Добар беше дедпул, али ќе остане на тоа, добар, користена истата формула ко и на првиот дел, со приказна мех, веќе видена, со исти фори, и со пост кредит сцени кои најверојатно беа бољи и од целиот филм, што е лошо.
Да не испадне дека хејтам, филмот ми се допадна, ама формулата која ја користат брзо ќе испари, нема веќе никаква инвентивност, ако првиот дел беше одлично прифатен зашто малкумина беа запознаени со овој лик, сега веќе истово оувер енд оувер аген ако го форсираш, веќе на секој ќе му стане досадно.
Дедпул делува на филм кој е агрегатор на сите досетки на интернетот, за лошите диси филмови, и за остали 9гег заебанции и мемиња што егзистираат, и све тоа скоцкано во еден филм, повеќе од форите веќе можеше да ги начекаш на нетов и пред филмот, ко бркот на супермен, марта, бетмен и супермен моментот и ред други.
Форите дека фокс нема буџет за поише херои можеа да застанат на минатиот дел ама тука мал апгрејд се обидоа да им направат а истото не беше воопшто смешно, ваљда зашто еднаш е доволно да ја чуеш фората, втор пат веќе не е тоа тоа, макар и си ја мењал, поентата е иста.
И да, дури и у дедпул мораа да ја задоволаг lgbt публиката, дедпул ко филм се фати на тој воз ... дедпул еј, кои се следни, саутпарк ?
Али еве, сметам дека во иднина тоа ќе се промени, почнувајки од x-force филмот, идеален момент дедпул да добие една нова насока, не верувам дека ќе си дозволат нешто слично да ни сервираат и по трет пат или четврти пат. Ако не се лажам најавите се такви, прво x-force филм, па дедпул.
p.s. Бролин сметам дека одлично ги портретираше и танос и кејбл, ако на ова го додадам и only the brave ко филм, може да се каже дека периодов му е доста успешен.