FILM CLUB (КРУГ 5) (196. Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses: 08.04-21.04.2024)

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Дечко, не бодуваш туку ставаш оценки.
Оценките се од 1-10.
1 за short film 10 за интачблс даваш и тоа е тоа.
Збунка направи овде.
Јa сфaтив декa нa крaј врз oснoвa нa бoдoвите/oценките кoи ќе ги дaдеме ќе се избере нaјдoбaр филм.
Зaтoa сметaв декa дaвaме бoдoви.
Акo не сум рaзбрaл нештo кo шo требa, oкеј сaжaљевaм

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.050
Добар филм и тоа е се, би го оценил околу 7. Далеку ми е од 10ка или „ремек дело“.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.839
Поени од реакции
24.266
Добар филм и тоа е се, би го оценил околу 7. Далеку ми е од 10ка или „ремек дело“.
Де бе? Ако може да образложиш? :)
Не дека те напаѓам, само ме интересира твое мислење, зашто мислиш дека е просек филмов. :)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.050
Де бе? Ако може да образложиш? :)
Не дека те напаѓам, само ме интересира твое мислење, зашто мислиш дека е просек филмов. :)
Главен поборник сум на тоа дека треба да се дискутира за вкусови и тоа е добро :)
Заради тоа нема ни да се вадам овде на тоа, но филмот игра само на една карта - емоција, и тоа немаше тригер кај мене, пошо филмот ниту ме насмеа ниту ме растажи (и двете се елементи на филмот).

Од друга страна, 7 оцена не е просек според мене, ако веќе оценувам до 10 и те како е фина оцена. Мојата замерка околу филмот е тоа што ликовите функционираат добро меѓусебе само и само поради тоа што се стереотипи на карактери дијаметрално спротивни еден од друг.
Тоа е супер кул и функционира речиси насекаде, белец богаташ кој се грижи за уметноста и љубовта наспрема црнецот од гето кој никогаш не видел илјада долари на едно место и мора да се грижи неговите помали братчиња да не тргнат по лош пат.

Ако филмов беше од Холивуд ќе беше класифициран како „веќе видено". A и овде добив таков впечаток, сцените ми се како колаж од мотивационите јутуб видеа + универзални шеги како нема рачиња нема колачиња :)

На почетокот не почувствував дека ликот на богаташот е толку fucked up како за ситуацијата во која се наоѓа, и затоа на крајот „не ја видов" неговата победа во борбата за прифатлив живот.
Не ми остави впечаток заминувањето на црнецот од куќата ниту неговото повторно соединување со другиот, затоа што и без тоа приказната може ќе беше воглавно иста.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.111
Глеан ми е оддамна така да првична оценка (на оноа што се сеќаам) е дека е солидно mood-boost филмче. Ќе го ѕирнам викендов пак да си ја освежам меморијата.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.417
Поени од реакции
9.303
Го изгледав вчера и ако не е услов да ги изгледам и претходните два, да пишам дека филмот беше добар, со приказна која би го "купила" секој. Парализиран, богат и префинет маж кој не сака да биде третиран како инвалид, кај себе вработува друг маж од пониската класа со кого совршено се согласува и станува близок и неразделен пријател. И куп дешавки што ќе те допрат, ќе те насмеат, натажат, ќе ти вратат верба дека сепак постојат неискварени луѓе, а и вистински пријатели, се тоа супер, убаво скоцкано, интересно за гледање, ама дека филмот е вистина како коментарите погоре, чиста 10ка, најдобар, нема подобар-не е.

Јас сакам филмови каде детално се опфатени сите карактеристики на еден лик, да ми го доловат секој еден детал за него, од еден час гледање да мислиш дека ликот си го знаел цел живот. Да знаеш кои му се болни точки, како би реагирал во дадени ситуации..
Пример овој во количката , само главата му функционира, а тој си живее нормално, нема комплекси, машки издржува и си живее без многу мислење за каква му е состојбата, а од друга страна па се повлекува во себеси, тагува, се запоставува и не личи на себе поради отсуството на црнецот. Како претходно се да му било погодено, па најболна работа што му се десила во животот е губење на пријател....

Десетка имам дадено за Бејби Џејн, за Норма Десмонд, за Шиндлер и неговата листа, за летот на кукавичкото гнездо, грев ќе ми се пише ако и тука дадам 10.
8/10

(а и таа сцената во операта не ми беше смешна толку како што некои седум дена се смееле на нејзе :) )
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.660
Jaс на второ гледање се отепав смеејќи, ама не го гледав сам. Филмот ти ствара такво чувство што си го осеќал како копиљ пред тв, те тера да баталиш да бараш недостатоци, да запазуваш музика... онака како времето квалитетно да си го потрошил, ептен исполнето. Како стар филм. Не можам да му најдам замерка навистина али ептен ги сфаќам тие што не можат да му дадат 10 од 10. Па затоа и јас дрвам со полвинки, па му дадов 4ипол од 5, иако претходно гледам сум му ставил 4ка. Не битно воопшто, филм што мислам дека секој треба да го изгледа, носи убава порака, има квалитетно смеење, хемијата е над покрив, онака едно сосема просечно квалитетно драма филмче а преполно со искреност и душа. А тоа го вивнува кај великаните и високите оцени кај сите.

Одличен! (y)


 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Jaс на второ гледање се отепав смеејќи, ама не го гледав сам. Филмот ти ствара такво чувство што си го осеќал како копиљ пред тв, те тера да баталиш да бараш недостатоци, да запазуваш музика... онака како времето квалитетно да си го потрошил, ептен исполнето. Како стар филм. Не можам да му најдам замерка навистина али ептен ги сфаќам тие што не можат да му дадат 10 од 10. Па затоа и јас дрвам со полвинки, па му дадов 4ипол од 5, иако претходно гледам сум му ставил 4ка. Не битно воопшто, филм што мислам дека секој треба да го изгледа, носи убава порака, има квалитетно смеење, хемијата е над покрив, онака едно сосема просечно квалитетно драма филмче а преполно со искреност и душа. А тоа го вивнува кај великаните и високите оцени кај сите.

Одличен! (y)


Која фотка само, на истава напраив сс и планирав да ја постирам во еден совршен кадар.

Патем, коа летеа со падобраните имаше одлични кадри, одлична режија...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Реков дека ќе го глеам пак и ќе пишам мислење и еве тек сеа имав време да го изглеам по 5-6ти пат филмов.
За мене е предобар филм, еве уште од сеа му давам 10/10.

Полн со емоции, некако ко да се соживуваш со двајцата. Приказна неверојатна, интересни и хумористични сцени исто има. Е сеа и мене не ми е нешто смешна таа сцената со операта и со тој шо е облечен ко дрво, ама затоа имаше други сцени шо ми се мене доста смешни, ко на пример у галеријата коа се и коа му вика Дрис „нема раце, нема чоколадо“ или коа му ѕвони на Филипе мобилниот и Дрис коа му го подава и чека овој да го земе или кога на роденденската забава на Фелипе овој пробува да го научи Дрис нешто за класичната музика и овој си праи мајтап или кога го бричи Филипе на крајот и се заебава со него :D

А иначе Хоуп горе шо се чуди зошто Фелипе го поднесува тешко тоа што си оди Дрис, одговорот си го има дадено погоре у нејзиниот пост.
Дрис е единствениот што го глеа Фелипе без сожалување, сите други што дојдоа после него се однесуваа према Фелипе како овој да е кршлива играчка, оној па шо ги откажал цигарите му објаснуваше како цигарите не биле добри за неговите бели дробови дрн-дрн јариња...
Дрис се заебаваше со Фелипе, го заебаваше за инвалидитето и верувам дека Фелипе во ниеден случај не се осетил инфериорно во однос на здравите луѓе, иако може Дрис не се трудел многу тоа да го постигне, ама баш преку таквиот однос према Фелипе тоа му успеало.
Кога го „изгуби“ Дрис верувам дека ја поврзал ситуацијата со губењето на жена му, пак страда за губење на човек што го сакал.

Музиката исто добра, Una Mattina една од поомилените ми е :)

Стварно предобар филм, на тие шо им стоел филмов долго време у компјутер и до сеа не го глеале... shame on you !

10/10

П.С. едино нешто што не ми се свиѓа е што филмов е сниман по вистински настан, а помошников на Фелипе е црнец...
Во автентичните снимки што ги покажуваат на крајот помошникот е белец и мислам дека требало тоа да си остане автентично.
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.111
Мислам дека не постои чоек што не би му се допаднал филмов, иако поединечно некои го хајпаат. Јас не би го толку, иако ми е во топ 5 breaking bad, mood boost филмчиња. Мислам дека е скоро и невозможно човек да остане рамнодушен а да не се насмее на сите оние „тресења зелени“ од нигеров, колку и скриената болка на инвалидот. Иако сценариото веќе некаде видено (покомична верзија - Houseguest (1995) го изгледав со исто онолкаво уживање како и првиот пат. По мене заслужена 4.5/5.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Само што го изгледав со цимерот, се убивме од смеење 2 саати. :D:D Стварно одличен филм, би го гледал реприза уште утре. :D Можеби дел од шегите беа еден вид црн хумор, ама мора да признаам дека таа за каде ќе најдеш инвалид ме помоча буквално. :pos:


Исто јако беше кога ја приметивме обетката на увото на Филип, и нормално кога му лапна 11.000 евра за сликата на пријателот. :D


Целосно спротивни ликови, кои учат по нешто еден од друг, хумор, забава, емоции... 8.5/10 од мене.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Бреј колку јак филм, една од топ 5 драми што сум ги изгледал и топ 2 комедија :D

Горе доле сте опфатиле се што нуди филмов.
Јаки фори му пушташе овој, го заебаваше поштено а Филип као тоа да го бараше а не некој лингур ко тој мртвакот што му збореше за цигарите.
Ја се газев од смеење во поголем дел од филмот ама имаше и некои сцени каде одма се уозбилуваш и малце на по друг начин гледаш.

Сцената со операта може и не беше толку смешна колку што црниов има јака фаца и заебано смеење. :pos: Мене најсмешно ми беше кога му се пушти на тој комшијата што се паркира пред влезот на Филип и кога изиграваше уметник :pos::pos::pos:
Исто и вицот за квцареосетгњсдпелирчарот :D

Одличен филм се на се, еден од ретките кој што би можел да го репризирам по неколку пати.
Плус и вистинска приказна :cuc: чиста 10ка.
A, ќе забораев.. иако не поштувам црвеноперки многу многу ама помаранџава :drk::цицки:

Гуглам сеа да проверам за причава, глеам тој помошникот се викал Абдел Селу и не е црнец. Знае некој зашто режисеров убацил црнец со друго име? Веројатно и дел од дешавките не се случиле во вистинскиот живот на Филип.
 
Последно уредено од модератор:

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.050
Гуглам сеа да проверам за причава, глеам тој помошникот се викал Абдел Селу и не е црнец. Знае некој зашто режисеров убацил црнец со друго име? Веројатно и дел од дешавките не се случиле во вистинскиот живот на Филип.
За да добие value на филмот и да нема проблем со приказната, вака ако го оставел како што е, нема многу можности со белец помошник да опфати некоја тема како насилство и сиромаштија.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
А ми текна на еден сличен, и исто така одличен, Driving Miss Daisy (1989), препорака за тие што не го гледале.
Само што го изгледав. (y) Топ драма, не баш ко Intouchables ама доста добар филм, многу сакам вакви спори и мирни драми. (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom