доловено, со крв на сите страни, со жестокост карактеристична за тие времиња (за сите времиња ,би додал), па верувам дека и манијакалните садисти ќе најдат задоволства во филмов.
Филмот е добро осмислен во сите сегменти кои го сочинуваат. На поголеми пропусти не се сеќавам, што не значи дека ги нема или дека на сите треба да им се допадне. Ако не е гледан, мислам дека вреди да му се даде шанса, независно од религиските определби или атеистичката настроеност.
Не би навлегувал премногу во однос на историската заднина, околу тоа кој бил виновен за смртта на Исус, дали тоа биле Евреите или Рим. Настрана од антисемитските испади на Гибсон, тој главно ја следи приказната во Новиот Завет. Ова, по Исус од Назарет, веројатно е најдобриот филм снимен по новозаветна тема.
 
Член од
30 декември 2012
Мислења
173
Поени од реакции
331


The Score (Акција-Крими-Трилер) е за сите што сакаат филм со крадење и непретерана акција. Роберт Де Ниро е во главна на улога на Ник Велс, крадец на кој му е доста од ваквиот начин на заработка па сака да се пензионира од крадењето, да продолжи обичен живот и да го води својот џез-кафич, едноставно е наситен од богатството кое го има и доста му е од невољи.
Макс (Марлон Брандо) е менаџерот кој поседува во врска со сите кражби на Ник и ја организира последната кражба во која Ник се поврзува со Џек Телер(Едвард Нортон), без кој филмов не би бил ништо посебно. Џек е млад крадец во подем со одлични планови за кражба и талент, но без искуство и морални вредности, првична задача му е да го натера Ник да се впушти во уште една кражба. Прекрасно преправање Нортон во самиот филм на ментален чистач, со што ја освојува довербата кај обезбедувањето на објектот кој ќе е треба да биде ограбен. Филм вреден за крајот :).
 
Член од
30 декември 2012
Мислења
173
Поени од реакции
331


Тhe Prestige (2006) драма-мистерија-трилер приказна во која е претставено прераснувањето на ривалството во битка помеѓу двајца илузионисти, кои некогаш биле добри пријатели и соработници/асистенти на сцена. Дејството е раскажано во нехронолошки редослед што го прави филмот поинтересен за гледање, започнува со судењето на магионичар Алфред Борден (Кристијан Бејл) кој е осуден за убиство на ривал Роберт Aнжир (Хју Џекмен). И двајцата биле асистенти на Магионичарот Милтон (Рики Џеј). Пријателството прераснува во омраза со смртта на девојката/асистентката која исто така учествува во трикот, а во која е заљубен Роберт. Причината за смртта, Роберт ја гледа во намерниот (или ненамерниот ваше е да одлучите) потег на Алфред при сценската изведба и од тој момент двајцата се разделуваат и одлучуваат да започнуваат да градат сопствена кариера како илузионисти која би им донела богатство и слава. Набрзо славата и богатството се во втор план и единствено што ќе ги интересира е меѓусебното надмудрувањето со поусовршени и посложени трикови не само на сцената туку и во реалниот живот. Во филмот се појавува најсекси жената на светот Скарлет Јохансон која е во улога на Оливија Венскомб, асистентка која ќе мора да ја игра подмуклата игра и на двете страни. Интересни се сцените во кои е претставен многу значаен дел од секоја илузија а тоа е изградбата на додатоците и алатките со кои се изведува илузијата. Џон Катер (Мајкл Кејн) е инжињер без кој Роберт не би извел ниту една илузија, нешто како композир и пеач во музиката. Во филмот претсавен е и Никола Тесла и еден негов изум (најнаучно-фантастичниот дел од филмот) кој ќе биде искористен во еден перформанс.
Самиот наслов ПРЕСТИЖ не се однесува на престижот кој го добиваат го добиваат илузионистите после нивниот настап, туку претставува третиот дел кај секоја илузија а многу добро е дефиниран на почетокот од филмот од страна на Џон Катер (Мајкл Кејн) :).
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Grumpy Old Men(1993)



Прекрасен драма/комедија филм.Доста реално доловен животот во оние „пензионерски години„ и сите згодности и незгодности што тие години ги носат.Филмот прераскажува двајца добри познаници од детството,нивната меѓусебна омраза и оној “маче и куче“ синдром или меѓусебен ремет како од цртаните филмови.Нивниот живот,нивните интереси,нивното семејство,осаменоста и секако љубовта како круциален дел од овој филм.
Прекрасен филм кој сметам дека секој еден треба да го гледа.

На ИБДМ има 6,8,малку деградирачка оцена за ваквите убави фимови.Моја оцена 9.

Trailer:

 
Член од
11 јуни 2011
Мислења
377
Поени од реакции
183
Critters quadrology :вонзем:




Еден од легендарните sci-fi филмови на времето.Приказната започнува со група на ружни суштества од надворешниот простор познати како Krites, бегаат од казнената колонија на астероид. Тие паѓаат на една фарма во Канзас и почнуваат да вршат напад врз фармата на Буш и неговото семејство (камен, Velde, и Grimes). Во меѓувреме, ловците (Ман и Опер) се обидуваат да ги убијат суштествата. Ловците поседуваат камелеон-како способност да се адаптираат на било која средина. Critters се чудни суштества кои се многу злобни но имаат и смисла на хумор.Филмот е забавен, смешен и доволно добро направен за тоа време. Ви препорачувам да го погледнете тие што не го гледале, а и тие што го гледале. Сигурно повеќето од вас се запознаени со филмот. Пријатно гледање :ROFLMAO:
 
Член од
11 јуни 2011
Мислења
377
Поени од реакции
183
LEPRECHAUN MOVIE SERIES (1993-2013)



Сигурно сите се сеќавате и на овој филм, но дали сите сте ги гледале сите делови, еве една рецензија од мене за секој дел по малку.

1.Leprechaun (1993)
Во 1993 на 10 Јануари, Daniel O'Grady се враќа дома од пат од Ирска за да и каже на жена му дека фотографирал леприкон. Леприконот се сокрива во неговиот куфер и заедно со него пристигнува во неговиот дом. Леприконот веднаш ја убива неговата жена турнувајќи ја по скалите во подрумот.Даниел открива дека слабоста на леприконот е детелинка со 4 листа. Тој се обидува да му направи стапица на леприконот и да го запали, но тоа секако не е едноставно и работите стануваат се посложени. Гледајте понатаму....

2.Leprechaun 2 (1994)
Во Март, 1994., Леприконот стар стотици години, го слави неговиот роденден и бира девојка која ќе биде негова жена.... тука работите се комплицираат и станува возбудливо....

3.Leprechaun 3 (1995)
Во 1995 година во Las Vegas во продавница за антиквитети, еден стар човек со една нога продава статуа со медаљон на неа.Стариот човек го предупредува продавачот никогаш да не го допира или вади медаљонот од статуата. Но секако продавачот неможејќи да одолее на медаљонот го вади од статуата и леприконот оживува......

4.Leprechaun 4: In Space (1997)
Во вселената, далеку од планетата земја леприконот е на пуста планета каде што се обидува да и се додворува на принцезата Зарина, тој ја киднапира за да се ожени со неа, потоа го убива нејзиниот тако за да стане крал на таа планета... Овој дел на Леприкон е со најнизок рејтинг според критичарите. Но сепак мора да се погледне за да биде комплетно.

5.Leprechaun: In the Hood (2000)
Во Лос Анџелес еден рап артист случајно го ослободува леприконот.Леприконот започнува да убива луѓе со цел да си ја поврати својата волшебна флејта. која ги става луѓето во еуфоричен транс, и можност да ги контролира. Тука започнува и авантурата во овој дел...

6.Leprechaun: Back 2 tha Hood (2003)
Овој дел се отвора со анимиран прилог кој го објаснува потеклото на леприконите и која е нивната цел. Во 2000 година отец Јаков се бори со леприконот со детелина со 4 листа за да го убие леприконот но не успева и е инфициран од борбата од страна на леприконот. Подоцна од тој настан започнува приказната и авантурата.

7.Leprechaun: Origins (2013)
Премиерата на овој дел е закажана за на 28 Февруари 2013 година.




LEPRECHAUN 1,2,3,4,5 И 6 дел Трејлер:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


Smashed

Нас добро познатиот Џеси од „Breaking Bad“ глуми во новиот филм Smashed. Филмот пред се го пуштив заради него, а потоа и заради интересниот трејлер кој ми се види. Трае само час и 15 минути, така да баш е добар за релаксација.

Станува збор за драма за брачен пар Чарли (Арон Пол) и Кејт, учителка во основно образование. И двајцата се алкохоличари, кои често се судруваат со непријатни ситуации како во работата така и во општеството. Врската ќе ми биде ставена на тест а и ќе почне да се разнишува кога Кејт ќе ја прифати помошта од нејзиниот колега на работата, исто така учител кој претходно бил зависник од алкохоличар. Таа ќе почне да оди на состаноци за алкохоличари, се со цел да го надмине проблемот кој се почесто и се појавува и на работното место и да остане трезна.

Ми се допадна и музиката на филмот, а и секако ми нема промашај кога зад филмот стои Sony Classics, нивните филмови секогаш горе-долу успеваат да ме задржат до крај зад екран.

Препорака! :)
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
A Perfect Getaway





Не ја обожавам Мила Јовович ама во филмот добро се прикажа.Филм по мој вкус...
Филм кој ке ве остави без здив од самиот почеток.
Напнати сцени уште понапнат и неочекуван крај.
Mлад брачен пар оди на меден месец на Хаваи.На почеток се е забавно се додека не дознаваат
дека на островот се случило убиство.
Напнатоста расте...а во игра се уште два пара чие однесување создава сомнеж.

Она што во филмот ми се допадна е крајот.
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Den Brysomme Mannen(The bothersome man)

Прегледај го приврзокот 59951

Филмов до сега нема рецензија на форумов но представува право ремек дело(еден моите топ 10).The bothersome man или досадниот човек представува Норвешки филм во кој има критички поглед на рајот или пак дистопичен поглед на модерното опшество.Филмот започнува со Андреас(Trond Fausa) кој стои на железничка постројка гледајќи еден брачен пар кои споделуваат механичи,без емоционални бакнежи.Филмот потоа не транспортира назад во времето ,каде што Андреас пристигнува сам во едно пустинско место,без сеќавање за тоа како стигнал до таму.Таму тој е пречекан од страна на човек со црн автомобил кој го пренесува во град каде што се е совршено.Во тој град не постои болка,не постои смрт,не постојат емоции,не постојат спомени од минатото кој можат да интерферираат во тој идиличен живот.Андрес добива добра работа,добра куќа и се изгледа перфектно....или сепак не?

Филмов е вистинско ремек дело и вреди да се гледа.

Ибдм:http://www.imdb.com/title/tt0808185/

Трејлер:
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
The Tenant (1976)



Ѕидовите имаат уши и комшиите никогаш не ти мислат добро во трилогијата Apartment Trilogy на Роман Полански. Tрите филма се посебни и раскажуваат различни приказни, a заедничко им е што се занимаваат со одреден стан каде се случуваат чудни работи. Ова привремено живеалиште е средство со кое Полански се обидува да го проучи разумот на човекот и неговото оттуѓување од општеството. The Tenant е последниот и според мене најдобриот дел од трилогијата, во која уште спаѓаат Repulsion и Rosemary’s Baby. За нив во друга прилика.

Трелковски е полски имигрант кој живее и работи во Франција. Тој е повлечен човек, воздржан во секојдневната комуникација со луѓето. Како странец кој живее во Париз (на нашки, провинцијалец), Трелковски се чувствува осамено, како да е отсечен од секојдневниот ритам на средината во која треба да живее. Тој изнајмува стан во една зграда и дознава дека девојката која претходно живеела таму пробала да се самоубие фрлајќи се од прозор. Набрзо по вселувањето, Трелковски започнува да забележува дека соседите се однесуваат чудно, понекогаш непријателски, како да сакаат да го избркаат од нивното, до вчера, мирно живеалиште.

Никогаш не сум изнајмувал стан во Париз, но сум изнајмувал стан во Скопје, како и поголемиот дел од студентите во државава. Во трета година живеев во стан во Карпош 2 со уште тројца цимери. Под нас живееше една бабичка (подоцна преименувана во баба) која при вселувањето, со широка насмевка на лицето, ни посака се` најдобро во престојната година. Не помина долго време и бабата запна често да му се жали на газдата дека „чекорат доцна навечер“ и дека „се смеат гласно како на свадба“. Студенти, сами во друг град, нормално дека понекогаш ќе има галама, но сето тоа интензивно започна да се преувеличува, со рапорти до газдата дека и` фрламе работи врз цвеќињата, тип: молофа (не е точно) и дека се дрогираме со шприцови (исто не е точно). Често знаеше и да ни го истури нејзиното ѓубре пред нашата врата. Се` уште не знам што беше финтата, кој беше луд во целата ситуација, каде погрешивме.

Поентата со која ќе се навратам на филмот е следнава – новата средина со себе повлекува нови луѓе. Приспособувањето не значи само приспособување на новиот тросед, новата кујна, новата маалска продавничка, туку и на луѓето во околината. Ова приспособување е заемно и за двете страни и понекогаш може да оди совршено, а понекогаш знае да излезе од контрола. The Tenant зборува за овој вториот вид. Главниот лик, Трелковски, е скромен човек, срамежлив и повлечен, но сепак нормален. Она што не е нормално е неговата нова средина, на чело со новите соседи. Или пак можеби е обратно. Можеби тој е оној кој се однесува чудно, оној кој ги испревртува работите. Филмот остава многу работи за интерпретација, но јасно е дека паранојата, без разлика чија, е причината што еден тотално обичен свет се претвора во кошмар. Границата помеѓу стварноста и имагинацијата станува се` поматна, што го тера гледачот да се прашува дали она кое го гледа е дел од вистинскиот свет, или пак е во главата на Трелковски. Поради ова, The Tenant е тежок за гледање, бидејќи во поголемиот дел не знаеме што точно се случува. Полански хоророт овде не го црпи од насилството, окултното, натприродното, туку од внатрешните чувства на публиката. Во сите три филма, Полански игра на картата параноја која ја пренесува на гледачот. Повеќе рандом настани одеднаш стануваат дел од поголема игра, теорија на заговор. Во The Tenant, паранојата го тера Трелковски на нетипични постапки, не му дава мир, при тоа успешно создавајќи мрачна атмосфера и страшна тензија.

Некој ќе рече дека филмов има безброј интерпретации и дека треба да се гледа повеќе пати за да се разбере. Некој пак ќе рече дека The Tenant е само обична приказна за еден обичен човек кој полудува и ништо повеќе. Можеби. Публиката може само да погодува дали она кое му се случува на Трелковски е вистинито или не, дали тој е здрав или луд. Сепак, токму ова го прави The Tenant генијален психолошки трилер. Слично на Vertigo или Barton Fink, The Tenant е филм кој нуди повеќе со секое ново гледање поради својата слоевитост. Многумина можеби и ќе се пронајдат во осамениот човек кој одеднаш се нашол во свет полн со непријатни настани и непријатни луѓе. Овие работи, во комбинација со мајсторски-изведената тензија, гo сместуваат филмот во култните класици, задолжителен за секој љубител на жанрот.

Оцена: 8/10
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
wiki напиша:
Into the Wild is a 2007 American biographical drama film directed by Sean Penn. It is an adaptation of the 1996 non-fiction book of the same name by Jon Krakauer based on the travels of Christopher McCandless across North America and his life spent in the Alaskan wilderness in the early 1990s
Го имав гледано филмов пред подолго време. Тогаш немав некои позитивни импресии за филмот, но саундтракот го слушав многу често. Мислам дека тогаш не ми се допаѓаше толку зашто имаше многу време потрошено на снимање природа and stuff. Не знам зошто тоа ми било проблем, а и требало да го очекувам тоа за survival филм. Shame on you, kiddy Pluh. Не ми се верува да е до расположение. Од секогаш сум сакал филмови со нарација, хејтерски, со преживување...
Two years he walks the earth. No phone, no pool, no pets, no cigarettes. Ultimate freedom. An extremist. An aesthetic voyager whose home is the road. Escaped from Atlanta. Thou shalt not return, 'cause "the West is the best." And now after two rambling years comes the final and greatest adventure. The climactic battle to kill the false being within and victoriously conclude the spiritual pilgrimage. Ten days and nights of freight trains and hitchhiking bring him to the Great White North. No longer to be poisoned by civilization he flees, and walks alone upon the land to become lost in the wild.
a quote^, as is tradition

Многу работи ми се допаѓаат во филмов. Нарацијата, саундтракот, измешаниот редослед на настаните, снимањето на природата (hah), хејтањето на општеството, драмата, хуморот (FYI, Зак Галафарахсдахд ги импровизирал сите негови делови зашто немало ништо за него во сценариото). Интересно што е според книга и е based on a true story. Два и пол саати трае филмов и ни малку не ми се здосади. Цело време ми беше задржано вниманието.
Главниов лик хејтер "woaah im so better then u i dont need cars and shit my parents suck society sux man!!". Добро, знам дека не пишуваат така, посебно не паметни хипстери како овој што читаат толку многу книги од тие автори. Добра посветеност на Емили за ликов. Физичката трансформација, немал stunt doubles... Одлични споредни ликови, претставени повеќето карактери надвор од клише општеството.

Пораката што ја праќа филмов, се разбира, е во главно хејтерска (SOCIETY SUX MAN) со спровнати мини-пораки за родители, школување, љубов...

Види бе колку сум добар, не ни сум сигурен дали е спојлер и пак го ставам у спојлер таг! Ќе ме расипе филмов, пичка ќе станам... :D

Не знам дали ми се допаѓа или не што на крајот направија "happiness only real when shared". Знам дека тоа е реалноста, знам дека е невозможно за обичен смртник да го направи тоа што го направил Крис irl или во филмов, ама бар да останел HC хејтерски до крај филмов бе! Баеѓи тажен крај инаку. КРИС УМИРА (eте, да не биде за џабе спојлер тагов)

Поради хејтањето во филмов на општеството и неговите искривени стандарди, влегувањето во топ4 омилени филмови (покрај fc, revolver, man from earth ofc) ќе отиде Society како мојот трети h8 у потпис. Ае аирлија нека е па праќајте предлози за хејтерски филмови ако имате :D

btw не знам како ми одат рецензииве, am i doing it right?
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Underworld 2003



Вампири и врколаци. Смртни непријатели повеќе од деветстотини години. Водат тајна војна во најтемните шуми во светот на обичните смртници. Борба меѓу бесмртната сила и итрина на вампирите наспрема бесот и дивјаштвото на врколаците. Сега, овој конфликт преминува во неочекуван пресврт. Селин е вампир посветен на уништувањето на врколаците (The Lycans). Мајкл е обичен смртник и невин човек кој всушност нема поим дека и тој е заразен по линија на негов далечен предок. Наспроти здравиот разум и историјата која ја влечат со себе, тие се подготвени да останат заедно дури и кога војната е на прагот. Немаат поим за моќта која ја имаат и за засташувачките тајни кои допрва треба да бидат откриени...

Underworld 2006 - Evolution



Продолжение на првиот дел.
Започнува со ретроспекција раскажувајќи ја приказната за првиот бесмртен човек Александар Корвинус и за неговите синови. Маркус - кој ќе биде каснат од лилјак и ќе стане првиот вампир и Вилијам, неговиот брат близнак кој ќе биде каснат од волк и ќе стане првиот врколак.
Дејството потоа се префрла во сегашноста каде Селин со помош на Мајкл се бори против врколаците за да го заштити Виктор, вампирот кој таа го смета за свој татко и кој всушност ја претвори и неа од обичен смртник во вампир.
Толку, што и да напишам понатаму ќе биде спојлер, битно неверојатни битки има во овој дел (y)

Underworld 2009 - Rise of the Lycans



Гледано хронолошки, ова би требало да биде првиот дел од серијалот.
Векови порано, дејството се навраќа на времето на аристократските вампири кога врколаците се нивни поданици, нивни заробеници. Овој однос на господар - слуга тие не можат повеќе да го трпат и се борат за својата слобода под водство на врколакот Лушн (Lucian). Она на што е ставено акцент во овој дел е приказната за забранетата љубов меѓу вампирката Соња, ќерката на Виктор - водачот на вампирите и врколакот Лушн. Причина: Ако се спои крвта на вампир и врколак ќе се создаде хибрид кој ќе биде посилен и од двете раси заедно. Толку.

Underworld 2012 - Awakening



За разлика од првите три дела кога се' си беше прекрасно, зошто мораа да ги вмешаат и луѓето во приказната :/
Значи... луѓето дознаваат за постоењето на овие две раси. Во оваа борба против човчката раса лидер е Селин (Во меѓувреме нејзината врска со Мајкл - хибридот, се развива до тој степен што имаат и ќерка, која зрачи со неверојатна сила).

Хаха, ако на некој му стане нешто јасно од ова напишаното ќе го частам. АМА, баш поради замрсеноста на приказната ептен ќеф ми праат филмовите. И плус нема многу развлечување на настаните и филување... И досадување со истите ликови цело време.
Омилен дел дефинитивно ми е Rise of the Lycans се соживеав буквално, лик Lucian, а после него Виктор - ѕверот. Фаца убица.
И воопшто не е хорор, нема врска... ЧД
Топла препорака од мене, а ем не гледам вампирски филмови.
 
Член од
30 декември 2012
Мислења
173
Поени од реакции
331


Exam (2009) мистерија/трилер кој ќе ве држи концентрирани и напнати уште од самиот почеток на филмот. Во самиот насловот и постерот на филмов опишана целата поента, предиспит кој може да го положи само еден од кандидатите а со тоа и да добие висока работна функција во корпорација за лекови наменети за малце измислена болест. Гледајќи го филмот добив желба и јас да сум меѓу кандидатите кои полагаат, да смилам решение за нелогичниот тест и да сум најпаметен од сите, се надевам дека и вие ако го гледате ќе се осеќате така :). Крајот е интересен бидејќи ќе дознаете кој кандидат ќе ја добие работата и ќе ви ги руши сите претпоставки кој ќе си ги дадете себе си. Кандидати се интелегенти, принципиелни, лукави и си гледаат само за својот газ, како во реалноста кога се аплицира за работа. IMBD оценка 6.8, од мене 8ка. :D
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
До сега пишував рецензии само за омилените филмови, од сега почнувам да пишувам за сите што ми се допаднале. Периодов ќе ги догледувам филмовите на Вуди Ален, па повеќето рецензии за негови филмови ќе бидат ваљда :)
Фиктивниот лик од филм Том Бакстер излегува во реалниот свет поради девојка во која се заљубува.​
Многу интересна приказна. Секогаш сум се прашувал како би било ликовите да влегуваат во реалниост свет и реалните луѓе во филмовите (ПОРНО ФИЛМОВИ ХЕХЕ.)​
Вуди повеќе пати спомнал по интервјуа дека ова му е омилен филм од неговите. Како и сите други романтични комедии на Вуди, имаат своја оригиналност и харизма.​
Ми се допаѓаше што крајот не е типичен хепи ендинг и што Вуди останал ХЦ до крај и не го сменил, иако му побарале.​
Овој од Dumb & Dumber во ваква улога...чудно е :D Штета што актерот е најпрепознатлив по таа улога, а гледам еве има и други подобри.​
Имаше повеќе смешни моменти, ofc.​
Не можам оцени да давам. Ама, како и да е...ако имам напишано рецензија за него значи ми е над просек, препорака за тие што им се гледа различна романтична комедија​
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Jagten (aka "The Hunt")



Нашки „Лов“ или според мене наслов кој по му одговара Потера е дански филм од минатата година. Го гледав вчера во Рамстор во рамките на Скопје Филм Фестивал 2013, баш сега видов дека го имало и на интернет, но не ми е криво за дадените пари, бидејќи филмот си го заслужува тоа.

Медс Микелсен, не знам дали треба да објаснувам самото негово име зборува се`.... Hannibal, A Royal Affair, After the Wedding (бар филмовите од кај што го знам, секаде врна улога, така и овде). Одамна имам зборувано може и досаден сум дека сум заљубен во скандинавската кинематографија.

Овде станува збор за една исклучителна 120-минутна драма. Во центарот на приказната е Лукас, маж кој има добра репутација во мало данско градче, разведен е од својата сопруга и одделен од својот син Маркус кој понекогаш доаѓа на 2-3 дена да поседи со него. Лукас времето го поминува со своите пријатели, особено е близок со Тео и Грета, маж и жена чија малечка ќерка Клара учи во градинката/основно школо каде што Лукас работи како привремен учител а воедно и брза помош. Децата го обожаваат, но по игра на случајност, Клара, ќерката на неговите пријатели и открива на директорката дека Лукас и го покажал неговиот пенис. Мислејќи дека помеѓу нивните пријатели се крие натрапник, Тео и Грета ги прекинуваат односите со Лукас, и цел град го обвинува за сексуално насилство, иако тоа не е така, тој е погрешно обвинет.

Одлична драма, доста потресна и реална како може испревртените а мислејќи вистински зборови на едно дете може да ја промени судбината на еден невин и несреќен човек. Препорака до сите, навистина одлично!

:cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom